1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Се вработив!

    Конечно после толку долго чекање ја добив посакуваната позиција.
    Фала ти Господе .

    Почастете се.
     

    Прикачени фајлови:

    • gift-sets.jpg
      gift-sets.jpg
      Големина на фајлот:
      49,3 KB
      Прегледи:
      389
    • scrollbar_drinks.jpg
      scrollbar_drinks.jpg
      Големина на фајлот:
      126,9 KB
      Прегледи:
      389
    На Sexybaby86, Monna.Monna, Umbrella22 и 52 други им се допаѓа ова.
  2. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    И јас се приклучувам на другарството, ќе бидеме дружината братско стебло :lol:
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Сигурно знаете и сте ги виделе малите слатки девојченца чии мајки/татковци се маткаат уште низ факултетите без разлика дали студираат или се дел од кадарот и понекогаш ги носат да речеме таму на работното место !? И гледаш им се собира народ и урла - лелееее срценце, мрценце, цуца најубава пуфкаста !?
    Е, денеска јас се почувствував како такво. :D :sweat:

    Си лутам јас така низ факултет барајќи еден професор и ми дојде преку глава од скали, си велам ќе прашам некој па мајка Јана да е и одам таму на шалтер кај тетката од студентски прашања.
    Абе што да ви кажувам, едно мило тете, насмеано уште од 8 сабајле, си ја врти сламката во чашката и си пијуцка кафе - ма да ти дојде нагон да ја изгушкаш и дури да ја бацнеш, до толку е значи.
    И ме гледа така со треп-треп фацуле и ми вели: „Шеќерче, имаш пудричка ставено малку?“
    (Додека ми текне што всушност ме прашува, ми се укочи процесорот во плавото мое успано главче, дури мислев дека ќе ми побара шеќерче за кафето кое си го маткаше низ раце, мислам ... ноу комент. :tmi: )
    Се стаписав и велам - да, малку - и почувствував дека сменив боја секундарно. :tmi:
    И ми се смешка тетево, ми вели: „Ама многу убаво ти стои да знаеш, а и многу си беличка, лелеее срце едно.“ :inlove:

    А јас ко за беља денеска толку бев успана и ставив од најнеомилената зашто прва ми беше на повидок.
    Еве не знам, уште се прашувам дали навистина имам 20 или нешто не е во ред со мене.
    Да не ја подадев картичката, сигурно женава ќе си помислеше дека сум некоја осмоодделенка која се интересира за своето идно високо образование.
    Мислам, кој најстан, еј. Се препотив од срам. :rofl:
     
    На Monna.Monna, Annath, anabel-a и 13 други им се допаѓа ова.
  4. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Во оваа ни наша Македонија, едно нешто не ми е јасно. Зошто толку внимание се посветува на секакви глупости, на пример градите на Сораја или Александра Накова, за глумците од турските серии, за задникот и целулитот на Ким Кардашијан и така натака. А има толку многу работи убави или помалку убави во нашето државиче, пред кои ги затвораме очите. Незнам зошто ама тоа ми смета. И после некој друг ќе ни биде крив за тоа што ни се случува. За некој си Фестивал на мирот се крена таква прашина, да си помислиш дека некој наш Македонец, ќе биде одликуван со Нобелова награда.
    И така, ама ние да се фокусираме на позитивни работи, во новиот месец кон нови победи. Уживајте во денот пред викенд.
     
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    сдк дека имам нова љубов -SUITS
     
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    92.146
    Пол:
    Женски
    Нов почеток на месецот.... 1ви Ноември ...Го сакам секој 1ви во секој нареден месец :)
    Најпрво:затоа што обележувам поминато време со мојата љубов токму на овој ден, и се радувам бидејќи живеам со надеж дека секој нов месец можеби ке ми донесе повеќе убави моменти од претходниот :)
    Не се жалам ... животот е убав секогаш си велам така , па не сме бесмртни,зошто да се нервира јас и останатите заради некоја ситница нешто што ќе ми го расипува расположението ... И во лоша ситуација секогаш го гледам онаа позитивното што можам да го извлечам од неа :)

    Феминки од срце ви посакувам баш овој месец да биде ВАШ месец , месец во кој што ќе доживеете само убавини .
    Имајте убав почеток на викендот :hai:
     
    На Barbie20 и hermosa им се допаѓа ова.
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    [​IMG]
    Ни дојде и Ноември...да се надеваме дека ќе биди подобар од претходиот :rofl:
     
