[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Не сакам да брборам за времево,за луѓево,за политика...ќе си кажам нешто за себе.На 19-20 години сонував да имам човек (во тоа време такозвани дечко) на кого ќе му бидам на прво место.Како мис на светот.Ма каков мис на свет ,меѓугалактичка мис бре.Да е постојано со мене.И кога не е да мисли на мене.Да ме држи за рака,да оди во шопинг со мене и да ужива во тоа.Да се дружи со сите,но едвај да чека да остане со мене.Да се смееме ,да играме карти,да се скокоткаме(а знаеме после кај води тоа),шетаме,возиме точак...уф ова последново најмногу...

    А сега имам маж со кој многу работи од горе наведеното, нема.Нема големи зборорви,нема букети со цвеќе,иако имало некои кои не можеа да влезат на врата од нив,овој сега подарува цвеќе еднаш на 50 години.Да видам, по груба пресметка следниот ќе го добијам на 99 години.Сонот се распрскува,животот тече а ти одеднаш се наоѓаш со некој кој како да не го познаваш.Е ако е така зошто ме боли кога ќе погледнам колку работи за мала плата.Се стопил човеков,не е тој,свежината ја изгубил по патиштава.
    Се менуваат луѓето.Се сменив и јас.Ако некогаш бев жена - змај што фрлав оган наоколу,имав решение за секој проблем,сега сум како мачка која само трепка со очињата.И одвреме навреме тажно мјаука.
     
    На teddybear, Hipster, Anonymous996 и 33 други им се допаѓа ова.
  2. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    ...сакам да кажам дека многу ми е ќеиф кога некое машко не се срами да си ги искаже чуствата и кога е спремен на се за да и каже и покаже на својата девојка,жена..колку многу ја сака и колку многу му значи....денес е роденден на една моја пријателка добра.дечкото нејзин и организира изненадување.вчера ми се јави за да ме праша за совет од женска гледна точка што би било поубаво и што би и значело повеќе.и еве за пола саат излегувам да се најдам со него и додека е таа на работа јас и он да надуваме балони мнооооогу и да и го преплавиме станот со нив,да ја земеме тортата и да купиме мноооогу ружи.незнаеше што е подобро дали со свеќички да направи срце,дали да ги направи годините колку что полни денес или да напише со нив те сакам,па се одлучивме за последното,како за збор што на сите ни значи и што сите сакаме да го слушнеме...можеби и идејата не е оргинална,но нели не е се во идејата...многу е битен гестот а и тоа од кој е сето тоа направено,така да браво за дечкото кој не се срами да си ги покаже чуствата и да и докаже колку многу ја сака :inlove:
     
    На eliesaab, richgirl998 и vitomir им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... ВЕСТ не е весник, Вест е жута штампа! :rofl: Да се живи и здрави, ме смеат секое утро.
    Денеска листам низ страниците и доаѓам до спортската секција (која вообичаено ја прескокнувам), ама денес вниманието ми го привлече дотичен Илчо Наумоски, наш фудбалер што игра во Баку, како си купил мајмун со девојката и го облекол во Долче и Габана, да не му студело.
    И тоа не ми беше екстра смешно, но последниот пасус каде што навел дека му ги извадил сите потребни документи на мајмунов за да го донесе на гости во неговиот роден Прилеп... :rofl: :rofl: :rofl:

    Секој нареден коментар е излишен, вие направете ја математиката. :D
     
    На Sexybaby86, teddybear, Hipster и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Во една страшна, страшна шума...
    Во една темна, темна куќа...
    Се слушнал детски глас:
    ...
    ...
    ...
    ...
    ...
    „Мамо, ми се мочка!" :rofl:
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Емоцијата не можеш да ја ставиш во џеб за да ја сокриеш.
     
    На Cacy, richgirl998, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Она кога некоја прегратка ти дава повеќе сигурност од било што. Макар ја добивала преретко, ама доволно, колку да те потсети дека си сигурен некаде.
     
    На crazylady, francais, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Немам сила да се борам со сите глупости кои ми се случуваат.Таман од нешто ќе се куртулам друго ќе ме стаса....се уморив од ова еб..о чуство :?:
    Единствено нешто што добро ми се случи е диетата која ја држам,некако е налудничава и 4 килограми заминаа....стомак немам ;) ....
    Си ветив себе си дека до 30.11 ќе бидам на диета,значи не смеам зборот да си го погазам! :?:
    Е уште само да можам да си ветам себе,дека ќе можам сето ова малерозно чуство да го истрпам :^) би било супер....
    А да си купив многу убаво капутче,панталони кои сега сигурно ќе ми бидат големи :tmi: нема веза....ете и ова се вели бар нешто убаво?
    Не пишувам на феминава бидејки нон стоп сум со некои глупости оптоварена,ама ве читкам ми недостасувате сите :* и сакам да ми бидете срекни,а не овакви како мене ;( ....
    ве гушкам сите.... :*
     
