[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    незнам што ми е :^) но некако сум без емоции,како да нема ништо во мојава душа.Одамна не ми било овака!!!
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Чуството кога ќе завршиш со полагање...мх незаменливо. |-)
    Имајте убав ден исполнет со насмевки :) :*
     
  3. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Среќна сум.
    Пронајдов уште еден многу добар пријател. Личност на која можам да и кажам се, да ја побарам во било кое време од денот..Личност со која сме многу искрени еден спрема друг.. а сепак е само пријателство. Се радувам многу. Ретки се тие како мене што имаат ваква среќа.. За толку кратко време.....Посакувам да можеме по цели денови да пиеме кафе и да разговараме, и само да разговараме. :D Се надевам дека вака и ќе си остане засекогаш. Да ми биде пријател. :) :)
     
    На eliesaab и Izaabella им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Кога некои личности го напуштаат нашиот живот,и тоа доброволно,пуштете ги.
    Ако сфатат дека згрешиле ќе се вратат..
    ..а кога ќе се вратат,ќе биде многу касно! ;)
     
    На Gioia, Barbie20, Silver.E и 4 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Имајте убав ден феминки! Нека ни потрае времето вака сончево и топло. :sun:

    [​IMG]
     
    На rici.aaaaa, hermosa и Agrona им се допаѓа ова.
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Џабе ти е убава облека, ако душата ти е расипана...
    Облечи на себе душа, и изгради си карактер за почит...
    Тогаш кажи дека си човек.....
    *********************************************
    Ја знаете онаа народната..
    Се најаде вошката, дигна опашката :!: ....


    За­вр­шив мно­гу об­вр­ски за кои се пра­шу­вав­ ка­ко ќе ги за­вр­шам.
    Моите размислувања ќе ги оставам за некој нареден ден.
    Ми следува ку­со па­ту­ва­ње, кои ќе го нап­ра­вам со за­до­вол­ство.

    За некои задоволства не треба многу пари....
    Доволно е да го киднапирам од на работа и да наточам бензин :wasntme:
    И, од малата викендичка, да направам дворец.
    Не сум во пмс ниту во климакс :!: само децата ни пораснаа и не идат со нас :)
    Не сум крива, што сум жива :geek:

    [​IMG]
     
    На Oxymoron, ilipili, Barbie20 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Денеска е срамота е да имаш 50 денари за во школо, а не 200. Денеска е срамота е да знаеш нешто во школо. Денеска е срамота е да пиеш сок, наместо алкохол. Денеска е срамота да не пушиш. Денеска е срамота да легнеш во 22h за да се наспиеш. Жалосно е, но денеска е срамота да бидеш човеk!
     
    На Ketrin.Moon и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако нешто ме оддвојува од мојот круг на пријатели е моето искуство кое животот ми го зададе на лош и на добра начин,сеедно.
    Имаше едно време кога се прашував уште што треба да поминам во животот,можеби немаше да ми биде чудно ако тоа го велеше возрасна особа,но беше чудно што тоа го прашува девојка од 20год,односно јас.
    Никогаш не добив одговор,бидејќи искуствата доаѓаат секој ден,сфатив дека никогаш нема да научам и да знам се,бидејќи секој ден носи нови прашања и нови одговори.

    Денот убав,почна совршено,чај и симит во чаршија..
    Сонце и неколку пријатни разговори.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Сакам милениче бе, сакам едно малечко пуфле за гњавење и точка, и извичник! :D
    Баш сега една моја другарка купи кученце, бев кај неа пред некој ден. Абе срценце е, баш од тие што највеќе ги сакам, малечко и пуфкасто, створено за гушкање. Ми идеше да си го земам дома, моментално да ѝ го украдам. :D
    Толку мирно и мило животинче не сум видела досега, одма да се приврзеш за него. :sun:
    Па уште и ми кажа другарка ми дека кога го караат чувствува, како да плаче... душиче бе.
    И ме зафркава она, земете си и вие такво некое, флегматично и тивко, ќе ви одговара. :lol:
    И неколку пати им објаснувам дома дека животинчето предизвикува поубаво расположение, повесела атмосфера дома, а они заради обврските не сакаат. Ама овојпат ќе има преговори дома, осеќам. Или ќе треба да ѝ го позајмувам ова пуфлево на другарка ми. :D

    Туку, јас секогаш, абе по дифолт кога има празник морам да ги испомешам деновите во неделата и тоа е тоа. И така денеска 100 пати се убедувам дека не е петок, ама не успева. :D

