[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам Русин.
    Да ми ѕенѕа на тапан и бас.
    Aх што би му правела.
     
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    премногу сум среќна што денес ги купив новогодишните подароци,посебно за мојата драга пријателка,нема појма но мислам дека многу ќе се израдува,тоа е нешто што и е омилено :D ;)
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ако ја заокружам 2011 можам да кажам дека и покрај неколку падови што ми се случија сепак беше убава година за мене. Убаво ми почна, а и убаво ќе ја завршам бога ми.
    Епа имав неколку разочарување, кој ги немаше, но се е убаво кога убаво ќе се сврши. :D
    Среќата и да кажам кармата повторно беа на моја страна и ми вратија многу повеќе одколку што ми земаа. Или пак подобро ќе биде ако кажам - „Што си заслужив тоа си добив, + малку повеќе„ -> ајде нека биде вака поубаво звучи.
    Запознав многу нови луѓе, замразив неколку луѓе, љубовта ми раскина и ме разочара, имав преубав одмор, запознав феноменален дечко, се лапав со него, ми се врати бившиот на колена, му дадов шанса да се поправи, па се покајав, па пак продолжив, па се сопнав, па сега со ништо не се замарам.
    Фина беше 2011, многу подобра од претходниве.
    Останува да видиме што ќе донесе новава година.
    Што и да е ќе го доживееме, но се додека сами си го одбираме патот, се додека околу нас луѓето кои ги сакаме, се додека го правиме она што не прави среќни и гледаме да го извлечеме најубавото од денот не се сомневам дека и оваа година ќе ни биде многу среќна.

    Вас феминки ми преостанува да ви посакам само здравје во новава година, другите работи јас нема да ви ги посакам ами ќе си ги посакате и ќе се потрудите да си ги исполните. Не се замарајте со непотребни ликови и нешта и фокусирајте се на вашата листа со желби и планови за новата година.
    Останете ми во добро расположение и имајте волшебна новогодишна ноќ.
    Јас ќе се одлогирам на неколку дена.
    Среќни празници!!! :*
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Strumfeta93, Nymeria и 10 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Најмногу болат шамарите што си ги удираме сами на себе ...
     
    На AnaKarenina, Strumfeta93, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Се плашам од предизвиците на кои може да ме постави животот...
    Самата помисла на тоа, ме остава без сон.
    Два пати легнувам како божем ќе заспијам, само се превртувам во креветот со милион мисли во глава, ме облева врела пот и пак станувам и се закачувам на пц.
    Не знам што ми е :( . Не ли пораснав веќе за вака да се однесувам и само некоја веројатност дека може да се случи нешто (и тоа со поголема веројатност позитивно) да ме вади од кожа?
    Промени, ах промени...
    Сега гледам колку не ги сакам.
     
  6. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    И тогаш... мрморецот ја виткаше чоколадата во фолија ;)
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Само шо го изгледав Perfect Sense и се осеќам најпореметено до сега - и психички и физички... О.о
    Не знам вас како ви влијаеше, ама мене ме обзеде тага и оглувев. :|
     
  8. Nyan-Cat

    Nyan-Cat Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    12
    Животот е убав!
    -Просекот на училиште ми е 4.7 :rock:
    -Дома под елката ме чекаше пакетче.(многу ги сакам моите во вакви моменти:D)
    -Празници се ближат..требаат уште причини?
    Се надевам дека 2012 ќе е двојно поубава,скромна сум..тројно ќе е поубава :lol:
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.834
    Допаѓања:
    122.737
    Пол:
    Женски
    СДК дека вчера имав ептен убав ден. Си доаѓам дома од работа, и уште не влезена на врата некој ми звони. Отварам, еден дечко ми вели дали сте вие Нена ...., велам јас сум, и ми вели пак тој имам пакет за вас. Прво мислев дека е грешка. Па кој би ми праќал пакет мене? Кога гледам јазик од друга земја, и внатре најубавиот поклон на сите времиња. Со прекрасна посвета и тоа од личност за која сум мислела дека ме заборавил. :inlove: :inlove: :inlove: Убав крај на една тешка година. Се надевам навестува подобра 2012.
     
