1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Работно утро кое е се само не работно. Ќе хибернирам, нема друга опција, нефункционална сум. А и сеуште ми циркулира алкохолот во крвта.
    Како да не ги сакаш овие предновогодишни забави, како? Се е спротивно од новогодишната, нема напумпана вештачка атмосфера, нема коментари леле ама си убава во ова прекусо (вулгарно да не речам) фустанче, а и убаво си нашминкана (слично на кловн). Абре се веселиш и не те боли брига за ништо.
    Ги сакам бре, не може со нив да си поминеш неубаво. Би сакала сите да ја имаат оваа колегијална атмосфера како што јас ја имам.
    Дури не бев свесна дека може да седам во кафана над 8 саати и да не видам како летнало времето. Оооо јеа Бело лице љубам јас 8) Ах трачарења и фотографии има со највисоко ниво на безбедност за приватност.
    Секое косче ме боли, нека помине работниов ден и скокам во кревет. Мора да сум одморна за утрешната забава :D
    Е така одам сеа да купам неколку симболични поклончиња, да биде елката поубава. Заслужуваат да ги израдувам, цел живот тие мене ме радуваат.
    И ова тмурно облачно утро со нефункционално тело ќе си го направам убаво, зашто така сакам.
    Отидов да си купам најголем сендвич за празното меше и книга за старт на фемина предизвикот.
     
    На Hopeful, teddybear, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    СДК:
    На сите што нема да ми ја честитаат новата година и божиќ им посакувам да им изгори елката, дедо мраз да им се посере во оџакот, а ирвасите да го силуваат нивното домашно милениче. Исто така ги известувам саканите пријатели кои ми пратија честитка за 2011 та дека желбите не ми се исполнија и ги молам истите за 2012 та место честитка да ми уплатат кеш на жиро сметката за која ќе бидат благовремено известени...

    *** Среќни празници!!!***


    Секако, Се шегувам!! хехе
    Btw, владее ли кај Вас претпразнична атмосвера? Кај мене небаш
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Вчера случајно го видов фраерот што ужасно многу наликува на оној фраерот од Инексес, со истата таа кадрава косичка. Само што овој ги има најубавите и најкрупните очи што некогаш сум ги видела во животот. Минувам јас покрај него, го гледам и се смешкам ко мутава (од бранот на милост што ме фати), ме гледа и тој и така се разминуваме. I guess he heard my heartbeat through the noise ...

    Ех што ти е живот, си мислам. Којзнае дали некогаш ќе се запознаеме, дали повторно ќе го забележам низ толпата.
    И не сум среќна дека го видов. Не, не! Ме потсети на толку нешта кои страсно ги посакувам, а ги немам. А премногу сум конфузна периодот за да се одлучам на која страна да ги барам, како да ги дофатам. Се радувам на новиот почеток, календарски. Се радувам на зимскиот распуст и на Војна и мир до мене.

    ама па ... need someone to justify my love!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ја читам дискусијата за проституцијата на книгата со фаци (на која фала Богу никогаш не сум и пристапила) и не ми се верува до каде оди желбата за дефинирање на повисок степен на валоризација низ воскликот воодушевеност од толпата. Луѓето повеќе се насочија на виртуелни доживувања и не е ни важна цената која ќе се плати за барем краткорочна слава на нет. Вау, кој успех!

    И во низата начини на виртуелна себепромоција и автоактуелизација се расфлаат на големо со звучни наслови на книги, говорат странски јазици за да побегнат од духот на духовниот провинцијализам, кој им виси над глава во било која метропола и да се наоѓаат, па и покрај звучни остварувања од типот на професионални позиционирања, ќе направат обид да се дрзнат да побиберуваат неповикани, ама свесни за вистината дека и покрај се‘ компаративно се интелектуално инфериорни за век и веков. Ауууч, тоа ги боли и разјадува!

