[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Имав 5 години долга виткана косичка,беше 7 саат ,1ви Септември.

    Знаејќи дека со 5 тогаш не се почнуваше прваче,морав да чекам уште година да седнам во училишната клупа,отидов на теситрање кај педагогот.Седам а таа ме прашува каде ми се родителите,не можеа да дојат велам,и чекам да ме тестира..заврши со прашањата,ќе те примиме.Каква среќа беше тоа леле,кога се вратив дома баба ми дамла ќе ја удреше,ама готово прваче сум.Година дена бев помала од сите,неважно битно тргнав на школо.

    Ги добивав првите места за цртање ,креативност,поезија,секциите во кои учевствував заслужно стоев на тронот.И бум,сето тоа е неважно,мајка ти и татко ти се работници,во фабрика.На пример,не се како на Марија,Тина ,Боки е нивните ?-Е во полиција се,е во болница де.Ем петки,ем недај боже скраја да е си имаме луѓе во полиција и на клиникиве.Неправедност.Дискриминација.

    Твојата четворка е на јаки нозе!Нивните петки на стаклени.Мхм.
    Па тогаш се знаеше кој ќе оди во медицина.Јас не.Што ќе ти се сите петки?

    Претседател ?! Избор ..училишна демократија?

    И оваа година нека останат истите на врвот на класот ,зашто да бираме нели,да гласаме нема потреба,а ни да си искажеме мислење,што е подобро од ќерка да медицинска сестра да не претставува?Ништо.Први клупи резервирани.

    Колку сакав,еднаш да говорам на приредбите.
    А се борев за себе ,за оценките,доволно за да не паѓам на ниско ниво.
    И им благодарам ,тоа беа моите први лекции на борбеност.
    И како мала не сфаќав,што е пониженост,дали тоа што никогаш не ми ги признаваа тестовите без ниедна грешка,бидејќи фаворизираните во класот едвај тројќи вадеа?

    Се надевам дека овој пристап денес е се поредок.
    Бидејќи боли да си на страна.
    Боли да не ти го признаваат трудот.Боли да не го добиеш заслуженото.
     
    На Thallia, Monna.Monna, Agawa и 38 други им се допаѓа ова.
  2. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На hermosa, Gordana10 и karenin им се допаѓа ова.
  3. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Здраво луѓенца, како сте ми?
    Уствари, јас дојдов само да ве поздравам, ии... да се пофалам со првите 3 петки. :$
    И така...
    Бидете среќни и расположени. :hug:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Пак јас за образовниот систем.
    Ама,навистина,како можат да вработуваат такви морони? |(
    Не ми се верува,не ги интересира моето знаење,кога ќе ги прашам нешто дополнително превртуваат со очите,кога незнаат нешто посебно да ми одговорат,ми наоѓаат забелешки затоа што сум напишала нешто плус на писмени,а ги интересира само мојот приватен живот.
    Е не може,ќе се борам до крај,знам дека не вреди за такви небитни личности,ама ете... :worried: :x
     
    На hermosa, Dennings и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    За истата работа девојката ќе биди курва, а машкото папучар....да живее еднаквоста :rock: .
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Навистина сум емотивец... На кучињата кои се туѓи солзи ронам! :D
    И после, зошто газдите ме гледаат однопаку!? :rofl:
     
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Боли,навистина боли :(
     
    На Dog-lover, Ketrin.Moon и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Е боли де.
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Да ти кажам право, минатата година беше - Мамо, мене ме ограбија. Годинава е, Мамо мене ова ми направија (чисто да не ме познаат си ќутам, иначе така сочно пцовки имам собрано за настанов, ама што да ти кажувам :devil: ), а наредна година осеќам ќе биде, Мамо, ја трудна сум.

    Па и се зафркавам на сета мака бе, ах леле. :tmi:
     
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ..Како мала бев мирно и повлечено девојче,секогаш стоев на страна и ги гледав останатите како си играат,не сакав да им се замешам во играта,ако ме викнеа да играм со нив одев,ако не бев со нив додека да си отидат дома,и никогаш не бев лута дека не ме викнале,туку се надевав дека следниот ден ќе ме поканат да играм со нив.
    Се сеќавам дека еднаш,отидов на соседната улица и девојчињата играа со ластик,многу сакав да играм и јас,ама немало место.Стоев повторно на страна и ги гледав,потоа ме викнаа да ја држам ластиката со уште едно девојче а останатите да играат,и знаете што?Отидов..
    Подоцна реков дека ќе одам дома,надвор имаше околу 5-6 девојчиња,реков дека неможам повеќе да стојам во место и да не играм и јас им реков ако сакаат да дојдат кај мене дома ќе играме со нешто друго.
    Знаете што,ците веднаш дојдоа,а веќе од слениот ден играв и јас со нив,потоа почнав многу да зборувам,не бев веќе повлечена и затворена,па дури ме прашуваа дали ми одговараат други девојчиња за да играат со нас.

