[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    И така помина најтешкиот испит.
    Уште еден и аман налет више!!!
     
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Страшно е тоа колку една песна може да пробуди невидени чувства во мене, никој не го може тоа... Љубов, безгрижност, позитивна енергија, некоја чудна носталгичност, како враќање на минатиот живот. Затвораш очи и гледаш цела приказна пред себе, ти се редат слики една по друга... незаменливо чувство.

    http://www.youtube.com/watch?v=iFZbGkWvod8

    Кога ја слушам се замислувам на некоја егзотична плажа со љубовта, на зајдисонце, со неколку луѓе околу нас. Во купачи и само лелеава марама на мене што ќе ми се витка околу телото како неговите раце... Со морето на видик и играме во ритамот на музиката со искрени насмевки на лицата, не мислиме за утре, се шлапкаме во водата и зрачиме со среќа. Неописливо спокојство. :inlove:

    После ова решив, ако правам свадба, ќе биде на плажа дефинитивно, па макар и на Велешко езеро да биде. 8)

    И да, СИТЕ ќе бидат во бело!!!
     
    На leighton23, richgirl998, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Помина колоквиумската конечно..
    Од утре почнува сезоната на семинарски :@
     
    На Ema.Sk и Sw3et.Ang3l им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ако денот се познава по утрото ,или неделата по понеделникот мојот е веќе заминат во пеколот ]:) .Незнам зошто но тој марфи толку ме сака понеделнички значи па тоа чудо .Баш кога сум расположен ,одморен (не сум акал никаде недела ) одиш на работа и се дешава СИТЕ каснат ! :devil: и те задолжуваат со работа што не е за тебе ...па те препракаат на нешто друго бидејки таму доцнат со рокот :swear: за на крајот да изгледа како ништо да не си сработил .Колегијален сум ,но :swear: нека се потрудат ,а не да ангажираат некој да им биде потрчко .
    Некако тргна кон подобро работата и заврши работното време ...... Ауф што се случува со собраќајот во Скопје :swear: ваква гужва паметам само пред Н.год :wasntme: ...МАРФИ ! целосно е посветен на мене денес ,фала марфи дај ослободи ме деновиве :geek: .
    Е сега после се нагативно некако се чувствувам позтивен :talk:
    :dance: :music:
    http://www.youtube.com/watch?v=_3Fvk2zP ... ture=share
     
  5. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Тажно е ...

    кога некои личности коишто ги познаваш, стануваат особи коишто си ги познавал...
    Кога поминуваш покрај некого... како тој никогаш да не бил дел од твојот живот.. и знаеш дека некогаш со него си поминувал саати зборувајќи, а сега неможеш ни да го погледнеш...

    Не разбирам како... можеш да се смееш цел ден, а да заспиваш со солзи во очите...
    Како сликите никогаш не се менуваат, а луѓето во нив, ДА.
    Како можеме да сакаме толку невино, и како тоа може да се претвори во мразење толку брзо..
    Како најдобриот пријател може да биде и твој најголем непријател и како твојот најголем непријател да биде твој најдобар пријател...
    Како ЗАСЕКОГАШ се претвора во само неколку кратки месеци, за кои се би дал да се вратат...
    Како можеме да пуштиме некого, за кого некогаш сме рекле дека неможеме да живееме без него..
    Како луѓето кои посакувале да го поминат целиот живот со тебе, сега мислат дека и неколку минути се доволни...
    Како мирисот на личноста која што сме ја сакале останал , иако веќе таа особа не е повеќе со нас...

    Како луѓето можат да ве избришат од својот живот само затоа што тоа е поедноставно отколку да се обидат да ги поправат работите....
    (преземено..)
     
    На Mama25 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Никој не е совршен, сите правиме грешки и учиме по нешто од нив..
    зад себе има минато кое го мразам, минато кое се обидувам да го заборавам, минато со кое треба да се помирам, но ете не можам, некој дел од мене не сака да му прости за направените грешки, за кажаните зборови, за глупавите постапки.
    Го сакам, Татко ми е, ме пораснал, школкувал, секогаш со обидувал да ни го пружи она најдоброто на мене и Брат ми, но ете неможам да простам кога и да сакам да го направам тоа се враќаат сите слики, сите зборови, направи работи кои не смееше да ги направи, ги отфрли личностите кои нај многу му беа потребни.
    Се кае. знам, го гледам тоа во неговите очи, но предоцна е, никогаш повеќе нема да биде како порано.
    Виновен е самиот за тоа..

