[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Исфрустрирана од суровата судбина која ми ја одзеде единствената личност на светот која ми посакуваше се најдобро, преплашена до смрт од самата неа морав конечно да се исповедам на овој форум. :yawn: Не дека којзнае колку ќе помогне тоа што ќе ја искажам мојата беспомошност во моментот ,но барем ќе го споделам моменталното чувство на горчина со вас.

    Се започна 1992 кога дојдов на овој свет. Беше прекрасно да си дете кое има обврска само да се школува. Изгледаше скоро се потполно безболно, кога најголема повреда беше гребаница на коленото...

    Проблемите со текот на времето стануваа се поголеми и поголеми ,но никогаш толку сериозни да за момент ти се уништат сите твои планови и да започниш да се прашуваш зошто живееш? Што е целта на животот? Зошто толку многу се трудиме целиот живот за на крај се заврши со смрт?

    Иако длабоко во себе знаеш дека нормален процес на развиток на една поединка завршува со смрт,потајно се надеваш на некаква бесконечност која ти го поттикнува моралот,ти дава мотивација за понатамошни цели и секако што е најважно те прави личност која може да живее нормално без размислување на последиците.

    И секако,ретко која личност помислува на тоа како е да си стар и изнемоштен,и во секој момент да исчекуваш да те нема. А уште потешко е кога една личност ,премногу амбициозна,воопшто не си ни претставува дека можеби утре ќе ја нема.

    И така си живееме во заблуда. Се додека не ја осетиме смртта во наша близина. Се додека не осетиме како е кога човек бара помош за живот,надевајќи се дека тоа не е крај,иако тоа длабоко во себе го знаеш ,но не сакајќи да го поништиш моралот кај таа личност и да те гризи совеста до крајот на животот,па мораш да кажеш невистини од типот дека се е во ред,и се ќе биде како порано.Но подсвесно знаеш дека тоа не е така. И се чувствуваш беспомошно. Се додека смртта не го направи своето и те соочи со реалноста.

    Не можеш да знаеш кога ќе си заминеш, немаш ни време ни прилика да се збогуваш со своите. Премногу сурово,за да еден живот даден од Бога го сметаш како дар,како нешто добро што ти се случува...И сепак,никако не можам да ја сфатам поентата на животот. Многу пати сум прочитала дека тоа е можеби само духовно надоградување на личноста. Како да не! Не верувам ни во Бога ,ни во задгробни живот ,во ништо! И тоа прави да е уште поболна оваа тема за мене...

    Каде е сега таа? Како јас да продолжам со мојот живот? За мене беше среќа да ги направев среќни ,да дочекаја барем старост и заминеја спокојно. Каков ли е тоа живот од 50 години?! Каков? Се раѓаш, учиш, работиш, брак,деца,и таман ќе се стабилизираш малку од малку ,умираш. Дали тоа го заслужуваме како едно битие кое толку мн се труди и придонесува за себе и можеби за луѓето околу нас.?

    Огорчена од реалноста, не можам да се помирам со смртта на луѓето.Посебно раната смрт,која така сурово ти соопштува дека не си вреден ни толку да ти се исполни барем таа желба,да дочекаш старост. Не сум ни замислувала дека можи да е толку тешко и болно сето ова...

    Секој ден пред моите очите е денот кога ќе го напуштам светот,како беспомошно молам за живот ,но луѓето околу мене со доза на лицемерие ми велат дека се ќе биде во ред. По неколку минути срцето ми откажува ,и не знаејќи го напуштам светот,и се за шо сум се толку залудно трудела во мојот живот ... :sweat:
     
    На iloveyou29, Tori1, Mayyya и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    СДК дека периодов станувам многу нервозна. Морам да се потрудам сета негативност да ја исфрлам од мене, не дека не се трудам, но некако слабо ми оди. Што ми е како ми е ни сама не знам. Одвнатре нешто ме тера и често избувнувам, за најмала ситница.

    До пред некое време бев многу смирена, потолерантна, не се нервирав за ситници.
    Тешко беше човек да ме изнервира.

    Или е до мене или до луѓето со кои сум опкружена, трето нема. :!:
     
    На richgirl998 и julie77 им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Мојата почит - за оние кои ja заслужиле . Мојата насмевка - за оние кои ме разбираат . Моето пријателство - за оние кои веруваат во мене . И срцето за оние кои ме сакаат .
     
    На zuzu82 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  4. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Сношти 2 саати го чекав дечко ми на ладното, ама после ми текна дека немам дечко :|
     
    На eliesaab, Elennaa, Gioia и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Времево е никакво тмурно ладно да не можеш да прошеташ сега како лимони ќе пожолтиме дома :envy: :x
     
  6. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    кога бев мала често пати ги слушав муабетите на комшиките со мајка ми....многу честа тема на муабет им беа мажите.едната од комшиките мнооогу често знаеше да каже нешто што тогаш не го сваќав,ама па затоа денес ми е јасно ко ден :D Жената не е ѓавол,туку жената е ѓавол ипол нака два :devil: :lol: така да маженца,не се трудете да не повредите,зш слатка е одмаздата,a ние знаеме како и кога :rofl: ;) :rofl:
     
  7. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Сдк ме интересира дали луѓето земат пари или се болни од умот што се мешаат во туѓи животи?
     