    На LittlePinky, sweet-star и malaprinceza им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    СДК како ми тргна месецов,си мислам на годишен одмор сум мора да се освестам :fubar:
    Последниот воз да го фатам :lol: И тој кај и да е ќе замине :!:
    И така Дрим ништо не научила,ама ете финти ќе користи :^) |(
    Како така вака засега поправив нешто со неколку 5ки сигурни ми се,физика ќе си имам 4ка,ама за полугодие ќе ја поправам па ајде пак не сум толку слаба :rofl:
    Мислев полошо ќе поминам :whew:
    Можеби и ќе го фатам последниот воз :?: :?: :wasntme:
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Толку долги ми се чинат овие два-три дена пошто, око не можам да склопам пред 5-6 саат,абе,немате поима. И, така, чекаш да дојде 1ви, да дојде нов месец,заради се’ ново што очекуваш ќе ти се случи,заради новата енергија,као,јово на ново, без оглед што било,како било претходен месец.... и, отвараш сто пати почнувајќи од 00 и една минута,пошто , нели, и даваш фора на фемина да се прилагоди на новиот ден :D иииии, нема хороскоп. Сто пати кликаш у тек на ноќта-денот, и сабајле стануваш кликаш сега кликаш, и? Кај е? Кај загина? :D
    Може ли и уз пат да го подотерате тој за козите. Оти, ние кардиналците сме напатени души периодов. Лажете ме, не ми е проблем веќе тоа да ме лажат и да се правам дека верувам :D
    Дајте мотивација само :D па, на средина-крај на месец ќе ве пцујам :D
     
    На Divinebutterfly, ozbilnazena, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Конечно мојот сон да го посетам Париз ќе се оствари. Дојдов тука на кратко да ја споделам мојата радост со вас, вечер по детални информации :!:
    Рипам, буквално рипам низ собава ко мало дете, ама тоа е, сон ми беше да го посетам и дај боже се да излези по планот и да се оствари. :inlove: :inlove:
     
    На Sexybaby86, Annath, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Да посакаме добредојде на месец Ноември.
    Нека ни донесе здравје,среќа,љубов.
    Овој месец нека биде многу подобар од претходниот ;)


    [​IMG]
     
    На kala21, eliesaab, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Прекрасно ми заврши минатиот и прекрасно ми започна новиот месец. :)
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Многу е убав денов. Ко тегла џем со боровинки.

    Чувства, а како да бирам што да ми биде емоцијата. Прво измешана, па строена. Збунка и меланхолија. Па допир на софистицирана тага и на крајот од денот само умор измешан со музика.
    Вчера снимав вокали за мојата официјална прва музичка песна. Студио, како простор во кој можеш да бидеш Ти, а сепак да не си истиот отпосле. Стиховите мои, а како да не сум ги напишала јас. Да не ми е Фиши, не знам со кого би си ги споделила моине будалаштии од музики!
    Дома, супа со брокула и серии. Мирот мора да го најдеме во самите нас, вели Џибран. Не знам каде е мојот мир. Можеби на другата страна од планетата, можеби на другата страна од самата јас.

    Готвев проја со сирење и пилешко со печурки во кари сос утрово. Ни едното ни другото не можам да ги јадам, ама се испозенував и ете каде ми требала терапијата. Во кујна. Скроз, најобично. Си направив салата за на работа и џапнав само едно ќоше од пројата, за да се наградам себеси. Мириса на сон, се’ што човек постапно ќе замисли и реализира. Соништата се остваруваат, но и трновит е патот. Прашања и одговори, и значајни олеснувања. Многу плачев деновиве, и тоа само зошто не знам дали сум случаен патник, или имам мисија што треба да ја остварам.
    Да не траскам. Патувам и ве гушкам.
    Кога ме праша една пријателка каде одам, и реков - По Љубовта.
    Зар има други патишта, си велам...
     
    На angelina1, anabel-a, Cataleya и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добра работа е тоа што вчера по прв пат дарував крв.Дознав и која крвна група сум :) И супер се чувствувам сега, некако полесно се чувствувам.. како пердувче :D :)
    Втора работа е што 2 дена сум ослободена од училиште и можам конечно да си се опуштам и да си уживам во продолжениов викенд.
    Трета добра работа е што со друштвото се договараме да одиме на викендица 2 дена и да се забавуваме.Опуштено со добро друштво, во добра атмосфера, топли џемпери,малку алкохол, малку цигари, малку музика..Ми мириса на добар помин.

