[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    знам да се однесувам како себична кучка и тоа баш знам...ама не можам кон тебе. Проблемот е што премногу те разбирам. Не можам од никого да барам совет -ќе треба да ј акажам цела приказна. А, кој ќе ја разбере? И не сакам да издавам тајни...
    Сите правила и пишани и непишани се кршат со нас...Ми велиш - чекај, еден ден ќе ти кажам, да се соберам себе, а што јас дотогаш? ќе умирам ко сега? ;(
    од тоа што бегав - тоа најдов, парче заштита и среќа, а добив тага, ее тоа ми е ко не сум трпелива...кој ми е крив, замижав и само се закрлав на крлешката на животот и емоцијата. се опуштив и паднав...
    сакам да ти кажам од инает да останаме пријатели, но и двајцата знаеме дека тоа не е вистина. Сеуште ми одекнуваат твоите зборови низ глава - ,,не сакам да пропадне, а не сакам ни да брзам“...
     
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Сдк дека ми ставил лајк на профилната слика,се усреќив малку сега уште да почне пак да ми пишува и нема овој пат да ја испуштам шансата да одам на кафе со него,многу сум хепи :inlove: ко тинејџерка се осеќам ехеххехе,леле симпатијата ми стави лајк на сликата :rofl: ,море седи мадро не се радувај пред време
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Значи која идиотка сум!
    Не ми се верува.
    И после некој друг ми бил крив...
    Инаку, денес сум во двоумење.
    И не знам што да правам, а не ни знам што чувствувам и што треба да мислам.

    Турлитава бе!
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сонцето, точакот, љубовта и јас како грицкам пуканки од тие малите, оние по 20 денари со кутија од супермен (дечко ми ми ја одбра што да правам :D). Тие вкусните, соленките, највкусните пуканки. Лапнеш една и оп следните пет паѓаат.




    Оние моменти кога со некој дискутирате за литературни дела и слушајќи го сфаќаш дека тој ја цитира книгата онака како што таа е претставена на Wikipedia. Ништо повеќе, ни ништо помалку.

    Нема сопствено мислење, нема место во неговото мозоче за такво нешто.

    Е ваквите луѓе кои немаат ни грам креативност, фантазија, имагинација и желба да дадат сопствена искра на било што, е тие јас не ги почитувам. Бидејќи тажно празни се. Научени се само на превземање туѓи идеи, мисли, животни приказни.
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека нешто што најмногу мразам се нечисти, прљави, гадни луѓе.
    Тоа ми е одраз на невидена култура и мрзливост.
    Ми се гади, ми се гади ептен -.-
     
    На Dvolicen, eliesaab и Barbie20 им се допаѓа ова.
  6. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    аххх бее, илјада пати се покајаав, илјадаа :@ :@ :@

    што изведувавв ни јас не знамм, зарадии другаркитее што не им се иде, пропуштам шанса Италија да ја видаам на една неделаа :( :( башка со дечкото ќе си бевме заедно... ;(


    .....................
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Дотичниот ве кани на дејт,а вашиот последен оброк се состоел од една ловечка и кромид во изобилие.
    И сега што да правиме !?
     
    На LittlePinky, Barbie20 и senza.parole им се допаѓа ова.
  8. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Крај не еден викенд кој можеби беше еден од најнеочекуваните во мојот живот со огромен преврт.
    Почеток на нешто ново, скроз непознато но и прекрасно за мене.
    Летаааам :$ Многу ми е убаво, неочекувано, прекрасно, интересно...Незнам да си ја опишам ситуацијава.
    Срцето ми е полно, мозокот постојано кон тоа ми лета , сите ги сакам, гушкам , весела сум позитивна и со уште 3 кила плус се чувствувам дебелко. :lol:
    Утре , понеделнички на нов режим! :wasntme:

    Денешнава недела бев расположена. Времето ме израдува и иако не го искористив сонцето јас сум среќна. Си имав доволно обврски и бев повеќе од доволно продуктивна и вредна денес.
    Научив за тестот утре, средив шкафот со алишта, си средив во соба, книги , тетратки, плус тоа си одвоив и време за мене, а сега го испраќам најубавиот викенд со топол чај од нане и многу јаболка. :)

