[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    ^ Ок, нема потреба од изигрување Мајка Тереза, мислењето е факат смешно и тоа е тоа :D
     
    На MandyLane и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Додека на интернетов ми се прават сите паметни и ми мрчат како тоа за Нова година и Божиќ има само шљокици, како ништо не чини, секоја година тоа па тоа, па како тие што се радуваат на празниците се најголеми будали и ништо не разбираат, сите се турбофолкери и не чинат, додека си ја полнат душичката и си го трујат воздухот околу себе, испуштаат една работа. :D

    Испуштаат малку радост, малку повеќе среќа и многу исполнетост во душичката. Затоа што не може да не ти дојде убавко кога гледаш раздвижени, среќни луѓе, си се шеткаат, сите се испаднати, одмораат, медитираат. Секој си ги полни батериите како сака, каде сака и кога сака. Ламбички насекаде, стоев денеска на половина Партизанска и само собирав, собирав, собирав! Гледаш лево - ејјјјјј ламбички до недоглед, паѓаат ѕвезди. Гледаш десно - фиууууу, нема крај на светилките. Гужва, ладен приватен автобус, пат околу светот за 40 минути (кој разбра, разбра :rofl:), и само збираш енергија. 7 часа, 7 часа го собираш сето тоа, не ти се доволни, сакаш уште и уште и уште.... и идеш дома за малку да те понервираат, ама си го пушташ Крисмас Миракл он 34 стрит и животот е убав, повторно. :D

    Викајте што сакате, Скопје диши во празничен ритам! :clap:
    Фала Богу, порадо сакам и јас да дишам заедно со него, отколку да се правам паметна и кул... Ај ем соу НАТ скипинг Крисмас годинава. И покрај испитите. ]:)

    ФИУУУУУУУУУ! 8)
     
    На Elennaa, LivingGlam, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    :D :D :D Eве ти ја лепотицава за спомен и дуго сечање :D
    уште некој ден ќе ја држам, баш ми е фенси :lol:
    пс, јако деколте баца нема што :D
    сигурно некој чорап ќе се најде унутра
     

    Прикачени фајлови:

    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    СДК јас би да се патосам за дочекот на Новата година со себеси,ама не ме пуштаат :wasntme:
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    А што ти значи сега ова ? !

    Мене воопшто не ми е за ремет работава а ова Мајка Тереза ? ! :^) Да не ја полнам СДК ама стварно коментаров ти беше сувишен . Мене ова не ми е ни кул ни смешно ни штосно , туку напротив бедно и мизерно . И едит не прашав дали има потреба ;)
     
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Ани се спакува, растргана мисли лево десно, понесувам многу насмевки и многу љубов.. Ќе ги делам без срам. Едвај чекам малку да се тргнам од Скопје, да видам други личности кои ми се драги, кои ме сакаат. Се радувам како мало детенце..

    Јас се надевам овие 4 дена ќе си поминам најубаво, а не се сомневам и вие :D

    Ве гушкам силно :hug: ..
     
    На TeddyGrey, angel92, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ајдеееее, колку такви мислења вие имате напишано, колку вие сте реметеле, а сеа баш за мислењето на Ганшајн се фативте.Мислам дајте бе...

    http://www.youtube.com/watch?v=RVmG_d3HKBA
     
    На calliope, manja666 и Offspring им се допаѓа ова.
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Помислувам на тоа колку некои луѓе мразат да останат сами со себе - со своите мисли. И колку јас го сакам тоа. И колку ли тоа ми штети понекогаш.
    Погледот кон мојот балкон ме потсеќа на моментите од синоќа. Јас и тивката ноќ. Стојам сама, за момент затреперува моето тело и се стресувам не обрнувајќи внимание на скудната домашна облека. А потоа е толку мирно.
    Околу мене нема никого, околу мене не чуствувам ништо. Ниту воздухот кој е толку остар што ми го отежнува дишењето, ниту морниците кои полека но забрзано ме пролазуваат, ниту ледените решетки врз кои се потпираат рацете. Заборавам. Шетам со мислите по минатото, барам одговори за сегашноста и ја замислувам иднината без некој посебен редослед. Се обвинувам, се оправдувам, се охрабрувам. Се обвинувам... Moжам и да не мислам на ништо. Уживам во глетката пред мене која на моменти е толку пуста а за момент толку величествена. Можам и да седнам, можам и само да легнам полека, склопчувајќи се како фетус кој е најдобро заштитен во мајчината утроба. Како човечко суштество кое бара заштита од надворешниот свет кој се повеќе изненадува, разочарува или задава безмилосни удари кои би требало да се животни лекции. Свет во кој се помалку има место за "слабаци", романтичари и сонувачи. Тоа ли е животот?!? Знам и сум слушнала толку одговоти на ова прашање и знам дека мојот не е ниту еден од нив.
    Некогаш рушам свет од лажни вистини, некогаш стојам боса на снегот, некогаш трчем до последен здив... Некогаш сум силна зашто така треба. Се почесто одам до крајности и се почесто губам интерес за нештата кои мислев/мислеа дека ми се пасија. Ова се повеќе ме плаши.
    Но погледот се уште ми е далечен и се уште го барам она вистинското.
    Едно долго ѕррр и муабет без врска ме врати во реалноста која ми изгледа толку небитна во моментите кои сакам да беа поинакви.
    А само сакам...
    Нова Годино ќе може ли?
     
