1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не сакам да кажам, сакам да врескам, да викам, се да излези од мене...
    пресврт и утре разговараме пак на еден тотално луд начин...се косиш сам со себе со делата и зборовите...
     
  2. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.317
    Допаѓања:
    92.184
    Пол:
    Женски
    СКД - оваа е многу корисен совет !
    За сите љубители на калинка :smirk:
    (го практикувам веќе повеќе пати ) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Mama25 и zuzu82 им се допаѓа ова.
  4. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    [​IMG] ;(
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    На крајот, нема да ми биде битно колку цвеќиња и подароци ми купува, дали ми се јавува често, туку колку ме смее и ме заштитува...
     
    На iloveyou29, bittersweet, sweet-cherry и 17 други им се допаѓа ова.
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Не сум сигурна кој е подепре, дали јас или времево.
    Лани, овој период, јадев јапонски јаболка и мандарини како луда, возев секој ден точак по Партизанска од Ѓорче до Центар - со слушалки на мене, ја вдишував есента со полни гради и едвај го чекав секој нов ден.

    Сега сум таков шаблон самата по себе, најлош што може да постои!
    Не сакам шаблони, мразам што заобиколувам еден чист есенски хедонизам, и сакам да се прашам кое е моето нарушување, и каде замина страста во правењето било што?!

    Да има некој да ми врзе еден шамар, и да ме освести, затоа што очигледно свесно одам никаде.
     
    На anuskaNESTLE, Annath, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    се ужаснувам од луѓе што незнаат што сакаат од животот и што во рок од 5 минути 5 пати менуваат план.мразам несигурност,дволичност.мразам исфрустрирани луѓе,луѓе кои со потценување гледаат на другите....во овој куп ги ставам и сите оние кои се преценуваат и фалат.... |(
     
    На eliesaab и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  8. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    СДК ..

    ОД УТРЕ Е МОЕЕЕЕЕЕ !! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Nightwalker, crazylady, anuskaNESTLE и 17 други им се допаѓа ова.
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    хахаххаха леле какво еееее слаткоооо :D
    Ајде длабока старост да си исчекате.
    :P :hai:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Meне нешто поише ме мачи, од оние што одговараат и бараат партнери само по физички атрибути.
    Каков сакаш, што сакаш, што не сакаш, и слични прашања како да си бирам личност од каталог, како да се собрани колекција на мажи, па ма прашува кој го сакаш, а ти го бираш тој и тој, ти го праќаат по пошта спакуван и иштанцан по твоја желба.
    Мене ми се чудат кога ќе им го кажам ова, како можело да сум немала тип, некој скроен според мои желби и замисли. Едноставно е, surprise me, тоа го сакам и ништо повеќе, некој да ме изненади и без тој прототип на совршен маж или дечко да ме освои со своите несовршености.

    Вистина отпосле може многу да ги шокира ама никогаш никој не може некој да ги има сите особини кои ним им се допаѓаат. Па после следуваат низа на разочарување, зашто типчето не скроено според нивните совршени очекувања. И не, не зборам за мали девојчиња, зборам за возразни девојки, 20 и кусур годишни. И после она патење, кукање, депресии, смешно ми звучи и мене знам...
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Имав дечко како што сакав,набилдан,ќелав,кај и да иде сите се вртат по него.Ама го немаше најбитното карактер и понашање спрема девојка.Дали од тоа многу што се боцкаат со хемии им мава во главата незнам,ама џабе им е таа убавина коа незнаат како да се однесуваат со девојка,да ја почитува,да ја цени, да и биде верен.Беше само како кукла до мене и ништо повеќе,многу ми е мило што конечно го заборавив иако помина долг период.Задутре треба да се видам со еден дечко (бивши, на кој му раскинав заради набилданата будала) имам втора шанса и нема да ја пропуштам за ништо,многу ми е мил,знае да цени и почитува и да каже искрено те сакам.Едвај чекам да дојде сабота и да си го гушнам најсилноо :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На eliesaab, CuteEva и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  12. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    150
    Девојко не се потресувај ако се врти по други, машко е, а и ти истото го правиш.
    Не хистеришај ако разговара со другарки, тој не е твој роб, туку дечко во кој треба да имаш доверба.
    Не избувнувај кога флертува со друга девојка, нормално е, секој човек го прави тоа, па дури и ти поштената.
    А почни да се потресуваш кога не си таа која му е во мислите, кога не си таа која му дава подршка, и кога не си таа поради која се осеќа најсреќен.
    Е тогаш драга веќе е касно, сега можеш само да хистеришаш до 101 и назад, ама џабе зашто твојата несигурност и параноја веќе го уништија него, тебе и вас како целина.