    На ana-banana, Hopeful, Bright и 9 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    незнаев каде па решив да го споделам со вас драги феминки
    се случува за прв пат до сега(откако знам за себе)
    веке 2 месеци и 7 дена се забавувам со дечко (кој во последно време кутричок се обидува се да ми оди по кеиф, откако му укажав на грешките) врската не ни е совршена(таква не постои)за сега добро оди, има разбирање, почит,љубов, искрен разговор, многу ми значи во животот, ми е нешто посебно(знам дека и јас сум му на него) ама пред некој месец се најдовме на ф.б. со поранешен колега од факс(инаку не е од наша националност, ниту вера) и почнавме да се допишуваме-кој кого додаде за пријател, не се ни секавам на ф.б.ах тој ф.б. :lol: заглавил со предметот на поранешната ни деканка, и кога му кажав дека одиме заедно на медитација, и пракаше поздрави(демек ја почитува, лизни мазни) и дали може да ја додаде на ф.б. за пријател, и кажав јас, таа ми рече ок, ама не отвара многу ф.б. и дека многу луге би сакале да се пријатели со неа, и дека ке оди 9 месеци во Англија да ја припреми нејзината магистерска теза.И така колегава, ме канеше на кафе еднаш-го одбив, уште еднаш го одбив, за на крај си викам ај бе колега ми беше нема да има храброст,а ми пишуваше дека ме памети како добра, фина, мила, а вака убав, згоден, како што гледам и богат е (на сликите од ф.б.), и ми остави број, и му пишав дека кога ке имам време ке му пишам да одиме на кафе
    и се договоривме во Средата да се чуеме, ама не ми се јави(а на ф.б. пишува дека сум во врска, и го свакам како му е ) а изминатиов викенд два дена само неговиот лик ми беше во паметов(тоа не можам да го објаснам, и вчера му пишав дека го свакам што конкретно мисли за мене(убава, атрактивна), ама наместо да ме лаже, нека ми каже отворено, ми се јави, и мегу другото му кажав дека сум во врска 2 месеци и нешто, и не сакам да го изневерам типов(уште на почетокот ми кажа дека изневерување не простува), и да ви кажам дека нешто во градите ке ми излезе кога ми се јавува тој, а за другиов нормална појава е слушање, гледање :wasntme:ама кога ми кажа ми се свигаш и името, мислам дека цела нок ми одзвонуваа неговите зборови во моите уши :lol: а ретко се појавуваше на факс, ни професорите не знаеја каде е , и имавме заеднички ментор на факс (реагираше нормално, а сега призна дека му се допагам) како што ми кажа дека тој период имал други проблеми, не ми обрнал многу внимание, што му текна па сега :?: размислував многу, и предизвик е голем, и на крај решив дека ке си останам со кој сум до сега, оти ако дозволам да се вмеша вториов има ПЕКОЛ да настане, и на крај јас ке ги трпам последиците, и решив да му го избришам бројот од мобилен, на ф.б. ретко се вклучува знаете ДАЛЕКУ од Очи, далеку од СРЦЕ (навистина типов не заслужува да носи рогови , затоа што на неговата девојка и текнало да се плетка со некој си поранешен колега :)

    ми олесни што пишав, некако тежина ми претставуваше, незнам зошто
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    -Not sure if i want to live on this planet anymore |(
     
    На Offspring, srcekrsacka, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Same here. 8)

    Како и да е oваа новооткриената Kepler 22b ни стои на располагање. :)
     
  13. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    СДК- во 10 одам на фризер,тргнувам за Скопје и вечер во 20ч патувам за Црна Гора.
    Ви посакувам на сите убаво да си поминете за Нова Година да сте весели здрави и срекни.
    Ве оставам во добро расположение и кога ке се вратам ке ви пишувам за впечатоците и како сум си поминала.
    Ве сакам и секое добро.
    Поздрав. :hai:
    :) ;) :inlove: :*
     
    На srcekrsacka и girl.23 им се допаѓа ова.
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Студот под дуксер ми се пикна.
    Старчено ми иде да го задавам во секој момент. Стојам на ставот дека можам и требаше бар да ме ислуша. Еднаш ја имам направено таа грешка, но се надевав дека ќе ми даде барем една шанса. Самиот гледаше дека се трудам. Не сум задоволна од резултатот. НЕ Е МОЈ!
    Потребни ми беа или барем еден од нив. Ќе им вратев за сите ноќи непроспиени!
     
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ме фати предпразнична депресија.Денес не сум добро друштво.Иста сум како гранките на накострешените дрвца.Ладна сум и пуста.И безброј иглички боцкаат во мојава душа.Никој не ме налути,едноставно можеби премногу очекував.
    Уф,сега би сакала само топло ќебенце,чајче и добар филм.
    Се би дала за малку предпразнична еуфорија................
    Извинете ако ви го расипав расположението со постов,ама морав некаде да се олеснам.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ете! Убави изненадувања, сепак се случуваат! ^_^

    И токму за ова тргнав да зборувам. Утринава ме изненади преубав мејл од човек кој нема обичај да ми пишува често, речиси никогаш, а го сметам сепак за блиска особа во животов. Но ете, разбрал што се случува и решил да ми пише. Зборовите кои беа напишани ми влејаа толкава надеж и толку многу ми значат, што не знам дали со едно благодарам ќе можам да му објаснам колку ми е драго што ми го напишал она што ми го пишал. Жими све - сонце ми светна над главчево! Нареден пат ќе го изгушкам како никогаш и на другарка ми уште еднаш ќе и честитам што се заедно со оваа прекрасна личност. И ќе им речам нека си се чуваат, затоа што вакви луѓе се најубавото украсно, ретко камче во светот полн со кичесто злато и сељачки кристали.

