1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Најмногу ме радува она наједноставното, најсуштинското. Сфатив дека не ми треба ништо посебно за да бидам среќна. Доволни ми се оние кои најмногу ги сакам. Доволна ми е нивната насмевка, нивното добро расположение-за и јас да бидам расположена. Доволен ми е секој убав збор од нивна страна-ме охрабрува и ми дава сила за понатаму. Доволно ми е нивното присуство. :l:
     
  3. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Добро што е работава со ова на фемина за времето де го има де го нема оти така?
     
  4. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    СДК..
    Не го можам Лудоно со аватарон ..Секогаш кога ќе ја забележам се враќам да ја видам убаво сликата :) :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Шекспир рекол: "Секогаш се чувствувам среќен... Знаеш ли зошто? Зашто не чекам ништо од никого... Да чекаш секогаш боли... Животот е краток... Затоа сакај го животот, биди среќен и секогаш смеј се... Живеј за себе и запомни - пред да зборуваш - слушај, пред да пишуваш - мисли, пред да повредиш - чувствувај, пред да мразиш - сакај, пред да се предадеш - обиди се, пред да умреш - живеј!!!!!" :clap:
     
    На TeddyGrey, Dulceee, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Го испланирав утрешниот ден. 8)
    Си одмарам сега со Ареа од утре почнуваат деновите кои се надевам дека ќе ги паметам.


    2012 не ја очекував волку бргу, времево лета со ненормално голема брзина. Кога славевме Нова Година, како вчера да беше. Лани во ова време незнаев што ме очекува годинава, фала богу, се‘ беше добро. Сега незнам што ме очекува... И сакам празнициве што следат да потраат подолго време! Го сакам овој период, и да, сакам ПАКЕТЧИЊА!!! ]:)
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.532
    Допаѓања:
    288.961
    Си го пуштив Џастин Бибер на youtube
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Од пуста радозналост, милион вицеви имав прочитано за детево...викам ај да видам што пеел :^)

    Епа нормално е 14 годишни да кубат коса на Џастин де, дете, каков треба да биде :?: ......позагрижувачки ке беше младинава да паѓаат во несвест на Џорџ Клуни
    Туку ај и јас со сиот памет пост на Џастин посветив |(
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Чив е коментаров ? !
     
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    СДК преку глава ми е од се ама незнам кога ке ми дојде скроз за да фатам се да баталам... празници нова година доаѓа а јас у депрсија мислам ало шо се случува со мене??????!!!!!! До кога вака??????
    И плус сакам да казам дека едвај чекам да ми помине најузасната 2011 година се надевам и верувам дека 2012 ке ми биде тотално поразлична од оваа шо едвај чекам да си ги земе последните 2 дена и да раскрстам со неа....
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк само јас сум тој баксуз да качам температура два дена пред Нова година.... |(
    Ме боли секоја коскичка од телцето.
    Апчиња.
    Чајче и топли кифлички од мама ах ах убавини за стомачето :)

    [​IMG]

    п.с. влегувам на чет на фемина и што да видам муабети за пиштоли :^) wtf
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.010
    Gunshine FTW! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На mims-89 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сакам да сум си сега дома, да си седам, да се топлам, да пијам топло какао и да гледам некое лесно новогодишно филмче. Колку ми фалат тие денови... :worried:
    Сакам и да излезам, да прошетам, да уживам... Ајде утре... прво ќе се наспијам убаво, а после ќе излезам да им се восхитувам на волшебните светилки, да почувствувам дека иде новата година. Заслужив...
    [​IMG]
     
    На Hopeful и Doozy им се допаѓа ова.
  13. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Остајте што е ладно, ама и студи! :lol: Не се излегува надвор еј! Пингвини паѓаат во несвест.. :D |( Од ладново немам желба да излезам никаде, едвај денес и правев друштво на мајка ми да заврши некои работи и да испазари. Снегот убав е, ама претпочитам да го гледам од топло. :)

    Си ја видов класната денес, едвај се препознавме и двете..Јас плава, она убуцкана. :D Ептен се израдував. Многу добра професорка и што е уште поважно добар човек! :!: Реткост станаа и добрите професори и добрите луѓе.. :tmi:
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.612
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денес всушност ништо не кажав на форум, од премногу работа на работа заслужив еден неоправдан, ќе го одработам вечерта на нова година :D (чесен поинерски збор)
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Штрумфета пак стана тетка ^_^ , сега е машко :dance:
    Имам пуно внучиња бе, и да, уште едно е на пат :!: :lol:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Neytiri, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.680
    Допаѓања:
    24.031
    Пол:
    Женски
    Се спремив за дочекот на НГ :) Утре, здравје, одам во Ск, и таму ќе бидам некои 4-5 дена. Се надевам убаво ќе си поминам :)
    На сите ви посакувам среќни празници, уживајте што повеќе затоа што животот е премногу краток да го трошиме на небитни работи ;)
     
