1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Кога гледам какви се луѓе постојат, не ми се живее. Толку ограничени во секој поглед.
    Постојано се завидливи, злобни, себични, арогантни, егоистични и не се обидуваат во никој поглед да се сменат.
    Секогаш е подобро да се гледа во туѓиот двор одколку во својот.
    Ке ти наштети и око нема да му трепне. Не ми е јасно, немаат грижа на совест?
    Постојано ја прашувам другарка ми ова, и таа секогаш ми вели - Тие таквите немаат грижа на совест и не им е гајле за ништо.
    Менталитетот ни оди се надолу и надолу.
    Секоја чест на оние кои се добри и поштени .
     
    На LittlePinky, anabel-a, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Знам.
    Знам дека еден ден ќе ми недостигаат овие денови,денови во боите на виножитото кога имаш 20 години,млада и заљубена,збунета и мудра,неодлучна и љубопитна,песимист и оптимист.
    Сонувач.
    Мечтател.
    Заробеничка на фантазијата.
    Ќе ми недостига звукот на штиклите во некоја темна ноќ,бесмислените разговори во пет часот наутро,еден мал кревет кој по некое чудо ќе собере три или четири девојки,секој испиен чај покрај кеј,секој полн амфитеатар,ноќите во кои единствено со тебе се месечината и тишината колку да не си сама,а во мислите друг свет,фантазија,тој ,љубов,моменти,ќе ми недостига секој украден поглед и секоја купена насмевка.Ќе ми недостига времето кога чекам да ми се исполнат старите желби и одново да посакам нови.Желбите секогаш чекаат да бидат посакани.Индината е замена.Го негувам минатото.
    Во минатото ќе ми се состојат сите љубови кои некогаш ми го допреле срцето.

    Покрај Вардар ,често стојам,го гледам минува исто како деновите.
    И не се плашам од иднината и нејзините моменти се плашам од недостаток.
    Можеби.
    Ги будам деновите.
     
    На LaraSolare, Daydream, Umbrella22 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Се пронајдов...како јас да сум го пишувала.
    Ноќите ме убиваат :(


    Колку повеќе сакаш - толку е поголема болката...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Искрено едвај чекам врбата да роди грозје зашто мнооооогуу јаки ствари се ветени за тогаш!
    Ваљда така ке ми се оставарат пола желби! :D
    Денес времево тиња ама нема да ме спречи да го конзумирам денот до максимум...
    Кинески ресторан е на репертоарот за денес и пржен сладолед...
    Ова како утеха додека врбата да роди!
    Убав ден драги феминки! ;)
     
    На Papillon.Papi и Barca-Gril им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Можеби сум криипи, но јас ја сакам осаменоста.
    Не ми пречи да си одам сама до дома разговарајќи со уличните кучиња за моите проблеми.
    Поточно, тие само можат да ме разберат за што им кажувам... :(
    Луѓево денес ако им кажам нешто, ќе ми се испораздерат ќе ме замразат, а јас само неколку реченици сум им признала... Тоа не се вика добрина... Добар си ако простуваш на туѓите грешки, а јас простувам...
    На колку луѓе сум им простила, но тие не ми простиле... тажно... не го замислував светов до толку неблагодарен. :doh:

    Другарките од школо ми се чудат како така си одам сама, ама, нека ги.. нека се чудат. :!:
    Јас обожавам да бидам сама, да не бидам испрашувана од другите, да не им ги кажувам тајните на нив.
    Единствена личност на која сите тајни ги кажувам е мајка ми. Таа само може да ме разбере. Сестра ми е на 2ро место, зошто таа е мала и едноставно неможе да ги разбере речениците што јас би и ги кажувала.
    Би ми се изначудила и би ми се налутила ако не и го преведам, т.е да и го изџвакам за да го разбере.

    И, замислете како би ми било да ја нема мајка ми. Стегната, во себе едвам би издржувала се! :@
    Затоа, сакам да кажам дека луѓево денес нема да ти бидат корисни толку колку што мајка ти може да биде. Не ви е потребно да кажувате на другарите и другарките што ве мачи, тогаш уште повеќе ќе ве мачат нивните зборови, но и немојте вие некој од нив да прашувате што ги мачи нив, зошто и вие знаете како би ви било...

