[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    сдк дека вистина више не мозам да се замарам за нова година,како преувеличуваат како бог знае што е,незнам што ке облечам како ке се сминкам како ке правам коса ама баш ништо,и не се замарам
    па зашо толку подготовки за една вечер,па омг другарките замараат ко да одат на меден месец бог да чува :lol: :x
     
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Африка знае....знаам и јас дека имаат квалитет,дека со нив израснав.

    Една труба нонстоп труби .

    Каква е оваа ситуација ..наркоманите кризираат ,новинарите фризираат а нашиве репризираат :lol:

    Кај неа дома сите малку се чудни бакембарди .....

    Па и д ани заврне чадор имаме.

    Планот ми беше до неа да се акнам нешто муабет да сврзам и кафенце да џапнам

    Куп емоции помешани ,адреналин и радост,и прегратки секако. :*

    Сами не знааеме да си го цениме квалитетот па потоа кукаме , и повеќе го цениме оној смрдениот СРБИЗАМ , а нашето никогаш не е доволно ДОБРО... |( Јас категорично тврдам дека имаме квалитет и си го бранам тој квалитет, не дека им бев на концерт па нешто импресионирана сум од самиот концерт повеќе од колку од нив ,АМИ дека сум ги ценела од како постојат и ќе ги ценам го чекав овој концерт и ете и се случи .Слушам македонска музика се додека тоа македонско е во рамките на она што јас сметам дека е квалитетно и да ги избројам на една рака сепак наше си е и е квалитетно.
     

    Прикачени фајлови:

  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Убав е денов, знаете? :D

    Добар старт на денот и добар последен ден на училиште, од оние подолгите секако.
    Почна со едночасовно седење на една клупа со него, смеење, муабет, гушкање и топлење. Ми недостигаше толку многу, па не сакав да отидам на часови после тоа. Но, добро што отидов.
    Си ги поправив двете тројки, па редно беше! 8)
    За полугодие само 3 четворки, другото се петки. Се прерадвав, еј. :rofl:

    А нема да е добра вечерва .. бидејќи допрва ме чека депилација, а што е најважно сестра ми и внука ми си одат за Србија. :(
    Нема да ги видам до крајов на Јануари .. а толку се навикнав со малата. Многу бакнежи, прегратки, карања и шамари. Празен ќе ми е Јануариво без неа, осеќам уште од сега ..

    Ах, колку е лошо да си толку оддалечен од најсаканите .. :doh:
     
    На teddybear, IndieGirl, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Решив среќата сама да ја побарам и да ја грабнам силно, со двете раце!
    Затоашто никој нема да ми ја донесе сервирана во златен послужавник со бело чипкасто крпче. Се збогував со годинава. Решив убаво да ја испратам затоашто ме научи многу работи носејќи ми ги сите оние лоши мигови. Самоконтролата се искачи на повисоко ниво и се научив на нејзина адекватна контрола, се стекнав со многу искуства и пречки во животот кои ме наоружаа за понатаму.
    2012 ќе ја дочекам со најмилите, 3 јануари е мој ден кој исто така ќе го поминам со мили луѓе.
    Ова значи дека ако ништо друго, почетокот ќе биде убав.. А јас, епа јас ќе се обидам да го задржам тоа темпо со насмевка на суратов мој.
    БидејЧи, насмевката е крива линија која може да исправи многу други!

    И така е! Испробано, резултати одлични!
    Имам некој внатрешен мир, и неубавите работи се убави на свој начин. Објаснив погоре де.
    Вените ми влеваат среќа во срцето, а артерииве го продолжуваат тој процес на внатрешна топлина и мир вадејќи ја среќата и распространувајќи ја низ целово тело.
     
    На teddybear, eli25, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    На bittersweet, Buttterfly, Bright и 7 други им се допаѓа ова.
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.094
    Допаѓања:
    5.241
    Сите се радуваат, само јас не. Сите купуваат, а јас не. Немам новогодишна еуфорија годинава и ме фаќа нервоза.
     
