[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Неее Октомври, come back :( Don't go so fast... Мојот најобожаван месец и дури трепнам 21 ви дошло.
    Обврски, главоболки, студови и настинки.. Да не спомнувам дека за десет дена го имам најстрашниот испит евер, ако го положам може да кажам дека мааалкуцка ме дели од дипломата.
    Се би дала да сум домче на топличко и да си гледам некоја серија, или па да излезам на топло чоколадо во некое топло, cozy место на муабет, или да си готвам домче со дечко ми ... Ми треба дооолга прошетка, ми требаат луѓенца околу мене, неможам сама повеќе :(
    Слушам Антена5 онлајн затоа што ме прави да се чувствувам како да сум дома..
     
    На CoverGirl10, richgirl998, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Која сатисфакција е ,тоа што цел месец си го работел ...кога ќе ти го наградат...без разлика дали е парично или со збор.
    Моја прва најголема плата .
    Го купив најголемиот и најчоколадниот ролат нека е за арно.
     
    На Lemonade, Monna.Monna, Buttterfly и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    СДК живејте додека сте живи! :!:
    Простите не живеат додека се живи зошто и не го разбираат ова.
    Со оваа реченица СДК дека некои луѓе кои не живееле во малдоста мораат да живеат во староста.
    А, како да живееш додека си жив?
    Многу лесно! Живеј ја сегашноста! Луѓето кои се заборавени во минатото или загрижени за иднината се зомбија. Затоа, додека јадеш-јади не мисли на друго, додека одиш-оди и нека не те засега за луѓето околу тебе, нека те засега за како и на каде ти одиш.
    Па, мислам дека ме сфативте сега. :hai:
     
    На Whitecloud95, Barbie20 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Глупо е кога слушнеш на вести за нечија смрт, несреќа, убиство што и да е, ама уште погрозно и потешко е кога некоја таква работа ти се случи во близина, во семејство, кај пријатели, роднини.
    Денес беше згаснат еден детски живот, во несреќен случај. Не го дочека ниту првиот школски ден.
    Мала невина душичка, која родителите половина век ја исчекуваа. Многу добри луѓе, наивни што се вели, секому добро-никому лошо, ама ете не им се посреќи во животот. Единствената светлина во животот, по некоја игра на судбината, Господ им ја зема. Сите се прашуваат -Ама како така? Овој бил крив, требало да закочи порано. -Не, овие биле криви требало да стават сигнализиција на патот. -Не бе, шоферот мислел за пиво му маваат да застане, па не закочил....
    Како и да е, што и да е, тука е. Судбина ли е, што ли е, незнам.
    Само знам дека болката на родителите е најголема и никој неможе да ја разбере. Никој нема да ги сфати, никој нема толку да тагува како нив. Сите ќе продолжат со своите животи и со текот на времето ќе заборават на овој немил настан, само во нивната црна куќа ке останат празните детски катчиња и болната тишина.
    Толку ме потресе овој немил што неможам да се концентрирам на учењето.
    И ми се гади што сите си продолжија со своите активности и разговори како ништо да не било, луѓе што го познаваат несреќното семејство, детенцето. Искрено ми идеше да го искубам човекот што прее ни ја соопшти оваа вест. Веднаш потоа почна да си прави шеги, да кажува вицови...Па како бе?! Нели ти е срам? Нели ти е тешко на душата? Нели ти се плаче? Тој човек, тој несреќен татко ти беше најдобар другар во детството, зарем не заслужува малку почит?
    Незнам ете, многу ме боли. Да е до мене, цел ден би плачела.
    И ме боли самата помисла дека ако некогаш недај боже се случи нешто такво кај мене, другите воопшто нема да ги допре.
    Ме боли дека нема да тагуваат со мене.
     
    На Monna.Monna, lunicka и Barbie20 им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... нашите коцки почнаа полека да се подредуваат.
    И заедно ќе склопиме наша сложувалка. :)

    Чувствувам како полесно дишам и животот конечно може да ми започне.
    И време беше.
    :)

    Виртуелно го гушкам другар ми кој - колку е далеку, толку подеднакво е и блиску.
    Мојата најдобра другарка како и секогаш ми пружи целосна поддршка и ниту грам од мојата доверба кон неа не е посолен со сомнеж.
    Две личности од форумот, едната за мене сосема непозната со лик ми помогна со другарски совет, во право време и виртуелно сандаче :lol: , а другата беше покрај мене од самиот почеток до крајот на исполнувањето, стискајќи палчиња. :hug:

    Мене форумот ми (на)прави и те како голема разлика во животот.
    Ме однесе во сосема друг поубав правец, а патем запознав прекрасни луѓе кои се дел од мојот живот. :)

    И им благодарам на сите што ми ги обоија сивите денови со надеж и светлина.
    Се надевам ќе можам да ви возвратам. :)
     
    На Thallia, sanja.burgundy, Lilit и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Животна иронија е кога најголемата помош ја добиваме од оние од кои најмалку сме очекувале.
    ***
    Купишта книги, тетратки, маркери, кафе во неограничени количини, наредно асално спиење некаде во лето... тој што рекол дека е лесно да се учи- лаже!
     
