[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК И на формумов почна да не смееш да имаш свој став или мислење одма ти најдаат маана и уште сто души почнаат да те убедуваат дека не е така , дека вака мора дека не си во право/
    па понекогаш само сакаме да си кажеме некое наше мислење без да бараме одговор а камоли критики !
     
    На rici.aaaaa, Silver.E, Marjan007 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Еве ме повторно.
     
  3. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Само тоа...
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      25,6 KB
      Прегледи:
      287
    На Barbie20, Ketrin.Moon, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Не успеав да ги разберам запотените (пот)коленици во црна скаена чизмица со дупол ѓон на плус 28'C!!!

    Ни фарбаните грмушки од веѓи, само за да личиме на Cara Delevingne...

    :sweat:
     
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    9.509
    Пол:
    Женски
    Mногу ме радува ова ,лесна бременост да имаш :clap: .
    Eптен ми е убаво на душата кога ќе чујам нешто убаво да се случува на сите феминки и феминци :)
     
    На Agrona, duffi и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ракава ме боли,едвај типкам.И ставав вакцина на принцезата сега,па ем неа ја држам ем 1 кг. од нејзините омилени грицки,од дехидрираната храна де. :)
    Едвај се довлечкавме,цркнавме на топлото,ама имам и ревакцина сега. :) Зедовме и витаминчиња за коските,сега првото го лапнавме...
    И заедно се радуваме на утрешниот неработен ден,иако за мене ќе биде работен уствари,ама ќе можам да имам повеќе време за шеткање со неа. :)

    Па и чудно нешто им се дешава на луѓево,за што ли се се спремни,просто ме зачудуваат...
     
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Дур ја чекам другаркава да дојде до кај мене да ме собере :lol: за да идеме на кафе да се подружиме, јас 298745201458542025853698741245 фантазии си направив за тоа што ќе се случи вечер.
    Ќе го видам! Ќе се видиме. ^_^ А понатаму се зависи од тоа колкава кретенка ќе испаднам.
    П.с. - Прееска упропастив еден многу мил пар фармерки, планирани беа да бидат искинати, но со усул. Ама ај сеа, што ги упропастив, ги упропастив - важното е дека вторите испаднаа срцкасти. 8)
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на девојката на која и го пишував цвто денес ја видов беше кај мајка и на работа-случајно се погоди така
    ни чао не ми кажа а камоли фала за тоа што ми направи добрина-ај мајка и ми помогна околу касата кога бев на замена а ни мајка и исто- ако Господ гледа :!: аплицира а не знае дека каде што сака да аплицира има неколку работни места во бутиците каде што сака таа :fubar: како можела една обука да е 4990 а трае неполн месец :fubar: зависи од каде е предавачот, што се учи таму,потребни материјали-се спага во цената
    епа на 20 години да бидеш мајка е тешко и кога имаш работа со секојдневие ке отапеш сосема
    тешко е знам, и посакувам се најдобро ама со текот на времето ке свати дека од надоградување-никогаш доста :!:
     
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    До кога со оваа тензија и негативна енергија? :|
     
    На Someonespecial, eliesaab и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Тајната да бидеш среќен лежи во тоа да цениш и сакаш тоа што имаш а не тоа што немаш :!:
    Мое недавам туѓо несакам :!: :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. branka-k

    branka-k Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    11
    Ги бројам деновите до свадбата и враќањето на мојот вереник :inlove:
    Сакам конечно да бидеме заедно. :)
     
    На Barbie20, rici.aaaaa и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Фин ден.
    Ми се цимоли до врисок.
    Ми се блуе од мали, патетични створења.

    Без многу изливи на емоции.
    Важно, сите ти ракоплескаат што си влегла у таа совршената негова шема,
    баш си некако кул.
    Не се прави муабет со тебе како порано.
    Сега одма постабилна си станата.
    Демек добро знаеш што сакаш.
    Си имаш свои принципи бе.
    Страшно принципиелна личност!
    Со другарите само рационални муабети.
    Оние од друштво, уште од тинејџ годините што си останаа траварчиња се крајно патетични суштества што ги сожалуваш.
    Бедници.
    Да се немало чувство за амбиција.
    Несфатливо.
    Најнесфатливо.
    Одиш у клуб и седиш така да зрачиш интелект и спокојство.
    Нема лудости, нема дрскости и неизживеаност.
    Само воздржаност.
    Све ти е classy, од движења до кошулче.
    Не да не се сакаат патики, али се преферираат чевли.

    Така налага стилот.
     
