1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. macula.93

    macula.93 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Конечно сум среќна и исполнета :D и сакам да врискам на цел глас те сакаааааааааааааааааааааам ама немам храброст за тоа :$ и да едвај чекам да помине колоквиумскава за да се видиме |( мислам нема смисла почнуваш да ми фалиш :lol:
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Да си нема човек работа со администрација!! :devil:
     
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Секој со маката,некој без неа.
     
    На MaxyMax, LittlePinky, Anonymous996 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Не дека јас брутална,ама кога ја слушам песнава ми иде да танцувам во гужва со 2 огромни ножа у рака!
    http://www.youtube.com/watch?v=Evc3Xtc84N0

    RE-SPECT-WALK!
     
    На Iww, fatamorgana123, psychic и 2 други им се допаѓа ова.
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Женски
    Море научи се да лажеш п**ка ли ти материна !!!! Не бе мора неа да ја има , не бе работела она таму , абе ај ?! Имаш среќа неам ќивци да се расправам иначе ќе го добиеше за сите светци !!!! Патем ќе те натепам не ми е узречица веќе , сериозно мислам да те натепам !!!!!
     
  6. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Почна да ми се гади од луѓево... Во моментов несакам ама баш никого, до толку сум изреволтирана...ужас!
     
  7. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    мислеше нема да издржам да не ти пишам? Можам. Ете гледаш...и на училиште, не сум скршена, не изгледам така баш напротив...се како што ти реков, мене ќе ме гледаш како порцеланска кукла...а не можи ти в очи да ме гледаш, јас можам, од инает. И онака никој не знаеше, за сите бевме само пријатели...а ме боли знаеш? и тебе, ама се надевам дека ќе сфатиш се некогаш, а тогаш да биде се в ред...
    првпат на математика писмена се да решам...само да е 5ка :lol:
    а да, и да успеам да испејам толку добро :D
     
    На Dark-Lady и awayfromyou им се допаѓа ова.
  8. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Што убаво ме насмеа.Браво за храброста.Баш ми е мило!Продолжи така ! :inlove:
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Значи не знам колку гадливи станале луѓето. Ама претеризам стварно. Побрзо вошки ќе фатиш во јавност, и пример жив сум за тоа, отколку да делиш било што и да закачиш нешто друго. Кечап. Фукинг кечап. Го имало на секоја маса како сол и црн пипер, пу пу да не чујат сега па и тоа да не почне да се дели.
    Си порачаш јадење, има компирчиња на порцијата, се вртиш на сите страни и на ниту една маса не видиш шише кечап. Му маваш на келнерот, другар може кечап да ми донесеш? Ти носи едно најмало садче кое некој го измислил за таа намена, со доволно кечап како за мене за три парчиња помфрит, оти си сакам кечап јас. Да ти иде да го сопреш, да брцнеш во садчето и да му речеш, како во смисла за вино, ммм добар ви е овој кечап, ќе порачаме цело шише, фала. |(
     
    На bittersweet, MacenceEna, Emotional123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Постојат ли само со две лица луѓе такозвани ДВОЛИЧНИ?
    ама има бре и тролични бре брееее покваротињааааа .... Ма мрш у п**к* материна !!!!
    Бришииииии !!!!!!
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    СДК
    Колку е убаво чуството кога некој пред спиење ќе ти каже „Те сакам“...:inlove: :inlove: Имаш надеж дека утре кога ќе станеш ќе има една личност што ќе те сака...или кога стануваш и уште нерасонета ти ѕвони телефонот и првите зборови што ќе ги слушнеш се „Те сакам најмногу“...денот одма ти тргнува на убаво..
     
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Не ги сфаќам луѓето кои немаат парче леб, немаат дрва а не сакаат ни да помислат да најдат работа.. незнам се надеваат ли дека конечно некој ќе ја види нивната состојба и ќе ги сожали или.. :?: дека од небото ќе им заврни пари наместо снег :^)..

    Не е во ред на 25 години да велиш: Ми требаат пари, ама не сакам да работам, зошто да се мачам епа ако не сакаш да се мачиш зошто кукаш постојано?
    Треба да си свесен дека е време да го мрдниш газот и да најдиш било каква работа, да се потиш за малку пари, а не да очекуваш од друг, не да се надеваш дека некој ќе те сожали.. и да се случи тоа, тој некој ќе помогне еднаш, два пати ама не може човек постојано да помага гледајќи дека ти уопште не се замараш.. |(

    Осум часа биле многу за стоење.. епа никоја работа не е лесна, ќе се мачиш, ќе р'мбаш и на крајот ќе добиеш она што го заслужуваш.. тогаш да видиш дали се трошат така лесно заработените парички, или секој денар ќе го пресметуваш..
     
