[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК ЕДНО ГОЛЕМО БРАВОООО ЗА ДЕВОЈКАВА
    КАКО ЈА ИСПЕА ПЕСНАТА БРЕ АЛАВ ДА И Е КАКО ЖИВЕЕШЕ ВО МОМЕНТОТ КОГА ЈА ПЕЕШЕ
    ПРЕГОЛЕМИ ЕМОЦИИ НЕМАМ ЗБОРОВИ ДО СЕГА НАЈ ДОБРО НЕШТО БРАВО ТАМАРА


    http://www.youtube.com/watch?v=DCVicuxx ... e=youtu.be
     
    На kala21, Maya3112, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Чувство на неприпадност, чувство на незадоволство, чувство на осаменост, хаос ми е во глава. Не се наоѓам ама баш никаде, не можам ни да тргнам од некаде. Кога би била на раскрсница најверојатно онака ќе залутам по некој пат, а вака никаде. Цупкам и цупкам. Се посветив на нешто кое се помалку ме исполнува и ме прави среќна.
    Врската ми стана никаква. Виновни и двајцата, нашата горделивост и инат. А се сакаме бре, се сакаме!
    Но повеќе не е она правото, не е она почетното и не е она кон кое се смеревме.

    Се изолирав од голем круг на луѓе. А очајно ми треба да си ја отворам душата, да се исплачам на нечие раме и да знам дека некој можеби ќе ме разбере. Не, не сакам да ме потапша, може и јак шамар да добијам, не се лутам.

    Престанав да се смејам, престана и Тој. Се прашуваме каде залутаа нашите планови, нашите желби? Не знам, некаде.

    И го знаете она чувство кога колку и да не сте блиски со вашата мајка, сепак нејзината прегратка е најутешителна, и нејзината рака најлесно ги брише солзите. Се срамам за моето постигнато НИШТО на мои години, се срамам! Ама никогаш не е доцна за нов почеток.
     
    На tweety26, kala21, imelda и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Како што напишал и Чинго во неговото дело " Големата Вода ", и јас ќе се дрзнам да се поистоветам со неговите зборови искажани преку ликот на Лем. " Во детството јас немав детство. "
    Се пронајдов и во Кејтеновите зборови. " Сакав да направам мајка. "
    - И јас исто така луѓе мои, сакав да имам вистинско детство, вистинска адолесценција, вистинско семејство, вистинска мајка. Некоја што нема да и смета да и одам во прегратка макар било тоа и во 3 по полноќ, нема да и смета ако ја разбудам само да и го слушнам гласот додека сум кај баба ми на гости во никоја доба. Треба малку по реално да гледаме на нештата, идеалистички, реалистички, а не материјалистички (алал да им е на исклучоците). Зборувам општо, не правам поделби. Општо земено, додека некои деца мечтаат за нова кукла, нови алишта, некој мечтае за разбирање, а тоа многу боли. Повеќе боли да немаш разбирање, трошка искрена љубов, онаа без преправање, чиста и искрена, отколку да носиш закрпена блуза. Повеќе боли да немаш во фамилијата некого кој отворено би сакал да те ислуша без да те осудува за било што, често да наидеш на неслога, поделба, нерамноправност. Многу луѓе плачат дека биле лишени од нешто материјално, а јас и верувам уште многу други како мене плачев затоа што никогаш немав вистинско семејство. Ми велеа ее ти се си имаш, мои другарки, познаници. Сакав да врискам, да почнам да плачам, да ја кажам гласно горката вистина што ми лежи на срце, ама не можев. Нешто не ми даваше. Дали стравот дека ќе бидат исмеана ако сум искрена или нешто друго ме спречуваше, не знам. Само знам дека на тие зборови секогаш им одговарав: - Никогаш не судете по насмевката. И најсреќниот поглед крие тажна приказна. Некои деца имаат се, а всушност немаат ништо. Сакав само разбирање, малку љубов, ништо друго. Никогаш не сум била материјалист, а нема ни да бидам. Зарем многу барав?
     
