[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Рук рук ад и мабе ан атагој.

    Направи кобра, зајак, не мрдај - аха да. Со мозоков кој ќе ми експлодира нема да мрднам абе ич. Абе куку! Шскаалчднсшш!!!

    Настрана од тоа, како може некој да му се смее некому за изгледот. Ете дечкото бил екстремно слаб и сега. Ете дечкото си се посветил на учењето и што сега. Абе цепачи со "јак" хумор, детето знае повеќе од вас. Лоша крв имате. Лоша.

    И тука се и оние кои наплаќаат за куќен совет по 600 денари од стан, во зграда со 8 стана, која нема лифт и во која се чисти еднаш месечно :fubar:. Лоши и одвратни сте. Плус светлото секогаш го гаснете а јас со страв влегувам навечер. Зашто ви даваме по 600 бе. Знаете како, вие кои сакате да се збогатите на ваков начин, е вие и највеќе ќе се осиромашите.
     
    На Antoninaaa и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Има денови како денеска кои уште од утрото ќе ми тргнат наопаку.

    Велат каков што ќе ти биде Понеделник такви ќе ти бидат и останатите денови од неделата.
    Ако е ова вистина мене ми тргна на лошо. :|

    Но, :!: јас не верувам на оние што го рекле ова, така да очекувам утре денот да ми биде позитивен и исполнет со многу насмевки. :)

    Поздрав
     
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:

    Сакав само да Ви пишам update, се немам уклучено скоро цела недела. Може да се каже дека си најдов хонорарно работа со продажба, и изминатава недела незнам главата каде ми е. Не е ми dream job тотално нешто ново и непознато за мене, ама подобро е од седење дома. Уште сум под импресии... Секој ден среќавам нови луѓе, обуки, нова работна средина нови работни задачи презентации... уште неможам да се навикнам. Преморена се осеќам. Уште е рано ама полека стекнувам прави работни навики. А од друга страна ми се изнасобрале теми за учење, проекти за правење и презентирање... а на почеток на ноември полагам. Незнам од каде да почнам, осеќам дека се настинувам од ова топло-ладно време. Се на се се осеќам задоволно и многу преморенооо.
    Идам да спијам само сакав да Ве поздравам, па ке видиме на подолг рок како ќе се одвиваат работите.

    Добра ноќ :*
     
    На eliesaab, anggell и Barbie20 им се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Иако денов ми помина монотоно, како и сите претходни, вечерва беше феноменална.
    Роденден на другар ми, торта, пиење, и многу многу смеа.
    Одлично друштво и одлична атмосфера.
    Со еден збор, вечер исполнета со насмевки, безгрижност и бегство од секојдневните прблеми бар за момент.
    Во последно време одбегнувам мрчатори, негативци, луѓе кои се обидуваат да ти го расипат и тоа расположение што ти останало и преферирам да бидам во друштво на весели луѓе. Луѓе кои имаат смисла за хумор, и ја користат правилно, без навредување на другите.
    Луѓе кои од ништо прават нешто, и те тераат да се смееш од дното на душата.
    Е такви луѓе сакам. :)
    Ми ја направија вечерта.
    Со весели луѓе и јас сум повесела, порасположена и пооптимистички настроена.

    Да пробаме да го гледаме светот со розови очила. :)
     
    На eliesaab, anggell, Feodora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Се немам уклу4ено асално веке долго врееме и решив сега пред да се фатам со нешто друго.Па комшии кажувајте што има ново :geek:
     
    На hermosa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Од своите три деца,вели мајка ми тебе те родив најлесно.
    А баба ми,ми вели...мила чувај се од нервоза.

    Да исполнам простор,да напишам редови,да изпразнам дел од товаров,мислам со денови,но мислите тешко излегуваат од границите на мојата глава.Тука се .Стојат.Како помала,кога ќе видев луѓе чија тага се прелива од очите и носат невидлив товар,секогаш се прашував што ли ги мачи.Некои нешта не ни се на дофат.Моменти.Ги пишува животот.А,ние тука сме.Молкум гледајќи.Мене ме болат некои неслучени среќни мигови.Оние кои сум ги сонувала во некоја темна ноќ.Ми стоеле во ќјошето од главата.Чекајќи да се случат.Да излезат на виделина.

