[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мисалм дека ќе се разболам...и затоа пијам лимон со вода...Уфф...досада. Но, ајде, ќе помине.
     
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    тоа што се однесувам ко кучка е делумно за да видиш дека можам и без тебе, но мислам дека знаеш дека е маска...маска за да се одржам на нозе да не ме гледаат дека пропаѓам во бездната. знаеш ,само пропаѓањето во себе е вечно пропаѓање... оној поглед преку зидот и мојата неадекватна реакција само мавкање со раката само е доказ дека сеуште се топам...а и ти што не можеш в очи да ме гледаш, па на крај зошто и би ме погледнал така ако не ти значам...те разбирам дека мислиш дека не вредиш, но за мене, си вреден...чекам, но ќе ти докажам в лице....само те молам знај дека ова е само маска....
    а, да успеам математика 5ка да поправам ,е посреќна од мене ќе нема :D
     
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    92.146
    Пол:
    Женски
    Секоја жена заслужува маж кој ке направи таа да заборави дека нејзиното срце некогаш било скршено.

    Феминки ви посакувам сите да се заљубите среќно и да најдете по еден ваков човек кој што ќе направи вечно да бидете среќни,весели, исполнети .... :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    На L-enna и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    СДК времето поминува но личностите исти остануваат...
    Ретко некој да успее да се промени така и јас :)
    Секогаш велам ќе се променам но секогаш тоа останува на збор :)
    И некако немам што да кажам :)
    Имам за поправање оценки и имам многу за учење па можеби нема да се пуштам недела-две ќе видиме важно немојте да ме заборавите :D И јас нема да ве заборавам :!:
    Поздрав мили мои феминки :hug: :*
     
    На LittlePinky и Kaylie им се допаѓа ова.
  6. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    роденденче ми се ближи, еве со почетоков на ноември ми се накачува адреналинчето, и веќе си планирам да ми биде интересен месец :)
    токму овај месец и токму на мојот роденден со дечко ми правиме година од кога сме заедно..
    си го сакам ноември, многу!
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Ех другачке моја колку ми фалеше!
    Бевме неразделни, споделувавме и радост и тага . Секогаш бевме тука една за друга.
    Незнаеме животот во која насока ке не однесе.
    Секој тргна по својот пат, со свои обврски.
    Се поретко и поретко се слушаме и гледаме.
    Но сега, кога се видовме и се изнаприкажавме се и сешто ме потсети на порано.
    Душава ми се исполни иако помина доста време.

    Среќна сум :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Многу работи сакам да кажам, само чекам да пристигне соговорникот. :lol:
     
  9. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Оф оф оф...Ја пишував електронската конфигурација на сите 118 елементи во периодниот систем.Често,нели?
    Се чувствувам многу уморно а и утре ме очекува напорен ден.Но мора да издржиме..
    Како велат тежок е патот до успехот али глетката од врвот е непроценлива..
    Секој ден нова лекција,ново искуство,нови луѓе.

    Имајте добра ноќ! :)
     
  10. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Кога те напуштаат без збогум.
    Кога заминуваат без враќање.
    Кога си сам среде бура.
    Кога си сам,
    со своето срце.
    Наспроти вечноста.

    Тогаш царува осаменоста.
    Тишината.
    Мракот.
    Тогаш деновите ти се долги.
    И темни.
    Исчезнува вербата.
    Отстапува желбата.

    Од други места во сеќавањето...
    Тогаш се враќа надежта.
    Ги крева рацете.
    И погледот.

    Од зборот-кон заборавот.
     
    На Divinebutterfly, leighton23, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ако постанам ладнокрвна кучка во животов тоа е само затоа што Марфи и јас сме најдобри другари. Абе толку ми го има фрлено меракот, што не можам веќе ни да помислам на нешто убаво, а не пак да се надевам. За планови веќе поодамна се имам откажано.
    И така, таман ќе се израдувам дека ќе правам нешто убаво, веднаш дожд ми искапува. Ако сака некој да ме изненади пријатно и при тоа не наиде на никаква реакција од мене, да знае дека не е до него, не е ни до мене, во себе се радувам, тајно и неприметно, зошто Марфи е манијак!
     