    Дури и врските се дефинирани на истиот начин - Yeah, we would have broken up last night, but the net connection was down. И околу муабетот со глуметањата за новогодишните празници и сигурниот пораст на изговор за недодефлорираните малолетнички да ја искористат најлудата ноќ и се прашуваш дали се тука главниот лик во комедијата тие или сите оние ку*иња (од сите возрасти) кои се надеваат да клецнат пијана баш истата таа ноќ. Голема експлицитност ем имплицитност крие чинот. Ама, иронијата е што ваквите појави ги осудуваат, доста жестоко и жолчно, баш оние на кои и не им треба ваква празнична позадина за делување кога трагаат по алтернативи за фастфудовски конзумирања на пјур секс, нотинг мор, нотинг лес, а видиш одамна им минал пубертетскиот рок. Нејсе, зима е и снеговите кои ќе паднат веројатно ќе ги забришат трагите, си мислат лисиците од ваквите басни. Па, не би рекла баш.

    Сум рекла и ќе повторам премногу сум свесна за хипокризијата во човечката природа, сите сме всушност, денес е и премногу застапена, ама никогаш не треба да дозволиме да се гледа со благонаклоност на истата, ако веќе нема секој којонес да ја разобличува, најмалку што може е да не ја поддржува.

    Имајте пријатен ден, :) .
     
    На rossonerka и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ете си помина и оваа година. Далеку подобра од претходната, може да се каже и дека премија ми беше оваа, иако ништо посебно не се случи. Ама си се здобив со многу лекции, успешно совладав многу животни курсеви, а пак ми изгледа ко времето да застанало.

    Научив дека за да бидеш среќен, мораш да жртвуваш некои работи и мораш да смениш некои погледи кон светот. Не дека јас сакав да се сменам, ама ете, ситуациите доведоа до тоа. А од секогаш сум мразела промени.

    Научив дека некогаш треба да се прости, па затоа на дечко ми му простив што беше глупак невиден и му прогледав низ прсти за некои работи порано што не би ги прогледала. Барем не така лесно. Ама, простував и на луѓе што сметам дека го заслужија тоа, барем повеќе од овој, претходно наведениов.

    Научив дека некогаш вреди да се преќути нешто,за да си се поштедиш и себе си а и другите, па затоа преќутував кога бев тажна, се отворав само пред себе си, и полесно ми беше. Мирна глава која никој не ја наполнил со некои соодветни експертизи.

    Научив и дека е потребно многу малку за да се достигне среќата, па иако немав средства ко други години, иако немаше розови денови ко други години, јас пак бев среќна и се трудев да се радувам на наједноставните работи, без разлика дали ме прават глупава во очите на другите.

    Научив да се смеам кога секој дел од мене беше растргнат на милион делчиња, сакаше да вреска од болка, и сфатив дека по некое време се соживуваш со таа маска која ја покажуваш на другите, па колку толку, полесно ти е на душата.

    И најважно од се, научив дека ништо не е како што изгледа. Затоа и не ни вреди некој друг да ми биде пример во животов.

    Но, сеуште не си ја научив лекцијата на чиј тест секогаш паѓам, реагирање на време. За било што, во било која смисла, секогаш оставам се во последен момент, и секогаш се уверувам дека ми е огромна грешка. Мрзливост или мазохизам.

    По што би ја помнела изминатава година? Па не знам дали можам да кажам по ништо посебно.
     
    На crazylady, Divinebutterfly, Rock-a-Fella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.986
    Не ми се верува! :rofl:

    Ме избрале во изборот на 10 писатели за 2011 на Окно! Ах! Воздишки, патетични! :lol: :lol:
    И тоа со прекрасната песна, 20 минути Љубов...
    http://okno.mk/node/15952

    2012, те сакам и те чекам :*
     
    На Go-Girl, Hopeful, Strumfeta93 и 39 други им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    Среќна сумммммммм :D
    Чувството е неопишливо преубо ко ќе ги видиш сите 5 спуштениииии. :$
    (не сум филозоф не.) :P
    Радоста ја споделив со сите, ми фали и покрај се шо ми напрај, сега ќе ја делев среќата и со него. ;(
    Нема време за плачки и тажачки, така требало да биде, ако треба да сме заедно, ќе дојдат нашите денови. ;) ...Мама ми се јави и ме изненадила со нешто, одвај чекам да видам шо ее, Нестрплива суммммм.
    Среќна сум, среќна сум конечно можам да кажам после толку падови шо доживеав, мислам дека го заслужив ова. Конечно.
    Остана уште неколку од 2011 ќе ја памтам по многу работи, и добри и лоши , сепак во просек не беше лоша година. :?:
    Почнувам нова фаза од мојот живот, ме чекаат доста радости, Матура пред се, факултетот и се друго со ред шо иди, научив многу од оваа година се надевам дека то ќе го применам во следната и нема да ги повторам истите грешки.
    Одам сега да се одморам, и после одам на кафе кај брачеда ми, шо се немаме видено можи пола месец, да се изнакажиме све и свашта, ех ми фали времето ко помали ко си игравме, слушавме музика и пеевме.
    Насмејте се, нема време за тагување и плачки.
    Преубај деној идат пред нас. :)

