[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Оддамна се спремав на малата душичка Христијан Тодороски да уплатам некој денар,се зарекнав ама све ај утре, ај задутре и така си поминуваа деновите. А јас се зареканав и мака ми ми беше ептен на душава. Кога му викам на мм дај човек оди уплати ,доста време помина,ете ти го мојон се враќа со верман во рака-вика сум поднесувал приговор овоа апашиштава од Тутунска ставиле 30 ден провизија џубриња едни низаедни и ја вака :o не е поентата за 30 ден ама како може да ставаат провизија кога се работи за донација од хуманитарен карактер до тоа ли дереџе дојде таа легална лихварка- БанкатА да заработува?! И тоа зависи нели од сумата што поголема сума тоа провизијата се качува,бедотија што друго да кажам. Бездужно и бескрупулозно е да се печали на нивна сметка и на сите останати слични лица од овој тип. Зошто банката како таква не им влета во пресрет па таа провизија што ја зема не ја ја префрла директно на нивната сметка? Знаат само да земаат,ама тоа морав да си ја олесна душава ептен ми падна криво. Кога денес читам Христијан се вратил дома и состојбата му се подобрила и МНОГУ се израдував иако сеуште не е готово уште битки го чекаат. Само се надевам дека еден ден се ќе помине и конечно ќе оздрави,само нека Бог му дава сила да издржи...


    Него што ми беше муабетот,деновите си поминуваат човек никако да најде време за себе да излезе.Деновиве многу брзо ми поминувааа, како времево да се убрзало,не ми стига денот ама баш за ништо. И други имаат по 3-4 деца и навистина им се восхитувам како успеваат се.Работа, дома,чист пери,готви пеглај и се така во круг... Еее таква си беше баба ми Господ да ја поживее има дури 93 години, сега е неподвижна одкако скрши карлица ама до пред 4 години р`мбаше секојдневно дури секој втор ден имаше нешто за да заблажиш душа, де месено-де сукано. Да не зборам за зимници ,домашни скови чудесии. Занаеше и да сплете нешто од време на време,ма за сЕ ја биваше. Јас не сум ни пола како неа иако надежно се трудам :$
    Памтам кога ми велеше како секој втор викенд го терала дедо ми да оди на игранка а тој сирот не знаел да танцува па таа со сила го носела :lol: како тогаш било луксуз секој ден да одиш на фризер ама нејзе не и било проблен да се навитка дома и да си ги исуши витлерите на штотуку загреана рерна ,нормално од пареата де :emo: А ние денес се нешто ни фали и се имаме и пак сме незадоволни. Така со маж ми се договараме да шетнеме така троа малце, на винце не нешто спешл,ама ...Помина и мојот роденден и годишнина, еве и неговиот роденден ојде во саботата и никако да изреализираме. Не за друго да си ги порошетам новите чевлиња пусти мерак ме гони, а и сакам малце и ја на едно рандеву :) Баш ми фали една мала разонода човек малку да се опушти од секојдневново сивило и обрски од сабајле до вечер. Ај шуќур ке бидне неделава па малку да се освежам :makeup: Сум заборавила какво беше чувството да се опуштиш за своја душа...
     