    На hermosa, Mama25 и zuzu82 им се допаѓа ова.
  8. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ќе ги положиш сите колоквиуми :dance: :dance: :dance: Посебно оној што си била сигурна дека ке паднеш ! Оу јеаааааа :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На richgirl998, hermosa, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Сите ја знаете атмосферата пред,на и после тест.Пред тестот сите напнати па се договараат како да препишуваат,па кажуваат што им кажале од другите класови каков ќе биде тестот :rofl:
    Атмосферата на тест од секаде се слуша шеп шеп,или одеднаш настанува тишина.Ѕвони кој колку знаел знаеле кој колку напишал напишал одеднаш наставникот/наставничката го зема тестот некои плачат некои се смеам кој што си пожнеал :rofl:
    После тест сите се прашуваат меѓу себе што ќе имаш на тестот,напиша ли тоа,аа го напиша,а што напиша па следува одговорот ау па да точно ми е или уф леле не ми е точно.Едни го колнат тестот едни тој што го направил тестот и тој што го измислил предметот :D
    Е така беше и денес.Готово завршивме со тестови сега малку одмор :whew:
    Остатокот од денов нека ви биде исполнет со убави момент поздрав :* :hug:
     
    На BlackMistery, Kaylie и Seashell31 им се допаѓа ова.
  10. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Чепкајќи по еден стар телефонски именик, не очекував дека ќе наидам на толку спомени. Тој огромен тефтер служел за се`, освен за запишување броеви :D .

    И така... на една страница сум се учела да ја пишувам азбуката. Мало "а", Големо "А", кирилично и латинично...
    Невешто нацртана девојка, потоа мала куќичка, исенчување со молив на паричката ставена под хартијата. Прв своерачен потпис. Забележување на реченица која некој ми ја соопштил телефонски, за да не заборавам да пренесам. На крајот, запишан телефонски број од баба ми и сеќавање како постојано вртеше или ме тераше сама да се јавам. А на една страница, сестра ми го цртала Бени, веројатно од "Наше маало". Не знаев дека и неа и` бил симпатија :D .

    Се изненадив колку било пријатно чувството да се потсетиш дека и ти некогаш си бил дете...
     
    На ilipili, crazylady, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Убаво чувство е кога ќе се вратам од школо,ќе се раскомотам,ќе го земам лаптопот и ќе се испружам на кревет,со нешто за грицкање во рака [​IMG]
     
    На eliesaab, ana-girl, Seashell31 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ја слушам девојкава која е совршенство,на X Factor синоќа што пеела и ми падна жал за другарка ми,си велам `Зошто не се пријавила,кај и е паметот? :wasntme: :^) :^) `.
    Навистина,СЕКОЈА ЧЕСТ за девојчево,со само 15 години,бенд и свирки и X Factor,и четири `ДА` и стајлинг и глас и стил....
    И се восхитувам.... :clap: :clap: :clap:
     
    На Lella, ljubam и sweet-star им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Идиотот останува идиот засекогаш. Оној кој се променил не бил навистина идиот. А оној кој се обидува да промени ист идиот повеќе од еднаш е вусшност вистинскиот идиот. :)
    Штедете ги малку шансите, не ги давајте по втор пат на недостојни луѓе...
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Уф што се осеќам вака глупо денес, како компасот да сум го изгубила :| Мрзам вакви денови!! :doh:
     
  15. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Па што си мисли он дека ќе го чекам цел живот :devil: Епа немаа!
    п.с. Нова сумм на форумовв :D поздрав до сите :*
     
    На Someonespecial, eliesaab, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Денес се потврди она вреднотото за животот дека не сум осамена дека имам прекрасни другарки , фамилија, пријатели....Дека љубовта за нив не се движи сам во еден правец тука таа се враќа и дури ми донесува и многу повеќе...од тоа не треба и не смеам да се жалам. тој дел од срцето ми е исполнето. Но што е со другиот дел..? Никогаш не затреперило вистинско за некого , туку само платонски блада и блада во мисли кои ме колку прават лажно среќа толку ме прават и тажна.Никогаш мојата друга страна не била пополнета со друга половина. Никогаш ! Понекогаш оваа појава ме плаши, но секогаш надежта не ме остава. Да јас сум сеуште на прагот од својот живот но сакам да имам некој до себе сакам да почуствувам што е љубов или пак само некоја мала авантура. Се ми е толку обично во животот , стани оди на училиште , дружење со другарки дојди дома , седни на компјутер пишувај исклучително само со другарки , легни размислувај што ти фали и заспиј утредента истата приказна... Сакам некоја мала промена за ова есенско време , сакам навечер кога ми е потребна топлина да се фатам за рака и да прошетам со некој , сакам покрај него да се чувствувам нежно, сакам пред легнување да заспивам со разговорите со него по телефон , а не само сонувања за мојата симпатија и лажни замислувања. Сакам но нема. Можеби природата ме направила непривлечна таков е животот , нема што да се прави....само останува на надежта дека утре ќе се појави некој.
     
    На LikeDomino, Monna.Monna, curlygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Величественоста на моментот кога од родео се префрлаш на малборо.Ама и од ракија и турско на Бејлис.
    Знаеш дека земаш убава плата. :D
     
    На Anonymous996, LaraSolare и richgirl998 им се допаѓа ова.
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Добредојде на форумот! :*
     
    На Tori1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Платичка на вратичка и ОП јас дупнат новчаник да потрошам некој денар, и тоа што сакав си го купив. Што убаво е кога ќе ти стаса платичката и + од нареден месец уште една платичка и тоа поголема мх мх мх милина. :$ :angel: :P
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.743
    Пол:
    Женски
    И мене исто , сношти гледам 5 пати на десната рака сум штипната, на левата нога 3-4 , на грбот 3 :tmi:
    Ајде што е на грбот и ногата не се гледаат , но на раката како оси да ме штипнале, нема никој кој не ми ги приметил.Дури и ставив во штекот од овие таблетиве за комарци Рајт :| :devil:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.