    Заминав.
    Имајте убав ден.
    Ади ве сака. :* :hug:
     
    На Divinebutterfly и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Добро,сеа читам статии на Фемина во врска со Гага,и на секоја статија 3-4 членови си прават сајбер оргазам таму.
    Добро и јас ја сакам ама не се траќам:
    "OMFG MOTHA MONSTEEER BEST MOTHER EVER WE LOVE YOU GAGAAAAA"

    Боже боже. |(
    Јас сфаќам идолизирање ама ова ногу е.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.240
    Допаѓања:
    67.756
    Пол:
    Женски
    Иако е виртуелен просторов многу брзо се шират муабети, доволно е едно клик. ;) Затоа и тука треба да си се чува образот.

    Него сакав да кажам дека од нигде никаде ме обзеде Новогодишната еуфорија. Си седам така и Бам! :rofl:
    Идната година ќе гледам да не бидам толку сериозна. Како тука на форумов и во реалноста истото ми го забележуваат. Така да ќе гледам Новата да си ја дочекам со насмевка и во добро расположение и ќе се надевам дека така ќе си ја терам 2012. :)
    Животот секако поминува, па зошто тоа да не биде со насмевка. ;) :)
     
    На Neytiri, Offspring, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    ^^ Клик, клик ... :D У право си.

    СДК ... А јас пак ни е од еуфорија не осеќам. Некако сивилово надвор ме уби :( ... А бе невидено колку и да пробувам да се подигнам, тоа ме обара ... Психава ми е збркана ... :drunk:
    А и од глумци и режисери, поштењаци и моралисти аман ми е веќе!
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    "Кај што има сила, нема правдина" - Токму така |( .
     
    На eli25 и antilla им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк конечно резултати од колоквиуми.
    Ниту еден паднат колоквиум и доволно поени за на испити ;)

    За џабе е велат трудот се исплака.
    но :!: секогаш може подобро .
     
    На eli25, Lepaaa, mamita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... банана со мед и ореви, авокадо со лукче и лимон, горењка со бадеми, Бовин совињон, Здравко Чолиќ милозвучно ме гали, јас скокам низ дома како улава во престилка за готвење, зашеметена од љубов и вкусови, откажав другарство на другарките вечер, за љубов со љубениот, нив ќе ги гушнам утре, на едно трачарско кафе и вишновача, уште отсега провејуваат некои пензионерски нишки, што ли ќе се случи кога ќе остариме во облик на бабички, веројатно ќе се носиме под рака до најблиската аптека, другарка ми ми вети дека и тогаш ќе превртуваме шољи за кафе, веројатно маалскиот месар ќе ни биде заедничка симпатија, "с тобом, с тобом је права ствааааар", ниедна точка не ставив, па кој ќе ме земе мене за лектор, уште не стигнале моите честитки до адресираните дестинации, пу Македонска пошта, пу јаз'к крадци, без нервози, омммммм, ќе ми се расипе тортиљата така, БАМ, ПАМ, ТРЕС, ПАУ! Бетмеееееен, та-ра-ра-ра-ра-ра-ра-ра...

    Красива 2012 - добро дошла си у живот мој!
     
    На bittersweet, Adi888, Magnolija и 15 други им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.770
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не знам колку ќе имам време да се уклучам на фемина до сабота,а за после ич не ни земам во предвид, ајде сега јас една анализа на мојата 2011. Што ќе ми текне, не беше баш едноставна..

