[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се повеќе сфаќам дека сум магнет за деструктивни мажи. :D Кога е мирен, фин паметен е проклето досаден. Кога е несериозен лажов и женкарош тогаш е одличен ама душата ми ја јаде. :D
    И така јас повторно се соочив со ужасна врска која била перфектна само во моите очи. Џабе е диоптер, џабе е ночари, ништо не сум видела. Сите оние лицемерни џенталменски потези беа толку впечатливи за мене, бидејќи до сега немав видено такво нешто, да тотално ослепев.
    И сега сум пак, на оној сингл маркет, си ги преболев сама тагата и болката. Многу емоционално и потресно како никогаш до сега и во моментов сум сингл.
    Ќе останам уште многууу долго така.
    И уживам. :party: Веќе неколку месеци уживам во самотијата. :D

    Но колку и да сум сама никогаш не сум осамена. Ме побара некој од минатото, некој екстремно секси и згоден. Постар е од мене, попрошетан, попаметен но нешто фали. Оној Холивуд ефект го нема и толку ми е драго. Едноставно сфатив дека проблемот е што ние девојките можеби премногу очекуваме од мажите. Очекуваме дека ќе вратат со иста зрелост и сериозност, со иста верност, со иста љубов. И потоа сфаќаме дека секој индивидуално ги разбира тие работи, и тогаш другиот е крив. Затоа никогаш не треба да се очекува ништо од никој. Се што ќе се случи ќе биде спонатно, поинтересно.
    Така на пример, се најдов себе си како се испитувам со прашањата, што ако? зошто? он вака, он така. Он е индивидуа и вечерва може да прави што сака, истото и јас. А ако плановите се поклопат може да го правиме истото заедно.
    За прв пат во животот, и јас осетив што е френд вит бенефит.

    Ме фати вирусот. Изгорев од температура ми ја зовре главата. Кончено почнувам да се чувствувам добро, се надевам дека неделава ќе мрднам и јас од дома.
    Сакам да прошетам некаде. Некаде убаво.
    Можеби ќе дојде и тој.
     
    На bittersweet, Elennaa, ana-girl и 14 други им се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Не очекувам многу од животот, ама сонувам. Секоја вечер пред спиење си правам сценарија у глава, кои најверојатно нема ни да се исполнат. Ама надеж се.
    И не барам многу, знам да се заситам и со малку. Ама да вреди.
     
    На Monna.Monna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Многу депресивен ден ми е денес.
    Се разбудив со страшна забоболка, после тоа пмс ме нападна па во стомаков чувствувам турбуленции, цел ден пред книга се потам , а концентрација 0.
    Глава ќе ми прсне, ќе експлодирам !
    Не ми се спие,ама ми се одмара.
    Би лежела цела вечер онака без око да склопам,само да се релаксирам и да поуживам малце.

    И СДК дека страшно многу ме иритираат неодговорни личности.
    Зошто превземаат обврски кога гледаат само како да ги одбегнат или да ги завршат онака ради реда?
    Ако си мрза светска, неодговорна личност која не размислува за последици, препушти ја работата на друг кој ќе ја заврши целосно и како што треба.
    Не добиваш плус кај никого затоа што се пријавуваш за преземање на обврските, напротив ги разочаруваш сите кои од тебе очекувале исполнување на задачата.
    Не не мачете нас совесните, туку тргнете се од патот ако не ви се работи ! :)
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали створењето што го запознав попладнево припаѓа на родот спонзоруши.Искрено прв пат „имав чест“ да стегнам рака со таква личност.И со маж ми цел пат од Скопје до дома се натегаме дали е ,или не е!Поинаку не ја гледам врската помеѓу 60 годишен маж и 30 годишна жена.Ало бре човеку-му велам-значи спонзоруша е женска личност која полово го задоволува мажот,а мотив на таа интер акција е неговото финансиско конто.Е сега,можно е заради комплетно залагање да добие формална потврда,во облик на хартија која го потврдува стапувањето во брак.Е тогаш се менува обликот но не и суштината на овој однос.
    -Баш знаеш да дадеш добра дефиниција-констатира маж ми.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Дека ќе поминам со сите 5ки и сум одлична еинствена во клас хаххах хухуху :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    ....сакам да кажам се...да си ја отворам душичкава моја,но дали и тоа ќе помогне....бев живец,позитивец и сега сум,но некои луѓе и проблеми сакаат да ме повлечат надолу...толку длабоко што незнам дали ке испливам некогаш....доживеав и преживеав многу работи до сега...а уште што се ме чека можам само да претпоставам...јака бев кога требаше,јака сум и сега....а во иднина,е тогаш никој нема да ме скрши.горда сум на себе заради се она што поминав и пребродив,горда сум и стојам цврсто на нозе со крената глава,но не дека платата ми е 1000евра,не затоа што сопругот ми е директор,а швалерот има свој бизнис,не затоа што возам скапа и бесна кола,не зошто секој викенд сум на шопинг во солун,а летните одмори ги поминувам илјадници километри од тука на некои вошебни плажи,не заради сето ова,туку заради безусловната љубов која му ја пружам на семејството,заради секојдневното испиено кафе со сопругот во 6 наутро,заради пешачењето на водно,заради мојата мала со многу труд и љубов заработена плата,заради нашиот дом од 35квадрати.....ете за таква гордост зборувам
    ....и уште еднаш сакам да кажам...не трудете се да ме скршите...нема да ви успее,залудно се мачите...
    ....живец бев,позитивец исто така,не ме влечете надолу зошто нема да пропаднам....Бог е мој сојузник...
     