    Ме повреди мене, го повреди целото семејството, ме изневери, разочара.. неможам да простам :|
     
  7. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Освоив прво место на натпреварот по историја.. :rock: Мама и тато чинам псореќни и од мене се.. сега одам на државно во Охрид. 8) кога наставникот ми кажа.. си останав со отворена уста неколку минути.. :lol: уште ми вика што ти е ? да не не си задоволна? ... јас кутрата од возбуда ни збор не проговорив.. :rofl: Го делев првото место со едно друго девојче.. па таа цело време ме убедуваше да се откажам.. ќе било многу тешко ми викаше.. ќе имало материјал и од 5,6,7 одд..сето ова само за да се откажам.. |( ама јас не се откажав.. :muscle: нек пукнуу душманииии.. :rofl: .... и така ви викам.. кога ќе ми ја дадат дипломата ќе ви ја покажам.. 8) :D
    Имајте убава вечер.. :*
     
    На Moira, sweet-cherry, leighton23 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Лани,прехлани каква бев,кога ќе дојдеше период за поправање оценки јас одличната само коментирав и си мислев дека наставниците многу попуштаат,сите треба да си добијат тоа што заслужиле,а не само да поправаат оценки.Оваа година и на моја глава,имам некои 4 да поправам,мора сите да ми се 5,не попуштам. :D Променета сум.
    Денес географија ги добивме тестовите,јас 3. Ама затоа 2 место на натпреварот историја на кој патем учествував без ништо да учам,од минатогодишниот материјал. :D А мислев дека се' имам заборавено. :D
    Друго нешто што ме развесели,добив еден убав комплимент кој долго си го очекував. :D
    Убав понеделник! :D
     
    На Dog-lover, Someonespecial и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Си шетам низ пазар, барав некои поубави јаболка, и опп :wasntme:
    Сретнувам еден чичко, а јаболката така убави, сочни да ти е мерак да ги гледаш
    Може немаше да купам скоро 10кг ако чичкото не ми кажеше дека биле од Ресен, Македонија :o Ваква останав
    Искрено сега си ги чувам јаболката, не ги јадам :inlove: Еднаш вакво нешто се наоѓа :rofl:
     
    На Buttterfly, Marjan007, Mama25 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Фрижидер - нешто што прво помислуваш да го отвориш кога ти е досадно... :rofl:
     
    На leighton23, kala21, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Деновива најголемата занимација, пандиче во живо. :inlove:

    Неделата со тестови помина, сега е неделата на давање на тестови. :D Всушност, за давање остана уште еден... Германски, сигуна сум дека ми е петка.

    Во потрага сум по идеја за кукичка на мачињата мои. Некоја голема, низ кога ќе може лесно да се мушкаат. Не сакам да ја правам од картонска кутија. Сакам нешто покреативно. :?: Ама никако да ми текне. Зима ќе дојде а јас... уште дремам. Ц ц, на секои две секунди ја гледам пандата, море сцруле!

    Опа! Сега видов, Dog-Lover прво место освоила. Браво! :party: Ти честитам, со среќа на државно! :* Сите сме со тебе. Мене па за историја да ме убиеш, не ме бива. Не знам, не ми е интересна. Јас сум по јазиците. :!: Значи денешниов ден само Англиски ми го разубави. Не дека ми го разубави. Туку ме оразположи. Од вчера само 6 часа имам спиено. |-) Сабајле бев рис изнервирана. Кога некој-или нешто- ќе ме натера да направам нешто што не сакам, таква сум. Сите ми се криви. Сега ја затворија на пола месец најблиската продавница што е на 10 метри. И сега морам да одам до таа што е на 60. :@ Значи отидов до таа што е на 60 цела изнервирана трчајќи, и ми вика нема мајонез WHAT!? :headbang: Ајде вррр, трчајки 50 на саат назад. Или 60 на саат. Абе шо да ти кажам. 8) Ама обично кога се нервирам сум полна со енергија што мислам дека и куќата можам да ја кренам. Еднаш се обидов. [​IMG] Е, не ќе се мислам. Да се навратам. Морав да одам до таа што е на 80 метри. Така да 60+80=140 метри. Всушност не, за еден мајонез одев 60+60+80+80= 60х2+80х2= 120+160= 280 метри дами мои за еден мајонез. Дали ви звучи нормално. [​IMG]

