[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Добре дојде :) :) :)
     
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Трчам.Трчам на сите страни за да постигнам се. Се растргнав и неможам да постигнам се.
    Ахххх лудилоо!
    Него сакав да ви кажам дека сум многу среќна,а знаете ли зошто?
    Епа вчера си легнав и около 12 ми врти тој за да ми каже дека ке оди во Србија за Нова Година и дека ке си дојде пред Божиќ.Да не сум го мислела и немал кредит да ми врти.А кога ке си дошол СПЕЦИЈАЛНО КЕ МИ ЈА ЧЕСТИТАЛ НОВА ГОДИНА... :lol: баш ме интересира што специјално ке биде :P

    И така јас сега си се смејам без причина и си уживам.А дааааа... и трчам на сите страни за да постигнам се.
    Ама не се лутам,акооо.
    Вечер ке си се одморам убаво,. за да бидам full спремна за утре 8)

    Бидете си и вие весели и среќни. Утре е убав ден,а уште поубава ноќ.
    Од 1ви не очекуваат празници и убави денови.
    Имаме причини на квадрати за да се радуваме :)
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Утре, последен ден од оваа година.Сите трчаат на сите страни да постигнат се, ги прават последните подготовки за -најлудата ноќ- а јас? е мене воопшто не ме фатила таа еуфорија.Незнам зошто али како да не доаѓа новава.Си се лутам и на себе што е така, но што д аправам, а обврски еден куп кај да стигнам побрзо.Па капак на све и дечко ми, со тоа што да и купиме подарок на мајкамѕ оти на 1ви и е роденден.Хмм па незнам бе човече, незнам- немам никаква идеја.Лел дајте идеја ако имате :^)
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам БЛАГОДАРАМ, пред се на фемина кој е мојот отворен дневник, каде оставив многу ситуации, кои еден ден ќе ги прочитам или ќе ме растажат или ќе ме развеселат. Ви БЛАГОДАРАМ Вам, што со вашите постови ме научивте, посоветувавте, искаравте, пофаливте. Инспиративно е да се читаат различни карактери на едно место. Многу ситуации и животни приказни кои не прават да постоиме.

    Научив од вас ќе пренесам низ цитати:

    "Подобро е да се изгубат повеќе битки во борбата за своите соништа, отколку човек да биде поразен без и воопшто да знае зошто се борел...„

    "Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, дури и кошулата од грбот - но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.„

    Атентат - Јасмина Кадра

    "Не постои грев туку недостиг од љубов.Имајте храброст,бидете способни да сакате,па дури и ако љубовта изгледа предавничка и ужасна работа.Бидете среќни во љубовта.Радувајте и се на победата.Следете ги заповедите на своето срце„- Пауло Коелјо

    Ви благодарам феминки, нека Новата Година биде убавина.. :l:
     
    На angel92, Hopeful, Strumfeta93 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.391
    Допаѓања:
    142.890
    Ја сакам темава, најмногу поради мислењата на Пирамитка и Лилит кои поставија некои стандарди поради кои многу пати сум ја отворила темата, и сум ја затворила без да напшам ништо, за да не ја полнам со мислења кои не вреди да се читаат. Или на поинаков начин кажано: девојки, понекогаш фрустрирате! :D

    Оваа година не ми се случи нешто спектакуларно, 2010 беше многу подраматична и со убави и со неубави моменти. Барем лично за мене.

    Ама затоа ги имав најубавите моменти со моите другарки. Со едната бев кога констатираше бременост која ја очекуваше речиси една година, а со другата бев кога сфати дека го сака тој нејзиниот, и дека тој е човекот на нејзиниот живот.

    Ја имав и првата операција со едно од децата, која фала богу помина поедностано од колку што мислев, а само што ќе почне годинава ќе имам и со другото. Ќе биде се ок, знам. И не се тревожам, страв ми е само од неизлечиви болести, ништо друго.

    И она што мене ме промени најмногу беа две одржани лекции од Душан, кои ме исфрлија од колосек, ама кога се вратив бев променета и подобра и за мене и за сите околу мене.

    Оваа година ме облеа и некоја хармонија со сама себа, и на работа, и дома, особено втората половина од годината. Мислам дека конечно ми легнаа сите улоги што ги имам, иако уште има можност за подобрување :D

    Следната година ќе ми донесе многу предизвици. А јас многу сакам предизвици!
     
    На Lilit, Neytiri, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  6. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    СДК нова година е утревечер, а јас болна скапана.
    Why? ;(
    Се надевам дека ќе подоздравам до утре.