    Најкарактеристично е тоа што иако беа само две недели,работата во ординација ми олесна и ми покажа зошто поминувам низ ова сега и дека вреди.
    Заврши пеколната прва година од факултет,со се исчистено на време. Научив што значи да се биде студент од аспект на молење за потпис и трчање по оценка,што си ја добил два месеци пред тоа.
    Со мачорот исто како 2010,само за нијанса по.. сериозно, ни ја снема импулсивноста,авантурите се сведоа на минимум,ама при крајов еве се оправивме и се вративме на старо.
    Со најдобрата другарка едвај успевавме да се видиме,поради обврските што ги имаме секоја на својот факултет и со својот мачор. За жал. Се здружив повеќе со една другарка од средно,која сега ми е колешка,и цело лето го поминавме со неа и дечко и.
    На излетите им немаше крај,и да врне и да грми ние бевме во некоја ливада и чадевме со скара.
    Секоја недела во село кај баба ми и дедо ми,се потсетував на детство.
    Така помина уште едно преубаво лето.
    Е после, поминував многу често низ грди периоди,ме прогонуваа некои сенки од минатото,поминав многу непроспиени ноќи,во страв,со огромен камен на срцево,но еден муабет со мајка ми и татко ми и се ми помина. Тука негде, татко ми се оперираше.
    Се изнагледав филмови,и убаво си го обележав Halloween. Баш како што сакав.
    Се збогував со еден проблем.

    А се што сакам во 2012 е Здравје за мене и најблиските, за да нема повеќе непроспиени ноќи И да положам барем пола од тоа што имам во јануари,ах. И повеќе слободно време,за да надокнадам со другарка ми.

    И да Ви посакам Среќна нова на сите!

    И тоа би било тоа..
     
    На bittersweet, eli25, glow и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК што и да проверуваш како проверуваш не знам но те уверувам те нема што да прочиташ и да сакаш си ја зборам вистината така да.. што те интересира ? ? Чудно ми е овде нешто како што милува да вели една феминка овде неко меџу нама није наш :) Што сакаш прави бееее јас сум си јас сакај ме или не твое право само немој да претеруваш те молам :)
    СДК какви луѓе постојат значи сериозно не сакам да постојам во ова време од таквите жими се ама ај господ СЕ гледам знам јас .
    Ќе и се замарам на некоја 17 годишна хахахахахахххахаххаххаха нечу нечу дијаманте бре :)
    Него да си земам јас да си зачистам и да почнам со средувањето :*
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате на мојата шолја за чај што си ја потпишав?

    Епа, таа шолја, некој од моиве по грешка ја бутнал во машината за садови и од тоа Anna, не остана ни трага ни глас. Срцето ми се скрши на милион парчиња кога ја видов ;(
    Арно ама, вчера го добив вториот подарок за Нова година кој само што не ме расплака! Си доаѓам ноќеска од излегување, го отворам плакарот за да си ги земам пижамите, а таму ме чека огромно плико со преубава новогодишна честитка и подарок спакуван како бомбонче! Се израдував како мало дете, знаев дека е од сестра ми. Па се пикнав во кујна за да не разбудам никого со шушкањето. А во кутијата ме чекаше ова...
    [​IMG]
    Имав ваква фацка кога го отворив!
    [​IMG]
    Потоа го дознав целото патешествие што го поминала шолјата за да стигне во моите раце. Сестра ми нашла некоја фабрика за печатење на стакло и порцелан негде уџум после Трубарево, и уште во октомври им се јавила да се распраша за понуди и цени. Прво проблемот било што не печателе на парче, туку минимум 50 шолји. Ама дечкото што бил газда имал девојка по име Ана, па видно разнежнет од идејата на сестра ми, решил да пушти само една шолја да помине низ целата долготрајна и макотрпна процедура. И синоќа добив прекрасна шолја што можам и во машина да си ја мијам без никаков проблем. И снешко си добив!