    Сеуште ги памтам зборовите на едно девојче кое ми рече "Немој да зборуваш ти,мама и тато зборуваа дека твоите родители не се веќе заедно"..
    Отидов дома и плачев и кажав на мајка ми,а таа ми кажа да не ги слушам останатите бидејќи тоа не е вистина.
    Вистина е дека дома имаше расправии,ама таа реченица многу ме повреди,незнам точно колку години имав ама немав повеќе од 9.
    И сеуште се сеќавам на тоа.Сеуште се сеќавам на се од тоа време.
    Се сеќавам и на девојчето,после тоа не ја сакав,никогаш не отидов да играм со неа.
    Немам симпатии кон неа ни денес...
    Неверојтано е колку една реченица може да допре до едно дете,и да направи да не ја заборави цел живот..
     
    На Thallia, Monna.Monna, Daydream и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се пофалам дека конечно ми излезе штрудлата со јаболка :whew: . Па време беше, после толку обиди да излези. Ја праев де недопечена, де препечена, де јаболката беа тврди, абе маки. Ама еве сега ми излезе и баш е вкусна.
    Сакам да си екпериментирам во куњата, редовно си заглавувам во неа. Голем мерак за готвење имам и вака се чувствував премногу убаво кога нешто ќе ми излези и ќе биди вкусно. Па уште кога ќе ме пофалат, абе толку, ко во облаци да сум :angel: .
    Инаку ја испробав финтата на АнаКаренина, ја отворив рерната и го пуштив внатрешнио вентилатор и навистина сега целата куќа мириса. Уште ко го прочитав то ме копкаше да го пробам и еве сега го пробав :D
    Ајде нека повели кој сака, дури има, не за друго.
     
    На Agawa, Ketrin.Moon, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Опкружена сум со женторини (глупи жени, така сакам да ги викам глупачките). |(
    Денес, како и на секој голем одмор си купив храна. Не можев да најдам некој со кој ќе дремам цел одмор и затоа решив да влезам во училиштето. Пред вратата стоеја психологот и социологот (каква комбинација) и озборуваат (или можеби зборуваат нешто глупаво и бескорисно, можам да препознаам по изразот на лицето кога некој зборува празни муабети).
    А јас си одам. И едната од нив ми вели : „Тетичка, каде одиш?“. Си помислив нешто како „Каде одам? Се мешаш во мојот живот?“. Не и одговорив. Па и не знаев што да и одговорам. И самата не знаев каде одам. И продолжува другата: „А тетичка, зошто стоиме ние тука?“ Зошто стоите? Од кај да знам зошто стоите? Не читам мисли. Ајде, кажи ми зошто стоиш таму, бе жено! |( И потоа ми вели дека не смеело со храна да се влегува. Па така кажи! Кажи дека си стражар, дека го чуваш училиштето од учениците...се извинувам, дека стоиш таму за да не пушташ ученици да влезат... Идиоти!
    Зошто стојат? Е зошто де?
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Најсимпатични ми се бистри, слатки дечиња што ќе те изнасмеат со нивните мудрости.
    Има кај нас во комшии едно такво мило девојченце, околу 10 годинки, ама таков интересен и богат речник има, секој збор што ќе го слушне од повозрасен го впива и уникатна е, живи смешки. :D
    И ја среќавам денеска во лифт и ми вика, тебе стално те гледам дека се дружиш со деца од маало, многу си социјално развиена. :rofl: Абе можат на таа рекламата за Ладна да ја пратат одма. :D

    Иначе, им симнувам капа на ученици што можат да учат ноќеска и да издржат со 1 саат спиење, најозбилно. Јас прва за кампањско учење сум, можам викенд, па и ден пред тест да учам, ама ноќеска не ми работи мозокот бе. :D Не можам едноставно да функционирам со такво темпо.
    За ваквите, стварно сте 50% психички спремни за на факултет. :bow:

    И така... ај поздрав. :D
     
    На Monna.Monna, Agawa, ozbilnazena и 19 други им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Во денешно време треба човек да се запраша,дали вреди некому да му подадеш рака.
    Ако направиш добро,со зло ке ти се врати!
    Што стана со човечноста,каде е совеста?
    Гледаш човечки лик,а всушност тоа е само маска,а позади неа страшни чудовишта имало!
    Најдобро било да си гледаш само за себе,за останатите воопшто да не се грижиш....
    Се убедував себе,дека е добро да бидеш хуман,добар,но не вредело.
    Подобро е на животинче да му помогнеш отколку на човек...
     
    На Agawa, ozbilnazena, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.203
    Македонци на конференција се оние најгласните, оние кои дремат во фоаје цело време зборејќи на телефон или чекајќи некој да уловат и да го гњават со улизнување и оние кои одат да не се налапаат на коктелот со тањири полни ко за ручек,а не ко за коктел!!! |(
    Е до таму сме!
     
