[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Многу ми е смешно што се честита за ново цветче, како бебе да се родило а не да си ја зголемил активноста на форум. :lol:
     
    На SparkyAngel, Dvolicen и ariela09 им се допаѓа ова.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Страшно е тоа што социјалните служби не си ја вршат добро работата, а за родителите и организаторите на ваквиве натпревари, само бодење на ражен. Отидов да повраќам. :x


    http://tocka.com.mk/1/110985/strasno-ro ... si-do-smrt
     
    На Monna.Monna, bittersweet и Dvolicen им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Заклучив дека човек треба реално да седне и да си разграничи, што го прави среќен, а што не. Што го исполнува, а што не. И кога ќе разграничи, да оди и да ги зграпчи работите што го тераат да заспие со насмевка навечер.

    Цела недела се врткам и се трткам, запишувам на ливчиња, бројам, цртам, правам списоци и калкулации во глава. Тик-так, тајм ис тикинг. Не сакав да се вратам пак кај тие, навистина. А не сакам ни да легачам цело лето. Не ја сакав таа работа, тоа место, тие луѓе, не можев да ги поднесам. Не ме исполнуваше и не уживав во тоа да бидам беспомошна и препуштена на ситуацијата.

    Денес, решив, нема што да барам таму каде што не ме сакаат.

    Не дека овде ќе ме пречекаат со раширени раци и ружи, ама барем ќе знам да се искарам и да ги опцујам салам на нивниот јазик. :D Ставам се' што имам, буквално, само да се почувствувам поисполнето и подобро од тоа што беше пред три месеци.

    Гром од ведро небо...
    Во понеделник ќе земам документи.
    Америко, уште ти ми остана.

    И не знаете колку сум искезена во моментов. :D :D :D :D :D
     
    На 1209, Trnche, Mishela и 18 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Е во суштина тоа е таа "фамозна" Америка, УСА ... дебилно општество со насилни намери. Треба да се сфати дека таа земја е се само демократска и исполнител на сонови не.
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    цел ден наопаку
    ми беше планирано да отидам на гинеколог па да си отидам најнормално на клиника ама уште во 8 рано наутро ми се јавија за интервју за во 12 и 30 :fubar: а вчера пратив цв со апликационо писмо-кога го прочитаа :?: и ај отидов на гинеколог, се задржаа повеке пациентките што беа пред мене-презакажавме термин, и барај ја фирмата за интервјуто-па не било таму, било на друго место |( за срека сретнав една поранешна вработена ми објасни што би била мојата работа,и таму чекај чекај 1 час време -веке нервоза ме фати 12 девојки и двајца дечки и туку одеднаш гледаш сега влезе-сега излезе 5 , 6 девојки така :?: а кандидатите ги задржаа подолго :!: дискриминација полова тоа се вика :fubar:
    прашања-колку да те праша нешто, цвто пред директорот а до него имаше жена-функција непозната
    колку да се рече дека сме биле на интервју работава :x и ај да си ги видам колешките-на пат за натаму сретнав дечко што работи со Хербалајф бла бла бла, па налетав на духче и од што се ми беше во моментот преку глава рацете ми се тресеа од нервоза мислев ке експлодирам нешто прокоментира да ми се доближеше до мене имаше да ја чуе лошата срце а не онаа што ја знае :lol: кај се појави баш денес леле Господе :x се видовме, малку мене ми олесна поразговарав со колешката психолог е и сега сум попозитивна се смешкам се е ок :)
     
  6. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    http://denesen.mk/web/2013/11/14/se-rod ... tva-majka/ Можно ли е ? :( Ептен допре до мене приказнава за малово.
    Секоја чест за докторите, а бебчево да е живо и здраво :)

    Инаку единствено нешто што секогаш ќе ме смее во автобусиве и покрај страшните смрдеи на кромид,праз,тиква итн се оние довикувања: "Мајсторе за излАз !" "Шефе задЊа ! " :D
    Легенди сте бе луѓе :clap:
    Па тие копчиња се ставени со цел да се искоренат од употреба овие фрази побогу :D

