1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Колку би бил поубав животот во Македонија доколку никој не би се замарал со тоа што ќе помисли комшијата... Ех... :| Од главата си патиме...
     
    На kala21, sweet-cherry, Glossy-girl и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Што по Ѓаволите видов?!
    Внимание, отворете го линков
    http://www.youtube.com/watch?v=8o5bU-8hxIQ
    ако и само ако сте сигурни дека нема да повратите.

    „Косовски хулигани неуспешно палат а потоа кинат македонско знаме!“ гласи насловот на неодамна поставеното видео.
    Неколкумина гнаси(што во случајов е благ збор за опис на истите дотични персони), глумејќи хард кор, притоа не знаејќи дека Ха-Це е термин за клошари, се обидуваат да не` запалат, пцуејќи не`.
    Испади.
    Кршење на правила.
    Рушење на граници.
    Омаложувања.
    До кога?

    Знаете, таму во зрелоста каде што сме крајно принципиелни,
    и не си дозволуваме испади,
    а оние кои ги прават-ги критикуваме зашто ние сме цвеќенца за мирисање.
    Кој е крив?-Цацко!
    Само мрчиме од околу, колку ги мрзиме и сакаме да ги уништиме,
    пошо тие не` уништуваат нас,
    и што постигаме?-Ништо.
    Све нешто ни се гади од нечии постапки, све нешто не го сфаќаме светот.
    Све ти е тоа раја.
    Не се живее од оние обичните смртници.
    Осуди.
     
    На Ketrin.Moon, QueenElena, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Веќе ми е преку глава.Кога и да се запознаам со некој и кога ќе кажам како се викам одма почнуваат да ме распрашуваат како се викаат твоите а,зошто те крстиле така?И те гледаат со презир и рецка не ти маваат.Мислиш човек сум убила.Е заради ваквите ми е срам да се запознавам и ширам познанства.. :(
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.731
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се запознаам со некои луѓе имам впечаток како да навлекле кондом на срцето.
    Изгледа погрешно го разбрале упатството за употреба!
    Од што ли се плашат само да знам [​IMG] ?
     
    На anuskaNESTLE, Trnche, Agawa и 8 други им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако не може да застанеш до некого во неговите најтешки моменти, не заслужуваш да бидеш до него ни во неговите најсреќни моменти.
     
    На vinozito1, richgirl998, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Колку само личностите кои секојдневно се со тебе, можат да влијаат врз твоето однесување.
    Ти пренесуваат дел од своите карактеристики. Позитивни или негативни.
    Те тераат да се однесуваш со луѓето онака како што тие се однесуваат и сакаат. Манипулираат со тебе.
    Но, најчесто ова им се случува на луѓе кои немаат свој живот, немаат свое јас.
    И мислат дека таквото однесување е правилно.

    Многу ме нервираат исфрустрирани личности кои на секаков можен начин пробуваат да ги излечат своите фрустрации навредувајќи ги другите. И со тоа, мислат дека до некаде успеале да те понижат, да те спуштат на ниво на кое се тие, за барем еден миг да се почувствуваат над некој. Така си ги лечат своите фрустрации.
    А да не ви кажувам колку ме нервираат луѓе кои не одржуваат лична хигиена. Е од овие се нема спас.
    Имам неколку такви девојчиња во моето опкружување. Девојка која има 20 и нешто години и не е свесна дека личната хигиена е една од најосновните работи за секој човек,е срамота.
    Луѓе, вода и сапун ви се доволни за да бидете чисти!!Не е некој луксуз.
    Јавно камшикување за ваквите.
    Ми го згрозуваат секое излегување кога се во близина.
     
    На Agawa, Sexybaby86, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    СДК I'm back!
    И така после овие четири напорни дена се враќам...Да ве ѕирнам...Како сте,шо прајте? :rofl: :D

    Инаку,денес на ВегеФестот беше топ....Горда сум сама на себе што бев волонтерка...
    Премиерата на `Стравот` во средата исто беше екстра...И така...
     
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.154
    Пол:
    Женски
    Ханзапласт е уствари селотејп со завршено медицинско школо.
    :geek:
     
    На eliesaab и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Започнува колоквиумска недела и сите кавери со книги, reading is sexy и слично. Само кога би можеле да направат разлика помеѓу читање и учење. И така, има полошо од луѓе што во листа на прочитани книги стваат исклучиво лектири од средно. Некои ниту тие не ги прочитале.
     
    На anuskaNESTLE, Mishela, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    :l:
     

    Прикачени фајлови:

    • _n.jpg
      _n.jpg
      Големина на фајлот:
      19,1 KB
      Прегледи:
      330
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Фала за насмевката :*
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Не ми е јасно како може зрел човек да оди кај своите родители и да им ја издиктира целосната негова љубовна приказна. Уште повеќе не ми е својствено пак родителот да сака да седне и внимателно да ја ислуша истата. Мешање до немај каде.

    Постојат некои работи кои треба да останат само помеѓу партнерите. Тоа сепак е врска помеѓу двајца, врска која треба само тие двајца да ја градат и тоа да го прават како тие сметаат дека треба. А не како нивните родители (или пријатели) им рекле дека треба да изгледа.

    Љубовта треба сами да ја создаваме и сами да ја градиме. Секои наши одлуки се наши, не се работа на никој друг. Исто и варијантата во која што правите цмиздрења и идете дома кај неговите за да плачете доколку тој ве оставил. Големи сте бе!
     
