[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    На psychic, eliesaab и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  2. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Петок петок петок петок петок :party: :party: :party: :party:
    Конечно да здивнам !
    Го знаете ли она чувство кога треба да учиш и наеднаш се на нетов ти станува интересно,и бедни статии отвараш и читаш се и сешто, а кога си слободен, без обврски, незнаеш што да праиш со себе ?! :D
    Ќе уживам само и ќе се излежавам. Заслужив , напорна беше неделава. :)

    Инаку да застане некој кај мене под прозор и да ме слушне како викам,пцујам,вреѓам,колнам и се остало, ќе си помисли дека се спремам да масакрирам некој кој опасно ми згрешил :!: а јас само си правам муабет со компјутерчево кое чат пат кочи по малце :rofl:

    До мене е или стварно во 5ка автобусов се најарогантни луѓето и можат комотно да те бутнат и згазат како компир без око да им трепне ?! |(
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Јас сум веројатно единствената која со нетрпение го очекува почетокот на новата работна недела.
    ******************************************************************************
    Anyways...
    Излузија, поим за создавање нереална средина, гнездо на искомплексирани личности каде ги остваруваат своите престижи на фиктивен начин и така во нереална форма им ги презентираат на општеството со полна амбициозност и самоувереност дека ќе ги прифатат такви ненормални.
    Зошто луѓето толку тежнеат кон создавање фиктивни алтер ега и сакаат да ни ги наметнат нас, критичарите од страна ? Проштавајте, будали не прават ?! :^)
    Цел ден си велам, дотичнава искористи врски да добие дијагноза ..." недефиниран шизофреничар " за да камуфлира бојкот на настава. И сега на форумов се декларира како социопат ?! Бегај, аналитичарке една :D .
    Некогаш ( читај пред околу година дена и помалку ) беше плавуша на која бланшот и продираше во черепот па не бевме во можност да образложиме целосно некои Х ситуации од нејзината појава. А сега доживеа неверојатен пресврт и стана модерниот Толстој во литературата.

    "Види ме се слеков гола и под сликата , од мене гола , која ја постирав ќе ја искажам моќта на интелектуалноста со цитат од СЕМЕ СИНАПОВО. Ова десно е слика од моите пороци и лимитирано издание на роман според кој е снимена турска серија."
    "Barbie is in " Pretor tinja beach " with - ( other patient )" :drunk: :puke:

    Бегај бе гони се , 15 минути размислуваше дали се множи со нула, на моја иницијатива на тест напиша дека Гоце Делчев пишувал симфонии и евергрини, а за истиот тој тест на кој доби нула влета во канцеларија да се бориш за кец :!:
    Кај ...кај оди светот ???? Шо ви е ??
    Не , сестро не. Молимте, твојата топлес фотографија ги прошета сите телефони, предмет на исмевање стана по сопствен избор и живееш со твојата пијана мајка која оди да купи осмина бурек кој го врти во најлонче до дома, облечена во фустан без долен веш.
    И не рекламирај Луј Витон кога знам дека се плескаш со типови од Паљо класа, голич кабадаја кои единствено што вложиле во тебе е сперма. Не ми продавај пуфки.
    Ооо, оди сретни ја по улица, и речи и -глупа си move-, понижи ако смееш академски граѓанин. И после била социопат во средно ја понижувале. Да точно е мацо, жими све јас лично ојдов кај тетка ти со петиција потпишана од цела генерација да те исфрлат од школо. Пошто ем ти беше тетка, ем тебе те немаше само сакавме да официјализираме дека те нема, и да криво ни беше што сите учевме а ти имаше најдобри оцени. Плус срам си за општеството, да образложам нема зошто ќе треба трајно да ме банираат заради наведените 100 точки и вулгарната содржина во нив.

