[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    ете и понеделник си дојде.. :tmi:
    На ситее Ви посакувам убав почеток на работнава недела ;)
    смејте се, ве гушкам :hug: :*
    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Kога пишав за курсот што планирам да одам на мојот ф.б. профил-името и кратенката гарант од лугето што ме познаваат си помислиле ааа срце одлепила тотал :lol: Американ Корнер го организира и е бесплатен
    не свакам што е чудното, знам дека сум поинаква од другите и се надевам дека ке добиеме сертификати-ако не завршам во Бардовци до тогаш-за 5 недели :D човек треба да се надоградува , да учи а не да пасе трева како што прават младиве од Скопје :fubar:
    нема работа нема и уживање-кафиња по цел ден излегување, трачеви и сл.

    а некои луге се НАПАСТ во вистинска смисла на зборот-пример другар ми
    остана пред месец и нешто без работа и детето одлепи -незнам што му стана
    ко божем излегува со една девојка, страда за другарка во која е заљубен-ама таа е верена за друг а во мене изгледа ја препозна неа-неполн месец не зборувавме, ми звонеше не му се јавував од друга причина и сега кога јас имам некој во својот живот не верува дека човекот постои :fubar: не дека не свака-не сака да свати има огромна разлика :!:
    кога видов ми пишал во 1 и нешто после полнок :x добро е барем што сме во различни месни комитети
    да бевме во ист жими еден живот ако не му го дотерав паметот срце да не се викам :!: а што е најлошо не се откажува од идејата да излеземе на кафе и разговор-упорно го одбивам, упорно ме кани :fubar:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Заврши оваа недела за мене. Тестот хемија го решив перфектно( убаво е кога имаш се научено и не се мислиш :lol: ) Од утре на екскурзија која едвај ја чекам веќе два месеци. :D
     
    На LittlePinky и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    За сите (не)заинтересирани.
    Сега сум омажена,вработена па повторно невработена со надеж дека ќе ме вработат.Аплицирав за во казино, my dream job.Се чувствувам како да припаѓам таму, штета за нив ако не ме земат.
    Мислим, сега сум точно 15 килограми потешка ( верувале или не ! некојпат и јас не и верувам на вагата).Барем така покажува бројчаникот од пеколот :D Имам две нови тетоважи, пет нови пирсови и ново презиме.Живеам во нов град и на сите овие промени јас промена не почувствував.И колку да биде комплетно, драстично ја скратив косата и долг период ми замина во обид да ја обојам црвена.Целата стара гардероба ја исфрлив и си купив сини па зелени леќи.Почнав да се интересирам за малку поинаква литература, да се дружам со луѓе од завидната елита, јас така просечна и обична жена, разбрав дека пријатели имам едни - а тие се далеку од тука.Станав потолерантна, поженствена , по љубопитна да го запознае зрелиот начин на живот што поскоро.Сега сум и болна,многу болна а многу малку ми е гајле заради тоа.Месеци уназад добивам некој изопачен вид панични напади од добро стоење кои се манифестираат со масивна тахикардија и гушење.Слабокрвност, слабовидност, слаба концентрација, привремени депресивни периоди, метеопат, психопат.Откако храбро застанав сама во прв пред во борба со масивната војска уназадени човечиња со заостанати сваќања од малиот град, разбрав дека битката е одамна загубена.Никој неможе против тоа.Често мала армија на простаци, колку помасивни толку се помоќни во споредба со интелегентната единка.Тука не смееш да бидеш се што сум јас.А јас сум јас.
    Како против тоа ? Одговор немам.Имам само огромна фобија да излезам надвор и да се соочам со овај заостанат свет.Некое време.И уште долго време ќе потрае.
     
    На Marilyn-Monroe, LaraSolare, Barbie20 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Фејсбук без граници. Не се знае веќе кој пие кој плаќа (народно кажано). Секој кој ќе стигне си отвара профил, старо, младо, мало, големо... Незнам за Вас ама мене ми пречи, кога ќе видам како некои теткици лечат фрустрации и комплекси на ФБ. Не сакам никого да навредам, ама сепак наместо да излезат со внучињата во парк, во слаткарница, тие седат дома ги сликаат и сето тоа веднаш го документоваат :o на фб.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Се плашам.

    Се плашам да планирам однапред за недела, месец или пак за година.. незнам страв ми е дека ќе се случи нешто и дека планираното нема да се оствари :|.. се плашам од иднината..

    Се плашам и да бидам бунтовна, да се спротиставам на некои работи.. немам храброст некои работи кои сакам да ги направам...
     
    На Barbie20, anggell, Anonymous996 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Одамна престанав да се буткам по нашите ни ноќни клубови, посебно по оние класичните гужванки за петок или сабота, кога цурите се спремаат 3 саата за да ги исчурат, изгазат, изманијачат и сето тоа да го платат со убавка сумичка :D , ама ете нели, некогаш, чат-пат, добивам желба да отидам. И да ви кажам право, треба да отидам за да се потсетам зошто не одам.