    На Massimo, Phyramide, Butterfly15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Angel-Wings

    Angel-Wings Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    незнам што сакам да кажам..претпоставувам ништо.. :x
     
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ништо не е погрешно ако во тој момент те направило среќен - Озбилно ? Одамна немав слушнато ваква небулоза . |(
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Вистинските луѓе во животот не се оние кои се до вас поради некоја причина од типот на школо, работа, иста улица, исто маало. Вистинските луѓе се оние кои живеат на другиот крај на светот, заспиваат кога вие станувате поради глупавата часовна зона, не можат да ве допрат ниту пак видат но направиле многу повеќе за вас од било кој друг со кого пиете кафе секој ден.
     
    На julie77, Phyramide, Springy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Колку се нервирам кога пуштам видео на youtube да гледам некој туторијал, и кога ќе почнат да гњават |( Ќе пуштам да гледам некоја фризура и обично гледам без глас, па од видео од 10 мин. на 7ма минута почнуваат да ја прават |( Можеби некој сака да слуша историјати или други глупости, ама мене ме нервира бе, покажи како се прави и крај, и по можност ќути :devil:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Оние од ВИП ми дадоа новогодишна магија :D
    Едно цд со новогодишни песни, ама јас после првите 5 спобудалувам :rofl:
    Еднаш до дослушав до крај и се предозирав со новогодишна еуфорија :wasntme:

    Плус ми дадоа и налепници за телефон, сега како цигански си го направив - цел е излепен :wasntme:

    Туууу едно бројче што им купив и ми дадоа подароци....ај ако Дедо Мраз ме заборави оваа година, ќе се тешам со овие ситнурииве.....зашто му порачав една крупна работа ;)
     
    На crazylady, Gordana10, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Хороскопов ептен ми се погодува последниве денови. 8) :rock:
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    СКД една слика 1000 зборови

    [​IMG]
     
    На Elennaa, Offspring и manja666 им се допаѓа ова.
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Немам шкртнато на темава веќе два дена, ако не грешам. :?: Предновогодишна еуфорија, шопинг, главоболки, љубовни проблеми.. Се се собера на куп, како да побарав Дедо Мраз да ми донесе такво нешто. :?: Добро побарав шопинг, но не и главоболки. Побарав љубов, но не и проблеми.. Па нели се рекло дека не може се да е совршено..
    Барем си купив конечно облека за Нова Година и нема да ги имам главоболките од замарање што да носам, како да носам, зошто да носам, зошто не, бла бла блаааа... :tmi:
    Љубовта, пред Нова Година се распаѓа. Искрено подобро е вака, не сакам и од тоа да ме боли глава на новогодишната вечер. Всушност, не знам дали е подобро. Не знам што сакам, што не сакам. :geek: Не знам ни дали го сакам повеќе.. Не знам ништо. :) Како и да е, разочарана сум и тоа е доволно за да не сум со него. :)
    Доста ве гњавев со моите љубовни маќи, Нова Година доаѓа, треба да се слави. Ха ха .. :D
    Ајде имајте убава ноќ, одам јас во топла постела да гледам Новогодишно филмче. :*
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    дечко ми ме изненади со новогодишниот подарок :) ми поклони чашка црвена со наши слики,но најинтересно е тоа што се гледаат црно бели,а кога ќе ставиш нешто жешко чашата станува бела а сликите во боја :D премногу се израдував :*
     
    На Lepaaa и MacaLove им се допаѓа ова.
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.874
    Најлошото нешто што можете да направите на жена е да и отидете во бел фустан на свадба. Мајке ми! Толку безобразен потег од појавување у бел фустан на туѓа свадба не постои! И по бонтон е недозволиво!
    И полошо нешто од замрзнати кифли во 1 наутро,нема!
     
    На caroline.costa, Meggy, Hopeful и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.391
    Допаѓања:
    142.896
    Вчера добив покана за кафе од еден младич со убави очи со кој одамна кафе не сум пиела, ама му кажав дека немам време. После тоа добив покана од еден помлад младич, со уште поубави очи, и не отидов.

    Да, уживам во флерт, ама тоа е само размена на значајни погледи кои всушност ништо не значат. Има само еден човек што ми предизвикува пеперутки во стомакот, и кога им кажав на сите дека сум зафатена - бев со него.

    Живеам за огномети, блескави, убави и гласни, такви какви што се секогаш со него!

    И не попуштаат под притисок на времето или непријатностите кои ги предизвикува животот.
    И секогаш кога ке го слушнам тоа - засекогаш, до крајот на животот - се прашувам дали навистина ќе биде така, дали ќе се изгуби сјајот со тек на време, ќе се промени ли нешто, а додека размислувам сме на чекор поблиску од долгиот пат - до крајот на животот.

    Ех, Душане, Душане...
     
    На Neytiri, kate21, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.