[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    СДК - Феминки ви посакувам да имате убав ден ситееееее искористете го сонцето денеска и уживајте !
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Иако недела,денес денов супер ми почна.
    Се разбудив рано,ама наспана.Синоќа толку се расположив што со самото станување од кревет,набрзинка се средив,си ја средив собата,и веднаш се фрлив на пребарување,за некој добар рецепт за `ржено лебче.Сакав малце да експериментирам,да не биде секој пат истиот.
    И еве,го замесив,стаса,се испече и веќе е дегустиран!Зачинет со позитивни критики. :D Јас велам,овој може десерт да ми биде. :D :D
    Го оставив во тавчето,го покрив,и дојдов да ви се пофалам. :lol:
    Во меѓувреме си учам,раскренав и по другиве простории по нешто,си ги припремив намирниците за ручекот (пак главен готвач сум :lol: ) и така.
    Туку,да ве поканам јас да го пробате,и се фрлам пак на учење.


    *
    Инаку,многу многу ги сакам братучедите и внукичката.6 саати им бев на гости,топ си поминав. :D :rofl:

    [​IMG]
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Да ви се претставам, јас сум најголемиот резил!!!
    Не ми е јасно како можам да бидам волку глупа и ретардирана. Ама озбилно.
    Ама убедена бев оти се вика Димитар. И си викам ај да му честитам со задоцнение, многу е згоден мајке му. И погодете што, не му било надимак, вистинско име му било. Е многу си се резилам понекогаш, ич не ми е лесно. Ама другарка ми ме убеди и натера, она е крива :!: Е сите ќе ми бидат после криви. Ама не, не сум нормална. Зошто морам постојано да се глупирам? Мојот живот е една огромна глупост.
    Ама знаете, во секое лошо по едно добро. Барем ќе развртиме по некој муабет, може и ќе се зближиме повеќе :wasntme:
     
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Morning? :lol:
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Секоја промена во животот е убава.
    не плашете се да направете промена затоа што сигурно ке е подобро од порано
     
    На richgirl998 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Можеби и не е секоја убава,но си носи своја порака. ;)
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755

    сепак на некој начин е убаво
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Испиено ирско кафе на кулпа на рекорд,чекајќи 57-ца ,топлината,единствено доаѓаше од хартиената чашка ,и тогаш сфаќам дека сакав да имам зелени очи,наспроти темните очи со една од нијансите на ноќта ,во мене тлее некоја празнина,чувство на недостаток.Измешана љубопитност и смелост.Доза на страв,со нетрпеливост.Фантазија ,и не ми треба тогаш, низ улиците ќе сретнеш луѓе кои напишале добри приказни.Доволно е само да ги набљудуваш, во секој се крие нешто единствено.
    Наоѓам бескрајна мир во бучноста на возилата,автобусите,минувачите.
    Ја наоѓам својата тишина онаму каде што не постои.Тишина која останува.Која зборува сама за себе.
     
    На Thallia, kala21, Libera и 16 други им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И пак не спиев цела вечер.
    Всушност,само некои 20 минути.И тие 20 минути-кошмари.Сон,но сепак толку реален.Што ли се случува?

    ..Неможам да чекам веќе.Губам трпение.Се навикнувам и вака сама.Всушност,ти никогаш не беше тука...

    http://www.youtube.com/watch?v=OFNZafFGnAo


    Проклета нека е песнава.И сите солзи пролеани на неа.И ти заедно со нив.
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Безлични глаголски фомри се форми кои искажуваат природни појави и душевни состојби.
    Пр.
    Ми се плаче.
    Е па, да! Навистина ми се плаче...
    А зш?
    Не знам.
     
  11. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Ајде на учење девојки, недела е :D
    Нема што друго да се прави :P
    Не шала на страна, убав ден е ова, па штета е да се помине дома бе.
    ШТЕТА :D
    Јас ќе одам малце да прошетам, убаво да си поминам :D
    Бидете ми поздравени :*
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Абре девојче ми ги подобруваш деновите со твоите постови. Толку смирение и спокојство има во нив... Имаш некоја единственост во твоето пишување. Тоа се нарекува дарба, а не секој ја поседува.
    Си размислила да напишеш нешто свое за сите да можат да го прочитаат и уживаат во него? :)
     
    На kala21, Mishela, Libera и 10 други им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.741
    Допаѓања:
    24.383
    Пол:
    Женски
    Ако денот навистина се познава по утрото, тогаш да не се надевам многу.
    Се помалку се разбирам во последно време со него, и колку и да се трудам да ја подобрам ситуацијата, некако не оди. Не е доволна само желбата од моја страна. Ама доволно ме разочара во рок од три дена. Добро ми наплати за цело време што сме заедно ;)

    Барем можам да се тешам со топли кифлички и пита со јаболка од мајка ми. Бујрум! :)
     
    На ana-girl и richgirl998 им се допаѓа ова.
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Ух,само каква прилика ми се укажа... овој пат нема да бидам фина :D
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Монотонија.
    Некогаш за утеха – добра е.
    Всушност, најдобро го слуша слухот.
    Во тишината.
    Зар би и` пречел некој?
    Кој, кога сите бегаат од неа?!
    Така е кога сите си заминат..тогаш настапува тишината.