    ФАкјјјјјјјјјјјјјјјјјјјуууууууууууууууууууууууу!!!!!!!!!!!
    И да оговарањево делумно ми послужи како издувен вентил, ама и собрано ми беше. :!:
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Убаво, сончево..се си е таман. Добра ви ноќ и имајте најубав утрешен ден, започнете го денот со насмевка и цел ден бидете расположени :)
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јејејејејејејејејеје!!!!! :D
    Другарка ми се породи, КОНЕЧНО!!!!!!
    Боже мили колку време го чекам оваа бебе :inlove: :inlove:
     
    На Maya3112, Umbrella22, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Трета смена на Фемина нека дигнат рака!
    Слабоо слабоо.. :(
     
    На psychic, eliesaab, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.741
    Пол:
    Женски
    ...Викенд, повторно дома .. периодов не се случија нешто којзнае какви работи, се едно исто.
    Туку заборавив да кажам дека отсега натаму сум друга личност :) Порано ќе ми кажаа нешто, и поради недостаток на самодоверба многупати ја наведнував главата и дозволував да ги преминат границите без притоа да кажам нешто :^) Честопати сум била повредувана, едноставно сум се чуствувала како отфрлена... :| :| Во тие моменти многу тешко ми беше,никој не можеше да ме разбере. . . Постојано сум се грижела што ќе кажат другите, притоа угодувајќи им во се‘ за да не се налутат |(
    Но, конечно сфатив дека своето јас секогаш го ставам на последно место, па решив дека е време за промена.И тоа доста голема промена.Повеќе не се замарам што зборуваат другите едноставно не сакам да бидам во нивна сенка, бидејќи тоа ме гуши.Без разлика колку и да ми е тешко успевам некако да пронајдам сили и да се издигнам над проблемите. А и некако подобро се чуствувам, исфрлувајќи ги сите негативни луѓе ;) иако не сум го пребродела целосно недостатокот на самодоверба, но се трудам колку што можам повеќе да го исфрлам. само ми фали една вистинска пријателка, кој ќе ми каже - не грижи се, јас сум тука со тебе,, е тоа уште подобро ќе влијае врз мене, но за жал денес нема такви, а и да има тешко се наоѓаат. Инаку што би можела да посакам уште ? Да имам ... (туку ќе се смеете на ова-др. пат, имам уште мноогу за кажување :wasntme: )

    Ова како така подолг пост :tmi:
    Добра ноќ :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • femina.jpg
      femina.jpg
      Големина на фајлот:
      12 KB
      Прегледи:
      423
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Факт е дека треба да ја согледуваме реалноста, кои сме, што сме.
    Да се стремиме кон подобро, да дадеме се од себе за самите нас. :!:
    Од секогаш сметам дека треба да се цениме, но не и да се преценуваме.... Ме загрижува фактот што многу девојки имаат премногу барања за нивниот потенцијален партнер, а не почнуваат од нив.
    Знаеш она кога некоја ќе ти рече, сакам да е ваков и ваков, ќе наброе многу нешта вклучувајќи и богатство.
    Епа нема драга! Не постои господинот Совршен, треба да го прифатиш онаков каков што е, да го засакаш со сите негови маани и добри карактеристики. И не пребарувај зашто ни ти не си подобра!

    Ама најмногу од се ме вадат од такт материјалистки кои од далеку се познаваат, кроз муабет ќе ги сетиш, ама далеку од тоа дека ќе си признаат. На една и реков в лице зашто стварно ме напна. :puke:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Се трудам да си го средам хаосот во глава, не знаете колку се трудам.

    Неделава ја опишувам со еден збор како најголемиот куп посрани работи што се случиле истовремено. Случката некна беше само еден поттик за повторно како лавина да се срушат на мене сите работи. Тродупло поголеми, тродупло посилни, тродупло поболни. Да се борам за воздух некаде од под снегот, додека мразот ти навлегува во ноздрите, те лади, ти го збунува мозокот, ти го лади срцето, те кине во душата. Не можам да престанам да мислам на еден цитат - ако мислиш дека си ја губиш душата, и си свесен за тоа, тогаш во тебе има уште некој дел останато, останат да го изгубиш.

    Мозокот ми работи на принцип на пинг-понг. Ама има разлика, мојот пинг-понг не е убав. Деструктивен е. Мисли на минатото, мисли на иднината, се плаши, топчето фрчи лево, бам, назад, боли, бегај напред, бам, страв од тоа што иде, повторно назад, и повторно напред и така до бесконечност. Додека не се уморам самата себеси, додека не се повредам толку многу, толку силно, што почнувам да плачам. Плачам како некое мало, повредено животинче, толку болка ми излива, а уште не знам од каде. Ситници ме повредуваат и ме сечат како нож, станувам зависна од луѓе и места, се држам за нив како давеник за сламка. И не дај Боже да ми направат нешто, несоодветно, неубаво, ми гори во градите... Толку ли беше од мојата цврстина, зарем секој така ќе ме повредува, разочарува, до кога толку ќе ме болат глупости?