    Убав ми е денов :) Јас па го сакам ова време, не ми треба сонце. Ветрот ме прави посреќна
    Поспокојна сум денес,поисполнета :)
    Можеби заради викендов што следи,или заради прилично големата количина на благо што ја изедов денес, ама убаво ми е :D
    А можеби е и до него :inlove: :angel:
    Нека трае расположениево...
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    9.546
    Пол:
    Женски
    сдк се изнасмеав слатко денес во бирото за вработување :lol:
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    :worried: :worried: :worried: разочарана сум...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    92.192
    Пол:
    Женски
    Не потценувајте ги луѓето чија облека е стара и искината, погледнете во нивната душа колку е чиста и невина.
    Не озборувајте ги луѓето кои ве седнале на нивната трпеза доколку не е богато поставена, запазете со колку љубов е храната подготвена.
    Не ги вреднувајте според нивниот статус, углед, туку според достоинството и чесноста.
    И без оглед на тоа кој колку имаме пред Бога сме сите исти.
    Единствената разлика која прави да се разликуваме едени од други е добрината на нашата душа,всушност и единсвтената вредност која човекот го прави човек.


    Мислава (текстот) го знам може да се каже на памет а и воспитана сум баш така како овде што е напишано :angel: .Колку би сакала барем половина од луѓето .... Хм половина :?:... НЕ четвртина ,барем четвртина од луѓето што се кај нас да си ги применуваат овие зборови во животот се ќе биде подобро ! :|
     
    На Monna.Monna, Umbrella22, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Знаете како, воопшто не е убаво кога сакаш да излезиш некаде кај некој свој пријател и ти се тупнуваат уште 3ца други за кај него што воопшто не ни се познаваат со него. Епа невкусно е. Те ставаат во непријатна ситуација. Тоа ти се несетени луѓе, а истите тие ќе ти продаваат пуфки. :x

    Шта чеш..... Јас никогаш не сум им направила така, а нема ни да направам. Подобро ќе седам дома, нема да излезам. Подобро така, отколку непоканет гостин да бидам.


    И друго нешто што ме иритира овде во Скопјево е тоа што, комшии ми се, во зграда да се сретнеме ќе направиме здраво, добар ден, а надвор од зграда неее не се познаваме бре, не те знаат.
    Ќе ја наведнат главата. Истите тие ќе ми кажуваат за култура, а основната ја немаат. |(

    Фала многу и без вашиот Добар ден мене добар ми беше, да не речам ама ќе речам ОДЛИЧЕН.

    И други едни не можам да ги сфатам од помладава генерација, а тоа се така наречените ГЕЈМЕРИ, кои играат ДОТА или што ти ја знам, битно не знаат за социјализација, муабет да направат, или една реченица проста да сврзат.
    Ццццц
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Зошто никој не сфаќа дека стварно ми е тешко? Не знаете само колкава сила ми беше потребна за да кажам дека ми треба помош,за да тоа наиде на глувост. Не знам што си мислат луѓето околу мене,сигурно дека плачам за внимание.

    Сега знам како е стварно никој да не те разбира. И жално е зошто се што сум градела пропаѓа,пропаѓам и јас. И освен ситење од некои и неразбирање од никој јас на ништо друго не наидувам.

    Како понатаму?
     
    На Hipster, imelda и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  12. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    109
    ....сонував како шетам со Господ по плажа,а на небото блескаа сцени од мојот живот...зад секоја сцена забележав по два пара стапки,едните ми припаѓаа мене,а другите на Господ...исто така забележав дека во најтешките денови од мојот живот има само по еден пар стапалки......
    за тоа го прашав Господ-Господе зошто тогаш кога највеќе си ми требал си ме напуштал...
    На тоа Господ ми одговори-Мое драгоцено чедо јас никогаш не би те напуштил ако страдаш...таму каде што гледаш еден пар стапалки,таму јас те носев во своите раце....
     
    На Golden, Stoimenovska, CuteEva и 5 други им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Многу исфрустрирано се чувствувам кога некој/а што има положено повеќе испити од мене ќе ме праша до каде си ти, ти овај предмет го слушаш или што ќе правиш во Јануари. Леле значи многу се нервирам :@ , зошто мене не ме интересира вие таму што правите и што имате положено... Со моите испити се замараат луѓето значи, до таму е стигната работата. Епа добро, замарајте се ако немате друг живот освен факултетот и ако си немате други приоритети... тоа е... Од такт ме вадат значи :@

    И од вчера немам ни метил ни плав остаток од влакното ни ништо, си се истрижав... што знам, ми требаше промена малце. :*:
     