    Се надевам дека ме разбравте. :*
    Поздрав до сите ваши сакани. :hai:
     
    На Lella, anuskaNESTLE, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    9.544
    Пол:
    Женски
    Што среќа му удрив на дождот :D ,променлива сум ко годишно време,не се препознавам :^) .Cамо да ви посакам убав ден на сите ,и зачувајте ја насмевката на вашите лица на инат на тмурното време.Cекогаш имало и ќе има неправди,само јас да не сум дел од нив е тоа посакувам најмногу :!:
    [​IMG]
     
    На Papillon.Papi, iloveyou29 и vitomir им се допаѓа ова.
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Dennings ова мислење ме допре длабоко во мене каде што секоја ден ја кријам мојата пречувствителност.
    Секоја ден се правам силна и како ништо да не ме повредува а одвнатре ми иде да викам силно и да кажам дека не ми е сеедно оти така ме погледнал некој и ми кажал така. Ама никогаш не сум го направила тоа само во мене собирам.
    А најлоштото е што честопати неможам да се докажам поради тоа што се срама да не се обрукам нешто и тоа е секако пред тој што го сакам. Слично е и пред одговарање поради тоа што се срама и имам преголема трема не договарам баш добро.
    Оваа година подобра сум научив да не се замарам за тоа дали ќе се засрамам или не и да се опуштам при одговарање и добро е има подобрување оцените ми се супер.
    :* и :hug: до тебе
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Епа така си ги наредив сите петки.Нема посреќен човек од мене сега :D . Конечно завршивме со тестови и испрашувања,уште утре еден и готово :) После малку одмор па пак учење,ама тоа е... :)
     
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    12.100
    И после се идат оние ситуаци во кои велиш Нема врска ,ништо не ми е јас сум навикната
    А всушност сакаш да отераш све у три лепе :talk: ,ама стегаш заби и се смееш како идиот :D
     
    На ozbilnazena, Someonespecial, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Амаааа баксуз сум се родил... Дус дибидус.
     
  11. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    И порано сум кажала и ке повторам. Го сакам Четвртокот. :)
    Иако е сива , ладна, дождлива есен во Четврток јас се чувствувам прекрасно. Знам, следува викенд.

    Јас сум подобра, фала на прашање. Си ги потрошив солзите во Понеделникот па во Вторникот веќе бев нова Ана. Се насмеав, се опуштив ,сфатив дека не сум ни прва ни последна што раскинува врска. Тешко ми беше и сеуште не ми е сеедно, а особено ме радува фактот што бев упорна и што не го побарав, па по 3 дена тој мене ме побара.
    Како си?
    Добра сум
    , фала на прашање. Како периов..?
    Супер, ми оди баш во нагорна линија.

    Школото си тера,петчиња си имам, дома ситуацијата е супер, се надевам на еден позитивен одговор и ке бидам исполнета.
    Да , проклето ми фалиш. Кога поминувам на некои места, враќам филм и сфаќам дека пред само 7 дена сум поминала со тебе од тука , држејки се за рака и смеејки се најгласно после прекрасно помината заедничка вечер.
    Така ти одлучи. ;)
    Друго и скоро да нема. Си шеткам , си учам по малце, си слабеам активно периов, и со неисчекување чекам да дојди тој фамозен 18 - година дена на диета. 8) Ги повикав најдобрите другарки на мала частенка во недела. Опуштена вечер, со музиче, мезе ти реков ми рече. ;)
    Имајте прекрасен ден.
    Со љубов Ана :*
     
    На Annath, Ketrin.Moon, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Понекогаш форумов прави да се чувствувам толку стара. Чудно, а така се сеќавам на младоста, како вчера да било. Паметам се', зборови,разговори, чувства, мириси, паметам точно како сум била облечена во одредени прилики.
    Паметам дека имав многу желби. Дел се исполнија, дел не. Во главно освен една голема грешка, не жалам заради ниедна моја постапка, одлука, чекор.