    На bittersweet, ocila, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам уморна сум од животот,од секојдневните обврски,трчањето за време и борбата за преживување.Со еден збор ми досади.
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Чувствувам притисок во градиве,уствари се гушам.Деновиве акомулирам потисната агресија кон се` околу мене,се` што се движи и зборува.Често ми доаѓа да врискам,додека навидум внимателно го слушам соговорникот и кимам со главата.А цело време копнеам по нешто....далечно.
    Една менструација би објаснила се`,али ми доцни едно пет-шест дена,а никој жив не би знаел зошто.

    Ми треба сон,а може и некој медикамент. :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    И повторно истата дилема-Како да го завршам денот?
    Серија, книга или да учам?
    Последното е нешто што најмалку ме влече.
    Џабе спиење цел ден за цела вечер да имам сила да учам.
    Све је узаалуд.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.891
    Пол:
    Женски
    Се зачитав низ некои стари теми на форумов и наидов на некои мислења и лајкчиња од IvanaMkd, па сакав само да ја спомнам, да не ја заборавиме дека беше дел од форумов и го разубавуваше со своите мислења и својата бескрајна позитивна енергија.
    Според нејзините мислења краткото време на земјава не го имаше потрошено залудно, а тоа е она што е најважно.
    Тоа само сакав да кажам, не го трошете времето во горчини и омраза, тоа никогаш никој нема да ви го врати. Кога ќе дојде времето треба да има кон што да се осврнете и подобро нека бидат убави работи.
     
    На cinderella5, Libera, Lemonade и 49 други им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Денес сум така фино расположена и зборлива па решив дека дошол редот да ви пишам некое зборченце.

    Животот ми оди уффф ненормално добро до толку што страв ми е на глас да го изговорам ова за да не си расипам нешто. Сите конци ги држам во раце, сите до еден и чувството е феноменално.

    Порано бев едно такво несигурно мутавко девојченце, се погазував за сите, немав свои цврсти размислувања, загубено во време и простор, склопчено во некој свој свет а сега последниве неколку години... растам и си се сакам. Се гордеам со себе. Имам многу подеми и многу падови. Стојам цврсто зад своите размислувања и ставови, само семејството го ставам на прво место пред себе и за никој друг не се погазувам, не се понижувам и не дозволувам глупави суштества со уште поглупави коментари да допрат до мене, за оние што ги сакам правам се што можам а оние што не ги сакам па не ни мислам на нив.

    Среќна сум. Да. Ептен. Искрено. Најмногу.
    Вежбам веќе 6 дена, турбо. Малку е лошо кога трчате по кеј и неписмени сељачишта, искомплексирани тиквари полни со фрустрации ви дофрлаат секакви погрдни имиња ко на пример слон што трча или свиња во патики за трчање ахахаха смешки нели и се смеат како недоквакани а всушност се само невоспитани дечишта празни во душите нејсе уште посмешно е кога јас застанувам им се насмевнувам и си продолжувам да трчам.
    Вчера добив после некои 4-5 месеци и ќе умрев од болки ама денес пак отидов на вежбање со 3 пара гаќи на мене, трчааај, прави вежбии, коските ми горат секој ден од оптеретување, денес плус и јајниците, ама плачев и трчав и не се откажав. На крај запознав едно многу фино девојче што иде на истото место за вежбање(а таа имала проблеми со коленото) и ми вика ајде до онаму без откажување и трчавме уз муабет истрчавме точно до кај што рековме и онака ептен ми беше мило. Поздрав до неа ако чита.
    Па си дојдов дома и смешки сум, по нозете кеси со мраз на стомакот шише со топла вода, по рацете мачкам крема од ментол абе да ме снима некој од некоја страна и да ме стави на мотика со наслов улава жена. :D

    Жими се шала на страна не можам да бидам повеќе горда на себе. Си го сфатив проблемот, од 24 саати на ден јас 20 гуглам за мојата здравствена состојба, се едуцирам, читам искуства, собирам материјали, превземам секакви мерки за да ја подобрам и да се вратам на старата мече и ај лајк ит. Секако вака е подобро отколку да запаѓам во депресии на овие години за работа што е релативно решлива.

    На поле факултет испитите се бројат на прстиња, па ми викаат тоа било добро, те го јануари дека е, ќе смачкам уште неколку, јуни уште неколку и после ќе се џускаме кога ќе дипломирам.

