[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Го мразам ников, го мразам, го мразам, го мразам :@ :@
    Прашање- Дали можи да си направам нов профил со нов ник, дозволено ли е ?
    Или пак кој е администратор, или модератор тука со него да се контактирам :tmi:

    П.С
    И.. конечно!
    Предосеќам единицата не ми бега :geek:
    Замислете, одлична ученичка, сите сакаа да бидат како мене, со сите 5-ки, годинава си ја добив првата единица во живот :^)
    А сега доаѓа и втората
    На тестот имавме 12 прашања, од кои 6 не ги решив, а само 4 ми се точни :rock:
    И тоа
    Ќе си имам единица по Географија изгледа на тромесечие, на час никогаш не бев активна ;(

    Шит :devil: ]:) :devil:
     
  2. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    СДК прекрасно ми почна овој ноември бре ^_^
    Ми заврши понеделничкиот работен ден, кој попат беше успешен и сега време е за опуштање.
    Ме посети и еден стар пријател, толку интелигентен и паметен што заборавив дека постојат сеуште такви личности. Веќе два часа не можеме да престанеме со дискусииве и интересните мислења во секој поглед од животот.

    Денес имам и проби во театрот, ги привршуваме пробите за последниот чин. Се ближи премиерата, а јас уште сега се нервирам дали се ќе излезе во најдобар ред.. како и да е, друг пат ќе ви расправам за тоа.

    После пробата, моето најмило ми спремило изненадување... едвај чекам да видам што е ! :$

    Отидов сега, гостинот ме чека да играме шах! :D
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Како растат луѓето се менуваат се повеќе и повеќе. Кај мене приметувам дека многу работи се променија, но едно нешто длабоко останало во мене. Кога сум нервозна, тажна, разочарана чоколадото секогаш може да ми смири. И си се молам се така да биде, чоколадото вечен лек да ми е. :D

    [​IMG]
     
    На Someonespecial и Kaylie им се допаѓа ова.
  4. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам дека училиштето наместо да ни помогне,ни предизвикува уште повеќе нервози и проблеми поради овие безобразни професоришта!!!! Значи си мислат дека секогаш ама баш секогаш се во право! ЕПА НЕ СЕ!!!! :@ :@ :@ :@ :@
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Знам дека се сменил месецот по тоа што одма ставате слики од типот ,,november please be good to me/welcome november,, итн... Иначе заборавам и кој ден е.
    И кој рече дека не може никогаш да се наместат сите коцки. Милиот октомври што од секогаш сум го мрзела, овој пат се покажа добар. Со диплома во рака, Среќичка облече бел фустан, зрачеше од среќа и падна судбоносното ,,ДА,,. Неверојатно е чувството да ги гледаш сите твои блиски на едно место, насмеани. Заборавив на се и си реков, ова е наш ден, на нас тројца и ќе си поминеме најубаво.
    Сакам само да потрае оваа среќа... Или што би рекла баба ми ,,што е убаво, Господ на секого,, :)
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Чудни работи ми се случуваат деновиве...

    Пред некој ден на враќање од кај момакот чекав ноќна линија на Рекорд. Немаше никој на постојка, си слушав музика на телефонот, и се мислев дали да се качам во такси, затоа што некако ми се чинеше дека автобус нема да дојде. Кога ми се приближи едно чиче, расположено за муабет:

    - 57мица чекаш?
    - Не.
    - Од работа?
    - Не, на гости бев.
    - Си заглавила.
    - ...
    - А не работиш? Што правиш, студираш?
    - Да.
    - А која година, прва, втора, трета?
    - Трета.
    - А што студираш?
    - Јазици.
    - А од кај си, од Скопје? Од која населба?
    - ...
    - Цигара сакаш?
    - Не, благодарам.


    Добро е што дојде автобус, па го избегнав понатамошниот развиток на веќе чудниов муабет.

    Викендов во еден бутик, каде што барав кошула:

    - Сакам светло сина кошула, класична.
    - Да, да, имаме. Како за на работа, така нешто?


    Сабајлево во зграда, комшијата:

    - Ооо, добро утро комшике! Каде вака рано, на работа?
    - Не бе комшија. Одам да полагам колоквиум, студирам! СТУДИРАМ!


    Отсекогаш сум изгледала помлада, на некои места се` уште ми бараат лична карта како доказ дека имам 18. Што се случи сега? Што стана со детското жарче во моите очи? Го замени студената сериозност. На 15 го имав блесокот на сончево утро, а на 20 меланхолијата на Месечината. Ова заврши многу сериозно. Ете што ти прави колоквиумска недела...:D
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, Mama25 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Се сакаа.Се оддалечуваа и пак се зближуваа.Така е тоа со правата љубов – има топло и ладно, има далечина за повозбудлива да биде близнината потоа :?: .
     