    На zuzu82 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Банални секојдневиа!
    Тука па тука....тоа па тоа....за на крај да се добие резултат = ништо 0
    Колку човек и да планира и да посакува,кога нешто не е пишано не бива...затоа е најдобро да го прифатиш тоа и едностравно да си кажеш така треба да биде !!! :^)
     
    На richgirl998, Gioia, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.871
    Пол:
    Женски
    Цело лето комарец не ме касна ,сеа сред зимо ове 2 дена партали ме напраи . И комарците веке не се тоа што беа.
     
    На Hipster, Dog-lover, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.540
    Пол:
    Женски
    Дојдов да ви се жалам, почнав да се распаѓам мили мои женишта. Имунитетот ми е на нула, започнаа од сите страни да искачаат чудни појави на кожата, старата проклета бактерија си се врати на сила, косата ми паѓа ко есенски дожд, јас се осеќам грозно.... Ми забранија бел леб, бел шеќер, слатки и колачи, чоколади и торти, ми забранија вода од чешма, месо.... Ми забранија скоро се, а ми наредија да издржам додека не ми го доведат имунитетот во ред, е како де :( Се полнам со чаеви, течности, аронии и брусници, здрава храна и одвратни жолти пилули :@
     
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Штотуку се наспав. Не знам какво е времето надвор, но што е битно, јас спремна сум да го зграпчам денот.

    Ќе одам на прошетка во парк, па на гости, и за вечер пијанка со колеги. :rofl:

    А од утре почнувам да учам. :!:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    Зошто не измислат тави и тенџериња со екстра сензори и електронска контрола на процесот на пржењето...штом нешто почне да загорува автоматски да ми се исклучи интернетот...
    [​IMG]
     
    На Mishela, crazylady, Hipster и 13 други им се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Нека кренe 2 прста таа жена,што барем еднаш во животот од некоја машка особа не го слушнала муабетот од типот.
    "Жена без два ку*а в гроб не влегува"
    јас досега го имам чуено од 5.
     
    На bittersweet, Daydream и QueenElena им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    Или - „Првиот не се заборава маче. Кога и да го видиш, ќе му даеш“.
    ;)

    И некој селско-шмекерски осмех, што покажува пломби на виделина.

    Да, ги имам слушнато овие муабети... ОД СЕЉАНДУРИ.
    |(
     
    На Monna.Monna, Hipster, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Нешто на што никогаш не можам да останам рамнодушна е омаловажување, потсмев и предрасуди.
    Дури и ако сум само набљудувач на таква ситуација, дури и ако се работи за личност со која не сум посебно блиска, не можам да не изреагирам.
    А колку што сум против исмевање во школо поради физички изглед, срамежливост и други слични причини, толку сум и против исмевање заради потеклото.

    Се сетив на една случка во септември оваа година.
    Една професорка која првпат ни предава оваа година, на првиот час бараше сите да ѝ се претставиме, да кажеме од која населба сме, колку браќа/сестри имаме...
    Дојде ред на девојчето што седеше зад мене. Ја познавам уште од порано - фино и мило девојче.
    Кажа дека е од село, и дека има две сестри и тројца браќа.
    Следеше придушена, но забележлива смеа. Потсмев, злобни коментари.
    Денеска, по втор пат во ова училиште слушнав слични муабети. Зборуваа за некој ученик од друг клас кој исто така бил од селска средина. Повторно чудење, смеење. На децата од тие средини не им било местото тука, по дифолт требало да се во некое стручно школо, од оние етикетирани како училишта за „пропалици“.

    Зошто вакви етикетирања?
    Зарем местото во кое живееме е она што не` прави подобри, поинтелигентни?
    А како спротивност на логиката на овие што се потсмеваат, баш тие две деца, колку што ги знам се солидни ученици, и што е уште поважно - воспитани, културни и добри личности.

    Колку само би била подобра атмосферата и во училиште, и на било кое друго место, без вакви размислувања... :)
     
    На Monna.Monna, Beaty, Hipster и 17 други им се допаѓа ова.
  17. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Јас да си се испофалам вчера бев на дејт :D И по долго време можам да кажам дека за прв пат сум така пријатно изненадена :D Да не го урочам дечкото ама уште маана не му најдов :)
     
    На iloveyou29, Hipster, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сте засакале некој толку многу брзо, ко нова личност во животот, што буквално ви влегува под кожа, се осеќате пријатно и свој, патувате, правите се' и сешто, си недостасувате, се викате љубави, не сте во врска и слично... ама толку си требате еден на друг, и секој мал потег се плашите да не се изгубите? Се бодрите, храбрите, се радувате на меѓусебните успеси, и се надоплолнувате.. планирате идни патувања, случувања.. онака без притисоци. Е мене ми се случи таква средба, која премина во големо пријателство или Љубов или што и да е веќе не знам, каде се познаваме премногу, и е интезивно..и го ценам зошто е многу почисто од оние градења пријателства со години со некој..
    Е тоа, сакам да трае.. зошто ретко е..
     
    На WarriorAngel, Domino, L-enna и 17 други им се допаѓа ова.
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Твоето лице е како мелодија,не сака да си замине од мојата глава.
    :$
     
    На Kukla994, Monna.Monna, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    :nod:
    [​IMG]
     
    На Gordana10, Tori1 и Lovely93 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.