[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК
    Life and death, energy and peace. If I stop today it was still worth it. Even the terrible mistakes that I made and would have unmade if I could. The pains that have burned me and scarred my soul, it was worth it, for having been allowed to walk where I’ve walked, which was to hell on earth, heaven on earth, back again, into, under, far in between, through it, in it, and above.
     
    На Cataleya му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Само јас ли се радувам на темелно исчистен стан? Сум светнала се по дома, кујната и кујнските елементи светат, се е подредено по боја,големина,форма. Тепам ако некој ми измеша нешто или ако остави прсти по елементите.

    Сега си запалив миризлива свеќичка и си седам на чисто и фино. Уште себеси да се средам сега и на раат ќе спијам. :D
     
    На sweet-cherry, ana-girl, Buttterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  3. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    kako se deaktivira ili brise email?
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Денов, малку шубе, ко полугодишен тест математика. Мижам цело време, мижуркам. Ми требаш, си велам.
    Сакам да кажам многу. Не знам дали ќе успеам.
    Скопје ме пречека ко прав кавалер. Магла, дожд, жолти улици од лисја, стоплени ќошиња дома, печена тиква и прегратки. Понекогаш, сето тоа е како магичен филм, кој во секвенца, се врти, врти, врти и оооп. Застанува, па можеш само да одмотуваш и да се сеќаваш. И да стискаш стоп.