    И да, уште нешто... откако стана популарна оваа милката со орео, си мислам почесто да се кладам со другари. Е така да си знаете. :D
    Aj поздрав. :D

    [​IMG]
     
    На Lella, Kaylie, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Сакам да кажам дека мразам исфрустрирани говеда, луѓе кои не се свесни дека знаам дека ме лажат, луѓе кои не знаат да си го средат животот. Луѓе имаат онакво на очите како коњине(не знам како се викаше :rofl:) и гледаат само праволински.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Не давај ветување кога си во тесно и во некоја мака, или во мојот случај кога си сит и најаден, зашто кога ќе помине тоа чувство тртки дека ќе го исполниш и одржиш.

    И така, ќе си се потиме и потиме, или можеби тешам дека тоа што сам со труд и пот ќе си го добиеш е послатко од она кога ти паднало од небо, или старата добра генетика.
     
    На crazylady, Barbie20, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  13. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    Го МрааааааааЗаааамм Бифшиотт!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :puke:
     
  14. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Чувството кога некој те лаже а ти ја знаеш вистината.
     
    На crazylady, Ana122, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    12.055
    Ако ме маваш со стрели...
    Што ти пага на ум, мислиш ќе ти чекам со скрстени раце?
    Ќе ти вратам, ич око нема да ми трепне :D
    Поминав еднаш покрај тие што не враќаат, и баш не ми се допадна глетката :D
    Маглава ме удира во глава |( , занемарете ме :D
     
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Абе другарке мила што ти стана....
    Никој неможе да те препознае, а ни јас што те познавав подобро од било кого.
    Сврте во погрешна насока, не си тоа ти, освести се !
    Не златна не е се во пиењето и цигарата, ниту во враќањето дома во 5 наутро.
    Не е забавата во тоа да незнаеш кај се наоѓаш, ниту секоја вечер да си на различно машко рамо.
    Зарем тебе тоа те прави среќна ?! Тоа те исполнува ?!
    Не си веќе истата, неможам да испијам едно асално кафе со тебе. Онака на раат.. смирено, како што си знаевме само јас и ти :)
    Не ме сослушуваш, повеќе тоа што јас имам да го кажам не е ни битно. Секако јас не сум веќе важна, не лумпувам , не се пијанчам и автоматски не сум твој човек нели. :x
    Ретко кога имаш време за мене, а тоа ме боли.
    Многу ме боли кога ќе се навратам на се што сме поминале заедно, на сета смеа и сета тага која ја споделивме. На секој sleepover , на секое дотерување заедно , на секоја минута. Ми беше најблиска, ми беше сестра.
    Сега си еден странец за мене. Лицето ти е исто, се друго е непознато.
    Да разговарам со тебе нема фајде. Ти си на твоето нели еднаш се живеело.
    Се согласувам. Ама во границите на нормалата. Не ја користи оваа фраза за да правиш будала од себе.
    Ако ти треба некогаш муабет, онаков вистински, искрен, дојди :)
    Јас сум тука,и секогаш сум слободна за едно кафе со тебе, во било кој период од денот :)


    И покрај се, убав ден е денес :D
    Сабајле рано кафенце со мама , онака за расонување :P
    Лабав ден на училиште, полн со смешки :lol:
    Сега ќе ме подружат фемина и фејсбук, па после на спремање и право кај љубовта да си гледаме хорорче :inlove:
    Најчесто малите нешта се причина за огромна среќа :)
     
    На eliesaab и LittlePinky им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     

    Прикачени фајлови:

    • vvv.png
      vvv.png
      Големина на фајлот:
      11,1 KB
      Прегледи:
      244
    На kala21, Barbie20, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Со топло кафе и пес бонбони ја набљудувам под око книгата моја мила од 600стр :^)
    Ќе бидеее :D

    Девојкии имајте убав ден. ;)
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Што ти се случи?Преку ноќ се смени? почна да ме избегнуваш и да се дружиш со други?
    Криво ми е,те сметав за вистинска другарка..сум се лажела :(

    Друго нешто..в четврток правам тест по биологија,книга немам фатено,а и немам концентарција..мислите ми се измешани :(
     
  20. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Сакам да кажам денес не сум расположена, не гледам некои причини, но знам дека од понеделникот така ми почна работната недела. Се чувствувам уморно, поспано, со пи - ем - ес болки и се влечкам од кревет на кревет, а обврските несработени :x |-)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.