    На girl23 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Молааааааааааааааам?!?!?! На каква дрога се овие бе :D :D :D :D Е што не ќе видам..
    Извинете за офтопик. Ама се изнасмеав :D
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.183
    Допаѓања:
    124.687
    Скопје раздвижено до максимум.
    Последни подготовки.
    Ели не си купи ништо,освен скромни поклончичи за најмилите.
    Убаво беше кога мама и тато не водеа на шопинг-само да се избере требаше,ама сега воопшто не е така.Не верував дека некогаш ќе го стискам секој денар.Јас??? Јас бев најголемиот расфрлач на пари и нештедач.Ама убаво велат-кога ќе дознаеш како денарот се заработува е дур тогаш ќе го цениш!
    Мене ми останува само после Нова година да фатам некој попуст ,кога ќе пуштат плата.Или да чекам пакеетче :lol:
    Сепак само здравје! Сакам да си се подновам :worried: ,ама ајде ќе си почекам,велат кој чека ќе дочека :)
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.010
    СДК некои луѓе немаат ни срам ни перде, за образ да не правиме муабет |(
     
    На eli25 и Cynthia им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Убав е животот.
    Ни нуди многу моменти среќа.
    Многу незаборавни денови.

    Сега кога го откачив училиштето и вака слободна,.можам слободно да кажам дека сум како препородена.
    Како да ме одврзале од ланец и да ме пуштиле да живеам,конечно.Сега ме чека живот и слободна.

    Професорка у школа ни рече многу убава реченица: - Не чекајте желбите да ви се остварат сами,или на некој друг да ви ги исполни.Земете се во свои раце,без страв и сами исполнете си ги сите свои желби.
    Да да дадада.Зошто да чекам на Дедо Мраз да ми ги исполни желбите?! Зошто да чекам од 2012 да ми ги оствари желбите?!
    Сама ке си ги остварам.Можам јас,можам. :rock:

    Ме потфати и мене оваа новогодишна еуфорија.
    Празници се ближат.Празници се ближат.
    Како и да е убави денови ме очекуваат.А желбите не ги препуштам на други.Сама ке си ги остварам сите до една и ке се задоволам максимално.
    8)

    Поззззздравв :D
     

    Прикачени фајлови:

    На eli25 и L-enna им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Се мислам за Нова година, за празнициве, за се. Ме удри шок кога ми текна дека Нова година е задутре. Некако не сакам да дојде. Како да не сум спремна за неа :lol: Се уште не знам каде ќе славам па можеби и тоа малку ми влијае.
    Ја сакам еуфоријата, ама некако повеќе ја сакам пред Нова година откако после. Украсуваш, испраќаш честитки, се радуваш дека празниците доаѓаат. И откако ќе ја дочекаш - поминало она што го чекале сите, заминала старата година, доаѓа нова, а сите очекуваат да биде подобра, некој се решава да ја смени личноста од 1 Јануари, да биде подобар, некој да биде похрабар, некој дека ќе учи повеќе, некој дека нема со ништо да се замара повеќе. Возможно е тоа? Возможно е човек да се смени за 1 ден само поради некој нов почеток? И тоа почеток само по календарот, инаку се е исто...
    Ист е и мирисот на деновите после Новата година, секоја година. Ист е изразот на лицата на луѓето, ист е и студот. Нова година = нова цифра на нашите години. И тоа малку депримира. Како што се зголемуваат годините, така се зголемуваат и обврските што доаѓаат со нив.
    Секако дека истово ова може да се разгледува од една поубава страна, со помалку или повеќе филозофии, ама моменталната моја е оваа.
    Нова година - радост и надеж измешана со скриена грижа и блага депресија.
    А единственото благо што го сакам јас за Нова година е пакетче со чоколади.
     
    На bittersweet, Annath, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Cookies anyone?


    :nod: Мои се. Си ги направив и си ги сликнав.
    Да беа уште вкусни како што слатко изгледаат ќе беше добро. :D
    Така е кога пробувам амерички глупи рецепти. Али ај, барем со мерак ги украсував и ќе се изедат.