    Ај без нервозирања... Пандата е нешто што е најнајнајслатко на целиот свет. [​IMG]

    Ваша,
    [​IMG]
     
    На Kaylie, hermosa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Секогаш кога ми се ближи роденденот наместо да се радувам ме фаќа некоја меланхолија, размислувам за сите луѓе кои низ годините поминувале и се иделе од мојот живот. Помислувам и на оние кои некогаш биле присутни за мојот роденден а сега ги нема...
    Јас сум човек што не се радува на празници, а посебно не на родендени. Ме фаќа некоја мака проследена со тага, неможам ни да опишам како се чувствувам. Ај има уште недела дена до тогаш, се надевам дека ќе ми се поправи расположението.
     
    На sweet-cherry, Oxymoron, richgirl998 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Оној сто не ти се допага и со кој едноставно не мозес да бидес заедно, луд по тебе.
    А оној сто ти се допага, не знае дека постоис. Ке се лигавис по него едно 2 добри семестра за во една ладна сива дозделива ноемвриска нок да дознаес дека има девојка и да им ја видис преубавата слика направена овој викенд пред Ајфеловата кула, прегрнати и насмеани. 8)

    Не знам кој си сто ми го зае*увас љубовниов зивот ама аманте, доста бесе веке! Не си смесен.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Напорен ден. Да си седнам да си пододморам малце па да си се стуткам за спиење |-)
     
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Утре идам на прв колоквиум. :sweat: :worried:
     
  16. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Се извинувам сакам да прашам што значи БДС? :)
     
  17. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    СДК, неможам веќе 1000 страни до среда ?! не не премногу е колку научам толку само незнам кој ѓавол ми беше да не зеам да читнам од четврток сум слободна али тоа е. Ќе биде се вред ( ваљда )
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Зошто не ме пушти тато кога имав 18 години да летам слободна како птица и да студирам тоа што сакам а можеше но не ме пушти,те молев тато сакав да дадам све од себе за да бидам прва но сакаше да ме заштитиш DEMEK ме сместивте на вашиот факултет по ваша желба но срцето мое секогаш беше на др.место секогаш секогаш и ова и денес со моите 26 години во мене го викам на глас ;( и денес неможам да ти простам...Некогаш вака сакам да си ја разголам душата и да му олеснам малку на моето срце да не препукне ,секогаш мислам дека бев во погрешно време на погрешно место,залидно трошев пари лудував одев се враќав запознав многу луѓе ги лечев моите рани со лажан ноќен сјај моите желби ги заменував и купував со партали само да не мислам на моите желби изигравав лудило,мислев дека сум среќна со моите бивши дечковци како свињи валкани ставав насмевка и шминка на лицето пари во џебот и така ги лечев моите рани оите неуспеси,така ги убивав моите желби така поминуваа деновите месеците годините така...
    Одвреме на време се завртував назад но не се каев за ништо продолжував да лутам ќе си ја олеснев душата со некоја солза но што беше тоа за мене демек со све можев да се справам оган горешше во мене,а моите родители беа премногу зафатени да го видат тоа да видат дека сум NESREKNA...Можеби никогаш нема да ти простам тато што беше толку слеп и што не ми даде слобода и благослов да бидам тоа што сакав јас можеби никогаш...
     
    На richgirl998, Mama25, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Ме боли, душава ме боли кога ја гледам таква мала и безпомошна, болна. ;( Сите ми велат, тоа е само куче. Да куче е, но мое е. Животинче за кое што сум била поврзана најповеќе од се!!! Ја носев на лекар душата ме боли, кога гледам дека нема никакво подобрување. Млитава, ослабена, не јаде, не пие само си се тресе.... Златна моја... те молам не ме напуштај!!!! Немој, ти си ми единствената радост, во тебе ја пронаоѓав позитивната енергија, ме смееше. Те молам продолжи да ме смееш, немој да заминеш!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ;( ;( ;(
     
    На leighton23, hermosa, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    12.089
    Постара за една година :emo:
    Прекрасен викенд ,во облаци сум.Многу убави изненадувања а најубавото од него. Уште ме држи располжението, неможам да се приберам. Несмаеам да зуцнам има многу луѓе на кој им значам многу.
    Многу сум среќна дур и не ми смета што остаров :D
    Не ве частив торта ама оправдано немав време ,ајде уште не е касно останa уште некое парче .
    Навалете!
     

    Прикачени фајлови:

    На ozbilnazena, kala21, Kaylie и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.