    На Barbie20, Espadrila, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.546
    Допаѓања:
    184.457
    Пол:
    Женски
    ...со денови..месеци... па и години ќе чекаш нешто рандом да ти падне од небо...некој знак, чудо некое... без реално да се потрудиш за истото... за кога ќе падне, така силно да те тресне по глава, што нема да знаеш шо да праиш со тоа... и како сеа да му го наоѓам крајот?! :^)
    ..а толку многу сакав да се деси, за сеа кога се деси...да не знам како да реагирам...нетипично за мене, што дополнително ми ствара товар...
    ******
    Секогаш ја претпочитам суровата реалност наспроти розевите наочари :) Меѓутоа има ретки моменти кога им завидувам на тие луѓе со розе очила кои константно ги носат.
    Сум пробала не викам не, да најдам одговарајучи розев оквир, розево стакло, розев поглед, розеви мисли... но мозоков не ми функционира на тој начин, така што ниедни не ми стоеле така добро како реалноста, без разлика каква е..
    Очигледно посилно од мене е.. да се надевам на најдоброто, а сепак, сеедно да го прифатам без разлика какво ќе биде.
     
    На karenin, Barbie20, BlackMistery и 5 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Она коа последно нешто што си решил да гледаш во текот на денот е некоја емисија со медицински совети и не можеш да заспиеш од што мислиш дека имаш по еден симптом од сите споменати болести.

    И си викаш... „боље ќе си поминев ако изглеав еден хорор сама у 3 саат сабајле.“

    Живот...некад и погрешни одлуки се носат, јбг.
     
    На Mrs.Cuper, Hipica, Hipster и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Колку е убаво чувството кога ќе ја ставиш главата на перница и пред да им се препуштиш на соништата, помислувајќи на денот кој изминува се чувствуваш задоволно и исполнето.
    Среќна сум што во животот имам луѓе кои знаат да ме охрабрат кога ми е тоа потребно, да ми влеат надеж кога се чувствувам очајно, да ми го покажат вистинскиот пат кога се чувствувам изгубено...

    И ми фали еден човек, ужасно ми недостига... Барем во сонот нека ме посети... ;(

    Добра ноќ и слатки сни! :*
     
    На BlackMistery, LittlePinky, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Frame

    Frame Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    88
    Cheers во име на денот кога пола бивши ме побараа.

    Тоа значи на месечината и звездите пак им е досадно, па решија да се заебаваат со мојот хороскопски знак.

    Добра ноќ.
     
    На Hipica, Barbie20, BlackMistery и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Болката не е проблем. Од болката страдаш, но тоа не те уништува. Проблем е самотијата која се раѓа од болката. Таа е онаа која тивко те убива, која те одвојува од останатиот свет. И која го буди она најлошото што го имаш во себе...
     
    На Hipica, kala21, Barbie20 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    го читам меилот од партија-кои се членовите на кои им е пратено дека ке имаме посета вечерва од некои луге-има да биде лудница а ако се појават и некои ликови што органски не ги поднесувам, има да шизнам :!: :D кој преживее ке кажува :x
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Оној момент кога единствено нешто што чувствуваш со партнерот во кревет е расипана 4 ка горе лево.
    Морам, ама морам да споделам како вчера ме откачи :D
    Некое време заради, наводно заради, активни работни активности сексот ни е ставен на пролонгирана пауза.Ете вчера доживеа таков неверојатен и неочекуван пресврт. Си дојде од пат, уморен како и секогаш и ми донесе поклонче :clap: Елегантно спакован скап долен веш. Па види сега ти, чипкана ноќница, напред отворена и гаќички. Ми рече да ја пробам.
    Јас целата потресена влетав во неговата работна соба така неприкладно дотерана во "нештото" , а неговата реакција беше фрапантна сама за себе. Рече, добро големината била соодветна единствено моите близначки било практично неизводливо да се приберат во било што, а најголем проблем според него е дека е напред е отворена не ја замислувал така и сепак би било најпаметно прибидејќи е таков модел да ја носам во лето.
    Убичу се, убичу. :emo: Немам мислење :puke: Не немам што да кажам веќе.
    И после ноншалантно се сврте со столицата и продолжи да си работи.
    Исто така се надоврза, кога излегував, дека во последно време сум толку здебелена што се чувствува како да спие со татко ми. Мислам ова е негова типична изопачена смисла за хумор. Му викнав вол и му ја треснав вратата, ѕидот горе се изрона.
    ..И сето ова за после да се најадиме заедно како свињи.

