[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Meне не ми се потребни премногу совети, туку ми се потребни луѓе кои ќе сакаат да ме ислушаат и да ме мотивираат со позитивна енергија.
     
    На Thallia, SparkyAngel, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    На некои луѓе џабе им се дипломите за завршено средно или високо образование, кога го немаат најважното- кодекс на однесување.
    Им треба на ваквите едно предавање за основна култура и однесување.
    Макар што не верувам дека би се променило нешто. Човек, ако се роди прост, џабе му е се`. Таков си останува.И 5 факултети да заврши, однесувањето ќе му биде исто.
    Типични сељаци.
     
    На Monna.Monna, Silver.E, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Прекрасен ден, поминат со прекрасни личности, најубав помин и т н ... :rofl: :) :*
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Утре ќе биде возбудлив ден. Конечно драматизацијата по англиски ќе се реализира. Па и тест по историја, ќе ни ги даваат тестовите по англиски (кој го решив за 10 минути и наставничката ми прегледа, без грешка ми е). Па потоа на клавир, на карате...Би требало да е интересно.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.524
    добро бе, ја на кој јазик зборувам кога кажувам како сакам да ми ја ошишаат косата? НА КОЈ?! :@

    Ah, my precious... hair. ;(
     
  6. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Голем дел од луѓето брзајќи се, се лишуваат од најубавите животни радости! :)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Мака ми е кога ќе сфатам колку голем дел од животот ми поминува во чекање на семафори.
     
    На crazylady, sweet-star, ana-girl и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Денес имав прекрасен ден поминат на планина, во село. :D Си легнав во тревата, сонцето ме печеше, а јас си сликав со апаратот. :sun: Прекрасни пејзажи, се’ изнасликав од есенски ливчиња па се до инсекти.. :D Се прошетав низ шумата, а потоа на враќање поминав покрај селската чешма, си седнав на едно трупче и гледав како од дрвјата паѓаат лисјата, водата си жубори, уживанција! Само криво ми е што селото е веќе пусто, никој нема, одвај пет души. :| Се слуша само радиото на еден дедо, неколкуте кучиња што лаат, прегладнети, никој не им дава корка леб, чинам само јас кога ќе отидам со мама и тато им даваме да јадат. Ај, доста се расприкажав јас.. :D
    Сега уморна, „опиена“ од чистиот воздух ќе заспијам ко бајче. :D
    Имајте убава вечер. :* :D
     
    На ana-girl, cheetah.girl, Dog-lover и 2 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Така е...
    И јас со книга во рака, со топло ќебеце и чајче се спремам за спиење.
    [​IMG]
    Добра ви ноќ феминки!
     
    На sweet-star и Dog-lover им се допаѓа ова.
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Нешто недостасува,
    некој недостасува...
    Болна тишина...
    Напуштена душа...
    Празнина...
     
    На iloveyou29, QueenElena, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    денес добив понуда да влезам во француско здружение многу течно сум зборувала за овие години :D а и првпат се пуштив да зборувам со французин :D
    и тоа е од веселост...денес му се испокарав на фб се и сешто, и на крај, него го фатија емоциите. сега сфаќам колку е и тој скршен и колку животот го има газено...да, решивме, ќе бидам до него и ќе му помагам...и тој мене. после, што и да е ќе видиме...ух, само да успее да се опушти...сега излезе тоа дека и тој имал емоции...најчудното и најсрамежливото машко на светот...
    сонував дека сум на смртна постела? бррр што ми се случува??? :?:
    и секако, морам да кажам - како функционира системот на државата??? епа затоа пропаѓа, затоа што факултети се завршуваат со високите функции и поклони од мама и тато...е, баш ќе имаме квалитетни кадри и убаво ќе си пропаѓаме...типичен македонски менталитет, па и балкански |(
     
    На hermosa, eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Знаете како викаат, тоа од што најмногу се плашиш, тоа ќе ти се случи.
    Како за инат, како за да биде иронијата поголема, како за да се изнервираш повеќе.
    :|

    Преплакав ноќеска, сега веќе и смешно ми станува, па и си се смеам. Лажам, не ми е ич смешно, ама се смеам за да не заплачам. Море, и си потплакувам пак кога никој не ме гледа. Мака ми е, мака ми еееееее, ми се вришти, ми се пишти, и ми иде да легнам на земја и да мавам со раци и со нози и да ја дигнам цела зграда на нозе. Една од работите кои најмногу си ги сакав и си ги ценев кај мене, толку е, адиос мучачос. Ќе си пукнам од мака, се правам силна, ама мака ми е, душата ме боли. И џабе викаат бидете живи и здрави, па се' друго ќе си дојде... Ако немав пари да платам утре, ќе си останев... унаказена :( , за цел живот.

    Толку чување, пазење, и на крај од глупост ќе си ја чукаш главата.
    Ај, додека има чаре, ако немаше па, е тек тогаш...