    Прво имаш батка на врата, со понашање како тој од Попај, Дибек ли беше? Во целата моја кариера, дали имам сретнато 2-3ца фини, културни вратари, обезбеџење или што и да се... Не знам кои им се критериумите за влез, навистина, ама треба да се преиспита зошто некои дечки кои ми изгледаа скроз ок, неиспопијанчени си чекаа додека влегуваат батките со арома на алкохол околу нив? Веројатно само тие се кул и достојни да бидат видени испаднати во клубот, веројатно реномето си го дигаат.

    За однесувањето внатре не сакам да коментирам, затоа што згадени ми се. Луѓево се станати многу дрски, и машки и женски, ама не знам.... Не ми е јасно, што е форава со машките? Дали мислат дека ако му откиснеш на некое девојче цела вечер буквално дишејќи му во уво или ако му се триеш со газот отпозади БЕЗ ОСЕТ, дека ќе ја смуваш, фанеш, ебнеш? Не знам, просветлете ме, ве молам. После не можеле женски да си најдат, па како да си фанеш женска кога не знаеш ни најопшти правила на култура? И ти им викаш бате не, фала, не, не, не, они ти се сељачат наоколу, те гледаат дрско, другарка ми сакаше на еден шамар да му мавне, затоа што ја претера работата.

    Минатата недела па, стојам со дечко ми пред мене, АЛО, дечко стои пред мене, без разлика дали ми е брат, братучед, дечко или мувач за вечерта, испочитувај го, стои до мене, игра со мене, ме гушка, покажи бе некој почит. Мине баткава на два-три наврата зад мене, се бутнува во мене, го гледам дека ми се пули откако влегов, т.е. ме зјапа, ми се смешка, и си викам ај ќе си најде друга занимација кога ќе види дека сум со дечко. НЕ БЕ НЕ, мине зад мене, бап,раката кај мене на половина, и пробува да ме отргне од дечко ми?! :o АЛО? Демек, јас сум поголем фраер од тебе, па ќе ти ја земам? Ама не ме зимаш брату за жива глава, па како сака нека е. Нормално дека е ваквото однесување, не е... после испаднаа други гужви :devil: и скроз го заборавив типот. Ама вчера сфатив дека не е единствен.

    Толкава дрскост, арогантност, самодоверба во погрешно време и погрешно место, немам одамна видено. Дали ние жените сме им дале толкава слобода на мажите, за од нигде никаде, да те галне и да те штипне по обравчето додека си стоиш и си играш, или да проба да те испофаќа, повторно, рандом, не знам. Дали тоа филмот со ,недостижна сум, ги пали и мислат сите се такви, дека треба да им скиснеш над глава, па да направат нешто, и тоа не знам. Почитувам да ти пристапи некој, еве не знам, да проба да ти направи муабет, да се запознаете, па ќе си кажеш, сакаш, нејќеш, имаш дечко, немаш дечко, ама со муабет, да се разбереме како луѓе. Не како животиња, со газот и другиот твој орган напред, како соговорници.

    Не бре не, овие нашиве дива лига... :puke:
     
    На Divinebutterfly, Bozica1980, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  8. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Да ви ги претставам драги мои, моите „другарки“ :

    - Мојата „Најдобра Другарка“, личност со која сме 8 години, со која ја делевме секоја радост и тага. Личност која секое лето, кога ќе дојдеше нејзината другарка од Австралија, ме забораваше, секој ден беше со неа, не ми викаше ниту здраво кога ќе ме видеше, се правеше главна.

    - Друга „Најдобра Другарка“, која е неразделна со оваа првата, заедно учиме. Ако не е по нејзино се лути, пцуе, навредува, не ти зборува цела недела. Има цели 12 години, а се прави како да има 21, носи разголени маички, ги крева ци**ите, го прчи г*от, усните.. (Се извињавам на вулгарниот речник :wasntme: )

    - Трета „другарка“, која во живо е толку добра, што ако и кажеш тајна одма ти ја дознава цело село по итна постапка. А на ФБ знае толку да навреди, што човек би го оставила без зборови.

    - Четврта, со која толку се залетав што дури и кажав една тајна. Другиот ден, братучед и и негов другар (кои се помали од нас) трчаат низ школо и ја гласат мојата тајна.

    Има потреба уште да кажувам ?
     