    На Annath, Sweetheart87, slavica999 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Настинка vol.2 , а тек сме пред средина на Ноември. :clap:
    Така ќе завршам кога сум “мераклика“ на фустанчиња и дење и ноќе, па сега ќе си ќутам и траам во изолација, фервекси, чаеви, супи, витаминско предозирање!
    ***
    По последната средба со една личност која некогаш имаше големо значење за мене, се навратив некоја година наназад, иако сум поборник дека не се живее со минатото и спомените, туку се гледа во сегашноста и иднината. Не е моево елегии кон тој период , туку се зачудив колку фразата „не ми се веруваше“ има позитивна и негативна крајност.
    Не ми се веруваше дека на првата средба, уште не запознаени меѓусебе, се роди обострана силна хемија;
    Не ми се веруваше дека за толку кратко време ќе ја надмине срамежливоста, и ќе најде начин да се запознае со мене;
    Не ми се веруваше дека секое наше поздравување кое нормално би траело 15 секунди, траеше минути;
    Не ми се веруваше колку забораваше каде и со кој се наоѓаме, и толку силно и долго, истовремено нежно и искрено, ме припиваше до себе;
    Не ми се веруваше кога ќе видев дека повторно ми пишал, иако сме збореле или виделе пред 2часа;
    Не ми се веруваше колку искрено и детски ме чуваше од комплименти и удварачи;
    Не ми се веруваше колку беше креативен и наоѓаше начин да биде свој и да изнуди насмевка кај мене;
    Не ми се веруваше дека и покрај неговиот став и срамежливост призна за своите чуства, имаше трпение и живци да ги надмини моите фолирања и каприци;
    Не ми се веруваше дека пред толку луѓе во диско, клекна да ми ја облече чевлата која ми испадна;
    Не ми се веруваше дека од инает по извесен период се сплетка со моја познаничка и го сруши секој наш момент;
    Не ми се веруваше дека го сретнав, и иако го избришав од мојот живот, дозволив да ме прегрне и поздрави;
    Не ми се веруваше дека го почуствував оној стар ритам на срце биење во него, онаа иста паника и треперење кога ме допира, оној ист жар во неговите очи;
    Не ми се веруваше дека јас бев ладна како мраз, ја подадов само главата и едната рака за поздрав, рака која не го допре се додека тој не ја фати, рака која беше дупло по ладна отколку мојата насмевка кон него и моите спомени од него .
    Колку пати „ не ми се веруваше“ беше синоним за нас и навираше спомени во мене, за иронијата да биде најголема, и истото тоа „ не ми се веруваше“ да отиде во спротивната крајност и да биде синоним за уништено време, сеќавање, моменти, среќа.


    Затоа, пред да повлечете конец , добро размислете што потоа, бидејќи скршена вазна не се лепи.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, anuskaNESTLE, Ketrin.Moon и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.178
    Пол:
    Женски
    Кога има некој позади тебе и неможат да те стигнат, секогаш ќе тврдат дека си на погрешен пат !

    Какви сме ние луѓетоо бреее :x НЕ МИ СЕ ВЕРУВА !!! Завидливи љубоморни лоши .... зошто брее сте против секој, зошто навредуваш кога неможеш да бидеш тоа што сум јас ?
    Па не сме бре сите исти и сите да одиме по исти пат и сите да бидеме еднакво успешни во се,згрозена сум од народов , секој ден се повеќе и повеќе , само си велам: остави ги незнаат што зборуват, за*** ги не обрнувај внимание, чувај си ја среќата не ја покажувај пред таквите луѓе ....
    Неможам значи неможам да бидам лоша и завидлива иако некогаш викам ќе се сменам и не помагам на никој !

    Оставете ги луѓето да градат и да се радуваат на онаа што го имаат не се мешајте во туѓите животи ,постигнете нешто и вие самите не гледајте секогаш да искористиш некој за да стигнеш некаде пред сите !

    А капа им симињам на оние што гледаат да помогнат и не се замараат со околината туку гледаат само да си постигнат нешто за себе без да наштетат на никого за жал малку има такви но сепак ИМА !
     
    На karenin, eliesaab и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.223
    Татко, зошто е потребен некој да ти ги отвара запечените лакови за нокти со клешти.
     
    На Monna.Monna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, richgirl998 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    навака-натака и не ми текнало да отидам да прашам за маст, или крема за лузни
    и вчера ми текна па си велам-во тој правец ке одам па да прашам-аптеките во близина што беа ги затворија и тоа е мал проблем :wasntme: и испадна дека според друга аптекарка не сум требала да го користам Бивацин спрејот :?: а само што паднав аптекарката каде што отидов ми рече Хидроген од три проценти и Бивацин прскај се 2 пати дневно-кој да слушам :?:
    и прашав-Контра тубекс е 500 и нешто-на природна база е :!: другите се поскапи-1400, 2100 кога ми кажа фармацефтката :sweat: веднаш почнав да пресметувам колку време ке треба да штедам за да можам да си купам една од поквалитетните масти после ми текна-и си велам чекај бе, додека ми заздравуваа раните на нозете тие три месеци мајка ми ме мачкаше со кантарион и многу ми помогна-да не беше тоа незнам како ке изгледам денес :!: па може и за ова да помогне :?: ама немам памук дома-беља работа ако јас не купам на моиве не им текнува :fubar: не дај боже ке ти притреба за прва помош или газа, завој, бетадине јас купив :$ така да да си купам памукче и да потсеоберам троа пари и да си купам Кунтра тубекс маст и совет си добив-не се откажувај :!: ама му верувам на кантарионот природен лек е тоа
    недека не му верувам на тубексов ама сепак
     