    Ајт феминки среќна ви нова година и среќни празници. На сите ви посакувам лудо да се изжуркате и до даске да се опијаните. :lol: :)

    2012 Let's not fuck it up :party: :party: :party:
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Престилка со Дедо Мраз и оние дебели ракавици кои служат за вадење на тави од рерна :) или евентуално марама (ако носи)

    Ќе ја поштедам странава од мои проблеми и делење на памет :D и ќе кажам само секој да си го живее својот филм ;). Каде и да сте, со кого и да сте во овие празнични денови нека ви биде топла и исполнета душата и уживајте во животот ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    СКД дека сум многу, ама најмногу срекна што сум конечно до моите блиски и сакани луѓе! :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Форумот Фемина стана форум за потсмевање. Не ми е јасно зошто ги осудуваат членовите што се енос зачленети, не ги прочитале правилата, само сакаат совет. Ако пишуваат на латиница, веднаш ги осудуваат, ако проблемот е "глупав", веднаш ги осудуваат, ако бараат помош околу тоа дека ќе седат дома сами за Нова Година, веднаш ги осудуваат.. Не може секој да има голем проблем и фемина не е форум само за големи проблеми. Можеби некој има потреба да слушне мислење од некој друг или подршка да добие од нас, затоа што нема од кого. :!: Ве молам да не ги осудуваме веднаш членовите. Овде сме да дадеме совет, без разлика каков е проблемот. :)
     
    На Loritaa, Hopeful, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    СДК колку е убаво кога ќе ти завршат школските обврски.
    Со денови не можев убаво да спијам, сабајлево си спиев убаво, поубаво не можеше. Од кога не сум спиела цели 12 саати. Кога се разбудив, немав ништо за учење или пишување. Релаксирано од сабајле. Денес последен школски ден. Ништо друго, освен кафенце со пријателите. Мераци :)
     
    На starbucks и Cacy им се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Уште 0 дена, и распуст! Мислам, БУУ.
    Вчера за поклон си добив пакетче, денес паркирано црвено ферари. Кој ќе го трпи..
    И да, од денес, нека врне снег, нека грми, што сака нека прави, битно на безбедно сум. Нема да паѓам од скали. :rofl:
    [​IMG]
     
    На Doozy, starbucks, Cacy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... јас нема да ви фантазирам, нема да китам и да правам филм од мојот пост ... Нема да ви се лигавам и да глумам лудило ....

    Едноставно само ќе ви посакам во Новата 2012 година да ви се исполни се што самите силно и од срце посакувате да ви се исполни!!
    Имајте убав, весел и насмеан, а најважно среќен период каде и да сте овие празнични денови.

    [​IMG]

    И наздравувајте само за убави работи

    [​IMG]

    дефинитивно вие ми ја одбележавте оваа 2011 година
     
    На bittersweet, annii, Neytiri и 15 други им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ова ќе ми биде последно мислење на темава за оваа година.
    Ме чека доолга и напорна година, ме чека матура, факултет, ме чека година во која ја запишувам мојата иднина. Тешка ќе биде 2012 г. за мене.
    Се’ што посакувам е многу среќни денови, насмеани лица. Здравје пред се’, радости, љубов и успех на секое поле од животот.
    Убаво да си поминете утре вечер кај и да бидете и со кого.
     
    На Hopeful, Magnolija, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Оговарање, правење лице, глумење лудило, завист, лицемерие и пред сѐ лажење во очи се национален спорт на кој никако да се навикнам, ниту ме интересира да го гледам а уште помалку да го тренирам :D.

    НЕЈЌАМ БЕ :D.
     
    На Neytiri, Phyramide, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не чувствувам баш некоја новогодишна атмосфера.Еве уште еден-два дена до новогодишната вечер а мене ова ми е само обичен ден.
    И да,оваа Нова година ќе бидам дома и не ми е толку криво што нема да одам некаде.И така не сум ти јас за пијанчење со турбофолк музика и "хитовите" на Цеца и Аца Лукас.И да одам некаде знам дека пак нешто нема да ми биде по ќеф така да сеедно ми е.

    Едвај чекам да заврши оваа година.Премногу негативни работи се насобраа наеднаш и едвај чекам да се збогувам со сето тоа и да го оставам зад себе.Од наредната година очекувам подобри работи и случувања.Имам некои планови и сакам да ги остварам.Сакам барем еднаш во животот да го направам тоа што сум го наумила а не се да остане само на зборови.Храброст и одлучност отсекогаш ми недостигале но ќе се трудам тоа да го поправам.Си ветувам и дека помалку ќе се нервирам и замарам за некои личности кои тоа не го заслужуваат.Едноставно сфатив дека секој си гледа за себе,па така и јас ќе си се ставам себеси на прво место.Новата година е секогаш резервирана за промени.

    И за крај сакам да ги поздравам сите феминки и да им посакам среќа во Новата 2012 година.Иако виртуелно сепак сум среќна што овде запознав многу паметни и интересни девојки.Бакнежи :* .
     