    Спомнав низ темите дека личност од минатото проба да стапи во контакт со мене. Мислам, попаментно би било да проба да ме контактира преку медиум бидејќи е мртов за мене.Ама по долго размислување денес кратко и јасно одговорив на неговото прашање - " R u upset ? "

    И сметам дека се откажа.Мислам единствено тоа му преостанува...оти го блокирав.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bozica1980, Hipica, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Утрото за мене почна , со шољичка кафенце , цигаренце ...
    Ми стана голема навика само земам кафе и одма на форумот ајдееее
    па како ми станува сладко кафенцето брееј мерак
    ајде кој е за кафе повелеете :rock:
     
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Леле во последно време колку сум мрзелива абе чудо едно :!:
    и така јас за тромесечие ќе си поминам со две тројки и 1-2 четворки :clap: |(
    вчера ме скорна биологија да и раскажам лекција-не ја знаев и ми стаи тројче у дневник |(
    другата тројка е по математика,се надевам дека ќе ја поправам барем нејзе до понеделник ]:)

    Ај чао!
     
    На BlackMistery му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755

    хахаа исто и јас овие две недели сум флегма не видена од креветото лап топопт во раце и пак на креветот па на масата и пак на креветот незнам што ми стана неможам да се мрднам од мрза :tmi:
    не идам во школо јас завршив ама онака ме мрза фаќа
     
  14. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Моментот кога разговараш со соученички и им кажуваш дека благодарение на 2та теста денес и прилично големиот материјал за совладување, си станала во 8 саат за да учиш и инстантно добиваш епитети како будала,ненормална,ретардирана,психопатка,бубалица и безброј други.
    И што да одговориш на сето ова ?!
    ШТО ?! -.-
     
    На LittlePinky и jjoovvaannaa им се допаѓа ова.
  15. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Aj уш 2 дена викенд ;) :rofl:
     
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Лесно е да дадеш совет на друг, тешко е кога ти ќе дојдеш во истата ситуација.
     
    На Barbie20, hermosa и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  17. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Денов ми е некако само за спиење и гледање филмчиња..
     
  18. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Утре :tmi:
    Утре се крос трките, на кои сум и јас, најбавното чудовиште на светот :devil:
    Добро, може не најбавно, ама една кондиција што имам, 150 метри да истрчам без да застанам за мене е чудо :rofl:
    Што е уште полошо
    И лани бев учесник, и толку вежбав, толку многу бев брза и имав кондиција што на секој час по ФЗО наставничката го спојуваше со поголемите одделенија за да се тркаме, и бев најбрза 8)
    Ама кога застанав мегу другите 30 девојчиња учесници :x
    Мислам дека тогаш најмногу се посрамотив пред наставничката..
    Оваа година сум ептеен бавна, немам кондиција, се уморувам на секое

    И сега џабе ми е вежбање, кога знам дека ќе ја збозам цела работа на сред трка :D
    Имам една финта ама :wasntme: Шшшшшшшшт, немој да кажала некоја :wasntme:
    Ако увидам дека другите се премногу брзи и неможам против нив, пошто сме прилично малку оваа година (дури 15 девојчиња), ќе се преистуркам низ поголемите и ќе изглумам дека ме турнале, и дека ме боли ногата :wasntme:


    Ама молим вас ќутете, верна сум ви вам :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Другар ми ми доаѓа на гости утре и на прашањето Што да ти донесам? одговорив Љубов на улица :sun: Книжулчето ќе патува од Македонија дури до тука само за мене ... Едвај чекам, некако потопличко ќе ми биде на душава и ќе се чувствувам поблиску до дома кога ја читам..
    Поздравче до Shelea.
     
    На Buttterfly, anabel-a, Shelea и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Станав со мисла дека сакам да играм на нинтендо и дека сакам дожд и онаа права есен. Фикс идеи од сабајле. Првата желба е неостварлива, пошто под нинтендо јас ја подразбирав само играта со пиштолот вперен во патките од телевизорот, ама затоа поработив за втората желба. Си испеков тиква, ставив на шпорет лушпи од портокали, чајче од липа и ете ти есенска атмосфера.

    СДК уште скоро два месеци до нашето прво видување. Едвај чекам. Веќе можам да проценам кое раче ми го подава и газето кога ми го прчи. :D
     
    На AngelOfArh, Someonespecial, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.