    На QueenElena и sofijanoka им се допаѓа ова.
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Синоќа кога си легнав уопште не ми се спиеше,а утрово едвај станав од кревет.
    Цел ден,така мамурно си го поминав,со мали раздрмувања на моменти.
    Сега пијам дупло кафе,не иде вака.Морам да се освестам-кога тогаш.
    И ручек си правев,дека на мајка ми не и текнува да направи,и така... :)
     
  10. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    Умрев, утре полагам ! ( оу јеа ) ми треба пауза одмор малце и сеа ја напнав Вестлајф да идеме да пиеме па нели феминките се помагаат една со друга хахаа и така ај идам а се спреам барем да ме запознае у убаво светло. :)
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    :|
    Ги повикувам сите дами,знајни и незнајни,девојки и мажени,доколку имаат вишок на слободно време да го потрошат на едно неделниот курс во домот мој,со повремени излети кај мајка ми и свекрва ми.Гарантирам целосно излекување од синдромот наречен досада,вишок слободно време и такви слични називи.Верувам после курсот нема да ја разликувате ред од неред па макар ве фрлиле во музеј или на депонија....зашто она што можат да го направи мојава банда во рок од неколку секунди се наоѓа на границата на можното и потпаѓа во Зоната на самракот...таман нешто исчистите ,небитно е ако свети,со едно трепнување на окото исчезнува со вид на несфатлива глота.И расфрлањето расне обратнопропорционално со вашето настојување да домовите колку толку ги доведете во ред.Мислам дека и шимпанзата по обука од неколку дена сфатат дека кората од банана се фрла во канта за ѓубре. Тој успех за жал не можам да го постигнам веќе 15 игодини кај едното и 13 кај другото.И не постојат мерки позитивни и негативни кои не сум ги применила,секако во согласност на тоа дали станува збор за моите потомци,мојот маж или бабичкиве кои ме дриблаат.Наоѓам трагови од патики како Годзила да ми прошетал во домот,а мислам дека и Спајдермен ме посетил со оглед на тоа што најдов отисок на патика на ѕидот.Тука се трагови од гаѓања со јаболки,засушени тостови по ранци,измешани чисти и валкани алишта,на свекрва не можам да и објаснам дека хигиената е половина здравје,на мајка ми дека ѕверењето во турски серии може да биде и корисно ако се искомбинира со пеглање.
    Колку јас да сум енергична толку се сите мрзливи.
    Затоа земам одмор и гајле ми е ако ќерка ми ќе си ги најде пижамите на подот (впрочем кај што ги оставила),син ми безуспешно ќе трага по тренерките а бабиве...нека се сликаат не можам повеќе
    НЕ МОЖАМ!!!!!!
     
    На bittersweet, united, Barbie20 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Србите имаат една изрека-С ким си -такав си...
    Менувај другарките,што друго да ти кажам???
     
    На LittlePinky и AquaBlue им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Се нервирам кога и да се фатам да играм фудбал мене топката МОРА негде да ми отиде |(
    Еднаш под кола,па на дрво ќе се закачи или на кров и каде уште не.
    Па мора некој да дојде да асистира леле топката се заглавила. |(
    Денес ја закачив на дрво браво за мене!!! :clap:
    Па ајде се качував ја земав на крај ама буквално ЦЕЛ час пропадна заради мене.
    Не ми е прв пат ова туку стоти пат!
    *************
    Сабајле доаѓам у школо гледам сите викаат ааа смрдливка се у*раа у гаќи па земав тетратка ја утепав и ја ставив на катедра тетратката(по грешка) цела училна смрдеше. :rofl:
    Влегува класната и деца што убаво мириса чив е парфемов? :rofl:
    И сите на ДРИМ ГРЛ! :lol:
    Леле ахахаха. :D
    И така денов супер за никаде ми е :|
     
    На LittlePinky, leighton23 и QueenElena им се допаѓа ова.
  14. diamondss

    diamondss Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    СДК дека неможам да филозофирам, да се изразам и тоа многу ме нервира :@
     
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    сакам нова кујна и нови завеси и нов фотоапарат е тоа сакам и на малиот кола на акумулатор :D :D
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Ја само певам ја само свирам ја немам разлог да се живцирам , јер имам тебе који ме волиш тананананананананаанна ! :inlove: :inlove: :inlove: :rofl: :rofl:
     
    На united, Someonespecial, Whitecloud95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    И еве уште една петка по физика :rock: . Но, не можам да се радувам бидејќи имам гасови во стомакот. |(
     
  18. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Среќна сум. :)
    Се што треба полека си доаѓа на свое место.
    И редно беше секој да си го добие заслуженото.
     
    На Barbie20, Ketrin.Moon и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  19. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Happy сум! :)
     
    На Barbie20 и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Некогаш самотијата ни дава време за да размислиме за нашите постапки ... Сами да чекориме и да донесеме одлуки ... Со надеж дека тие се исправни ... Без да ни наметнат мислење погрешни луѓе кои сакаат да тргнеме по погрешен пат ... Чекорете смело и секогаш верувајте во себе и во своите одлуки ...Некогаш подобро е сам да чекориш кон целта по вистинскиот пат , отколку со големо друштво , но по погрешниот пат .
     
    На ocila, iloveyou29 и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.