    На Daydream и gingerchild им се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Утрово на физичко си го скршив носот (си го удрив, си го смачкав де). И сеуште ме боли.
    Требаше да правиме стомачни со медицинка (оние три-килските топки). Не дека ми се проблем стомачните, но девојчето кое беше пред мене ми ја фрли топката, но мене ми се лизна од рацете и ми падна врз носот. Ау! Ме боли носот кога мислам на тоа...
    И сега сите имаат воспаление на мускулите, а јас немам, но затоа јас имам повреден нос... Ај, да не должам бидејќи носот почнува многу да ме боли.
    Инаку, на писмената по македонски одлично поминав.
    Вчера сама си направив проблем. На часот по биологија, наставничката и даде на една лист за родителите да поплнат дали се согласуваат нивната ќерка да оди на дополнителна по биологија (бидејќи има двојка). Јас ја прашав што е тоа, а таа само ми правеше некои гестови и мимики и испушташе некои си крици. Јас ги превртев очите, а бидејќи таа седи на прва клупа, а јас на последна, наставничката помисли дека неа и ги вртам очите. Па ми рече дека ако ме интересира што е тоа, таа ќе ми објаснела. Јас се изнервирав од мојата глупавост и несвесно ги превтев очите уште еднаш. И така...Нека ми е сега. Ако дознае баба ќе ме тепа со правосмукалка бидејќи според неа можат да ми се превртат очите ако ги втрам... Нека ми е сега...Така ми треба!
     
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    24.185
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам жени... Ако некогаш во животот планирате да ставите порцелански навлаки на забите (во мојов случај беше нож до коска - приморана бев), без разлика дали ќе го направите тоа од крајно естетски причини или не, чувството отпосле на психата ви делува како да сте направиле пластична операција. :D

    Си викаш... бре, мајката што фино ова !!! ^_^ ^_^
    Абе... не е лошо и четворките малку да ги средам, може и заедно со петките во комбинација ?! :?:
    Мислам дека треба да си ги средам малку увцињата, и ќе бидам супер.
    А, носот што отсекогаш сакав да ми биде малку поиспрчен ?!

    Смири се и диши, смири се и диши... Смири се и ди... |-) |-)
     
    На Monna.Monna, Sexybaby86, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  16. makeupgirl

    makeupgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Грд деннн... Поужасен значи неможеше да биде..
    Баш коа отидов да си ја купам јакната, се разбира, ја немаше.. A таква среќна весела леле ќе си ја купам јакната и коа отидов ми викаат па ја продадовме и уште коа ми кажаа дека ја имале и намалено ми идеше да ја треснам продавачката од земја..
    А покрај тоа шо ја немаше јакната, ме повреди и еден коментар од мнгу блиска другарка...
    Се што сакам е сеа да си легнам да се наспијам и на се барем за миг да заборавам...
    :*
     
    На De-lovely и sweet-star им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.752
    Пол:
    Женски
    По средба со одредени личности ми доаѓа да направам дезинфекција на воздухот со алкохол,да не би ги вдишала честиците на суета и човечка глупост кои излегуваат од нив!
     
    На Mishela, Monna.Monna, iloveyou29 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Едно кино отворија во Прилеп и сега две недели „Балканот не е мртов се проектира“, а како за промена од нареднава недела некоја си Хавана Богзнае кој е и од каде го ископаа. Јас стварно не знам која беше првичната замисла ама ова е стварно глупаво. Исто како да нема. |( ]:)

    Друга работа, јас не разбирам како луѓево, т.е девојкиве, не излегуваат никаде без дечковците, која да ја прашаш, чекај да видам со .... некаде ќе одиме, абе знаеш како ако сакаш парови да излеземе.... и останати изговори.И ти доаѓа да и речеш добро жено Божја знаеш ти да одиш, нозе имаш,ако пиеш едно кафе со мене без дечко ти да не ти го земе некоја. Божеееееееееееее |(

    Се на се позитивни работи во денешниов ден: нема,зип,зироу, нада .... Тоа е.

    Сакам да се преселам, по можност од планетава. :hai: :call:
     
    На LittlePinky и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    http://www.youtube.com/watch?v=xLmi2vw7DGc

    Абе како да не го сакаш? :D 16 пати го изгледав и рикнав на последното делче.
    Абе да го кренеш во раце ти доаѓа и да го избацуваш, нема друго.
    Душа.
    ^_^
    :D
     
    На Mishela, Monna.Monna, LaraSolare и 19 други им се допаѓа ова.
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Што убав ден.Цел ден надвор бев,после школо се шетав со другарките.Сега на лаптоп и такаа.
    Нема ништо ново кај мене,што друго да кажам. :D
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.