    Ја така!!! ;)
     
  13. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Мислев на тоа дека се вртат по него зошто е убав ;) а за другото е сосема друга и дооолга приказна што нема врска со тоа ти што го пиша ;)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.279
    Допаѓања:
    67.896
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Еве една компилација. :D
    Ти праќам од мојава позитивна енергија малку да те раздрма, и така ја имам нешто од повеќе периодов, па ја ширам каде стигнам. :lol:
     
    На Kaylie, eliesaab, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  15. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Зошто да биде комплицирано, кога може да биде едноставно? :(
     
    На Umbrella22, eliesaab и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Убаво било чувството кога ќе ги положиш сите колоквиуми и знаеш дека одредено време нема да се замараш со скрипти, книги, фаќање белешки и долги непроспиени ноќи, па дури и кога ќе спиеш тие неколку часа единствено за што размислуваш е учењето, толку што почнуваш и да ги сонуваш прашањата, така да колоквиумската недела станува најголемиот кошмар, а посебно кога знаеш дека сега е моментот кога едноставно МОРА да положиш затоа што во спротивно си правиш уште поголем проблем.
    Уште релативно малку ми остана до моментот кога се надевам дека ќе го завршам факултетов, конечно. Иако велам конечно, длабоко во мене воопшто не сакам да завршам, ми се допаѓа овој студентскиот живот, барем на моменти.
    Еден од тие моменти кога не ми се допаѓа е следниов. Станувам сабајле во 6 часот, првин се тресам 15 минути до грејалка за да се освестам и за да конечно се спремам за на предавање. Потоа бркам автобуси, се смрзнувам, прегладнувам затоа што немавме пауза, пак патување до дома и со тоа целиот ден ти се упропастува и се чувствуваш способен само за да си ја стоплиш постелата за која сонуваш цел ден и квалитетно да се одмориш и наспиеш. После тоа се чувствувам како повторно родена и спремна сум за наредниот ден.
    А денес, вистински есенски ден. Еден од моите омилени. На вакви денови ги обожавам прошетките ама само доколку сум сама, некако ова е најубавото време во кое сакам да шетам исклучиво сама со своите мисли и да си кројам планови за понатаму. Скормни планови се тоа, и остварливи се надевам.
    И кога така шетајќи влегуваш во маркет и си го купуваш омиленото чоколадо, џем од боровинки и си кроиш плаови како ќе ја смачкаш плазмата комбинирана со омилениот крем, е тоа се моменти од животот кои се навидум безначајни а ти го обземаат телото со некаква топлина, хармонија и задоволство.
    Убав е животот луѓе, колку и да се жалиме, колку и лоши работи да се случуваат, секогаш ќе се најде некоја ситница која што макар на кратко ќе ни измами среќа и задоволство.
    Убаво е да си жив и да вдишуваш со полни гради.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  17. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    150
    Хехе грешка сме се рабрале. Значи мојот пост нема никаква врска со твојот, туку така ми дојде инспирација да напишам зошто глава не можам да дигнам од сето она што го гледам на фб... :x

    Значи DON'T WORRY :)
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Вечерва маж ми со комшијата излегоа да го прошетаат неговото куче ,и демек да се раздвижат.И кучето се врати дома без нив двајцата...му вртам каде се ,а тој еве го трчаме кучето,го чекаме да дојде...му велам слободно истрчајте се до дома ,кучето ве чека да дојдете....
    Мислам кој кого тука....
     
