[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    У ова Скопјево човек културен не може да биде со секој и да сака. Не разбирам зошто толку гнев кон тие што доаѓаат од провинција? Никој не ви го зема Скопјето. Секој дошол иднината да си ја обезбеди, да се школува, да работи. И од Прибилци да дојде, и овци да пасел цел живот, работел, се мачел да може да се школува. Не знам како ве воспитуваат дома така недоделкани да сте? Со толку замутавени размислувања. Сакајте си го Скопје, сите го сакаат Скопје на свој начин, не дека Скопје нема добри луѓе, ама зошто такво однесување? Шо демек во другите општини во Македонија, или во помалите села криви се што не се од тука па сакаат и они да се школуваат, да си работат, убав живот да си имаат? Далеку сте од америчкиот сон. Не знам, јас немам сретнато човек дојден од провинција во Скопје што дошол тука да ги засени Скопјанките. Не ме сфаќајте погрешно, не зборувам за да обвинам некого или за да се нафрлам на Скопјани како жители или на Скопје како град, далеку од тоа. Пак ќе прашам, зошто? Демек тука дојдени сме да импресионираме некого. Жално е и срамно, академски граѓани на Република Македонија како недоносени во тоа паметот. Во светов бе какви проблеми има, низ какви страдања минат луѓето, патуваат, се селат од едно место на друго, се родиле во Лондон а живеат во Аљаска, па таму у Аљаска не им викаат: - Еј, сељак од Лондон си дошол, ние сме од Аљаска, момите немој да си се обидел да ни ги засениш ти од Лондон си дојден, од саат кулата поубав споменик не си видел.Смирете ги тоа страстите. Кај сакаме ќе одиме, кај сакаме ќе си го бараме местото под сонцето. И за вас исто важи.Никој не ве врзал, и Скопје не ви дава орден ако ги етикетирате провинцијалците.
    Не дека ви се правдам, ама од култура ова, да знаете само. Мојот дом е цел свет и сите се гости во мојот дом. Чаопријатно.

    А, и за америчкиот сон муабетот..далеку сте, ама кога ќе стигнете, и за тоа ќе правиме муабет, и тоа не е убаво.
     
    На Trnche, eliesaab, MandyLane и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.551
    Допаѓања:
    184.545
    Пол:
    Женски
    Ме нервираат луѓе шо зборат бавно, ама оние што така ги издолжуваат зборчињата при што им треба една недела за да склопат една реченица, а ти таква се напрегаш да претпоставиш што следно иде да биде кажано зошто тоа слоу темпо може да те успие сваки моменат, а тоа е некултурно. Посебно ме нервира кога при издолжувањето на зборчињата накнадно се користи доза лигавење, од кое уши може да ти прокрварат па ти иде да истрчаш до најблиската продавница да купиш палома и да и ја напикаш во уста на дотичната персона.
    Во принцип сум против секаков вид на насилство, ама пак од друга страна мајка ми дефинитивно не ме родила за да бидам дел од таа "лигава традиција" што одредени луѓе ја негуваат подобро од јас што ги негувам стапалава, а верувајте ги негувам.
    Зошто да не биде се нормално... едноставно...
    Денеска "нормалното" е преценето...
    ******

    Друго...
    Ќе праиш муабет со некој, и тој некој ќе испровоцира тема за да ти ги анализира реакциите, а за која ти реално не би зборела, но, сеедно, ти ќе се праиш дека не знаеш дека намерно е отворена истата и најкултурно ја продолжуваш дискусијата, притоа внимателно бирајќи зборови за истите да не бидат погрешно сфатени.. и се тоа за што? За на крај да ти каже дека уствари ти си напнала да збориш за тоа... и како молим ти се, да не ти дојде да му врзеш шамар јак колку неговото его??
    Зошто на крајот... се се врти околу егото....
    Еден убав сончев ден, а може и врнежлив ќе ми пукне филм, ќе им изнакажам на сите по некоја работа, ќе си ги искорнам ушиве и ќе се заветам на живот во молк жими мајка ми!
     
    На eliesaab, karenin и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Од грешките учиме нели, ама јас никако да научам една грешка да не правам сто пати :u:
     
  4. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Извини,грешка си.Да доагаат во Скопје,Скопје им дава работа,школување,а на некој и жена,ама тие плукаат по Скопје и Скопјаните.Епа како сега ние Скопјаните треба да се однесуваме?
     