    На anggell и lunicka им се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си направила одличен избор на дечко тогаш кога дури ни татко ти кој е најголемиот ситничар кога се работи за неговата ќерка, а воедно и застрашувачко заштитнички настроен не може да му најде ни една единствена мана. Да не ти се верува...
     
    На bittersweet, Ketrin.Moon, leighton23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Трчам по автобус како и секое сабајле,и како и секогаш ми бега,и шoферот цинично ми се потсмева на моето тромаво трчање и мафтање за да застане.
    И тоа не е се.Шлагот доаѓа кога ќе го прочитам она :ТИ ИЗБЕГА АВТОБУСОТ? што стои залепено позади...
    Иронија на ниво.. :emo:
     
    На Ketrin.Moon и Kaylie им се допаѓа ова.
  10. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Ако ви треба нешто за дрва, растенија и сл. по биологија, слободно обратете се кај мене. Поради тестов, повеќе од градинар знам за ботаниката. :geek
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога има некој да те гушне, во овие ладни ноќи.
    Долги прошетки, а се наоколу е жолто.
    Насекаде паднати лисја од дрвата, кои шушкаат околу нозете.
    Ја сакам есента :)
     
    На Monna.Monna, Elennaa, ana-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Само во Македонија те терат две смени да одиш на работа. :(
     
    На Ketrin.Moon и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Уморен период, фрустрации, разочарувања.
    Немам ниту сила, ниту волја, ниту трпение, ниту ништо.

    Камо да можев да хибернирам барем уште три зими или да можев да направам нешто вака:
    [​IMG]
    Памтам дека една прекрасна професорка одамна ми рече дека во животот најчесто успеваат не оние што најмногу учеле туку оние кои си биле златна средина. Оние првите не се навикнати на неуспех, ми рече. Нив губењето најмногу ги боли.
    А, не и верував.
    Се надевам дека е само период. Само знам дека сакам да заврши.
    Најлоши се разочарувањата од себеси.
    Најлошо е кога доцна сфаќаш дека најнакрај и ти си човек, и ти губиш и дека не си семоќен.
     
    На kala21, Monna.Monna, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    260.148
    Here I'm my lady's 8) .
    Пред една недела станав мајка на едно мало прекрасно бебе кое ми го разубави животот :angel: .
    Yes, now I'm мама, една будалеста мама која ужива со своето фудбалерче ^_^ .
    Малце сум ненаспана, но не се жалам :) . Па мамичка сум, и тоа најсреќна мама
    :$ .
     
    На Serafima, ludoto19, thinkerbell и 85 други им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Толку многу ме гуши што стиснав заби и сакав да кажам, да споделам, да ми олесни ... но повторно ќе ја голтнам болката.
    Просторов вечерва и припаѓа на Џули.
    Едни доаѓаат, други си одат. Некој е среќен, друг тажен.
    Ценете ги моментите кога сте среќни, непроценливи се.
     
    На bittersweet, teddybear, kala21 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    143.744
    Ме мачат некои сериозни прашања кои сигурно не би ме мачеле кога би имала сериозни проблеми.

    Ме мачи загадениот воздух.
    Кичот во Скопје.
    Ме мачат незавршените работи што ми стојат на стенд-бај.
    Ме мачи пластичната амбалажа која никако не можам да ја избегнам, колку и да се трудам. А секое парче пластика го доживувам како шамар на сама себе и на моите деца затоа што ја загадуваат нашата планета - моја, нивна, еден ден и на нивните деца.
    Ме мачи синтетиката во облеката. И таа е некаква си пластика која ниту е пријатна за носење, ниту е добра за околината.
    Ме мачи глобализацијата. Си мислам колку ќе беше поубаво да си имавме мали локални бизниси. Секој ќе си го најдеше своето место многу полесно, а ќе имаше и многу помалку забушанти, затоа што нема поента да забушаваш во сопствен бизнис. А можеме. Кога можат нашите да извезуваат облека во Германија, зошто да не можат тоа да го шијат и за тука? Зара не е поквалитетна од Бела, ама Бела има ограничен избор на модели.
    Ме мачат вратените краставици од Хрватска и грозјето до Франција поради тоа што користеле премногу пестициди. Не можам да не помислам што се' јадеме.
    Ме мачи мојот личен избор на храна и немањето доволно сила да престанам да внесувам нешта кои очигледно не ми влијаат добро додека е време. Нема проблем, ама зошто воопшто да створам основа да имам?
    Шеќер, поконкретно. Никако да го откачам. Ај на здравје, па и на убавина ми штети :D
    Ме мачи неможноста домаќинството да го доведам до совршен ред. Не знам ни зошто го посакувам ова воопшто, ми доаѓа од внатре.
    Ме мачи и тоа што на децата не можам да им створам навика сами да учат и тоа да го прават добро. Губам време, а не им правам услуга.
    Ме мачи и одлуката да останам тука и направам што можам во мојата Македонија. Убаво ми е, но не знам дали ќе им биде и на моите деца. Па и мене, во иднина.
    Ме мачи изгледот, генерално. Не сум задоволна ни од коса, ни од тен, ни од лице, ни од линија, ама од ништо. А ништо не правам да сменам нешто.