    На starbucks и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    2011 ќе ја паметам по Фемина. Се зачленив во 2010, но активно почнав да пишувам, да барам совети, да давам совети и слично во 2011. Многу од овде ми помогнаа кога ми беше тешко, им БЛАГОДАРАМ. И благодарам и на Фемина затоа што стана мојот личен дневник. :)
    Во Новата 2012 ќе зачекорам сама, со крената глава. Нема да дозволам никој да ми ја спушти главата. Ако паднам, ќе станам, ќе си ја наместам круната и ќе продолжам напред. Знам дека не сум сама,ја имам фемина, го имам моето семејство и пријатели. Доволно за да одам напред. Да не беше 2011 никогаш немаше да научам како да бидам силна. Иако не беше година каква што очекував, и благодарам. Се надевам дека 2012 ќе биде подобра година, ќе биде исполнета со среќа, со љубов и пред се здравје.
    Утре вечер, не дозволувајте ништо да ве орасположи. Поминете ја вечерта со смеа со љубов и со среќа. Па така нека почне 2012 и нека продолжи.

    Ви посакувам на сите тоа што вие сте го посакале. Да даде Господ да ви се исполни секоја замислена желба и Дедо Мраз да ви го донесе тоа што сте го побарале. :D :dance:

    А ја.. Идем напред. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=15jjjyn76iM

    :* :* :* :*
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Луда ноч, ја сам момак на лошем гласу у овом граду, а ко си ти.... А она каже - луда нооооч

    Дојде време и јас да напишам нешто за некое чувство...
    Чувството кога стануваш сабајле и си облакаш пижами... Priceless...
    Каков неочекувано добар провод вчера... А излеговме на една пијачка, со договор рано да се вратиме.. Аха да.

    Јас, човекот на мојот живот и најдобрата другарка... Дрим тим.
    Дуо трио.
    И три вида алкохол.
    И бакнежи.

    Ми ги отвори очите, му кажав конечно што ме мачело сево ова време, уствари алкохолот му кажа. И знаете што ми кажа „Ова ти е најубавиот период од животот сега“. И прибидејчи секогаш му верувам, знам дека и за ова е во право.

    И пак тој алкохол не натера да си искажуваме љубов, на чуден нељубовен начин..... Па може да се нарече пријателска љубов. Almost.

    И така жени мои. Вечер повторно ќе уживам во алкохолот, утре такоѓе... Само ќе останам на една врста алкохол....

    Следува најубавиот период од мојот живот...
     
    На eli25, teddybear, Peperutka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    2011 ќе ја паметам по фотографиите.
    Какви такви,мои се,си ги сакам! :)
    Me исполнуваше,ме испонува и ќе ме исполнува.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    2011 ќе ја памтам по Фемина.
    Не постирам многу,ама обожавам да ве читам многу од вас,но сите ве почитувам.
    И не ми беше тешко за кратко време на вас да гледам како на семејство. :)



    2011 ќе ја памтам по подеми и падови,успеси и неуспеси,пријатели и непријатели...
    Се на се,ова беше интересна година за мене. :)
     
    На kate21, Divinebutterfly и MandyLane им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и не ми е до славење Нова Година, оти сум ненаспана-будна од 2 наутро, а брат ми кога станав ме израдува-тетка ми средната ја болеле очите и како што е 90%инвалид на очите,зголемени и се шансите да ослепе ;(, а мајка ми не сакаше да ми каже, и сум ко издрогирана :drunk:
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да ви опишам реална случка од друг форум и се уште не успевам да се соземам од тоа колку сум изненадена и згадена. Еден дечко соопшти како девојка му го изневерила после 5 годишна врска. Знаете какви ,,совети,, доби - скрши ја од ќотек, брутално силувај ја анално, смисли и‘ тактика сама да се пријави во психијатриска болница... Не, не беа на шега. И не, не беа од некои тешки планински ропаци туку од начитани интелектуалци кои би завеле просечна девојка за неколку саати - слободна проценка секако. И иако имаше и нетепачки настроени (овие беа приврзаници на психички тортури) сите постигнаа консензус дека жена се чува на 2 начина - со пари и страв.

    Не ми е целта да делам и пропагирам морал, посебно во време кога скоро и нема човек кој не го видел горкото и грдото лице на неверството најмалку од една, често и од двете страни. Сепак, иако не оправдувам неверство, нема оправдување ни за психичко или физичко или комбинирано насилство од било кој тип. НЕМА!

    Иронијата е што до пред некое време мислев дека најголемиот проблем е што исчезнуваат од сцена мажите достојни да се именуваат така, на кои им стои таман и големо М. Сега увидувајќи дека најголем проблем се толпата латентни психопати, размислувам се повеќе во насока за вештачко оплодување. Сериозна сум. Бидејќи ваквите мажулиња нема да одреагираат вака само за неверство туку и други мал милион причини на разочарувања на нивните ,,височества,, сосема веројатно и остварливо. И да, кога бев малечка сакав синче кога демек размислував на тема идно потомство, сега имам промена на планот сакам ќерка!

    Јас во Новата ќе ви посакам очи ширум отворени, остар разум и едно десет пати премерување пред сечење во постапките. Ова се времиња невремиња... Иако може не е соодветно празнично настроен постов, мислам дека секое време е право време за него.
     
    На caroline.costa, Ariel, vendiii и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.