    На Hipster, bittersweet, imelda и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.230
    Ако испадне дека новава година ќе ја дочекам дефинитивно на аеродром, тоа значи дека желбите сепак ми се остваруваат. Самоооо нека не паѓа снег, зошто чувствувам дека зимава ќе ми се смачи од снег!
    Се разболувам сега кога најмалку треба. На очниве капаци ми се чини ми висат сибирски мечиња. Викенд ми е само некој апстрактен поим.
    Ми се вдоми ново маче, самото дојде...сите ги освои...и ај одбиј го. Зоолошка веќе!
    Татко ми чита фемина, тема - камен во бубрег и некои други теми и се убива од смеење. Сега чита друг женски форум и се изгази од смеење од женските констатации дека пролом вода е горска, ладна и слични... Мислам дека треба да го изгласаме за модератор. :wasntme:
    Една е мајка... само да е добра. Нераскинлива врска. Она кое ни се случува како промена во моментов ми е показател дека е нераскинлива врската помеѓу мајка и дете...пулсот, тагата, солзите, насмевките...ах, ах... само да е се добро.

    Поминувам низ катаразични фази кои ме вадат поинаква. Ги минувам можеби најранливите периоди низ животот и се е ок, се држам, стојам, не се давам. Каков сака нека е светот, јас сум своја. Прочистување не значи секогаш глаткост. И можеби и ќе потрае уште некое време,ама реков, си давам време и давам време да помине се додека работам на другите многу важни работи. Излегувам од туѓа карма, влегувам во своја, подобра и поинаква, затоа што така треба да биде и не ме интересираат компромиси. Не само што долго време викам повеќе за никого, со исклучоци, навистина и почнав да делувам така. Неблагодарните луѓе секако ќе ги перне по нос, не е моја работа. Ама многу е непријатно што може и да ги перне преку други луѓе и работи кои им се драги, ни криви ни должни и тоа ми паѓа тешко, ама пак тоа е нивно и треба да му ја мислат. Смешно е како тие секогаш мислат дека се тие тие кои заслужуваат, кои треба да бидат почитувани, тие кои треба секогаш да заминуваат, тие кои треба да одбираат, со супериорно чувство дека како они ќе изберат да се најдат некаде, стои тука и знак за еднаквост дека и ТРЕБА да бидат и треба да бидат над сите други. Фуј! Затворени, фрустрирани, тажни, репресирани...гррррр...

    За слабите точки друг пат. Ама...имаат вкус на ароматично црвено вино со боровинки ( со драматичен тенок вкус, формира тенок меурест прстен по чашата,има мек мирис со агол од 90 степени и оди строго со благо, што би рекле експертите и префинетите, мдаааа :wasntme: ) и пријатни ми се. Имаат убави нешта на себе и ме прифаќаат секаква... не знам бе... заљубена сум, ете. Многу...во животов прекрасен и во многу луѓе кои во последно време често им дозволувам да ме расплакаат и насмеат. Си живееме, убаво, за убаво!
    Их, и чисто да ми стои како римајндер...сериозно комплименти од добри луѓе добивам и за промена се учам да не се црвенеам кога ги добивам и да викам благодарам! :wasntme: Па уште и битна личност во мојот сериозен дел од животот ми рече денес, ма што благодарам, ти си природно таква! Мда! Мфала! *сеподмочуваодрадоС*
     
    На Trnche, Hipster, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    kika.dragan офф тогаш се извинувам а инаку за фб да не почнувам колку сум запрепастена од што постираат и што треба и што не треба. и вака пишувам зошто незнам како да копирам тоа што си го напишала и да вратам зошто сум новаа :( :) :tmi:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.