    За утре спремам последна сесија со другарките. Така симболично да ја испратиме 2011.
    Задолжително ми е да напрвам или нешто благо или нешто солено, така едноставно сакам.
    Ама ќе биде се изгледа грицки и чипсови. |(
    Деновиве ми иде само јадењето, правењето на мајка ми и го оставам.
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, Strumfeta93, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Продадена душа сум бе, па што!
    Со едно пакетче можат да ме купат.
    Неколку чипсчиња од малите, по некое чоколатце, овошен јогурт и веднаш денот станува посветол, декемвриов е најубав на свет, а јас ги сакам сите.
    Ама, само мајка ми најмногу! :P
    Таа де ми го направи пакетчето :$
    И тате си го сакам нај, нај... Хи мејд ми! ^_^
     
    На Serafima, Adi888, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    СДК Не знаеш колку си силен се додека да бидеш силен е се што ти преостанува.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ако продолжам да мислам понатаму нема да биде на добро.Јас мислам?Мозокот одамна не ми е во најдобра функција,не можам да донесам добра одлука што понатаму.Морам да направам нешто.Оваа тишина ме убива,досадно ми е...Ми ја нема новата љубов,изгледа се протега по креветот како вчера. :D Убаво ми е бе со него,срце е.
    А одлуката останува настрана,времето ке покаже што понатаму.
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СДК дека сум луда по шољи за кафе, чај и остали напитоци.
    Лелеееее, лудувам по дома, се радувам во Џамбо кога ќе видам некоја шоља што срце ми пара.

    Татко ми уништи 2 шољи по дома, со неговото ромпарење у кујна.
    Но затоа надокнадив со една прекрасна шољичка од Џамбо со принт на кој што се бркаат маче и глувче.


    Нема да излажам ако ми се фетиш шољите. :lol:
    Заедно со шољата во рака (онаа за која што дискутирав малку погоре), и мојот омилен Нес 2/1 седам и се релаксирам со мојата омилена ми тема, после напорното згрбавување и обид за сфаќање на макроекономските поими.


    Salud! :hai:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Си галам едно прекрасно малецко кученце кое само до утре за жал ќе биде кај мене. Штета што не е мое... барем нема да биде :(
    А затоа моето дебелко е толку љубоморно несака да и пријде воопшто... :D
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Јас постојано му се чудам на светов, а на себе уште толку.
    Денес, вчера и минатите 5 дена учев фонетика, гласови, самогласки, дифтонзи... а меѓу редови ми оѕвонуваат песни, стихови, зборчиња, а со тоа ред спомени. Nick Cave на repeat беше. Си се смеам во себе од што ми е тешко и чудно, а не од убајна. Бев на колоквиум, за 30 минути го решив, среќна излегов, се сретнав со другарка ми, трчавме низ тезги и се смеевме како деца; си мислам - толку луѓе, толку грижи... дај олабави се - не е кај на свет, па толку си млада. Се насмевнав пак во себе и си помислив: Барем си оставаш простор да ја изградиш личноста, имаш голем простор интелектуално да напредуваш... ехеее.. ќе си најдеш убајни во овој свет... и сега пеам: Излези, ќе видиш повторно се‘ е магично (и неправедно..) :music:

    Среќна сум, и купив на мама подарок, знам дека многу ќе се радува (а кој не?!) :sun:


    Ајде уживајте во овие празници... максимално! Се‘ се може кога се сака ;)
     
    На Hopeful и L-enna им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.795
    Допаѓања:
    163.068
    Појасно ми е! Го слушнав обраќањето на премиерот у очи нова година. Сфатив,тоа беше нишката што недостига на моето предновогодишно расположење!
    Пред се и над се,лол,видеово е долго колку на Маријан,а посмешно е. Образ чист ко ѓонот на чевливе.
    *Лилит си навлекува дедомразовска капа*
    Со Вардар и Македонија напред! (лол коментар под видеото,лол)
    Надеж,тоа беше тоа шо ми фалеше!


    (лелеистиотмуабетобразованиеземјоделствоздравствоекономскаблагосостојбазаменечовекотечовек |( )

    И бај д веј,чита од идиот!
    Хо хо хо меееери крисмас!
     
    На la-chicka, JuLleE и Offspring им се допаѓа ова.
  20. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    cuvstvoto koga ja gwedas powakata od gwuevski za nova godina i p'obuvas da ne se samoubies
    тоа мораше на латиница да биде напишано :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.