    На anabel-a, richgirl998 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Досадна сум си веќе на самата себеси, а не па на другите, ама што да правам. Мозокот ми е закочен, а работи во полна брзина, не знам од која тема попрво да почнам и да завршам. Мислам дека веќе ни лекар не ме оправа, додека сама не се оправам. :tmi:

    Знаете, не можам да се помирам дека имам се' што некогаш сум посакувала а сум толку.... празна. Празна сум како шишето, како кутијата цигари пред мене, ми иде да пропушам од мака дури. Празна сум како кифлите од чичкото пред факултет, попразна не сум била. Зошто? Сама ли си го направив ова, никогаш нема да одговорам.

    Полн шкаф облека, пријатели на сите страни, излегувања, кафиња, нашетана, најадена, напиена, одличен дечко, успех на факултет, без посериозни проблеми дома, ете и ослабев, иднина каква што сите посакуваат... а јас во огледало гледам само една стокмена кукла, совршено нашминка, дотерана, со сето ова погоре зад мене, која нема сила да стане наутро од креветот, и и се насолзуваат очите прилично често без никаков повод или причина.

    Немам сила ни желба ни ништо за да го произнесам ова дома или на некој од поблиските, едноставно немам. Немам нешто внатре во мене што ме буткаше напред, се откажав и дигнав раце, не знам од што, веројатно од себе. Патетична сум, досадна сум, не можам да се поднесам, си се карам и измачувам самата себеси во глава. И најлошо, се молам, значи се молам, да не настрада во целава моја каша тој, не сакам никако, никако, ни малку да го повредам и да го брецнам.... а знам дека ги сеќава сите моменти кога ладнокрвно го правам тоа... Не сакам да го боли, затоа што најмалку е одговорен и виновен за тоа што ми се случува.

    Ми иде ШАМАР да си залепам, да си мавнам клоца, и да се оправам. Еднаш засекогаш. :(
     
    На danniela5, Annath, anabel-a и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Welcome November! :)
    Го сакам Ноември. Ноември е мој месец. За една недела ми е роденден и уште сега ме фаќа еуфорија. :D Деновите ги поминувам во планирање...торта, свеќи, гости.
    Не сакам голема забава, доволно ми е најблиските да се покрај мене и со тивка музика и алкохол во умерени дози да си го прославиме денот. Колку да се обележи де. :)
    А ќе излажам ако кажам дека не се радувам на подароците. Кој не се радува бе? :)
    Макар што, единствениот подарок кој го посакувам оваа година е ТОЈ. Им викам на другарките да ми го донесат завиткан со црвена панделка. :lol: И ништо друго не ми треба.
    Од една страна среќна сум што го имам, но од друга тешко ми е што сме разделени и што нема да биде покрај мене за роденденот. Но, тоа е што е. Ќе си прославиме друг пат. А можеби ќе ме изненади и ќе дојде или пак ќе ми го донесат. :D

    Со другарите и една другарка планираме да направиме мала екскурзија низ Македонија, па секој ден кроиме планови од каде да почнеме и каде да завршиме. Премногу испланирани работи, места, кафиња и состаноци, а премалку реализирани.
    Премногу планови, а ограничени и со време и со пари.
    Се надевам барем дел од ова што го планираме ќе го исполнеме.
    И те како ми е потребна промена на место, одмор, забава и позитивни лица.

    И тоа би било се`.
    Во скоро време очекувајте ме со вести дека сум се вработила. Иако сеуште не е ништо сигурно.
    Здравје.
    Искрено се надевам дека и тоа ќе биде, па малку по малку да си дојдат работите во ред.
     