    Ова беше долга приказна, и простете, ама јас сум многу дирната!
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.JPG
      1.JPG
      Големина на фајлот:
      235,6 KB
      Прегледи:
      293
    На bittersweet, Hopeful, kate21 и 31 други им се допаѓа ова.
  17. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    СДК дека поединци треба да разберат дека не се сите како нив. :)
    Поединци треба да разберат и дека во одредени случаи, категоризациите треба да си ги остават настрана. Не секој 19-годишник само заради годините е ист како сите останати на негова возраст. |( Не е ни возможно. Тоа нека биде јасно. :!:
    Јас ја сфаќам онаа старата, дека секој мисли оти и другите се (или пак своевремено биле) како него, но таквиот став, како што кај некои знае да изгледа наивно, така кај други знае да изгледа и дискриминирачки.

    И СДК 2 денеска ама ја подбрав онаа безделничката од студентски ]:) Онака предновогодишно. Е овој пат не стигна да затвора ролетни и да заклучува врати за да не биде "вознемирувана" од страна на нејзините ОБВРСКИ. А јас, дури е моја нога таму, не планирам по втор пат да стојам за една најобична потврда од два реда два саати да ја чекам. И се разјасни тоа и нејзе. Ако се уште не, нема проблем, ќе и се доразјасни наредниот пат. ;)
     
    На girl.23 и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Конечно ја завршив оваа календарска година со една 5ка по биологија и тоа ни помалце ни повеќе туку со сите можни бодови.
    Вчера цел ден бев растрчана по проби за вчерашниот настап ами не само вчера туку цела недела...Си пеав си свиркав, книга не фатив, многу малку поучив во доцните часови кога очите ми се затвараа и резултатот еве гоо :D Мижејки го решив тестот за 10 минути останатото време поткажував на 5 души одоколу.Што да правам не можам така мирна да седам и молчам, веќе место не ме фаќа.Професорката беше принудена да го прегледа само мојот и тестот на другаркичката до мене :!: ама најдобра да се разбереме :D

    Конечно може да издишам слободно и да речам дека за оваа година веќе се расчистив, буквално се ми е средено и останува спокојно да ја дочекам новата година со надеж дека ќе биде многу подобра од оваа.
    Немам повеќе стрпление и искрено да ви кажам ми се смачи и од змиичка и од тетрис,цела недела се убив од штракање на компјутерот во училиштето сега сваќам дека и така не се живеело :D Па и не ми се доволни пробите што ги имаме секој ден по 2 пати со хорот туку почнав и на часови да завивам и да ѓи имитирам басите.Еј сакам да бидам бас, ах го изговарам оваа БааС.Е тоа е кога се досадуваш по цел ден.Кој си ја завршил работата на време додека сите умираат од учење ти ќе умираш од досада.


    Си ја испразнив душата толку од мене одам сега да подготвам нешто за јадење.Ајде останете ми сите со здравје и бидете насмеани како мене :D :hai:
     
    На girl.23 и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Знаев дека вечерта ќе има прекрасен крај.
    После толку време, конечно излеговме заедно. Се држевме за рака, си гугуткавме и јадевме топло-ладно на моето омилено место. Го зашамарав со неколку брутално искрени зборови. Молчеше.
    И така на минус триесет степени се шеткавме под сијаличките, кога сфатив дека ако го немам, би имала една голема, голема празнина. Па и јас замолчев. И тогаш се беше совршено.

    Ноќеска сонував многу неубав сон. Се разбудив дешејќи како градите да ми се изрешетени.
    Проклетите демони од минататото знаат точно кога да се вратат. Да ти се плукнам во сеќавањата што не сакаат да си заминат, се бутаат длабоко некаде и испливуваат кога не треба.
    Не ги сакам тие работи, зошто мозоков не сфати веќе еднаш и не ги збрише!
    Дали еднаш ќе ме остави на раат таа глупава прошлост?!!!
    Ама факт е, некогаш многу жртвуваме за да бидеме среќни. Сите сме се откажале од нешто, помалку или повеќе важно. Сега може да ни служи само за инспирација, ако ништо друго.
    Скапа е среќата.
     
    На ines.h, kate21, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    СДК дека не можам да ги сфатам пријателиве ни наши,значи воопшто да не ги интересира прославувањето за Нова Година.Многу ми е криво што се надевав дека ќе се организираме некако ама ништо.
    Сакав добро друштво и луда журка ,а тие ме гледаат коцкесто.Баба ми повеќе се радува на празнициве. :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.