    На Doozy, TheCandy880 и lovely91 им се допаѓа ова.
  17. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    E тоа е право женско кученце, кога прв пат ќе ви влезе во соба прво ги душка торбите и штиклите.. Лепотица :inlove: :inlove:
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    СДК се надевам дека ова ќе ми е последна исповед пред себеси. Таман, се поклопува и со крајот на оваа, за мене турбулентна, година. Слатко-горчливи искуства на секој чекор, траги-комични ситуации, моменти како од бајка слеани со сурова реалност; И секако, тука е незаборавното љубовно доживување кое заврши неславно по повеќе од 2 години.
    Зад себе годинава ќе оставам насмевка, солзи, радост, гнев, љубов, нетрпеливост, восхит, разочарување... А во 2012 сакам да ги понесам и продолжам само болдираните работи. Знам, знам дека тоа не е можно, но барем нека преовладуваат, нека бидат доминантни; Годинава имаше периоди кога не беше така.
    Запознав и луѓе за кои не можев ни да сонувам дека во само една година толку многу ќе ми се вовлечат под кожа. Не би ги менувал за ништо на светот, и се надевам дека со текот на времето ќе го увидат тоа на безброј начини. Го заслужуваат тоа, а јас сакам да им го овозможам.
    Љубов? Ах, таа љубов... Ако во неа се испреплетуваат, да речеме, 879 типа на чувства, јас годинава доживеав 880. Толку проклето, на моменти неблагодарно, себично искуство... А сепак толку прекрасно, неодоливо и неопходно.
    Но ако на едно поле дефинитивно има место за подобрување, тоа е мојот личен мир. Многу земам некои работи при срце, просто неверојатно е тоа! Си создавам непотребна нервоза и пекол, а целам високо кон облаците, кон рајот. Епа така не оди!

    Факт е дека со 2012 се’ што се менува е само календарите во нашите домови, но ете, јас во новата година гледам година во која ќе вложам многу... А за возврат ќе очекувам уште повеќе!
     
    На crazylady, ines.h, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Прибидејќи почнавме да реметиме а уставри и други со нас се реметат сега . Нема потреба на клада да се стави некоја ако прашала во ваше видивање глупо прашање . Ептен сум негативно изненадена од постот па и реакциите на другите . Зошто знаете што во право се .
    Форумов за тоа е за менување на искуства и не знам што е толку смешно и срамота за авторот? Нејзина работа ако сакаш да посоветуваш стори го тоа а дали и била за туршија не ќе да е твој проблем . Навистина бедно ...
    Се смеевме со Гламстик ама сме ги заебале и нив. Девојката без разлика дали е вистината причава , возраста прашала културно . Па после се прашувате зошто толку дупли профили . Зошто ако прашаш нешто може да те распнат и на клада да те стават .Да нешто богами е за смеење поготово малишаниве ко ќе се избацат ама вакви испади нема потреба .
     
    На starbucks, thinkerbell, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Баш во периодот кога верувам дека се раздушувам со кучката, Карма односно дека и го плаќам данокот, кој го избегнував неколку месеци; во периодот кога се дистанцирав од повеќето другарки од причина што не ме исполнуваат духовно и сакаат да мешат газиња на кеш, кеш па со тоа автоматски социјалниот живот ми е еднаков на нула; баш во периодот кога му кажав чао на некое време, водејќи се со идејата дека ми е потребно време за да сварам некои работи ( а свесна дека го оставам него сам и дека јас останувам сосем сама); и баш во периодот кога се чувствувам безнадежно кога се работи за мама и тато, зашто се премногу изморени од работа за да уживаат во празниците; заборавам на една многу битна личност без чија насмевка животот би ми бил апсурден - мојата сестра!

    Денес под елката најдов плик (кој самата го направила) адресиран за мене. Го отварам и гледам честитка од неа. Сакам да споделам што напишала:

    Нека оваа година волшебно влезе во тебе и ти ги исполни сите желби. Нека сите мигови ти бидат исполнети со лудости, забави, среќа... Остани со отворен ум и разбистрена, не дозволувај студот да ти ја замрзне фантазијата! Биди тоа што си убава, паметна, згодна, плава ( :D :hug: ) и секако, добра сестра.
    Со огромна љубов од твојата помала сестричка



    И седнав пред елката како мало дете, плакајќи за мојот ебан „божиќен“ дух и за моите проклети стремежи, заборавајќи на толку чиста и невина работа! Ја сакам повеќе од мојот живот!

    А си мислев луѓе, колку бев решена да го мразам овој период, дека ќе бидам даркеста и бичеста и ќе фаќам сеир на се и сешто, зашто останав комплетно сама (благодарение на мене). Несвесна за убавите работи што ги носи животот, слепа за некој вид на среќа.

    И знаете што? На еден гоооолем хамер ќе напишам со фломастер: Дозволете им на децата да веруваат во Дедо Мраз!, ќе ставам дедомразовско капче и ќе патролирам низ градот. Оти секое дете го заслужува ова, оти секое дете треба да се почести со оваа лага. Тие не мора да знаат дека пакетчето е од вас ;) Заштитете ги од реалноста, додека можете. Додека не сте ги изгубиле во моментот кога тие ќе потонат во неа!
     
    На sanjaeva, Strumfeta93, ines.h и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.