    Друго, ноќите во Париз навистина светат. Мислам дека ми треба уште едно срце за да можам да ги зачувам сите нешта што допреа до мене. Сите ситни и крупни глетки, од самото стапнување во авион, до последниот изеден макарон на пат накај Скопје. Од грејпфут, благо кисел, со боја на керамида.
    Утрото, полууспана пред да тргнам, чекам авион, си фаќам некои белешки, кога што да видам - драгиот Никола Маџиров, исто патува за Франција. Си се замуабетивме, отворивме некои нови поглавја, тој за патувања и љубовта низ нив, јас за љубовта, и патувањата низ неа. Како неслучаен спој на двајца што пишуваат. Магично. Ко да си има мапа и животот, кога не’ среќава со Луѓе. Со добри поими, нивните прашања и молкум одговори.
    Средбата со либето не можам да ја опишам. Не можам да ја срочам во текст. Премногу и премалку би било. Си пораснавме во очите. Си се најдовме пак. А се плашев дека може да се изначудиме кој е кој. Нема поубаво да се ре-заљубиш, веројатно. Зар може тоа да се напише? Не знам. Сериозно не знам.
    Но, ете. Ги надминуваш илузиите, се среќаваш со личноста која ја знаеш и те знае.
    И тоа трае.
    Собиче со тешки завеси, маслинеста врата и црвен ѕид. Четврти кат. Маало Gambetta. Микро скалички и мирис на средство за дезинфекција и ружин парфем. Куфери со ракија, цигари, адидас патиките и мојата книга, со посвета. Првите денови, не знаевме што попрво. Светлина од очи и емоции ко заплеткани кабли, фрштат. Мадлени од Бон Мама и смути од кокос и банана. Се утепавме јадејќи тартови, крем брулеа, кроасани и микро чоколатца. Го пропуштивме нажалост, за само неколку дена Саемот на чоколадата. Но и без тоа, мене се’ ми е како надреално, вака отпосле. Кога седам во Скопје, со бањарка, Карпош тоне во меланхолија и мачињата се камуфлираат во жолтосивиот тревник позади зграда, се возобновувам.
    Парижанките, сите со тенки црни хулахопки. Идеологија и мода во едно. Философија и бохемија во две. Во метро, свират на хармоника. Пеат во дуети. Чекаат милостина за уметноста што ја (про)даваат. Мириса на Либан, Алжир, парфеми и соништа. Се трошат ситни парички за крупни солзи. Спој на снобизам и смет. Контрадикција и светост. Нешто што импресионира. Не само како туристичка атракција, туку и историски. Тие улици и улички... Зборуваат гласно.
    А во преден план - брзаница, темпо и задишани животи. Се' има и ништо нема. Глувци, хотелски пешкири, сунѓерчиња со лаванда, сноп лалиња. Микро светови во големи рамки, како кога гледаш низ големи прозорци во малите судбини.
    Помпиду ми го облагороди животот. Плачев пред поставките на Фрида Кало. Мислам дека треба да се заблагодарам некому за се’ што ми предизвика сензација. Емоции, луѓе. Не си се видел со љубовта, не си имал допир, ниту физичка близина. Доживуваш сензорни експлозии, уметнички врвови и сето тоа напикано во 7 дена? Па среќна сум што сето тоа се случи. Многу среќна. На еден плакат начекав - Данил Хармс, Старица, театарска претстава за деца и млади. Совршено еј! Штета што не успеав да набавам карта и да ја гледам. Немаш време. Се’ е брзо. Или имаш агенда, или си изгубен турист. Се балансиравме. Се гледавме дури шетавме. А никогаш нема да бидам Французинка. Ниту пак тие ќе бидат јас. И така ќе се разминуваме по Елисејските полиња за навек. Оставив грст лаванда на гробот на Едит Пјаф. Имаше неколку врапчиња наоколу, а дожд, како порој од нејзините солзи на животот. Оскар Вајлд, Оноре Де Балзак, Исидора Данкан... Зашеметувачки великани во тоа мирно зеленило.
    Монмартр од втор пат ми се виде поблескав од претходно. Можеби заради дождот?
    Дали и Ме Вест. Падната вилица од вчудоневидување. Се држевме за рака додека зјапавме ко деца во излог од слаткарница.
    Го слушаш оној затенчен, шик глас на градот низ сите јазици што се прелеваат. Да знае Малком Мекларен какво депре ме фати на Сан Жермен Депре, богами и би ми подарил црна ролка. Фантазија, без грам илузија. Вино и багет на Сена. Дува, врне, ние со чадори се гледаме очи в очи и сонуваме будни. Шетаме низ сите париски облини. Закачивме катанец со иницијали на мостот на Љубовта. Повеќе се смеевме одошто верувавме. Митови, насекаде владеат! И си верува човек, зошто да не? Не паднаа понуди за брак - иако сите очекуваа, ко со жед на камила, дека мора да паднеме во тоа клише.
    А Париз е совршено клише и без понуди за брак. Таму се води љубов бре без ограничувања! Се’ и ништо во една кристална топка. Свет во ма(а)ло.
    А просто ги обожавам колку се валкано несмасни и ноншалантно грозни. Ресторани со првокласна храна и шестокласен тоалет. Вуала! А што да очекуваш, турист. Како и милиони други. Не баравме третман. Арогантен е Париз, ко љубовник кој си ги чисти чевлите. Плус, во метроата можеш да си напишеш роман. Или да го прочиташ веќе почнатиот. И да си најдеш пенкалце во облик на багет.
    Се' доживеавме. Се доживеавме. А најтопло е кога ветерот ни ја гаси цигарата додека се гушкаме на Sacré Cœur. Кога го тапкав со лажиче крем брулето во кафулето на Амели. Ко дете. Реплика. Ми е гајле за клишеата. Се случува живот еј. Сништа што од филм, си ги направив реалност. Што го видов тој фамозен шанк и блескави чаши како треперат од туристички блицови. Блага струја на неверување да те удри, баш. Супа од кромид, за загревање пред да се шетаме на Шанзелизе. И да се пие лимонада по сокачиња, зошто градот за жед не те прашува. Иташ, иташ, иташ. Секаде има агли во кои паѓаат рефлексии. Како кога ќе ти упадне фин мирис дома, пример од нечиј парфем, печени кифлички или омекнувач.
    Презаљубена и чудна и некако ко нова сум. Се радувам. Па ме фаќа блага тага дека сето тоа заврши. Си ги гледам фотографиите и ми мириса на се’. Денес некој по трет пат ми рече - Зошто се врати од Париз? За да му отидам пак! Полни џебови ситници, полни куфери емоции. И така си продолжува човек да си живее.
    Вам, ви го посакувам Париз да ви се случи. Со интензитет, со се' сите клишиња и вински шишиња.

    А сега, мое Скопје... Ќе си шепотиме нови приказни по улици.
    C'est la vie!
     
    На mamma-mia, L-enna, Annath и 33 други им се допаѓа ова.
  5. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Добар почеток на денот на втората работна недела.Официјално пријавена.Се во најдобар ред.

    Едното ќе ми тргне во нагорна линија ,другото ќе ми се расипе.Ќе се потрудам да го доведам и тоа во најдобар ред.Малку на угорнина сум... ни ваму ни таму.

    Со помин нека е.Со лесно.Што би рекле...
     