    На Victory15, Barbie20, anichka94 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    9.538
    Пол:
    Женски
    Jас сум од тие баксузите шо го знаат Mарфи :| ,ама веќе и он ќе ме знае :D .Шала на страна,сега ќе почнам да мудрувам не за друго ами да го спасам животот,бар она жарче кое гори во мене таа проклета надеж дека и мене ќе ми се случи нешто убаво,трајно -конечно!Oдсега нема да планирам оти животот е тоа што се случува додека ти планираш....иронично,зар не?Eпа не сум од тие шо планираат но не се оставам ниту на случајноста,кога ја немам среќата.Jа немам љубовта,но не сакам брак и не сакам никој и ништо машки разберете ме ,не трубете нешто во кое и сами не се уверувате кој ви барал да се озбилите да се вљубувате -јас сум слободна птица и нема за мене граници ^_^ .Oваа седмица ќе се помолам за здравјето на најблиските и за сите оние кои немаат храна и покривче над главата-оти здравјето и топлиот дом се најважни!Cега да ве поздравам сите за успешна седмица и на сите да ви се случуваат само убави работи,и запамтете среќата е во малите нешта.
    [​IMG]
     
    На Victory15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Зошто го мразиш никот? Баш ти е убав.
    Инаку, среќно со поправањето на оценките (следното тромесечие а ако имаш време и оваа). :*
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк и покрај сите препреки, нема да застанам...
    Одам напред! :)
     
  11. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Денеска ми испадна денов залудно потрошен. Мрза ме фати и тоа голема.
    Лап топот пред мене, кафето и цел ден се излежавам.
    Досадно ми е. Не знам ни што да напишам од причина што и ништо не ми се случува.

    Како и да е непродуктивен ден, по моја вина.
     
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Е,се нервирам.
    Учи,учи,не се стигнува.
    Нема сите петки на тромесечие.Е сеа,јебига,мајка и татко,извинете.3 оцени различни од петка не се толкав проблем.Се надевам дека сите останати ќе се петки.
     
    На sweet-star, LittlePinky и Dog-lover им се допаѓа ова.
  13. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Времето станува се по и по меланхолично. Желба и мотивација за работа и учење - нула.
    А се ближи тромесечие. Единствено нешто што ме враќа во реалноста дека не сум веќе на летниот распуст е самото време надвор. Легнав да поспијам малку од 3 па до сега и се будам а надвор мислиш 11 навечер. Имам многу за учење а толку малку време. Првото тромесечие во новата гимназија знам дека нема да помине добро. Домашните нема да бидат израдувани кога ќе видат дека ги немам сите петки (прв пат!) но, за се има прв пат....
    Ајде отидов сега, среќен почеток на неделава што не очекува!
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум среќнаааааааааааааааааааааааааааа
     
  15. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.858
    Пол:
    Женски
    денеска се утепав легајќи :) а и да ви се пофалам чудо дете сум во дневник само јас имам 5 и 1 друга оценка немам.... ич не ми се учи времево е за спиење и за топла прегратка (ама дечко ми ми е лут за мој глупости) :tmi: така да планирам да продолжам да легам :) |-)
     
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Јас сум страшно изреволтирана од тоа до каде може да отиде некултурава на луѓето.
    Имено, бев на преглед во поликлиниката во мојата населба и имаше страшно многу гужва.
    Меѓу сите луѓе беше и една госпоѓа ( ја нарекувам вака затоа што е мажена,ама далеку е госпоѓа ) со синот од 5-6 години.
    Детево немирно , немирно, понемирно амин.
    Ја крена чекалната во воздух. 5 пати влезе во просторијата за инекции и ја прекина сестрата и таа кутрата одвај успеа да го избрка. Вратите мислам од ментежи ги извади. А што правеше дотичната му мајка? Епа таа беше на телефон и безгрижно си редеше муабети и се смешкаше. Од време на време ќе свикаше :"немој така сине", и после тоа пак уво не ја боли. |(
    Мислам мене ми дојде да му залепам една воспитна на малиов да незнае каде се наоѓа.
    Ама не за џабе рекле детето е огледало на родителот.
    Има вистина во ова, итекако има.