    На Anonymous996, Ketrin.Moon, leighton23 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Место да спијам, јас дремам на лаптопов како идиот некој.. И сабајле мајка ми ќе ја слушам "Станувај ма, 12 саат е, немаш никакви навики, по лош пат си тргната, попрво паразит ќе станеш, него од кревет", а јас пак ќе си ветам лажно дека ќе си го средам животот веќе еднаш, почнувајќи баш од ваквите, мали нешта. :/
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    12.790
    Пол:
    Женски
    Само една сијаличка да засвети, барем една проклета сијаличка да ми даде надеж и да продолжам таму каде што застанав. Да ми даде надеж дека џабе не трошев пари на моите, не губев нерви и време, дека ништо не е залудно.
    Темата ми стои не допрена со месеци, се срамам, ама немам ни волја :| .
    Време е да се приберам, да се освестам, обврските да си ги ставам во ред, не иде вака, не иде ич.
    А јас ќе чекам, може па ќе засвети, кој знае :tmi: :lol: ...
     
    На danniela5, SparkyAngel, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Зошто, ох зошто морам да си ја замарам главата со глупости и да си умислувам работи, кога се е како што треба. Нема повод за сомнеж, а јас како јас, мора филмчиња у глава да си направам. "а што ако е вака, а не така.. и јас не го знам тоа? :| "

    Треба барем еднаш во животот да искулирам и да се препуштам на моментот наместо да живеам со сета таа недоверба кон луѓето до смрт.. едноставно, премногу исцрпувачки е да анализираш сечиј збор и ситуација дури и на оние кои стварно те сакаат и не ти мислат лошо.. или .. ..сепак ми мислат?

    Сакам да им верувам на луѓево, стварно сакам.
    Ама искуството што го стекнав со нив ми вели друго.. |(
     
    На Barbie20 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  17. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Обожавам вакви сончеви утра. Сончевите зраци полека си се провлекуваа кроз ролетните и стигнаа до мене. Од другата соба се слушаше музиката на антена5. Појадокот е готов. Уште само да станам.
    Ајде феминки поздравче и имајте убав ден и уште поубав викенд! Одам јас да уживам! :)
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.517
    Пол:
    Женски
    Вчера напишав огромен пост овде, стиснав испрати и се укочи компјутерот, мора да е некаков знак си помислив. Не го испратив повторно, немаше логика, иако текстот беше тука, можев да го зачувам. Се повлеков позади моите зборови за да не влезам подлабоко во оваа чудна состојба.

    Имав маестрален почеток на неделата, сонцето ми беше најдобриот сојузник. Како минуваше неделата така опаѓаше и моето расположение. Претходниве два дена беа најлоши, хорор. Слепо се фаќам за нишки спас, смислувам што сакам да му кажам, како да му докажам и покажам дека ние станавме лош спој. Стиснати заби, суви очи и жар во душата, еден ден ќе избие сета оваа мака некаде, тогаш ќе биде доцна, нажалост. Како да му ставиш некому во главата нешто што не сака да го сфати?

    Она што ми се случува деновиве ни на најголем душман не му го посакувам, оваа излитена фраза ме оптоварува многу. Да го решам ова сивило над главава па се друго нека помине.

    Зборот криза не сакам потоа да го чујам, каква и да е завршницата од ова :!:

    Вечера, концерт, викенд кај моите.... Го можам јас тоа ;)
     
    На Maya3112 и butterfly33 им се допаѓа ова.
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Се чудам како времето лета... Толку неосетно, а кога ќе се завртиш зад себе гледаш дека поминале толку месеци и во тој период многу нешта се промениле, а и ти си се променил.
    Епа ете ме пак. Денес нешто ме натера да си го посетам стариот сајт со кој бев толку ''заразена''. Направив пауза некое време, сакав да одморам малку од виртуелниот свет.
    Убаво сончево петочно утро. Учам напорно, се трудам премногу за сите тестови и испитувања, па се надевам дека за тоа ќе бидам наградена со одлични оценки :nod: Последна година ми е од гимназиското образование, и се`уште се сеќавам на моментот кога како изгубени дечиња застанавме пред големата врата на гимназијата и се плашевме што не` очекува внатре...

    Ви праќам топла прегратка од мене, имајте убав ден :wasntme: :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=I0IkwGNMCxI
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.940
    Оваа љубов веќе нема сјај,
    и нема време
    Јас и ти дојдовме до својот крај,
    се знам јас себе
    Ти не забележуваш,
    и полека ме губиш знај
    Пред очите ти снемувам,
    но ти не гледаш...


    До кога ли вака |(
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.