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Денес бевме легално побегнати од час. Наставничката по ликовно не повика да лепиме цртежи по ходниците и така ни поминаа пет часа (од вкупно 7, бидејќи останатите два бевме на час). И така, после големиот одмор се ослободивме. Работата која требаше да биде завршена за 2 часа, ние ја завршивме за 5. :lol: Си украдовме три часа (легално). Убавини...нели нема потреба од брзање. :lol: Си лепевме исти цртежи по повеќе пати, нели за подобрување на квалитетпот, за сигурност, за да ги исполнува евопските стандарди, за да изгубиме часови... Потоа скинавме неколку, ги фрливме низ прозорецот, украдовме стол од кабинетот на класната (потребен ни беше) за да лепиме нови цртежи. А во меѓувреме, цел час баравме цртежи во кабинетот по ликовно.
    Откако завршивме (ни остана уште не цел час од кој веќе бевме ослободени од стана на директорката и наставничката по ликовно). Отидовме во кабинетот на класната (кој е празен бидејќи класната е отсутна). „Разгледавме“ малку наоколу, односно си го „пикавме носот таму каде што не ни е местото“ во шкафот на класната, Барем докажавме дека нема марихуана (и потешки дроги) во шкафот. :lol:
    Потоа се „преселивме“ во кабинетот по ликовно и ја заклучивме вратата. Си седевме, си лежевме на клупите...се додека другите класови не почна да се враќаат од физичко...Тогаш моравме да се криеме под прозорците за да не не видат...Не не видоа за среќа...
    А сега мама ќе оди на родителска и оценките ми се сите петки (освен проклетото физичко, но мама го знае тоа и знае каква кучка е онаа)...Браво, Еленче! А ништо не учев... :lol:
     
  7. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Нервозна сум,напната, ми се спие ненормално многу, а книгите чекаат.
    Сакам малце одмор, барем еден ден да се релаксирам и да неморам да земам да учам.
    Многу ли барам ?
    Нема крај , нема одмор, неможам здив да земам.
    Хронично ненаспана сум.
    Паѓаат оцени во дневник и наместо тоа да е малце олеснително, баш напротив, лекции се повеќе и повеќе.
    Ова мое учење 24/7 има добри резултати, не велам не ,ама уморна сум и физички и психички.
    Со другарки преку недела неможам да се видам, со дечкото ептен ретко, на саат , саат ипол најмногу.
    Златен викенд со душа го чекам,ама летнува како дел од секундата.
    Последниве 2 недели си викам ќе одам на депилација и никако неможам да стигнам.
    Нејќам да звучам разгалено и размазено ама стварно немам време за ништо. :(
     
    На richgirl998 и Flower27 им се допаѓа ова.
  8. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Утрово се разбудив со страшна болка во грбот, којзнае како сум спиела...
    Цел ден одвај се движам, ко теретен воз сум бре... :worried: Ко некоја баба, одвај станувам, одвај седнувам... не можам да се наведнам... :worried:
    Мислам дека е крајно време да се смени душекот на мојот кревет, друго чаре нема...
     
  9. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    разочарана сум од тебе млад господине -.-
     
  10. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Преубав ми е моментов :)
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Како да не!
    А единствена полоша ситуација од оваа е двајцата да тргнете на заеднички шопинг.
    Јас тргнав по кошула и чизми, тој по патики и фармерки. Се влечеме и двајцата низ Сити Мол, од продавница во продавница, јас по своите желби и замисли, тој по неговите.
    И никако да се ускладиме!
    Мене ми се пие кафе, него му се јаде, па ни за пауза од шетање не можевме да се договориме.

    Не знам за останатите машки, ама мојов е бетер од жена кога е во прашање шопингот |(
    Едни фармерки му биле тесни долу, други му биле широки горе, трети ја немале посакуваната нијанса, четврти биле многу тенки за во зима, петтите не му се допаѓале како му стојат, едни патики му биле неудобни, други не му се допаѓале затоа што не биле кожни, третите му биле многу детски, а тој барал посериозни... Ама на крајот тој си си се дотера, си најде тоа што му требаше, а јас си дојдов дома со тоалетна.
    И еве сега пукам од среќа (барем така треба според странициве на среќата).
     