    Дишамммммммммм. :envy:
     
    На ana-girl, ludoto19, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... од многуте работички кои ме нервираат низ ова битисување на планетава, една убедливо котира некаде на врвот.
    Значи, кога ќе се сретнат две личности и немаат друг муабет, освен - Ааааа, ти од таму си? А ја знаеш таа/тој?
    И почнува на долго и широко објаснување... ајде нејсе, да се врти муабет. Луѓе сме, македончиња.
    Ама кога луѓе кои не те знаат воопшто, ниту ти нив му потврдуваат на другиот соговорник дека те знаат, со некоја таква мистериозна фацка, поглед и тон, што познаников мисли дека си терорист, бомбаш, убиец или мањак... епа не знам.

    Ама да те видам лице во лице и лично да те запрашам - добро, јас не те знам. Никогаш и не сум те видела. Ти мене како ме знаеш?
    Сме си пружиле рака некогаш, сме разговарале?

    Вејки на ветрот. И уште ми објаснува бе - и јас ја прашав дали те знае, дека и она живеела таму како и ти и она ми рече само - Ја знам!, ама чудна и` беше фацата.

    |(
    Јаооо, ебете се и двете, може ли? :!:
    И сега што? Ќе дешифрирам твои и туѓи мислења на луѓе кои не ги познавам?

    Ама не, добро, она не те знае тебе лично, со братучед ти се знаела.

    Ми олесна. Фала. |(
    Прости недоквакани мизерни малограѓанки.
     
    На Monna.Monna, eliesaab, QueenElena и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Не верувам на секој од тоа последното што ми се случи и настрадав, но тоа го сметам за една мала кривинка по патот до рајот. Не се плашете да бидете опуштени или да си го покажете ставот кон нив.
    Кон луѓето сум груба понекогаш, но тоа е поради (лошите) последици кои (ми) ги направиле.
    Другарка ми многу се измени и поради тоа ја избегнувам.
    Од едно мирно и тивко девојче стана прчла! :@
    Ма не е ни прчла! Таа е за на психијатар веќе! :doh: Извикува на секое со некои чудни пискави звуци, рацист е, ги мрази белиберите па дури и сака да ги истепа! :x
    Ненормално!!!
    Ако сега би ме прочитала, (и би сакала да ме прочита) колку би скала да и го видам изгледот на лицето...
    Вчера на физичко и го плеснав тоа и ништо не кажа, си продолжи со својот однос..
    Но, веќе баш ме брига за неа, секој од нас си има своја судбина и свој пат по кој ќе оди.. :hai:
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Навистина прекрасен ден. Прекрасни луѓе околу мене моите мили и нема поубаво...



    АЈ ЛАВ МАЈ ПИПЛ
     
  16. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ех,животе!
    Колку може да смени многу нешта играта со зборови,ее. :clap:
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Читав едно време на форумов дека има некој таен „одлајкувач“ кој ви одлајкнува мислења, но никогаш не очекував дека и мене ќе ме стигне. Сериозно има некој што толку се замара со форумов па дури и се враќа назад само за да одлајкне мислење???
    Ако има вакви луѓе во виртуелниот свет, којзнае со какви луѓе си имам работа во реалниот.
     
    На eliesaab, sweet-star, Marjan007 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Колку е трагично кога ќе сфатиш дека за да те прегледа доктор кога не ти е добро, треба да познаваш поголема фаца од медицинската област.
    Бев со братучедка до амбулантата во населба , на дежурен нели.
    Откако братучедка ми и кажа на докторкава дека не и е добро,таа и упати таков поглед како да и ја убила пола фамилија.
    Одговорот и беше : "Добро па можеше да дојдеш утре, незнам зошто си дошла сега."
    А ти гуско зошто работиш ако не ти се работи ?!?!?!?!?! :@
    Си имала време да се накарминисаш, да ставиш три кила пудра и огромна торта да напраиш од тоа косата, а немаш време да прегледаш пациент ?!?!?!?!!?
    Најсмешно од тоа е што беше празна чекалната, жив човек немаше.
    Откако ја отвори книшката и виде кој доктор ја лечел братучедка ми , и се распраша за него ,тогаш имаше време да и обрне внимание и да ја ислуша.
    Браво, стварно браво за ваква љубезност и професионалост ! :clap: :x
    Јас сфаќам дека за да успееш во нашево државиче мора да имаш некој позади тебе, ама не сум знаела дека треба да познаваш некој за да те прегледаат кога не ти е добро.
    Секоја будала завршува медицинско и секоја будала ја носи титулата доктор. (со чест на исклучоци)
     
    На sweet-star, ana-girl, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ова вака не оди :x
    шетање, трошење пари на излегувања, до пред неколку месеци на концерти, по некоја журка
    хранење неправилно-не за друго цревата ми страдаат :worried:
    и козметика-згорана се -женско ко женско :!:
    вака како што сум тргнала ниту еден план од замислените(танц, јога, и сл) нема да ми се оствари
    а патики купувам година и нешто и никако да ги купам :D можеби разочараност од се во животот
    правиш се работите да тргнат на подобро а тапкаат во место а што највеке мразам е тешење не се секирај и не се нервирај ке светне од некаде :fubar: не сум јас будала лугеее гледам што се случува :!:
    а оние од партија не можам да ги смислам-баш размислував прееска за време на настанот ми доагаше да почнам да плачам-едвај се воздржав
    ако не побегнам во друг месен, срце да не се викам :!: и татко ми тоа го свати и се обидува да ми помогне
    фала ти тато :* :hug:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    :(
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.