    На karenin, Sexybaby86 и bittersweet им се допаѓа ова.
  6. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    И конечно стасаа смс пораките за оценки ххх страшноо ќе бидееееее :rofl:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    „Што правите во моментот“?
    - Кашлам. И тоа многу.
    Зошто мора секоја зима за настинувам барем 4-5 пати?
    Ако, ај ќе помине! (смајли што кашла) :)
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.180
    Пол:
    Женски
    СДК
    Ако ви се приучи, легнете си, ќе ви помине :rofl:
     
    На eliesaab, simonna.a, psychic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ќе го послушам твојот совет! :D
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.278
    Допаѓања:
    67.896
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе имаме за што да живееме, толку повеќе се плашиме од смртта.
     
    На Maya3112, Annath, richgirl998 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Ако учам,ил заспијам
    немојте да ме жалитеее
    хе,хехе,хеј...
    мили учебницииии
    лекции имате,мене мачите

    Ако запамтив,ил заборавив
    немојте да плачите
    хе,хехе,хеј...
    мили оценкиии
    колку се сакаме,мене петки...спомнете
    :bow:
     
    На Someonespecial, LittlePinky, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... можам да читам патеписи, рефлексии, мисли и доживувања на Шилеа до крајот на животот. Некои одново и одново, зашто ми делуваат како лексилиум. Ова последното кое го отсликува Париз си го букмаркирав, иљач за недај-боже.
    Ме смируваат, ме озаруваат, ми изнудуваат насмевка и емоции во илјада бои твоите зборови драга. Не сопирај никогаш, затоа што заради таквите како тебе повторно и повторно ми се враќа вербата во женскиот род, дека не се сите тотално бескорисни и проѕирни глупачки што лазат со искривен `рбет.

    Уморна сум, ќе крахирам кај и да е. Не можам да спијам, мозокот ми врие, а телото ми е исто исцрпено, пробувам да заспијам и чувствувам како ми се тресам од умор. Ќе приплачам од што ми е навистина доста, ама немам сега сила ниту за тоа.

    Ме фасцинира човековата безосетност и неблагодарност. Мислиш дека се` си слушнал, видел и доживеал, кога секој ден, нови и нови облици на изопаченост те пресретнуваат и фрапираат до ококорување.

    Само гледам што поскоро да се мавнеме со Хуго и да почнеме да кроиме наш, поубав свет. Многу веројатно е дека таму ќе бидам позаштитена од глупоста ненасушна, а и да сум изложена на будалаштини, знам дека ќе ме дочека прегратка и разбирање.
     
    На Someonespecial, eliesaab, ana-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  13. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    зошто треба само еден збор за да ме срамнат со земја?
    а, делувам цврста...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.870
    Пол:
    Женски
    Ако нешто во последно време многу ме радува во градов е тоа кога ке видам исполнета до последно седиште кино сала. За мене нема поубав филинг од тој кога гледам филм на големото платно(па уште ако е 3д) покрај луге кои ја ценат добрата кино проекција.

    Често слушам -Боље дома ке си го симнам и на компјутер ке го гледам место да давам пари за кино, ама не за мене нема пари кои го заменуваат чувството кога се сместувам во седиштето со љубениот и со пуканките во раце од љубовното мени. Традиција ни стана,вторник кино и љубовно мени. Мирисот на пуканки кој се шири уште пред да се доближам до Синеплекс ми го скокотка стомакот и со брзина на светлината трчам да ги подигнам картите од касата.

    Не ја жалам ни последната паричка дадена на нив затоа што знам дека кога ке излезам од салата се осекам срекно и исполнето. Ниту едно диско,ниту едно нокно излегување не ме радувало како што ме радува одењето во кино.
     
    На Someonespecial, eliesaab, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ти...ти не си свесен што ми значиш.
    А јас сум свесна што ти значам-ништо. :|
     
    На Cacy, eliesaab, Stoimenovska и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Нема да сварам некои работи уште некое време, на пример, од каде комарци во средина на ноември и зошто имам желба само за лежење, ама рековме тоа дека нема веќе да го тупиме. Да се вратиме на комарците, полесно е да се справам со нив. Некоја најнова реакција од нив ми е тоа што ми остануваат белези, олкави белези, откако ќе ме апнат. Почна феноменов летово кај тие ненормалните, и уште трае, раците ми станаа прошарени. Ме нервираат, а немам сила да ги тепам.