    На richgirl998 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Моментално гледам Крвта не е вода на Сител и се чудам :o :tmi: 13 годишно момче станал татко,а мајката има само 15 години :o

    Незнам дали да плачам или да се смеам :?:
     
    На Whitecloud95 и Dvolicen им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.402
    Пол:
    Женски
    Investigation Discovery ми е еден од поомилените ТВ канали. :$
    Со мајка ми во пакет, си обожуваме да глеаме како за се постојат докази и како вистината можеби некогаш спие, но никогаш не умира. Под дифолт еднашка ќе исплива на површина.

    Да се надоврзам на муабетов, така глеајќи задлабочено со мајка ми...нели.... брат ми, после цела година барајќи го омилениот изчезнат чорап... го најде. Секако, пресечен на пола зашто мене некогаш пред една година а може и повеќе, ми текнало како можам да му најдам практична намена и дека едната негова половина, совршено би формирала пунѓа на мојата коса :lol: Во недостиг на време, сум го зела чорапот од омилениот негов пар... ненамерно :wasntme: и ќе беше уште подобро ако се ослободев од останатиот доказен материјал на време...ама.... карма'с бич :D

    Уште еднашка ме потсетија дека не сум научила ништо од каналот шо секојдневно го пратам :D
    Чиирс 8)
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Немој сречо, немој данас!

    Ете така. Многу мутав ден бре, ептен. Малтретирање низ автобуси, среќа книга си читам. Навистина здодевни предавања, без трошка инвентивност, недефинирани персони, разочарувања од оној лош тип. Како кога некој ќе ти залепи шлаканица, ме сотре информација денес. И не знам како да се поставам, што уште треба да направам.

    Си чекам да ми префрлат некој денар за навистина макотрпната работа и се надевам ќе стигне за частење домче и јакна. Скромно, нели? На мајка ми исто и е обратен денот, запна да прави некаков чипс од тиква ама кој брате. Кога се ти иде обратно нема бегање и на фамилијарно ниво.

    Навистина мутав ден. Еве и мачорот се буни, груцка нокти и хрчи.

    Јас одам да си ги удавам мислите во чајче, ако продолжат со ова темпо којзнае што ќе сонувам.
     
    На ana-girl, anabel-a, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Студент - Докажан брат близнак на Тарзан и Могли, провел цели четири години од младоста во дивина наречена студенски домови и бил доен од Жирафа.Најмногу сака да “позајмува" предмети од цимерите, поседува "мото-култиватор" кој согорува природни ресурси, т.е. гасови како од сточни животни во доцните вечерни часови.Најпрепознатлива негова моќ: Суперсонично шлокање на алкохолни пијалоци, воловска сила, непробоен штит од воловска кожа, и рало опинци што само вол може да ги облече.
    Вегетира или е потонат во само-наметнатите пропаганди на скептицизам кои се шират од уво на уво низ младите, како овде ништо и никогаш не би се променало, па мораме надвор да го бараме чарето.
    Според најновите информации, се преселува во Папуа Нова Гвинеа , каде што стана тамошен поглавар и врховно божество.
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.510
    Допаѓања:
    12.765
    Пол:
    Женски
    Среќна сум, многууу сум среќна што го имам НЕГО. Ти благодарам Господе . Го сакам премногуу, зборови се малку да опишам што чувствувам.
    Со него сакам да ја поминам сегашноста, иднината, со него сакам да ја дочекам староста, со него сакам се :inlove: !!
     
    На Doozy, SparkyAngel, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Незнам за вас,но мене денов ми го напраи животинчево.
    [​IMG]
    Имајте убава вечер. :coffee:
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Немам многу време да седам пред компјутер бидејќи зафатена сум со учење. Мислам главата ќе ми пукне. Неделава се испрашувања и тестови имам... :( Ај ваљда ќе поминам добро.