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Колку вредам?
    Колку време минуваме прашувајќи се колку сме прифатени и ценети од својата околина или од одредени за нас значајни личости?Се јадосуваме себе си зошто некој не не сака или почитува доволно и бараме начини како да го придобиеме туѓото вреднување.Секако дека како противодговор на ова се јавува тврдењето дека нам никој не ни треба, дека секој сам си знае колку вреди и дека самите треба да си се цениме и сакаме.Кој е вистинскиот критериум за личната вредност, надворешната процена или личната самопроцена?
    Приказната „Вистинската вредност на прстенот“ говори за млад човек кој се чувствувал недоволно вреден и побарал помош од мудрецот.Се пожалил дека се чувствува недоволно почитуван од околината која не го ценела доволно туку го потценувала, критикувала и омаловажувала.Мудрецот рекол дека има решение за неговиот проблем, но пред тоа мора да заврши една работа.Му дал еден прстен кој требало да го продаде за еден златник, никако помалку.Човекот го понудил на пазарот на стотина трговци, но сите тие ја негирале и омаловажувале вредноста на прстенот, недавајќи повеќе од неколку сребреници.Кога младиот човек се вратил тажен заради неуспехот, мудрецот му го покажал вистинскиот пат: „Најнапред треба да ја дознаеш вистинската вредност на прстенот, а за тоа ќе отидеш кај најпознатиот златар во околината“.Момчето отишло кај стручњакот кој го проценил прстенот со вредност од 100 златници.Тоа среќно поитало кај мудрецот со убавата вест, а тогаш тој му рекол:
    „Ти си како овој прстен, вистински бисер вреден и единствен и како таков може да те процени само вистински стручњак.Зошто одиш низ животот сакајќи некој небитен да ја открие твојата вистинска вредност?“
    Според мене само личност со високи доблести, искрена, чесна и способна со високи морални вредности и интегртет на личноста може да ја прифатиме како значаен проценувач на нашата вредност...
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно знаеш дека ти поминало детството ако заспиеш во дневна на фотеља и се разбудиш на истото место склопчен! :D
    Што убаво беше порано,ке заспиеш на фотељата па мама ќе те покрие со омиленото ќебенце,ќе те остави малце да поспиеш и после ќе те префрли во твојот кревет!
    Млекце,цртанче и убав сон! Така сакам да живеам со убави спомени од детството, затоа што нема поубаво од дете и неговото детство!
     
    На Dream-Girl, Hipica, Anonymous996 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Не знаев од каде да почнам.
    Впрочем, не знаев дали имав доволно смелост да се осмелам,
    да го направам првиот чекор.
    Велат, секој почеток е тежок,
    а крајот го краси делото.

    Но, би имало ли крај без почеток?
     
    На QueenElena, eliesaab, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Абе јас малку каснам во развој изгледа. Испаѓа дека правењето наудрен железни врати отвара, покрај лицемерието.

    А најбедно и најврвна патетика е кога некој јаде трици за некого и после го гледаш со истиот на кафе, на ручек, на вечера, па чак што више и во љубов. Ама и тогаш ќе смисли алиби дека све тоа е од најдобри намери. Безрбетници!
    Ствар на принцип е! Кој си? Зошто си? Знаеш?!
     
    На Sexybaby86, anuskaNESTLE и sweet-star им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    It's just another manic Monday...
     
  10. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    СДК шо интересен понеделник си имав...
    Се будам, идам у школо, се обидувам да ги разберам наставнициве, одам дома, учам и спијам...
    Поинтересно здравје... |(
    Понекогаш помислувам сите понеделници се такви, но да не бидеме песимисти, да видиме што ќе се случи понатаму.
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    824
    Денес имав многу напорен ден на работа, од што ми беше тешко дури мислам мозоков ме боли. Ама едвај чекав да го отворам форумов и да се релаксирам :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Браво поубаво и да сакав немаше да го напишам! :clap: Во слична ситуација бев пред некој ден на неформално кафе. Всушност незнаев што да очекувам од средбата, како и да е не очекував такви лични tricky questions ама искуство за следен пат...
    Него небитно тоа... дојдов да искоментирам нешто трто. Си одам дома уморна во автобус кога над глава ми виснала некоја тетка како ја фали ќерка и колку се грижи за кучето |( Како шепите со миризливи марамици му ги бришела секој ден, како ручеци му готвела стекови со незнам ти што, како посебни играчки му купувала и ред други работи да не го слушнев зборот куче ке помислев дека за човек станува збор хаха |( :clap:.... И си викам Алоо до кај дојде народов?! Луѓе едвај сврзуваат крај со крај, а овие посебени третмани на кучињата тераат. Мислам немам ништо против нивни пари-нивна работа. Ма да овие претерувања и преувеличувања, најискрено смешни ми се. :fubar:
     