    На поле семејство се тече како што треба. Некако на моменти ми штракаат мисли дека имам 21 година(а на луѓето постојано им викам 20, ич не можам да се навикнам пустото дека имам 21 ама ајде исто ти се фаќа), и на 21 година јас сум малку кхм многу разгалено дете. Моите со ништо не ме гњават и замараат, секоја одлука, секој чекор ми го поддржуваат па дури и да е бесмислен(а верувајте јас си знам да донесам многу будали одлуки за некоја работа :D ) и онака убаво ми е и пријатно... дома. А сега ми текнува дека можеби тие сиротите и знаат дека нивното дете е своеглаво па ќе видат не видат ќе мораат да ми пружат поддршка хаха, како и да е бескрајно сум им благодарна.

    Док сум кај семејство да ви кажам дека мајка ми пред некој ден донесе многу убаво благо домашно вино и два дена по ред на ручек си дрмнувавме по две чашки(јас едниот ден три хаха) и после се шашардисувавме па си дремнувавме :rofl:

    У поле љубов, нема љубов, има љубов, тој тегне па влече па турка па се глупира, плус понуда од друга страна и не знаев по кој пат да тргнам, ама затоа што решив нели јас да сум шеф во секое поле, него му кажав две три реченици со даден временски рок за да го видам исходот од тие реченици па ако не е добар без да трепнам ќе излезам со вториот и ајт чао. Море многу сум станала лоша :D

    Е у поле пари не сум шеф, таму конците ги држи алиекспрес(или зелено пазарче хаа), проклет да е бре секој денар ми го зема, не ја бива оваа работа а контрола човек нема, во секое нешто се заљубувам. Такво сум празноглаво, се сакам... накит, марами, шалови, привезоци, маски, шминки, налепници, перики, ташни па дури и штикли. :x

    Друго што да ви кажам? На моменти ептен сакам да си одам од тука, ама на моменти. Ептен ја сакам земјава, државичкава, сите нејзини убавини а ги има многу, ама ме фаќа страв дека тука нема да успеам, дека побрзо би успеала во место каде што работите функционираат поубаво, онака како што ми се допаѓаат, ко на пример во германија, англија... мерак. Меѓутоа срце јуначко кога ќе подразмисли подлабоко не знае дали некогаш ќе си отиде... јас сакам да сум тука, сакам да сум покрај моите кога ќе остарат, сакам да ги гледам моите и децата на брат ми како ќе растат во живо а не преку скајп, сакам во недела да ми дојде цело семејство на ручек... сакаммммммммммм да успеам да изградам убав живот, тука. Рано е да се мисли за овие работи така да можам да сменам тема.

    Денес ме нарекоа пргава. Троа навредливо требаше да биде тоа као лелееее колку си пргава, а јас си го сфатив ептен комплиментарно односно дека сум весела, радосна, брзоплета, лелеава, по малку луда, разиграна, безгрижнаа... ма до утре можам да си делам комплименти ептен си се сакам у последно време :rofl: Ептен сум позитивна и среќна, кој знае што ме спопаднало... само нека потрае.

    Сега моментално сум тазе бањата, си облеков пиџами, најубавите нови папучи (не се од алиекспрес хахахаха), се стационирав на балкон и се покрив со милка ќебенцето што мајка ми ни го набавила(не оти топли ама да си се лажам дека сум покриена со нешто хаха), само јас сум будна дома, пијам какао, штракам по тастатурава и уживам во кислородов :D Сега ќе се префрлам внатре да гледам сериички а утре рано сабајле за на факултет ќе стане цацко.

    Само уште да ви кажам декаааа косата многу многу многу ми порасна, а да, и дека имам нов симпатијааааа, еден и уште еден, и ако ги додадам старите двајца, плус овие двајца сега што ми се мотаат во животов морее веќе ни на една рака нема да се бројат, ах како детенце од 12 години се чувствувам :D

    Се изнадрдорев, не знам што ми е, денов ми е убав, периодов ми е убав, се ми е убаво...