    Втора работа. Влегувам на преглед кај матичната и само што седнав на столчето еден дечко без пардон си тропна и влезе со сестрата. Наводно и бил нешто на сестрата па сега да не чека надвор,затоа што нели он со привилегии е :^) , влезе да почека внатре.
    АЛО БРЕ ДЕЧКО, ИМА ПАЦИЕНТ !!! :fubar:
    Не сум должна да го делам прегледот со некого, сакам интима и приватност кога сум со докторката.
    Кој си ти да набљудуваш додека мене ме прегледуваат и да ги слушаш моите разговори ???
    Незнам како се воздржав да не го избркам на клоци. Најискрено.
    Луѓево никогаш нема да се научат дека треба да постои некаков РЕД и некаква КУЛТУРА
    Срамота, срамота, срамота !!!!!!!!! :x
     
    На Barbie20, SparkyAngel, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    И денес исто како во Септември - повторно прва смена на училиште, станување во 6 наутро...А кога сум прва смена во понеделник имам 8 часа...да 8. :tmi: Школскиот автобус во 2 ч., но не се стасува кога имаш 8 часа. И така во 3 ч. си одам. Не ни земаат и тогаш пари, ама шоферот, едвај ќе не пушти бидејќи за патници е тој автобус. Среќа што нема многу гужва тогаш... Сите други денови во 2 часот си одам.

    Ајде, доста беше на компјутер, да одам да поучам за утре...
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Sdk najsrekjniot moment vo mojot zivot...
    [​IMG]
    Nemoze da se opise so zborovi kolku mnogu go sakam, znaev deka nekade na planetata zemja postoi ljubovta na mojot zivot, i deka nema da ostaram sama so 17 macki.
    Nemozam da ja opisam srekjata sekoe utro koga kje se razbudam pokraj oci koi gi sakam... Cuvstvoto deka nekoj so tebe zaedno se bori deka zaedno gradite svoj zivot, i deka site kocki si doagjaat na svoe mesto. Niednas ne zazaliv sto go zapoznav, i sto go zasakav.
     
    На GirlRose, Marossa, lana.del-rey и 52 други им се допаѓа ова.
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Убави и весели честитки до Офспринг само вакви убави работи да се случуваат БРАВО!

    Јас инаку сум добро, ве следам чат-пат и ќе прочитам по некоја приказна. Јас имам многу да кажам но сега едноставно не сум спремна. Убави работи ми се случуваат така и нека остане. Сега моментално си одмарам психички и физички и чекам некој повик за работа и стискам палци. Ве поздравувам многу и до следното мое пишување :*
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Ми се подбљуцнува од луѓе што константно ја тераат таа идеја дека се поразлични од останатите,а начукале плус 25 години.
    Јасно ти е дека се уште се трагаат. Сакајќи да се дефинираат себе си, се испофалиле, како беше она со циганката? Јасно ти е дека се деца на кои им било дозволено бескрајното СЕ во СЕ останато освен во љубовта и семејството.
    Сите во суштина исто чувствуваме љубов, тага, среќа, бес, гнев... каде на светот сте сретнале дека некој од среќа е намрштен и крши се пред себе?
    И? Посебновковци каде сте сега? Освен дека сте лица со посебни потреби од типот слабо емоциите, друго ништо од вашата посебност.
    Што знам, уште се смеам на луѓе кои се дефинираат себе си со посебните избори на храна, избори на облека и слично. Тој силен отпор не покажува ништо друго од родители кои не умееле да си покажат топлина еден кон друг и да им го покажат процесот на прифаќање на различното (а со тоа и различното нели е поинакво и попосебно) и љубовта.
    Навистина штета... што ова денес се прифаќа и се негува и се става на тронот наречено - посебно.

    Ако не си молел за живот вака или така (не мора да е буквално), нема ништо посебно во тебе, освен дека си личност која создава проблем онаму каде што нема, и пак ќе речам, не си ти виновен, ами твоите, на тебе се чека да си доволно паметен за да сфатиш на што се должи тоа, да го воочиш и да го решиш. И да станеш среќен и исполнет човек. И не, циници стоп, не мислам на просек кој е помирен со животот, туку човек кој нема суета и не гњави со неговата о толку света посебност. Едноставно нека биде човек со вредност кој оставил простор останатите да го исклучат од толпата и да речат ти си тој (иако често се ќорави и најчесто тоа го прави маса која се идентификува со конкретната личност, што таа личност ја прави само еден прост просек со малку поголема храброст и желба за внимание од останатите,ама за жал така е најчесто, за да те прифати маса народ мора да се идентификуваат со тебе...а тоааа значииии?! Е така... ).


    Сите мислиме дека сме посебни, сите го имаме малку она непознато чувство дека не припаѓаме никаде или некаде и не ни е јасно зошто, ама ќе ви кажам некој друг пат зошто мислам дека е тоа таа, односно што научив зошто е тоа така. Што можеби и до некаде има вистина, затоа што колку што сме исти, толку сме и различни, затоа е многу навредливо да зборуваш за својата посебност.
    Ама што е со исклучителните... еее тие се она другото...
     
    На sweet-star, Hipster, najubava2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.