    И времето не допринесува на општото расположение, да седам со пунџиче во трењерчиња и да се измолкнам од пижамите е најголемото достигнување во животов мој, барем за моментот. А толку убави прилики ми излегуваат, греота и штета што не сум некаде да наздравувам. Колку ме боли глава, полагам двапати за десет дена, концентрација 0%, само изговори да не се прави нешто, затоа што секоја помисла на малку поголема активност од моја страна ми предизвикува страшно срцебиење и непријатност, приметувам дека почнувам да се изолирам во истиот круг на луѓе и да се држам само до нив. :geek:

    Да бидам повесела и со малку поголем ентузијазам, затоа што на тоа работам во моментов, без зафрканција. Се трудам, ако ништо друго, за најблиските. Им должам фер битка и нив. Навистина се трудам и навистина и успевам да се насмеам од срце, ама не можам сама против некои работи. Знаев дека сум способна да си направам и да му направам глупост него, ама среќа што едниот во врската не е отиден и е прилично стабилна личност, па да речам дека работите се повторно во колосек.

    Вчера лежев со него и зборував. За се'. Ама со него не е деструктивен пинг-понг, без разлика дали е за минатото или иднината. И да ви кажам право, можеби е некогаш нереално оптимистичен (а јас се сметав за оптимист додека не го запознав него :rofl: ), ама ти требаат такви луѓе во животот. Некој што ќе те држи цврсто за рака додека твојата млитаво само стои во неговата и ќе ти вика дека утре ќе биде подобро.

    Зборувавме за другите, за нас, за последните настани, ми вика, се осеќам како татко ми кога после свадба лежи и го оговара јадењето и тортата :D . Многу сакам кога се смеам со него за минати работи, за работи што идат... многу работи поминавме заедно, ако сега не ме остави и не му прекиснам, никогаш нема. Се обидувам цел ден да се сетам кога заклучив дека го сакам, мислам дека го сакам, затоа што некогаш демонот во мене ме тера да го мислам обратното. За потоа да размислам трезвено и да ми текне дека сум во премногу ранлива ситуација за да анализирам такви моменти и дека тоа ќе ми донесе само лошо. Како и да е, мислам дека се сеќавам кога беше тоа... сабајле, само што се разбудивме, нешто го малтретирав од посабајлечки, беше таков бушав од спиење, намрштен, а не се мршти освен кога не е расонет, и отиде до вц, кога влегуваше во собата, некако ми дојде од профил, целиот таков, висок, голем, бушав, со убав профил за разлика од мојот, има правилни црти за разлика од мене, ич си го нејќам профилот, со обична маичка, и се наведна спрема мене, а и раците му ги сакам, најубаво ме гушка... и не знам како да ви го опишам целиот момент... е таков, да фанеш и да го гњавиш момент, момент кога само седиш и се кезиш. :rofl: Тогаш мислам дека некако така ми стана мил, ми ја стопли душичката, као, еј, има нешто со човеков, држи го, фати го.

    Не знам, не знам моментално многу работи, знам само дека престанав да викам не знам и си дадов време. Да си се разгалам, да пробам да се насмеам, да не си ја малтретирам душичката со непотребни грижи, да си направам прво мене да ми биде убаво... пробувам. Ако ништо друго, барем размислувам да пробам...

    Убаво е човек да биде позитивен, стварно е. :)
     
    На 1209, Sexybaby86, teddybear и 24 други им се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Слабо активност вчера и денес на форумов или ми се чини? Активирајте се бе луѓеее. :lol:
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК незнам како , незнам од каде но нешто ме удри во глава да се тетовирам :^)
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    A сега се освестив дека после колоквиумска ми треба ЦЕЛ месец да се излежавам, и спијам 20 часа дневно, за да се вратам на нормалната психа.
    Еј,уште сум во mode-правење ништо :D
     
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Се фаќам себе си како размислувам за минатото и иднината и она помеѓу нив додека го чекам автобусот кој веќе доцни,игнорирајќи го туѓите погледи затворајќи се себе си во една темна школка која се нарекува дом,треба да направиш дом од своето тело, секогаш кога луташ имаш нешто неоставерно.
    Лесно е да замислиш тешко е да оствариш,соништата се случуват помеѓу фантазијата и реалноста.
    Пред почетокот на ноќта,во полниот автобус со изморени погледи и зборувам за својот живот, за факултетот и испитите кои не ги положив,за деновите кои минаа,за зградата во која ги минав средношколските денови и веќе три години не се вратив таму,барем не во реалноста,за ѕидовите кои кога би знаеле да зборуваат би раскажаке цел еден живот,за поезијата која ја прочитав,за желбите кои ги заклучив,таа се симнува на следната станица, а јас се прашувам што направив со своето време?Мене ми останува таа слика во главата, слика од минати денови ,која одамна не постои, но останува да биде живот.

    Сега имам старо-нова приказна.
    Сите имаме своја нијанса.
     
    На mila89, Hipster, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.