    На Cacy, richgirl998, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Иии....еве ги оценките :)
    Како што очекував. Навистина се исите петки, само една четворка од онаа кучката.. :@ Ако, ако, ќе ја мавам јас со јајца кога ќе завршам основно. :devil:
    Ај, чао сега. Треба да одам на карате. :)
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Се извинувам што тука прашувам,но би замолила некој ако солидно го владее српскиот јазик да ми преведе нешто :) Дека има мн стручни термини..

    Благодарам однапред!
     
  14. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Девојки, ај некоја што знае албански нека ми пише порака, ми треба за превод на кратко упатство. :$
     
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Газолижачите успеваат во животот. Немаат срам ниту перде, имаат храброст за поставување на крајно глупави прашања и знаат како да се вовлечат под кожа. И ретко кој може да ги прочита, а уште поретко и тие што ги прочитале да ги занемарат, бидејќи жално но вистинито, на сите повеќе им одговара некој да им го лиже газот отколку самите да копаат за да пронајдат нешто вредно. Исто толку жално е што најверојатно повеќето од моите а и туѓите идоли биле газолижачи. А модерните газолижачи се така маскирани што кога всушност ќе пресметаш кои луѓе успеваат/успеале тука, може да ти се згади. Посебно место имаат одредени борци за одредени права во одредени организации во државава, кои навидум се кул млади личности кои сакаат да променат нешто, но длабоко под површината, организацијата исто како и тие, смрди, се шверцува на туѓи пари и туѓи идеи, си го прчи газот без да мрдне со прст но со помош на таквите подлизурковски врски, обезбедени се со добар рејтинг. Во превод, тие се гласот за промена во државава, ама само ако некој друг ја донесе таа промена а тие да се протнат во хотел со 5 ѕвездички на конференција.

    Смешки бе, сме имале валиден било каков сектор во државава. Потонат брод.
     
    На Annath, Cacy, richgirl998 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Многу ми е криво што кога се зачленував не си смислив повпечатлив и уникатен ник. Тогаш немав намера да бидам активна, само сакав да прашам нешто, но секако се започнува така. :D Но не може да се смени никот, а не би отворила нов откако стекнав веќе мислење кај останатите членови и сум коментирала на толку теми веќе, не би можела се одново да правам. :D
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ту,да ти ебам денот.
    Не ми е погоден овој период.Во ниедна смисла на зборот!
     
  19. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    После овој напорен ден, кој сеуште не заврши за мене, т.е. завршив со факултет, ама имам уште многу за цртање :( , татко ми ќе прави палачинки!!! :D :inlove:
    Не две, не три, а ниту четири, ма најмалку 6 палачинки ќе изедам!!! Кој сака, нека повели... :*
     
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Оооо, мила :hug: Бетер од нас се, да не кажам цепидлаки и поголеми жени :lol: Ти имаш среќа што твојот не е до толку како мојот. Кога пазариме за него, до пред една година влегуваше во 2 продавници, и пошто нели нема да најде ништо, ќе се изнервираше и ќе испопцуеше се живо и диво дека нема ништо од облека за машки во Скопје, па така „шопингот“ го завршувавме за дури 15 минути :D Сега е подобар, да не го подречам, шета дури по 4 продавници :!: :party: :D Таков си е, не ја сака баш денешната мода, и стварно му е тешко да си најде нешто. Да нема апликации, да нема натписи, да е само во одредени бои (5-6 доаѓаат во предвид), да не се многу светли фармерките, ама не ни многу темни, чевли носи ама не носи, повеќе патики, кошули ни под разно, копчиња не смеат да дојдат во предвид, крагњи исто така......итн итн :D Да не набројувам, да не уплашам некого дека гол оди :D И по можност сето ова да се најде на едно место, во една продавница :!: Се навикнав одамна да одам со него кога пазари, не ми пречи ништо, само не му купувам веќе ништо од облека, оставам сам да си избере. А тој со мене не доаѓа кога шетам, не сака да се влечка по продавници, не го ни викам. Единствено ако побарам совет за нешто како ми стои, ако не сум сигурна или ако сакам да ме види, ќе го викнам и без проблем доаѓа, и си кажува свое мислење.

    Препорака-кога купуваш за тебе оди си со сестра/братучетка/другарка/мајка.......или сама. Нема да се изнервираш, ќе добиеш совети на лице место (ако не си сама) што вреди или не вреди да го купиш или како ти стои, плус муабети..... :)
     
    На richgirl998, Sweetheart87, Markusa2 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.