    Утрово испив кафе, чај од камилица, испушив две цигари и сега правам кафенце La mattina :) и уште едно цигарче и после ке се тражи добра серија.По се изгледа Vampire Diaries ке да е.Ми ја препорачаа демек многу добра била, ајде ке видиме сега :)

    Имајте убав ден,ве гушкааааам :*
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    It's now or never.. :)
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Би сакала да можам да се вратам назад низ времето и да бидам она мало девојче пораснато во прекрасно семејство каде единствена грижа ми беше дали мама ќе ми ја пушти касетата со моите омилени цртани були-були, или мојата омилена песна огледалце, огледалце.
    Да се врати времето кога си играв со коцки или шиев облека на барбиките, или најпрекрасното време кога со другарките чекавме да се стопли за да си играме со песок, да правиме торти. Убаво беше кога се собиравме маалски деца и игравме план, ластик, правевме претстави. Единствена грижа ми беше да соберам што повеќе сликчина од Касандра или да се разменам со повозрасните со детски пошти или салфетки.
    Најсладок ми беше сендвичот кој мама ми го правеше летно време леб, краставица, домат и саламче.

    Би сакала, но нема да се врати тоа време. И многу ми е криво што нашите деца ќе ги чуваме во кафез.
    Еве сега заприметувам. Децата си играат во дворовите, наместо сите собрани на улица.
    На училиште ретко одат со другарчина, обично ги носат родителите со кола.
    Лоши се направени децава, разгалени, само компјутери им требаат, виртуелни игри и турски серии.

    Не знам што да кажам друго, но кога јас ќе имам дете ќе се чувствувам виновна што нема да има убаво детство како ние што сме имале некогаш, колку и да се трудам нема тоа да му биде овозможено, или ќе испаднам строга и лоша мајка.

    Оти такви се денешните деца, времето се смени и нема назад....
     
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК зошто да биде просто кога СЕКОГАШ е сложено. :^) Значи МОРА по сложениот пат секогаш да одиме. Толку неписмени луѓе среќавам во последно време што ми иде да се соскубам целата и да вриштам на глас. Епа АМАН веќе !!! Се уморив денес, од едно место на друго. Душа ми излезе, на работа еден куп работа (арно биг бос што ме пушта да излезам да завршам работа) инаку тешко мене. :doh:
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    ^^ Без лично да се сфати, ама мислам дека е крајно време да престанете со тоа: Нема да имаат детство како нашето. И ние сме немале како нашите родители, и тие како нивните, кои растеле на поле! Секое време со своите позитивности и негативности, на нас е да се адаптираме и да го извлечеме најдоброто за нашите деца.

    Моето дете сакам да е ПРЕД СЕ` здраво, право и среќно, а неа среќна ја прават работите ДЕНЕС, не во минатиот век, кога мајка и` и татко и` растеле. Јас прв пат влегов во игротека откако станав мајка, а таа е најсреќна таму. Како да ја држам настрана од тоа и да и` речам: Не ќерко, затоа што јас не растев вака а бев многу среќна, и ти нема да одиш во игротеки туку само на улица (?)

    Стрес е да израснеш среќно дете, посебно во време кога родителите не се, и тоа е проблемот денес. Јас моите обврски, немири и дилеми ги решавам во работно време или во сон, верувала или не, зошто другото време морам, ама МОРАМ, да бидам целосно умствено посветена на детето, за да цело време се чувствува сакана, слушната и почитувана.
    Мене моите не ме ни прашувале за нешто, ниту пак (до одредени години) сме имале право на збор/избор. Верувам дека скоро секаде било така, што е многу чуден парадокс - помалце работеле (до 15 часот +/-), немале стресови (сите со сигурни работни места), и пак најмалце се ангажирале околу нас. Јас не се сеќавам мајка ми да седнала и да „играла“ со мене, јас тоа сум го правела со брат ми, сами во соба или на улица. Денес со ќерка ми, која има нецели 3 години, секој ден правиме претстави, играме балет, пееме песни, трчаме низ станот, редиме коцки....а сум се вратила после 9 саати од работа, каде сум константно под стрес, само никој не те прашува, нормално. А и не треба, за твое дете се работи, 100% ќе се оддадеш, и пак малце ќе ти е.

    Што сакав да кажам? Сакаш да има детство како твоето? Пресели се во помал град или на село, па историјата ќе се повтори.
    Среќното дете има среќни родители, детството и игрите вака или така ќе поминат, поентата се добрите спомени што ќе ги влече тоа дете цел живот, зошто љубовта и вниманието кое го добиваат ги формираат како личности полни со емпатија и самодоверба.
    Јас сакам да се надевам дека моето дете ќе е далеку подобра личност од мене....искрено од срце!
     
    На kravce, Someonespecial, Monna.Monna и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    92.146
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    4.857
    Пол:
    Женски
    Денес ќе си го видам, ла ла ла лаааа.. :D :D

    Е многу му се радувам бреее, многу ми е убаво со него.. Душичка ми е он, таман сега и без брадичка голема, убаво потсредна, наместена, леле леле...

    Љубов.. Убавини.. Среќа.. Нек има за сите :inlove: :inlove: :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.