    И ми светна! По не знам кој пат. Дека честопати знаат да не изненадат со својата поддршка и убав збор луѓе, од кои истата најмалку ја очекуваме. Не дека се апатични безкичмењаци, далеку од тоа. Но, не сме навикнати да добиваме од нив тапшање кога иако си мислиме дека сме Атлас и можеме цел свет да го држиме на плеќа, и тоа како знае и може да не погали и да ни шепне - дека не сме сами, и не сме единствени. И тогаш човек се чуствува посилен.
    Можеме сами, но не можеме против сите. Можеме да одмориме од сите, но не можеме на подолго време да ги отфрлиме од животот. Можеме да зготвиме јадење сами, но дегустирање во друштво со љубените е секогаш послатко.

    2011 ме направи за нешто поискусна. Ми подари грст неповторливи моменти кои секогаш ќе ги памтам. Размислував и сконтав дека во секој месец ќе најдам минимум една работа вредна за да биде најубав спомен. Не беше можеби пресвртна во традиционална смисла на зборот. Или да бидам појасна, нит се омажив, ниту станав мајка, ниту купив куќа во Манила ниту пак ги добив клучевите од моето ново БиЕмДаблЈу, ха! :D
    Јок!
    Ама ми подари луѓе и можност да сум покрај нив. Битен фактор за убав живот. Ми рече - ене, ги гледаш ли оние онаму колку те сакаат? Како знаат да се покрај тебе? Чувај си ги како зеница во окцето, биди покрај нив, затоа што без добри луѓе во животот, се друго е залудно. Можеш да имаш се, но истовремено да немаш ништо ако тоа се не можеш да го споделиш со некој. Да му се радуваш заедно со некој. Да се искараш заради тоа со некој ако е потребно. Се, може лесно да стане ништо. Но луѓе кои вредат да се твои пријатели, блиски, ќе речам и роднини - ама тие човек не ги бира :lol: , можат да ти го дадат целиот свет на дланка, ако им ја пружиш ти својата.

    Не сакам да мислам на неубавите работи кои ми се случија и малку ми го загорчија погледот кон иднината при самиот крај на оваа година. Одам со полна пареа напред. Тешки времиња, нема да се чувам од вас - вие чувајте се од мене, затоа што нема да ви дозволам да ме натерате да клекнам. А и да клекнам, пак ќе станам. Молскавично!

    Дечки, чувајте се. Чувајте си го здравјето, затоа што без него сме безмоќни. Шо би рекла внука ми, јадете витаминЧе (место витамин Це) :lol:
    Љубете, за да бидете љубени.
    Гушнете, за да ве гушнат.
    Дадете бонбонче, за да добиете торта.
    Ако имате вишок, подарете. И да не ви е вишок, жртвувајте ако знаете дека со тоа ќе помогнете.
    Ако денес/утре не ве викнат никаде, направете журка вие и викнете гости. Веднаш ќе ве облее топлина.
    Бидете гората која тргнала кај Мухамед. Не чекајте.
    Не очекувајте, затоа што нема да добиете.
    Бидете мудри, учете од грешките на другите за да не мора самите да дозволите да ги сторите.
    И стопирајте бре тоа негативата и хејтеризмот. Ако уопште ги има. Краток е животот за да го поминеме во мрчење и мудрување.

    Крај краева, не мора да правите ништо од ова што ви кажав. Ваш живот, ваш избор. Само бидете ми здрави и среќни, и правете работи со кои еден ден ќе се гордеете и ќе се чуствувате за степен почовек и посуштество отколку што сте биле вчера. Живејте денес, како да нема утре.
    А јас ви посакувам 2012 да ви донесе поволно ветре за пријатна пловидба на бродот наречен - живот!

    Зграпчете го денот, а богами и ноќта. Среќна Нова 2012!

    Они мене крај на светот, море мрш! :D
     
    На PrinceOfPersia, Massimo, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  17. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    СДК го направив украсот со портокалот за Нова Година ! Само сите свеќи дома се стопиле па ке треба да купам ...
     
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    На WinnieThePooh, starbucks, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    СДК...Јас сум ново дете тука... :?:
     
    На Neytiri, Annath и Ariel им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    СДК дека се заљубив уште повеќе во момчето ми :D
     
    На WinnieThePooh и xxAngelxx им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.