    На eliesaab, anggell и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Значи си постирате слики од секоја можна ситуација во која сте се нашле, мајките од своите дечиња како какаат, мијат заби, јадат, спијат. Девојките од секоја дестинација, комбинација па дури и интимни ствари, новиот долен веш од Викториа дрн дрн , статуси за болната разделба и сето тоа пред публиката на фејсбук и на крај ви смета што луѓето зборувале, се мешале... Вие сами ги фрлате во вашата манџа за проклет лајк на кој што за чудо сеуште не сум сфатила ни ќе сфатам како еден палец кренат нагоре има таква хипнотизирачка моќ над вас. Speechless .
     
    На SparkyAngel, eliesaab, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Како што инфорира ФЕЈСБУК
    неодамна починаа МЕСИ и АЦА ЛУКАС И многу други незнам уште кој не.Нај новата вест е дека почина ГОРАН ПАНДЕВ ( ЗА ПУСТИ ЛАЈКОВИ НИ ЈА ИЗМРЕА ЦЕЛАТА НАЦИЈА СРАМОТА И СРАМОТА И СРАМОТА !!!
    Ах да бев јас ГОРАН ПАНДЕВ ИЛИ АЦА ЛУКАС или незнам кој од сите тие што се починати на фб ке ја обрнев цела земја ке ги најдев тие сењачишта што ги измислуваат овие шпекулации и ке ги пријавев па нека гниат цел живот во затвор тоа и им се стои
    СРАМОТА НЕ ВИДЕНА СМЕ ... МИСЛАМ ОВА САМО ВО МАКЕДОНИЈА ГО ИМА
    ЕХ МОЈТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА :fubar:
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Глупачо една. Не пробувај со твојата злоба и превртување на зборовите да ме скараш со мојата другарка со која имам супер однос.
    Запри малку и не смислувај само некои црни сценарија. Не биди преполна со лошотилак. Само за тоа те бидува бидејќи гледам дека одамна си го изгубила тој вистински човечки сооднос со другите. Сите мислиш дека имаат лоши мисли како твоите. И не веруваш дека сеуште има малку ама добри луѓе. Жално е тоа. Џабе паметниот ум кој мислиш дека го имаш кога си пораснала во едно ништо.

    Колку за информација другарка ми почна да зборува за тебе и за твоите пет - шест лица кои ги презентираш наоколу. И јас сакав да не те издава толку бидејќи што повеќе ми збори за тебе толку повеќе сфаќам што личност си. А несакам повеќе некој да ми ги отвара очите за тебе. Веќе добро знам како дишеш и зашто дишеш. А и знам како добро знаеш да манипулираш со околината. Затоа макни ми се. Не ми шири негативна енергија. И живеј си како сакаш. Не лажи за мене и за мојот живот. Знам дека твоите убаво те воспитале само незнам што ти се случило за да станеш ваков психопат.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Не можам да и‘ се изнауживам на песнава и да и‘ се изнавосхитувам.
    Прекрасна е, прекрасна.
    Ех, емоции.
    http://www.youtube.com/watch?v=eLqfbztK3Lc
     
    На doubleinfinity, anuskaNESTLE, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  18. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК...среќен роденден убавецу. Ветувам дека никогаш нема да ти го заборавам роденденот :$ можеби за некоја година и поинаку ќе ти го честитам :lol: остани ми уникатен и посебен :*

    А од друга страна пак...воопшто не го сакам секој 12ти во месецот...а посебно 12 ноември :/
     
  19. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Обично не ги сакам понеделниците но овој понеделник ми помина многу убаво...
    Утринско кафенце со другарките, со оние кои ги поминав најубавите години а сега поради различни причини не можеме да се гледаме секојдневно како порано, ма нема подобар начин за да започне седмицата, а тие час-два ми ја наполнија душичката и цел ден бев насмеана...
    Ах, колку ми недостасуваат тие денови, вечерите поминати заедно, дружби со и без повод, луди ноќни забави, бесцелни прошетки, незаборавни мигови...
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Колку убави работи се случуваат неочекувано.
    Кога ке помислиш дека сите бродови потонале, секогаш има еден што ке остане.
    Никогаш не губете надеж, бидејки среќата доага неочекувано.

    Срека. :)
     
    На richgirl998 и Thallia им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.