    Инаку, многу сум среќна периодов. Ни самата не знам што се случува со мене. Но ако, убаво се чувствувам. Се надевам ќе потрае. :)

    Имајте убава вечер. :*
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    [​IMG]
    :)
     
    На eliesaab и Girl.in.love777 им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.857
    Допаѓања:
    142.530
    Што може да ти донесе моментот, не може да ти донесе годината.
    А кога ке му заситиш на некој, џабе ти е и на лустерот да се качиш, нема да забележи.
    СИ го потрошив слободното време на глупи филмови, а неколку саати од животот џабе ми поминаа.
    И така јас си трошам мигови на работи на кои не треба. И кога ќе умрам, нема да имам моменти кои ке ми поминат низ глава од денеска.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Чекав автобус во петокот вечер за накај дома, а спроти автобуската две девојки во мини купер, чекаа уште една другарка. Ја дочекаа, си влезе девојката топ средена. Го стартуваа количето и одекна Северина. Понатака нема да коментирам. Ама зошто... зошто се уништуваат така со тие стихови и звуци од кои се добива воспаление на тапанчињата и инфекција на центарот за слух. Сериозно, колку треба да си сељанка за да ја рокаш Северина од кола, абе ќе сфатев да беше Цеца, ама Северина??? :^) Боље у автобус ќе си се возам, баш Бери Вајт си пи*еше, романтики...


    Ги гледам луѓево околу мене и се револтирамам, почнувам да се самосожалувам. Оние кои беа неписмени успеаа, оние што знаат само за ширење нозе и тие, а мене и понатаму ми тонат некои планови што ги имам во животов и ме кочат тие системски, бирократски срања, изгубени документи, процедури и ми се рика, ми се плаче и ми се спие. Само да спијам сакам, многу долго време, и кога ќе се разбудам да нема повеќе гадости околу мене. Незнам едноставно незнам, дојдов до точка во животов каде што незнам што да направам понатаму и како да си помогнам, од кај да најдам сила да станам и да се исправам и да си ги завршам плановите. И немањето поддршка е лоша работа, некој неможе да те разбере, а само те притискаат од страна. Тешко... многу тешко... Сакам да се надевам на подобро утре, ама неможам, знам дека и по неколку години ќе се разбудам заглавена во кредити, со плата која едвај ќе стига до 30ти, со тргање некој скапан денар на страна, колку да имаш да си пружиш некое задоволство да отидеш до Грчка на одмор... И тоа е тоа... реалноста. Сонот дека ќе завршам факултет и ќе се вработм во некоја јака фирма и ќе зимам добра плата може да оди по ѓаволите, како и се друго.
     
    На la-chicka, sweet-cherry, Lemonade и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    12.053
    Глупо и чудно се осеќaш кога неможеш доволно да се забагодариш на некој што сторил нешто за тебе, па макар и со зборови.
    Што не сопнува бре? Гордоста?Скромноста? :?:
    Ретко се наогам во вакви случи, блесаво е нели?
    Или едноствно, ништо не е доволно доста како надоместок за тоа што ти стори за мене.
    Не едно имам многу благодарам
    Благодарам...не штедете Гордост на ова...
     
    На Someonespecial, Gordana10 и karenin им се допаѓа ова.
  18. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Некои прашања не заслужуваат одговор.
    Стварно.. ама стварно !!!!!!!!!!
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.155
    Пол:
    Женски
    Ќе ја цитирам Гордето со едно нејзино мислење,одамна...ама ја разгледував темата Детство и ми се допадна мислата,па цитирам:
    „П.С и една убава мисла во согласност со темата : „ Понекогаш посакувам да сум мало девојче, зашто повреденото колено боли многу помалку од повреденото срце “„
    ;)
     
    На eliesaab и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    Ограничени умови... Ограничени умови насекаде. Си мислам дека ако погледнам во чаша ќе ми излезат ограничените. Како живеат овие умови?
    Дали и тие се будат со помислата дека светот е убав затоа што е составен од толку различни бои, животни, растенија, луѓе или пак, мрчат затоа што не е се сиво и еднолично. Зарем не се прашуваат каков би бил светот без сина, црвена или пак без зелена боја? Или пак без делфини, тигри и мали слатки зајачиња?
    СДК... освестете се, животот е прекраток за да се поминува во мрчење, мразење на другите, оговарање или негирање на сите поразлични од нас. Излезете од своите ментални и емоционални затвори и почнете да живеете без завист и омраза, туку со смеа и радост, давајќи колку што е можно поголема љубов.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.