    На kala21, Antoninaaa, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Кое е местото во кое треба да си најсреќан? Домот? А каде е мојот дом, покрај кого? Зошто не постои прегратка и за мене, прегратка која ќе ме грее кога ми е ладно, која ќе ми е свежина кога е претопло, некој кој ќе ме разбира, кој живее за мене, некој за кого јас сум секогаш на прво место... нели заслужи, макар една личност...
    Имам ѕидови, има луѓе помеѓу нив имам греење.... Немам безусловна љубов,немам топлина.. ;(
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да не се размножат и создадат уште такви?
     
    На WarriorAngel, Gioia и lunicka им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ми фалиш!
    Многу...
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    На сите девојки кои што се дрзнуваат да кажат дека идната свекрва си ја почитуваат и сакаат исто како мајка си, им посакувам ќерки исти како нив. |(
     
    На Sweetheart87, WarriorAngel, sadgirl21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Кога ќе станам од спиење, сум како изгубена во просторот. Мислиш којзнае што сум пиела, што сум правела. Неколку минути ми требаат, за да ми текне што ден сме, дали е утро или ноќ, дали треба да одам во школо или не треба. Дали имам некоја обврска... Отсега, пред да си легнам да спијам, ќе си ставам едно ливче потсетник, под перница и на него ќе напишам, на пример:

    - Денес е сабота, денес не си на училиште. Темница е затоа што ти стануваш од попладневна дремка, а не затоа што за 1 час ќе се раздени, и ќе ти ѕвони алармот. Можеш да спиеш колку сакаш. Иначе, учеше хемија, ама треба да доучиш историја. Не се сеќирај, не остави уклучен бојлер, отворен фрижидер или отворена чешма.
     
    На Someonespecial и Loly77 им се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.510
    Допаѓања:
    12.762
    Пол:
    Женски
    Единствена работа поради која ги сакам есента и зимата е тоа што носам повеќе облека па можам да си ги пополнам коските :lol: . Што човек ќе бев јади, јади ништо не се зафаќа. Не за друго, трошок правам за џабе, што вели другарка ми и со сендвич и со геврек сеедно ми е, јас исти килограми имам.

    Денес се на се убав ден. Не за џабе се рекло какви ти се мислите таков ти е животот. Чат пат ова мислите ме зезнуваат ама ќе ги оправам :D , него озбилно премногу длабоко размислувам а тоа никаде не ме води, само психички ме дотепува :sweat: . Понекогаш се чувствувам толку напната што мислам дека мускулите ќе ми пукнат, главата ќе ми експлодира. Заправо понекогаш се прашувам а како е да си опуштен :?: . Јас премногу рано морав да созреам, кога сите се забавуваа, јас не дека не се забавував, ама се соочував со серизони проблеми, така да глумев лудило а не дека вистински се забавував. Ех да ми е овој памет сега, ако имате мака, ако ви тежи на душата, кажете некому, плачете, викајте, па и скршете нешто ако треба, олеснете се макар на непознат, ако нека е, ама да ви олесни. А јас секогаш се стискав, се смеев иако душата ми плачеше. А сега не дека многу ширам на знајни и незнајни ама барем моите сакани знаат како се чувствувам кога имам мака. Најтешко од се е да се затварате, да се гушите самите себе, а да не говорите за тоа.

    Почнав многу да си верувам дека ќе најдам наскоро работа, дури и чизми барам кои за работа ќе ми одговараат :rofl: . Што знаете може стварно за некоја недела ќе ве известам вработена на неопределено време, абе ајде :lol: . Можно е, надежта последна умира, а искрено поубаво ми е мислите да ми бидат вака позитивни убави како виножито што велам јас, отколку да шарам со тоа мозочето на безвезни работи.

    И немој случајно да се лажете ако сакате промена во нешто, да почнувате од косата :!: . Мислев ако ја скратам одма ќе ми тргне со работа :lol: , ма јок бе само без коса си останав, пак почнав со тегнење, си ја сакам назад :emo: :nod: ...
     
    На SparkyAngel, bittersweet, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Лажат сушат, ниту ја сакаат ко мајка си ниту пак можат да ја смислат, туку така зборат за во случај да ги дознае комшивката која се на форумов да ги фали на свекрвата :D
    *******
    Јас сакам да ги прашам оние што пишуваат со големи букви: Луѓе да не ви е случајно заглавено caps lock копчето или едноставно пробувате да бидете иритантни??
     
    На sadgirl21 и manja666 им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Па не е работава само за на форумот, имам сретнати вакви луѓе и лично, само што некои работи од овде ме испровоцираа па ми текна дека навистина постојат вакви девојки.
    На пример една стара познаничка ми има кажано дека исто ја сака свекрвата нејзина затоа што мајка и ја воспитала строго, не ја пушатала да излегува до покасно а смета дека заслугата за тоа што сега иде кај сака е заради свекрва и, живее опуштено, женичката не ја тера да работи ништо, си ужива просто, плус си излегува со маж и кога и колку сака па автоматски тоа е причина плус за да ја рамни со мајка и која што ја родила.
    Знам дека постојат добри свекрви кои што заслужуваат почитување, потполно е во ред да ја почитуваш, ама никогаш нема да дозволам на ниедна жена без разлика колку и да е добра да го замени местото на мајка ми и никогаш нема да бидат на исто. Едноставно неможе, и не ги сфаќам сите оние кои што уште не се ни во брак а толкава привржаност и сакање со идната свеки. А иронијата е што најчесто во овие случаи најбрзо пука тиквата меѓу двете.
    Проста женска глава, што друго да кажам. Уште не сум слушала некој дечко да каже за мајката на својата девојка дека ја гледа како втора мајка. Едно е блискост и почитување, друго е некој кој што ти дарил живот, дом, љубов и се што ти треба да ги ставаш во исти кош.
    Ама жени....
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.