    Неможам да се пожалам. Некако тргнато ми е во секое поле периодов да не се почудам цветам од што сум среќна. :$
    Ве сакам најмногу имајте убава вечер, и многу среќа нареднава недела. Премногу е потребна. :!:
    Добра ноќ :*
     
    На Someonespecial, Barbie20, CoverGirl10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    49.220
    Пол:
    Женски
    ...Џек...дупли... Незнам зашто во метрополава дозираат алкохол како капки за очи... :d: :d: :d:
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Нека помини лабараторискава здача оти ќе се самоубијам и онака факултетов полека полека ме убива... :@
     
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Мојот секојдневно ги трпи моите тортури на кромид и лук.Ма ни мастика не помага бре.А ќе ти биде криво ако не отидеш.Оди!!!
     
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Еee разликата е што не е мој :)
    Криво не криво,го одложивме состанокот.
     
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Постои копнеж кој сеуште ме оддржува во живот.
    На моменти достижен, на моменти не. Но длабоко во мене знам дека еден ден ќе го добијам тоа што го посакувам. Оставам само времето да си го направи своето, да ги нареди сите коцки на вистинското место и да дојде моето време за дејствување.
    Но овој пат се ќе биде различно од минатиот...

    Постојат и испити, неположени. Оние заради кои секоја вечер не спијам мирно, ги сонувам, имам кошмари и на крајот резултатите на огласната табла повторно покажуваат негативни резултати. Мислам дека кога ќе го завршам факултетот ќе ми падне голем камен од срцето и повторно ќе ми се врати мирниот сон. И најбитното од се, ќе си ја исполнам и таа животна цел.

    Постојат и разочарувања кои полека се враќат во мојот живот. Стари лица, уште постари приказни и сеќавање на секојдневни караници и чувство на немоќ пред истите. Мислам дека никогаш нема да успеам да побегнам од тој дел на мојот живот, секогаш успева да се врати и без разлика колку и да се правам силна и одлучна, речиси секогаш потклекнувам.

    Како што кажав, постои немирен сон!
    И се би било толку лесно кога причината за истиот би била само една и конкретна. Мноу се, толку многу, така да воопшто и не ми се пишува за нив. Следува лош зимски период, во тоа време речиси никогаш не сум била среќна.
    Мајка ми ми вели дека е време вистински да стегнам заби, да си ја превземам контролата над својот
    живот, да си го остварам сето она што го посакувам и да го прифатам сето она што ќе ме разочара.
    Се додека главата ти е високо дигната и нема за што да се срамиш, се до тогаш можеш да пребродиш се.
    Паметна жена е мојата мајка, и мојата вистинска потпора за се во овој никаков живот.

    Си стоплив млеко, време е да се позиционирам на фотељата и да откачувам едно по едно додека е време.
    Пријатна вечер феминки.
     
    На Someonespecial, Barbie20, dream.queen и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Затнат нос, чајче и розевите топлинки.
    Без некоја инспирација за било што, ставам точка и на овој мрзелив ден, недела.

    Сепак, срцето ми е исполнето како никогаш до сега :) Преубаво е да знаеш дека можеш да веруваш некому и можеш целосно да му се препуштиш. Да го имаш како пријател и љубовник. Да уживаш во секој изминат момент со него, секоја минута, секунда..

    [​IMG]

    Весела сум, полна со љубов и кон сите блиски. Колку ги сакам ваквите периоди, посакувам да траат засекогаш. Слепа сум за сите негативни личности и проблеми, па со розевки наочари си го гледам само тоа што го сакам. Па и до некаде разбирливо е, роденден ми се ближи. Секогаш пред роденден сум ваква, многу позитивно ми влијае. Си добивам гушки и честитки од сите, и од блиски па и од познаници :D
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    СДК ЕПА НАВИСТИНА МЕ БОЛИ СРЦЕ КОГА КЕ ВИДАМ КАКО НАРОДОТ ЖИВЕЕ... :sweat: :sweat: КУЌИ ОД КАРТОНИ , БОСИ ГОЛИ И ГЛАДНИ.