    Луѓе сме! Уф, гадна нација.
    Ништо не знаеме, а таа се` ни кажува.
    Време, место или што ми треба? Се` ни фали!
    Како може сите параноично да се отфрлаат од неа?
    Па знаете, тоа баш и не е чудно за ова секојдневие.
    Се бега од тоа нешто што е свое.

    Но, пак од друга страна..се гушиме во оваа нема монотонија.
    Изразена во 4 ѕида и ЦЕЛ свет.
    Како може толку преполн ЦЕЛИОТ свет всушност.. ништо да нема?
    Животот е кроен така, да се мешаат чадот и прашината.
    Па зар до толку се` да е празно..дури како параноично..

    Ова баш и нема смисла.
     
    На QueenElena, eliesaab, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Прочитав една статија за учениците што првично изгледа дека е за :clap: но од друга страна па и не ми се допаѓа.
    Оценките на децата од утре на СМС кај родителите Родителите и старателите кои во училиштата оставиле контакт телефон, од утре ќе имаат можност, еднаш неделно на својот мобилен телефон да добиваат бесплатна СМС порака со информации за тековните активности, оценки и поведение на нивните деца, информираше денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
    Оваа услуга, вели тој, е овозможена благодарение на напредниот систем на електронскиот дневник, дел од владиниот проектот „Информиран родител“.
    - СМС услугата ќе се реализира преку трите мобилни оператори во земјата кои беа вклучени во тест-периодот. Се активира по желба на родителот којшто ги оставил основните податоци кај класниот раководител на паралелката каде што учи неговото дете, а кои се внесуваат во системот на електронскиот дневник – рече Ристовски.
    Оние родители кои досега не оставиле контакт телефон, можат да го сторат тоа во било кое време, додека, за родителите кои не сакаат да добиваат СМС пораки како неделен извештај, постои опција истите информации да ги добиваат на нивната електронска пошта.
    Во ред е да бидат информирани родителите за текот на школувањето на нивното дете ,и сите пропратни работи но ова некако е испрезентирано како (закана - предупредување :tmi: ) што влева непотребен страв кај сите ученици бидејки е новост ....
    Сметам дека треба да се започне реформа за целосна промена на образовниот систем но од почеток а не од опашката .За почит е давањето на компјутер на секој ученик,интернет во школите, но програмите и материјалот се во голем хаос.Сеуште мислам дека се изучуваат работи што се според мене неважни или тотално раширени и небитни ... За да се постигне квалитетен кадар за факултет и работници мора да се тргне политиката и интересите од образованието .
     
    На QueenElena, mimiiiii, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ах бе Спиро Ристовски, на колку ученичиња им го уништи животот :D
     
    На prettyliar, Hipica и sever123 им се допаѓа ова.
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Јас сум крива, знам и признав, но поради твоето однесување се случи што се случи.
    Го слушав него , дволичен тип кој ми ја полнеше главата против тебе, а кога се случи проблемот го гледам на твоја страна застанал. Лош човек кој само вмеша прсти во ситуацијата и дополнително ја влоши.

    Денот каша попара.
    Опис - Никаков ден.
    Полно обрвски , два состави за пишување , несредена соба, несредени мисли, студена и сива , тмурна и тажна Недела. И расположението е на ниско ниво.
    Желбата за јадење колку од тука до месечина и назад пешки, желбата за учење минимална, за чистење тотално изгубена некаде...во неповрат како и секогаш.
    Тажна сум како денот. Само тивки музики ме дружат и многу кафе и нормално овошје за извоз без кое јас не била јас. Од овошје живеам.

    Следува фамилијарен неделен ручек и серија учење и вежбање, топол туш и ке бидам во исчекување на еден важен телефонски повик кој се надевам од се срце дека ке се случи до вечер.Се надевам и на средба..Темолам. ;(
    Имајте убав ден. :*
     
    На Dog-lover и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  19. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Материално неможиш да ме купиш мила, пораснав веке, не сум мала :)
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Доаѓам до поглавјето дека она -... научи го да лови риба, никогаш нема да биде гладен е жива глупост.
    Си ветувам себе си дека никогаш повеќе нема да се обидам да помогнам никому за ништо,особено да сослушам дури и кога тешко ми е за себе си да постојам.
    Зошто на тие што ќе им ги отвориш очите и на кои ќе си го потрошиш времето никогаш нема да бидат благодарни, никогаш нема да бидат чесни пред тебе, туку дури и самите ќе се убедат дека самите си се заслужни и никој друг, а вода во очи немале и никогаш нема да ти возвратат ако биде потребно или да се навратат и да ти отворат очи и тебе ако ти е потребно или да те заштитат онаму каде што треба. Со чест на исклучоците кои знаат да вратат со иста мера, кои знаат да споделат се она кое сметаат дека треба.
    Од мизерен створ си створил човек, ни родителите каков што не ни планирале и сега ти се прави муда од лабуда со некоја надменост во себе. Море губи се!
    Абе ти ќе ги научиш како да ловат риба, ама не знаат дека не секоја риба пеца на ист мамец и има такви кои не се јадат... не ни се дошло до тоа поглавје, ама ако, зошто мислат дека знаат се, нека.
     
    На ljubam, bittersweet, Rubiii и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.