    На Ketrin.Moon, Someonespecial, Loly77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Деновиве ми се никакви, имам некои работи кои треба да ги завршам и стално ми висат над глава. Другиот проблем ми се финансиите и тоа што не можам да барам од моите пари за се што ми текне. Мислам дека цел живот го имам овој проблем. Средна класа, тоа овде ти е сиромаштија невидена. Ако сакаш земај 30 илјади плата, да видам за што ќе ти стигнат. Цени огромни, плати мали, долгови уште поглеми.
    Не кажувам ништо ново знам, ама како повеќе растам, да не кажам созревам гледам малку подалку од носот што би се рекло. И тоа дека стварно овде ниедна работа не е платена како што треба.


    И се осеќам страшно дебело, качив кила периодов и си кукам секој ден. Знам може звучи површно ама стварно ми е смачено веќе, се ежам од самиот збор диета веќе, се нервирам што некој си лапа сендвичи по цели денови и пак не качува килце, а некои мора да се мачат. Не зборувам само во свое име, туку и други што ги гледам. Си скратуваат од сите можни задоволства, и сокови и што ти знам таму, се мачат по цели месеци, за некој минимален резултат. Не може никој да ме убеди дека ова е фер, дека ова не фрустира.

    И некој ќе рече тоа не е најбитно нешто на светот, човек треба да се сака таков како што е. Е БИТНО. Тоа е реалноста, и секогаш ќе биде. Ќе речам секоја чест на оние што си се прифатиле со сите свои доблести и маани, јас не можам.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.740
    Пол:
    Женски
    ... во другиот клас се запознав си едно симпатично момче и замислете страмежлив е како мене :$
    ......чуството кога ќе се сретнете во училиште и ќе си разменете насмевки :wasntme:


    инаку целата поцрвенев додека го пишувам ова :tmi:
    Се‘ на се прекрасен ден, оди напред полето за училиште, а на љубовен план и така се‘ е по старо..
    Па и јас се расприкажав, ќе сум зборела за љубовта :geek: кој пак и би погледнал девојка како мене !? :^) :emo: Доста фантазирам,толку од ова. . .
    Незнам, но од ден на ден полека губам надеж . . .

    :|
     
    На SparkyAngel, T.e.d.d.y, tirkenbal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Чувството кога се враќаш од очен лекар со проширени зеници и не можеш да гледаш ништо во наредните па да не речам 24 часа... :@
    Видот заматен
    од капките за проширување на зениците
    , колоквиумите се ближат а временцево не ми дава да останам дома... со надеж дека се ќе биде во ред ;)
    А тоа тој што ми недостига? ... Will I ever see him again :?:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не ми е лош денот денес. Петка по историја, петка на тестот по англиски, фактот дека најдов ликови за драматизацијата...Убав ден.
    А сега, затемнета соба, ќебе, лаптоп и чај (ќе научам да пијам чај јас)...Па дури и утре не учиме. Убавини.
    Имајте пријатна вечер, феминки.
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.401
    Пол:
    Женски
    Преубав ден се сретнав со еден другар родителите ни беа добри другари и пред 2 години бевме заедно на одмор :)
    Па муабети па ова она па дојде другарката кај мене додека бев сама дома па гледавме филм :)
    На школо слабо математика 4ка ,македонски 4ка :@ на физика сум и на пик па ми стаи 3ка ај не е 2ка ќе одговарам следната недела за 5ки по овие предмети ваљда ќе поправам(да ми држите среќа :!: )
    Расипав оценки и сега ќе поправам.Таква сум избувнувам брзо после се каам али џабе сторено е веќе :)
    Како и да е тоа се поправа ама некои работи за жал не се поправаат :?: :|
    Како на пример кажаните зборови повеќе болат и од најтешката рана ама нажалост животно ќе сфати ама човекот не :lol:
    Црно на бело работите полека излегуваат :)
    Убаво кажале на лагата кратки и се нозете како и да е имајте убава вечер.
    И конечно утре неработен ден за сите од државно :rofl:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    познат пат, а да, препреката кон болка...
     
    На T.e.d.d.y, Ketrin.Moon и Sara123 им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Претчувството е јака работа. Уште од сабалје знаев, и не за џабе уште ми стои насмевката.
     
    На SparkyAngel, hermosa, tirkenbal и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Немам квака на вратата :| Од што сум опседната со помислата дека не сум ја заклучила, се враќам по 100 пати и ја тегнам...И ја извлеков цела...И сега ќе се сликам...

    ..сите вие што си седите дома на топличко во дневна со вашите, многу сте среќни..
    ..сите вие што можете во овој момент да се јавите на најблиските и да си излезете на кафенце, или да ги гушнете..најсреќни сте..Сама во четири ѕида, ми доаѓа да заплачам, имам грутка во градите и чувствувам физичка болка..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.