    Споменици имаме на еден метар и кога ке почнат на тв да кажуваат ОВОЈ СПОМЕНИК НЕ КОШТАШЕ .......ИЛЈАДИ ЕВРА
    ....ОВОЈ ТОЛКУ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    ПА И СЕ ГОРДЕАТ СО ТОА БРЕ СРАМОТАААА БРЕ СРАМОТААА.....


    Додека илјадници усти се гладни во Македонија сепак не сме желни за споменици....

    Да се ставеше еден споменик два навистина ке личеше на нешто а за останатите пари да се отвореа неколку фирми фабрики и да се нахранеа неколку семејства ама нееее подобро е државата да ни личи на циркус додека народот плаче за едно парче леб ГРЕОТА И СРАМОТА Е ОВА !

    ЛАВОВИ , КОЊИ И ГЛАДНИ УСТИ САМО ВО МАКЕДОНИЈА !

    и сега кој правел Бугарски пасош бил предавник на Македонија ??? Хаха рака им давам на сите што поднеле за БГ/ПАСОШ и дај боже на сите да им излезат барем тие нека се спасат .
     
    На LittlePinky, hermosa, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Почитувам луѓе кои се измачени во животот, кои знаат што е мака и труд!
    Ги почитувам затоа што знам дека тие знаат нешто повеќе отколку оние што тоа го прочитале во книга!

    Добра ноќ! :)
     
    На Someonespecial, LittlePinky, Gordana10 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Октомври. Секако дека ми донесе грди работи, знаев дека ќе се случи нешто лошо и се случи по само неколку дена од како го пишав постот во темава, ама ова...Не очекував дека ќе се случат повеќе лоши работи, не очекував дека ќе ме дотолчи, дека ќе ме уништи на најподол начин. Луѓето...хмм нема многу што можат да се наречат така...Се чуствувам изневерено и предадено од сите. Јас што секогаш правев се за сите, сега кога ми е најтешко никој да нема до мене, епа не знам како ќе им се врати, ама...некој паметен рекол what goes around comes around.
    Бидете ми поздравени женски и не верувајте никому, луѓето сакаат да ги газиш за да те ценат и почитуваат.
     
    На crazylady, LittlePinky, Trnche и 2 други им се допаѓа ова.
  18. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Сакам да кажам дека нејкам да ми биде секој ваков месец, ко овој никаков.....Мислам ќе полудам, тешко ми е еве 21 ден денес без него, сме биле само 1 скарани исто отприлика 1 месец, ама се плашам дека сега нема да ми се врати.....и така секој ден ми е глуп и уште ми фалеше на се и полипи да фатам :D
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    165.816
    Јас сериозно недогледувам и редно време е да си го зголема цилиндарот на очилава... Еве сеа ми кажуваат дека уствари сум видела некого и сум се направила дека не го гледам...
    Сериозно ќе си обесам плакат на грб на кој ќе пишува не гледам на подалеку од 20 метра. ЗОШТО СТВАРНО ФАКИНГ НЕ ГЛЕДАМ!!!!
     
    На Claire и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Си седам на фб вечерва и гледам небитни луѓе кои уствари "не се замараат" со мене, пишале статуси за мене, ставале песни и коментирале.
    Демек небитна си и не се замараме со тебе.
    Ха! :rofl:
    Ако бев толку небитна, немаше да се замараат да пишуваат статуси и да коментираат за мене, бидејќи нели тоа им одзема од нивното скапоцено време кое планираат да го трошат на попаметни работи.
    Наместо да си ги гледаат нивните пропаднати животи, кои патем не ги водат никаде, бидејќи немаат никаква цел во животот, тие коментираат за другите и се мешаат во нивните животи.
    Пропалици!
    Со самото однесување покажуваат колку (не)вредат.
    Не вреди ни да ги спомнувам, но ме нервира тоа што тие се последните луѓе на планетава кои би требало да зборуваат за други, затоа што се пример за тоа како не треба да се однесува еден човек.
    Одете бре луѓе средете си ги своите животи (ако воопшто ги имате), па после дискутирајте за туѓите.
    Свашта!!!
     
    На anggell, hermosa и eliesaab им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.