    Мене ме радувале најмалите нешта...нов прстен кој сум го барала оддамна,колачот на мајка ми,две три капки лимон во чајот,глупавите и бесмислени прашања на малата сестра,разговорите со баба ми,газењто по есенски лисја,кратки неочекувани телефонски разговори,насмевка пред спиење,мирисот на кафето наутро.
    Денес,е поинаку...животот ни задава тешки моменти.Страв за некое идно време.Така ме болат деновите.Најважно е да сме здрави.здравјето е скапоцено.Кога го немаме,единствена цел ни е да го вратиме.И тука сум,никаде не заминав,тука сум за него,бидејќи ми остави траги во животов ,ме правеше среќна.Верувам.Морам.Сакам.
    Некогаш сум на дното,но ме крепат среќните моменти и желбата за нивно повторно случување.
    Во овие есенски денови,сфаќам дека тишината треба да се скрши...никогаш не треба да и удоволиме да остане долго.
    Зборовите,кои ги премолчуваме не чекаат на нас.
    Човекот е најкревкото и најсилното суштество на овој свет.Затоа што живее.
    Во огледалото ја погледнувам моменталната состојба на своето лице и сфаќам дека ми недостигаат насмевки колку да си ги бојам и бројам деновите.И не знам како се чувствувам,можеби само не знам да ги преточам чувствата,заробена помеѓу стравот и надежта.

    Знам,мора да се бориме.За некои други денови.Посреќни.
    Која е бојата на среќата?
    Нијансата која ја нарекувам живот,моментално е сива. Сивата има нијанси.Мене ми фалат светлите, за сликата која ми е заглавена во главата.Замислена.За да си ги наполнам очите со денови среќа.

    За да не биде напразно трошење живот.Делете ја среќата и љубовта.Не ги премолчувајте зборовите кои чекаат да бидат кажани,нека не собираат прашина,разубавете му некому ден,момент... живот.Во овие денови..една девојка доаѓа со воз ми остава сила и повторно заминува.
    Чувствувам подршка,ја имам.Не ме оставаат сама.Едно бескрајно благодарам.

    На една стара клупа,двајца старци играа шах.
    Денови во низа.

    Јас сум храбра девојка.
     
    На Tajnaotrovna, ariela09, vw-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Македонска љубезност! :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      392,3 KB
      Прегледи:
      370
    На eliesaab, LittlePinky, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Хахахах и јас го приметив и се изнасмеав :D Алал да им е :D
     
  9. Girl.in.love777

    Girl.in.love777 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    8
    Добро утро :)
    Одморена, наспана, расположена, иако имам испрашувања денес. :D
    Неделава ми почна супер, уште денешниов ден да помине ќе биде најсупер :P
    Имајте убав ден, мене ме чека социологијата и турското кафенце :|
     
  10. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Nekoja slobodna-lp?
     
  11. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Nekoja slobodna-lp?
     
  12. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК хепи сум бидејќи ќе станам мама. :$ :inlove: :* Вчера бев на гинеколог и ми ја потврди бременоста. Здравје само со Господ напред да биде се како што треба. И на сите што сакате бебуш да ви даде Господ што побрзо ваква радост, исто така, и на другите им посакувам само убави работи да ги следат. Поздрав ! :inlove: :clap: :hai:
     