    На Trnche, Annath, anuskaNESTLE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.401
    Пол:
    Женски
    СДК денес добив 2 пофалници,едната поради конкурсот за цртање на кој се пријавив и освоив прво место,а втората поради добро составената песна за темата која што беше поставена и освоив второ место кое што го делам со уште едно девојче добив и книга но нема врска не сум љубител на книгата,но се надевам ќе најдам време и ќе ја прочитам :)
    Дај боже да се множат инаку исто како кетрин.моон и мојата приказна е слична се пронајдов поготово во почетниот дел од мислењето само јас 5годишна а сите 6 или 6ипол годишни :) Едвај ме примија,бидејќи бев мала несакаа но мораа бидејќи знаев и да читам и да пишувам и кирилица и латиница и тоа од 4 години и знаев да бројам до 100 за разлика од моите соученици кои што допрваа учеа :)
    Не сум фаворитизирана во класот поради омраза во класот ниту еднаш не сум била претседател секогаш потпретседател,секогаш ставаат слаби ученици,а како што знам јас треба одличен ученик да биде претседател :)
    Инаку денес во класот ни дојде ново дете поради некои проблеми во старото училиште го префрлиле во нашето училиште.Добро дете прва му пријдов и се запознавме некако срамежливо,но дали поради тоа што е ново или незнам допрва ќе се запознаеме како и да е многу работи во еден ден едноставно среќна сум и никој не може да ми ја расипе оваа среќа.Цел ден пеам и се смеам :lol:
     
    На Someonespecial, hermosa, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Јас не сум до толку сакана, но си имам друштво... и еден совет, тие што не се дружат со тебе само заради изглед или мислење се многу пониски од тебе. Јас ги видов еднаш на граѓанско. Ем буквалисти, ем ниски.
    Сите ми се изнасмејаа кога ја кажав реченицата, но си стоев исправено, тогаш наставничката ме пофали за мојата храброст и мудрост. :D
    Затоа никој не е совршен, а тие што мислат дека се, тие се оние што имаат еден куп недостатоци. ;)
    И јас еднаш се обидов да се спријателам со едно ново девојче во класот, и се спријателив, но сега не спаѓа во моите пријатели...
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.401
    Пол:
    Женски
    Па фала богу си имам и јас друштво нив не ги ни рецкам :lol:
    (Да не праиме оф-топици ќе не караат :lol: )
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    И еден убав ден Квин Елена се разбуди како женторина :!: На улицата едно девојче протрча покрај неа прободувајки ја со својот поглед...ја потсети на нешто само на што....на некој лош збор??На недолично однесување....хмммм...
     
    На Sweetheart87, tirkenbal, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Пред некој ден си купив џемпер. Откако се вратив од печалба, немам потрошено ни денар од заработката. Освен за џемперов.

    Но, муабетот не ми беше за џемперот. Муабетот ми беше за колку тоа се променив откако едно лето сама живеев, работев, и се издржував. Затоа што сето ова се случуваше во Германија, преземав многу од нивните европски стандарди: се изразувам јасно, зборувам гласно, размислувам практично, трошам рационално, и секогаш гледам дали има некоја корист од претходно направеното. Затоа што, нели, ако нема, нема поента да се прави истото. Покрај тоа, се ослободив од сета драма во животов, станав многу искрена, и многу, многу трпелива.

    Двете работи што најмногу сакав да ги правам; да трошам часови помеѓу закачалките во бутици или барајќи ја вистинската нијанса бордо кармин, и да одам во студентски организации за да не бидам пасивен студент, како поголемиот дел од нашава младина, повеќе не ме прават среќна. Откако се вратив, купив само една маскара, затоа што старата ми се потроши, џемперот, кој ме натера да се подразмислам на темава, а се` уште се терам да одам на состаноци од организациите во кои што сум член, но се фаќам како се` почесто наоѓам изговор да не одам. Овие работи веќе не ги гледам како задоволство, ами како обврска. Како да остана само сенка од старата јас, само сенка од мојата страст за животот и сите работи што ги правев со леснотија пред да отидам.

    Откако некое време поживеав во големиот, страшен свет и се соочував со строги шефови и непријателско расположени колеги, веќе ништо овде не ме плаши. Ниеден од моите претходни проблеми не ми се чини важен, сите се толку малечки и беспотребни. Си имала расправија со дечкото? Не ти се станува рано за на факултет, каде потоа ќе треба да седиш цееел ден? Ти ги продале новите чизми? Се` е во ред, ама некако, уште си во процес на самопронаоѓање и имаш душевен немир? Повели на работа, каде по цел ден ќе ти се дерат неразбрани шефови за работи кои не си ги направил, ќе стануваш рано за на работа, а потоа ќе стоиш од 10-12 часови, за чизми не мора да се грижиш, затоа што ќе имаш специјални обувки од работа, а ако не можеш да се самопронајдеш, можеби МекДоналдс ќе биде вистинското место за тебе!

    Не сакам да звучам разгалено, не сум ни првата, ни последната, која работела за време на летото, всушност и догодина повторно планирам да одам, ама не знам, можеби е до луѓето со кои сум опкружена, секој ден слушам такви „проблеми“, што си велам, до кога планираат некои душички да живеат под стаклено ѕвоно и кога планираат да се соочат со вистинскиот свет и реалните проблеми? :?
     
    На Lemonade, Moira, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.