    Веројатно кога би имала некој сериозен проблем, не би мислела на се ова. Ама сега, ме мачат.
     
    На NoellePage, bittersweet, anuskaNESTLE и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.224
    Абе фантастично е како најголемите плачковци и кукачи успеваат у живот. Ваљда затоа што се хранат од туѓа енергија! Да им врзеш два шамари и кај мајка им. Не давам бре веќе, не давам. Прееска нину нину, море мрш! Ич не ми е гајле, ИЧ!

    Туку ... колку повеќе се дружам и движам за мене неомилени кругови, толку повеќе се згадувам до кој степен е лицемерието. Ќе голтаат, ќе глумат, не им е по ќејф, морал и принцип, ама јбг, тоа е светот, така функционира светот (читај Македонија), мора да се со некого и за некого, кои се они да кажуваат нали и оп, цуп, ќе си ги излижат задниците пирамидално.
    А од друга страна, да не зборувам колку една категорија на луѓе не е ни јасна дека е блиска до тие што треба да е блиска и ги тегнат конците... ма не при свест си човече. Ами така најубаво, ќути си, трај си, немај став, само тапшај и чекај да бидеш потапшан, азното само ќе си дојде, ќе те изгураат како-така. И пари и стандард и нечепнат од никого, лепота од живота.
    Туку некои, мора да се признае паметни деца, збореле, се кревале, имале став и од еднаш оп, оп, оп...штамаааа...мртва тишина. Некој ги уќуткал... Почнуваат со некои Шарма философии и говори за мирот, признавањето и секој да треба да си го брка својот бизнис,нешто среќата, па макар била себеубедување дека те бива и сите околу тебе такви ќе те поддржат и ти ќе си мислиш дека те бива. Па чекајте малку другари... значи секој се може да си прави комотно, да забива нож во грб, да биде идиот од човек, да биде еби ветер, да биде превара, амаааа философијата на животот или според некои демократијата, секој својот бизнис. Е тие нешто зборуваат за медиокритети, просеци и надпросеци...од време на време,порано пожестоко, ама сега се во крем де ла крем,па не смеат да си дозволат такви нискости, зошто некое друго его има ризик да биде повредено.
    Ај добро. Штом велите така... Ќе се потрудам да поработам на немање осет, моралот понизок, главата помирна, луѓе околу мене заебани ама ќе им викам сач ис лајф, што ти е гајле на тебе?
    Ако де, ги учам лекциите.
     
    На Hipster, Marossa и zuzu82 им се допаѓа ова.
  18. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    СДК дека готово, психички се пореметив.
     
  19. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    .....тоа никако...ајде главата горе и напред.биди позитивна и на проблемот изнасмеј му се во фаца-еве баш вака :D :rofl: :D ...верувај ми помага многу ;)
     
    На DirtyQueen, eliesaab и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Има еден маж кој си го посветил животот само на создавање куќи и множење на пари.
    Тој маж никогаш не се јавил кај своите деца да ги праша дали имаат што да јадат и кај да спијат.
    Тој маж сега е сам. Тотално сам. Ужасно сам. И гледам дека е мизерен.
    До пред некоја година не бев чула за можно постоење на ваков лик. Но откако од прва рака слушнав дека постои останав без зборови.
    Не ми е јасно зашто правел деца. Страшно!

    Ми се крева косата кога ќе видам како парите и моќта се ставаат на повисоко рамниште од љубовта. Па и си мислат дека штом имаат полни џебови автоматски ќе станат среќни, о и почитувани.
    Која е љубовта и каде е таа во вашите светови? Каков облик има?
    Доколку тој до вас ве бакне а вас ви се повраќа од бакнежот, што тоа би значело?

    И зашто срцето не ви тупка за ниту едно човечко битие?
     
    На Monna.Monna, Someonespecial, Antoninaaa и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.