    Секоја можна одлука која сум ја донела или планирав да ја донесам, ја преиспитувам, ја премерувам, не сум сигурна што е право а што е криво. Нетипично, кукавично однесување од мене. Одговори кратки и збунувачки, содржани од два збора - НЕ ЗНАМ.

    Не знам дали сум на вистинскиот факултет.
    Не знам дали сум со вистинскиот човек.
    Не знам дали ќе одам некаде летово.
    Не знам што правам во животов.
    Не знам што би работела.
    Не знам дали сум среќна.
    Не знам дали имам вистински луѓе околу мене.
    Не знам каде се гледам во иднина.
    Не знам кој бутур ми е.
    Не знам кој ќе ми го влепи судбоносниот шамар за да дознаам некои работи.

    Ништо не знам. Бедно е да не знаеш ништо за тебе, да постоиш како тело, а душата и мозокот да ти се некаде. Каде - не знам. И бедно е да ги повредуваш тие најблиските околу тебе со твоето не знам. Која бев, која станав, каде се изгубив, поим немам. Ама знаете, престанав да барам одговор на тие прашања. Само пинг-понг имам во глава од нив.

    Реалноста е таа, дека најверојатно, прилично сум добра во тоа што го учам, дека имам сјајна иднина пред мене, човек кој е спремен да ми даде дел од душата кога јас веќе ја губам мојата, прекрасни пријатели кои ме поддржуваат и ме бодрат, семејство кое се гордее со мене, разум кој нема туку-така лесно да го загубам, и најверојатно, ќе се смеам за овие ужасни месеци по неколку години. Наместо небото да ми е граница, јас си се закопувам во земја. Будало, будало девојче.


    Шала на страна, за првпат гледам некоја трошка надеж во целава ситуација. Ме пецка тоа што е малку надвор од мојот лимит, ама додека можам, ќе се трудам, од точкичка да стане светлина и еднаш засекогаш да се мавнам од не-знам-како-да-ја-наречам ситуација, состојба, криза.

    Абе да не дојде време мозок да имаш, за глупости мислење ќе го користиш. |(
     
    На senza.parole, anggell, Divinebutterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Господе боже, Исусе Христе, преслатка Маријо, Алах и Мухамед, кабали, харекришна, јеховини сведоци, универзуме, масони, Церн!!!
    ЛЕ-ЛЕ КОЛКУ ГО САКААААААААААААААААААААААААМ! ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕНЦЕ!
    Морав да се издишам вака зошто нема да заспијам инаку!
    Нема,нема, па... ај оди спиј сега!
     
    На Neytiri, anuskaNESTLE, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК убаво прославивме вчера. Сите така собрани го прославивме именденот.. :)
    Ретко кога вака се собираме сите заедно, најблиските расположени, насмеани.
    Ги сакам ваквите денови, иако некогаш се бунам како за се највеќе јас сум се трудела, сепак убаво е тоа да придонесеш да им помогнеш и да им олесниш на оние кои се окулу тебе.

    И така денес работно, па утре се надевам дека ке се одморам малку на чист и свеж воздух.
    Преку глава ми е од градскиов метеж, и од нечистиов воздух. Среќа имам прекрасно село, скриено во прекрасна природа, па најчесто кога сакам да ги наполнам батериите одам таму. 8)

    А сега да се фатам за работа и во меѓувреме да го испијам утринското нес кафе. :)

    Убав ден!
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Вчера возејки се во автобус полн до максимум доживеав нешто што ме изнервира.И после сум имала бела коса .Е ќе имам кога за глупости се потресувам.Значи следи опис на ситуацијата.