    На Mrs.Cuper, Ketrin.Moon, ilipili и 46 други им се допаѓа ова.
  13. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Скршена сум. Дознав шокантна вест. Сум била посвоена. Во други околности, тоа е хуман гест, прекрасно нешто од страна на старателите, но дискриминацијата што ја чувствував и понижувањата од страна на моите родители, а после тоа и роднини, ја оправда нивната арогантност спрема мене сите овие 14 години. Од моја 4 годишна возраст ја чувствувам таа празнина, за се нешто што ќе тргнеше наопаку јас бев виновна, само префрлувања на мене, за едни тренерки и патики морав да молам и по 3 месеци, да си ги купам. Кога и да отидев кај братучедите, постојано ми префрлуваа за нешто, ова не вреди кај тебе, она не вреди, бев потценета. Најмногу ме боли фактот што ова го дознав во најубавиот период од мојот живот. Во 8ми месец од бременоста. Кога им соопштив на моите дека очекувам бебе од човекот што ме запроси, тие буквално побеснеа. Ми спомнаа дури и абортус, под изговор дека не им се давало пари за тоа дете. Ги прашував што толку е виновно тоа детенце да не го сакаат, не мора да ме поткрепат финансиски, ми требаше само морална подршка. Во сета таа збрка мајка ми ми рече:- JAС НЕМАВ ДЕТЕ, ШТО ПА ТИ ДА ИМАШ.САМО ТРОШКОВИ, НИШТО ДРУГО. Потоа тестот за крвната група што морав да го направам, ради бременоста си го стори своето. Тие толку ладнокрвно ми признаа и дури ме избркаа од дома. Кога си ги поврзав сите случки, што не ми дадоа да полагам за кола, да не проверам крвна група, не ми даваа да учам настрана средна школа, со која другарка и да се здружам ним им сметаше, се што ми се случувало и тоа отворено признание, истерувањето од куќата каде што пораснав сфатив дека никогаш и не сум била пожелна таму. Кога си заминав не ми рекоа ни збогум. Од тогаш поминаа 4 месеци. Ќе живеам за тоа бебенце, за новиот живот што го започнав, за маж ми.
     
    На obi4ana, anabel-a, Lilit и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Честитки Agrona! Имај убава и лесна бременост. :* :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се почесто слушам, заборави го минатото, јас не живеам таму, сега живеам во сегашноста.
    Прифати ме таква каква што сум. Или заборави ме.
    Знаеш, па не можеш ти да си имала бурно минато, да си ги преминала сите граници на нормалното и моралното...и сега наеднаш да ти текни, да се се свестиш дека сакаш мирен и среден живот.
    И да очекуваш да бидеш прифатена како таква.
    Ти здосади таквиот живот, се срамиш од него.
    Сега сакаш да бидеш светица.
    Сега сакаш да бидеш некој.
    И очекуваш сето минато да падне во заборав.
    Ама минатото е дел од нас, секогаш го носиме зад нас како багаж, сакале или не.
    Извини, ама никој не е должен да те прифати.
    Што не ти текна тогаш да кажеш вакво нешто?
    Или ти дојде време за мажење, па си бараш добар маж и ова си новата ти?
    И обратно.
    Колку машки оделе со сенекакви жени, правеле се и сешто, па сега наеднаш стануваат граѓани за пример, и си бараат поштена девојка. Чекај братче, прашај се дали ја заслужуваш?
    Можеби изгледам строга, но секој треба да си го добие тоа што го заслужува.
    Затоа пазите што ќе правите денес. Тоа ве обликува какви ќе сте утре.
     
    На Barbie20 и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Не бирајте работа, туку работодавачи. Два милиона сме, и тоа душебрижници, сите пуни со информации за другите, за недела дена можеш за секого да дознаеш по нешто.
     
    На ilipili, Silver.E, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    [​IMG]
     
    На Barbie20, rici.aaaaa, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од фит кампот во Саботата сите коски на телово ме болат и видов едно муле од партија |( дебел ко воленце :D
    во неделата имав мала незгода-пред тоа се скарав со моите дома и толку ми требаше
    коленото боли-модринки огромни, коската на дланката боли, и на лицето раничката здравее-на брадата поточно
    се напив вчера Беналгин малку помогна ама се уште боли :worried:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Денеска втори час правам тест Историја :(
    Цела недела по некој тест правам.
    Држете ми среќа ги научив сите 9 лекции па ќе видеме што ќе биде. :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека уствари шармантни се луѓето што понекогаш ќе те изнервираат, ќе ти пробудат некоја емоција,било каква,луѓето со несовршена и симпатична насмевка која ќе ме натера да си го истурам кафето од смеење! Да се заљубиш на прв поглед во некои луѓе..Мислите не може? Епа можело...
    И не зборам воопшто за онаа љубов маж-жена,зборувам општо за љубовта,често и ја споменувам во моите постови затоа што поважно за мене нема! Да даваш и да примаш љубов од некого,макар било со една прегратка,насмевка,допир на раката,слушање по телефон...
    И кога денот вака убаво ќе ти тргне што повеќе можам да очекувам...Што ли ќе биде до вечер?
    Убав ден! ;)
     
    На Barbie20 и LittlePinky им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.