    И решив дека дефинитивно ќе се тетовирам, знам каде, знам и што, сакам сега да соберам пари зошто не сакам да барам од моите и ќе ја бидне работата... а пари ќе соберам кога надежно алибаба ќе ми даде бан да немам пристап на неговата алиекспресна страница :D

    Ај за добра ноќ држте една песна што е ужасно заразна.
    http://www.youtube.com/watch?v=JaWYCr9r8Ks

    Гуд најт, слип тајт, гушки.
    :hug:
     
    На cinderella5, Libera, Mishela и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Aхх..се чуствувам како воз да ме прегазил..буквално! Mускулот на ногата ми е отечен :doh: и едвај се движам..E така е кога треба да трчам за да стигнам во школо ! Сабајле свтрев броеви на илјада таксиња..не бе кола да се немало ! .. и тоа имаше уште 10 мин до почетокот на часот..а од дома до школо имам 20 мин одење..почнав да трчам накај школо,поминав покрај автобуската,немаше ни еден автобус на видик..и така продолжив да трчам додека ногата не ми ја фати грч..и пола пат до школо куцав..луѓено ме гледаа наопачки..стигнав и очигледно беше дека каснам..не отидов на први..Mајка ми ќе ме здроби ! Mалер бе ! Поубаво не можеше да ми почне денот.. A да..да не заборавам,ајде дојдов што дојдов од школо,мајка ми вика ајде ќе одиме да си купиш чизми..ии..ова се дешава во продавницата..облакам едната чизма се супер си се закопчува,облакам другата,ма не ни до пола не иде..и и викам на продавачката сте ми дале различен број..таа ми вика не бе девојче исти се..ја ваква фаца : :^) E како бе исти едната се закопчува другата не..и ме гледа ме гледа продавачкава вика абе девојче едниот мускул ти е поголем или така ми изгледа :D леле се гледам во огледало,и стварно,ногата отечена,а јас се чудам зошто не се закопчува хахахха :rofl: ..а чизмиве баш погодени и боја и големина..ии мајка ми ми вика ајде тоа отокот ќе ти спласне земи си ги.. :lol: и си ги купив..ама ногава ... ццц..више никогаш нема дами падне на памет да трчам накај школо ! :!: I покрај ова јас сепак задоволна со шопингот од денеска..мама решила да биде дарежлива :$ ..и башка ми вети дека утре ќе ме вози до школо..па нели јас неможам пешки поради мускулот :lol: I такаа..се е добро кога добро ќе се завршии ! :D :talk:
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Се прашувам дали човек созрева кога ќе реши да се смени, се прашувам и зошто луѓето не сфаќаат дека промена е всушност многу добра работа па макар и не била на подобро.
    Јас еве веќе два месеци помалку пушам, помалку јадам, повеќе вежбам, почесто шетам, се пријавив во Агенција за вработување, го обновив здравственото осигурување, повеќе се дружам и веќе со апсолутно ништо не се замарам.
    Решив да простам многу грешки, пред се свои и да свртам нов лист, да направам многу први чекори без калкулации дали ќе успеам. Се помирив со фактот дека светот неможам да го сменам, но од друга страна сфатив и дека подобро е јас да се сменам, а светот нека го мењаат Обама, Путин и таму некој си...
    И нејасни ми се луѓево окулу мене кои со доза страв и неверување ме доживуваат кога им викам дека се спремам за нов живот во новата 2014. Ако лани посакував многу нешта, копнеев по мегаломански ствари, сега веќе ништо од тоа не ми значи исто толку како тогаш, повторно посакувам големи нешта но не со истиот жар, копнежот го нема или е со помал интезитет...

    Се ова вака на прв поглед изгледа убаво, само не успевам да сфатам што се случува со мене, дали ги предавам битките кои долго ги војував, дали ги изгубив еланот, енергијата и силата, дали почнав да созревам или на 22 години станувам нова личност?
    Другар ми ме убедува дека било нормално ваквото мое поведение, зошто јас сум била многу темпераментна личност заглавена во статична средина... можда е у право, од кај да знам ама ми е гајле, реков дека со ништо не се замарам, освен што се плашам и прашувам што се случува со мене.

    Постојат прашања чии одговори никогаш нема да ги дознаам, постојат нешта кои никогаш нема да имам прилика да ги пробам, постојат места кои никогаш нема да ги видам, постојат лекции кои никогаш нема да ги научам и луѓе кои никогаш нема да ги запознаам.... Голем е светов, свашта нешто постои, постојат и вакви недоделкани идиоти ко мене кои и тогаш кога се е во ред и се менува во подобро, се прашуваат зошто е тоа така.

    Се прашувам и зошто престанав тука да пишувам...
     
    На bittersweet, manja666, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека го мразам 29ти октомври од секоја година.

    Уште еднаш дојде... 13та година од смртта на најпотребната личност во живтото, мама.
    Пораснав мајко... Стварно пораснав без тебе... Од 7 години...
    Во право се ко ќе речат дека не знајме колку сме силни се додека да бидеме силни ни е единствената опција.

    Се надевам знај колку ми недостига...... ;(
     
    На cheetah.girl, Monna.Monna, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.