    Седам до прозор и само седиштето до мене е празно,инаку 4-те седишта се свртени едни кон други...седам до прозорецот си ги вежбам мозочниве вијуги со судоку.Влегува татко со дете од околу 5-6 години седнува до мене и му вели да му седне во скут зашто нема каде да седне.Тоа почнува да квицка ,не сака,сака да седи саааааааааааамммм...татко му еве седи тој станува да стои....а мене веќе почнува да ми расте притисокот....не сакааааааам да седам туууууука,сааааакааам до прозорецот [​IMG]...ама сине нема место.......имаааааа,нека стане теткавааааа...
    -МООООООЛАААААААМ????!!!!!!!!!![​IMG]
    Го гледам молешливиот поглед на татко му...
    Чувствувам почнуваат да ме чешаат дланкиве...[​IMG]
    Во тој момент една друга жена што седи карши мене,станува и го повикува детето-Дојди душо (душо???),седни до прозорецот пушти ја тетката,неа и е поважно да својот газ го смести отколку да му направи кеф на дете,ќе ја прашаме дали така ќе прави кога ќе има свои деца ....(ова си го сфатив како комплимент [​IMG])
    Молчам цело време а во мене тензијата расте,детето седнува на местото карши мене ,жената до мене,таткото стои..и сега разгаленово ,почнува да скока по седиштето,некако се со намера да ме поткачи со нозете..и му упатив таков поглед кој кај него предизвика моментално плачење.Се прашувам во каков човек ќе порасне ова суштество.Најверојатно во тиран,ќе почне со матретирање на родителите,па девојките ,па сопругата...
    Не поднесувам хистерични деца па и од под срцево нека се излезени!
     
    На lana.del-rey, Neytiri, Trnche и 40 други им се допаѓа ова.
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Во моментот кога човек ќе почне да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој станува болен. ;(
     
  14. EmpressA

    EmpressA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум нова на форумот и ми е мило што ќе бидам дел од вашата заедница ;)
     
    На hermosa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Убаво некои рекле дека постојат пријатели за една сезона, пријатели од корист и пријатели за цел живот.

    Јас се частам кафе денес и добар муабет со овие за цел живот.
     

    Прикачени фајлови:

  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Косата почнува да ми се дига кога секојдневно налетувам на квази интелектуалци кои ти солат памет за морални вредности во животот а тие самите се заостанати векови наназад.
    Сметаат дека мерило за коефициентот на интелигенцијата им е едвај завршениот факултет.
    Хомофоби, патријахално воспитани, полни со предрасуди за се е секој околу нив. Омилена емисија им е Прељубници, омилено домашно шоу Звезде Гранда, а омилена тема за зборување им се неуспесите на другите луѓе.
    Ма гоните се бре!
     
    На Hipster, hermosa, Umbrella22 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ау људи.А-у.

    Неможам да ви го опишам тоа чувство,цело друштво собрано,појачало и live концерт на Металика пуштен.
    Не си го осеќам вратот,жими се.
    Како и да е,синоќа беше преубава вечер. ^_^
    А за денес,допрва ќе видиме.

    Имајте убав ден :hug:
     
  18. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Колку ми е мерак да ги слушам мајка ми и татко ми како ми раскажуваат за нивните другари од детството со кои и ден денес се дружат. :sun:
    Утрово со тато станавме рано, ги местевме креветите. Почна да ми раскажува како ги местеле креветите во војска, затоа се чудам јас зошто тој е толку уреден секогаш. :D Ми зборуваше и за неговите другари со кои многу се дружел, па мама се приклучи во разговор. Почна и таа да раскажува, има една другарка која живее во Австрија, секое лето кога ќе дојде во Македонија, прво кој бара е мајка ми, секогаш си помагале, утешувале, тоа ти се вика вистинско пријателство! Почнав да им љубоморам. (се шалам) :D
    Криво ми е што денес ретко се среќаваат такви вистински пријатели, немаш со кого еден муабет да направиш, а кажеш „само немој ова на никој да си кажал..“ сметај дека веќе цела населба дознала за тоа!
    Не велам дека нема вистински пријатели, само ретко кој ги има. :| Затоа гледајте да си ги зачувате вашите пријателства, не дозволувајте некоја ситница да го расипе тоа. :!:

    Имајте убав ден. :hai: :D
     
    На Dog-lover, Ketrin.Moon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Добро утро :D
    Највеќе, значи највеќе се нервирам кога ќе станам сабајле, а главата веќе ме боли :fubar: . Како и да е, убав ден. Одам да се туширам, уште по сабајле и да уживам цел ден :rofl: . Тешко на телевизорот.

    Убав ден феминки :*
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Нешто што најмногу мразам се личности кои не си ги признаваат своите грешки и вината ја префрлаат на други. И вие сте луѓе и вие грешите, аман пораснете.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.