    Што се сторив денес. Живот од денес за утре, без големи планови, желби, цели. И тие што ги имам се така едноставни и прости-здравје, спокој, правилен развој на моето дете. Копнеам за мирни денови, попладне со добра книга и чаша вино во рака...семејни мирни разговори, топлина, мирис на јадење низ домот.... само тоа.
    Се плашам да посакам нешто поголемо, да си поставам цел. Не знам зошто влегов во ваков период. Се плашам да ја расфрлам енергијата, се плашам ...како Рафаел де Валентин ја штедам секоја капка живот. Не ми се расфлила енергија на нервози, глупости, трчање по кариери, по пари, непотребни конфликти со луѓе...
     
    На do-re-mi, bittersweet, anuskaNESTLE и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК да си се испофалам после две години со договор на работа денес си добив решение. :inlove: :clap: :$
    Па повелете почестете се што си сакате. :inlove: :clap: :hai: :* И дај Боже да ви се врати на сите за убаво вака само убавини да ве следат. :hai:
    Има од се по нешто за сите и оние што се на диета и за оние што не се (како мене). :lol: [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Buttterfly, crazylady, bittersweet и 35 други им се допаѓа ова.
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Тажна сум без причина :(
    Денов ми е никаков. Требаше да станам во 08:00, и да одам на факултет од 09:00, па си реков ај ќе одам кај 10. И не појдов, и цел ден ми помина така безвеза. Поспано :worried:
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Кога бев мала мајка ми ми правеше разни фризури на косата, секој ден одев на училиште со некоја интересна плетенка или чудни репчиња и секогаш се издвојував, а учителката не пропушташе да ме пофали.
    Но, најомилено ми беше секогаш репчето што ми го врзуваше татко ми. Најобично репче, ама стегнато и не стрчеше ниту едно влакно. И добра реклама му направи, дека мајка ми не знае да врзува такво, дека никој не знае да направи такво, и премногу му се радував. Само секогаш ме чудеше зошто никој баш за тоа не ме фали на училиште, си го замислував како да е којзнае колку необично. Убави ми беа тие денови.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Мечка страв,мене не страв. :P
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Приметив дека моето расположене се менува со движењето на Земјата. Наутро сум најсреќна, потоа станувам се потажна и понервозна и кога ќе зајде сонцето се чувствувам најлошо. Ме фаќа некоја носталгија за денот кој поминал. А не знам зошто... Но, отако ќе почне вечерта се чувствувам се подобро и подобро. :) Чудна сум. Или не?
     
  18. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Сине, подај ми го мобилниот ми стаса порака.
    (Гледа порака од училиште...2 кеца, 3 неоправдани...ја бриши со брзина на светлината) Остави мамо, од ONE е, за онаа наградната игра, небитно :lol: :wasntme: .
     
    На machhe, Dog-lover, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    92.180
    Пол:
    Женски
    Скоро на секоја раскрсница по некој проблем,семафор не работи, лентата ја обележуваат со бело , не почитуваат пешаци ПА НЕЛИ ПЕШАКОТ ИМА СЕКОГАШ ПРЕДНОСТ :?:
    Колони редици од коли автобуси .... едноставно ХАОС .... Аман брее зарем немате ни еден сообраќајец во ваккви ситуации да поставите за да може барем малку ваквите ситуации да ги доведува во контрола :?:

    Ама незнам можеби сите си се зафатени па нема кој да ја врши таа работа или пак овие новите што даваа заклетви пред некој ден не се сеуште обучени добро како треба да се води работата :^)

    Како и да е ние ќе си свиркаме до тогаш и ќе си се нервираме додека да стигнеме до дома |(
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Дознав дека сум падната на најлесниот колоквиум кој мислев дека нема да имам голем проблем за да го положам. |(
    Сега следуваат дупли трошоци, учење за време зимски распуст (пошто нели не следува казнена сесија), како и други глупости кои се во очекување да испливаат на површината. :devil:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.