1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе гледај, никогаш не сум сакала да бидам дел од клишето, ама па кога гледаш како 87.3% од околината се исклиширани, си викаш: „И јас ли? Епа ај!“. И се „тешиш“, демек не сум единствен/а.
    Многу клишеа бре, кога ќе се вратам наназад.
    Секогаш идеше: „Татооооо, абе ајде ќе идат сите, само јас сум единствената што седи во сабота дома! :( “ Си викам сега, да не сум правела анализа бре јас, кој седи дома, а кој ровари низ дискотеки. :^)
    Арно ама, никогаш не попушташе на притисокот мој чале, строгост или панаѓур е, нема трето. Ни солзи ни ништо не го лечеа, ладен како камен. (Миг 21!)

    И тадааааам, пукаат петарди, слушам и пиштоли во маало се репетираат, као у некој си темен кварт во Буркина Фасо, само што е сеуште ден надвор.
    Среќна нова, ај среќна и на тебе! Да ни се усреќи!
    Шлап, шлап со 50 души, лапни се со момакот тачно во 00:00 и све ќе ти иде као алва.

    Оооо пустото, нече мочи ове ночи. (сутрашној ночи, или како год)
    Па треба ли на сите да се објаснувам кај ќе одам, и зашто таму одам.
    Не, оваа година љубоморно за себе ќе го чувам важниот простор во кој ќе бидам кога сказалките ќе се спојат на полноќ. Па и нека биде што биде! (пак Миг 21!)
    Не бре, не ме фаќа еуфорија. Веќе ми се утна и желбата и надежта дека ВС ќе биде, а не е.
    Ќе биде некое X место, видно поооооооооубаво, и помеко. Се надевам де!

    Знам дека ќе бидам во негова прегратка (клише или не), со јадењето пред нас, еден во друг, бацни се, пољуби се, легни си, и така ќе се дочека оваа година. Се надевам дека нема да пукнам оти нема да славам во некое fancy кафанче, кафуле, и останато просторче, во кое ќе има јако журче.



    2011
    Убави моменти, значајни за мене, моето постоење, иднина, образование.

    2012
    Уште поубави моменти, уште посреќни моменти исполнети со љубов, безгрижност, среќа, ПАМЕТ, и посакувам оваа година подобар живот, и да се истера некако од калта во која сме затрупани. Парички бе! Јас посакувам парички, вие што имате, ќутете си!
    Ухууууу крај на свет, возбудЉиво. :rock:



    Не се ограничувајте утре за ништо.
    Прославете си ја Новата Година онака како што на вас ви е најкејфски. И без потреба на некого да му се објаснувате зашто е тоа така.
    А јас на 31ви ќе искористам малце од новогодишната програма на МТВ1 да се провеселам.
    Бреееее, што ја сакам. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e, calliope, Nymeria и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 089.jpg
      089.jpg
      Големина на фајлот:
      53,4 KB
      Прегледи:
      288
    На crazylady, AnaKarenina и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  3. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Не, не и не!!! Ова не може да биде. Толку сум јас глупава или толку се тие малоумни?! :^) Одиш на кафе за да се релаксираш, а не да трачариш наоколу. Не можам да им се изначудам на умовите. Малограѓанштина. :x :x
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Во пресрет на утрешната вечер, јас добивам.
    Се виткам во кревет како кифла, ги игнорирам сите од болка и се клукам со апчиња и витамини.
    Малер, не?
    Ако ништо друго фустанот ми е црвен, без проблем ќе играм издрогирана од апчиња на подиум. :drunk:
    А ме мрзи. Се ме мрзи. Би седела во оваа положба уште една недела и би се гоела со стандардната храна.
    Денес имам едно 50-тина работи да направам. Убавината е во 5 за 12.
    Да не беше 5 до 12, многу работи во светот немаше да се завршат.

    Ми останува да ви упатам колективна честитка.
    Да сте ми живи, здрави, позитивни и умни во 2012! И пред сето тоа, заљубени.
    Убав провод и полни чашки, па се читаме следната година. :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На Smilly, crazyinlove19, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Во 2011 научив многу работи во животов.
    Завршив основно, почнав средно.
    Имав среќни, но и тажни моменти.

    Во новата 2012 посакувам многу здравје и среќа , а другото се ќе си дојде во свое време.
    Можеби не се радувам за новата година, незнам. Воопшто не се замарам за утре. Важно си најдов што ќе носам, другото не е битно. Не ми се слави луѓе. Многу сум депресивна во последно време, а незнам зашто. Убаво ќе ми дојде распустов 8 дена во Шведска.
    Едвај чекам.
    Ајде убав дочек на новата година, уште поубава да ви биде годината.
    Ве сакам
     
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Не ги сваќам луѓево :^) Која е потребата да се потрошат сите пари, да се влезе во минус на картици, да се подигне кредит, да се купи на рати на 30 и 31 декември? Вечерта да се појде во кафана и да се изгуби свест од алкохол, вечерта да се изгуби невиност, да се купи нова плазма како подобро би се гледале певаљките на пинк токму вечерта.... Сето ова можеме да го направиме било кој друг ден во годината. Зошто ги потценуваме 16 јануари, 28 мај, 5 јули, 30 ноември? Ден ко ден. Чиста комерцијала, there is nothing else to it, освен наполнетите џепови на трговците. Едноставно се менува датата, ние сме една година постари и толку. Баш би сакала да го видам наородот како паѓа во транс на 1 фебруари или 1 октомври.....
    Во ресторан одам кога сакам, на патување одам во пролет или есен, гардероба и се останато купувам кога имам потреба, подароци добивам и давам преку цела година, почитувам родендени и верски празници... и арно ми е 8)
     
    На zhap4e, calliope, Bright и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Ах, баш ми е мило шо прекрасни работи ви се случуваат и сте облеани со радост! Било тоа да е предизвикано од поклон, прегратка, изненадување, бакнеж, насмевка, патување, вкусно јадење... важно сте радосни! Такви и да ми бидите понатака :sun: :hug:

    Покрај вас, и јас ја гледам поубавата страна на животот која отсекогаш ме восхитувала. Само да го видевте изразот на лицето од внука ми кога и го дадов поклонот! Наеднаш имав 2 години (колку внука ми) и единствено ме интересираше дали „манџата“ е готова или не :lol: Стававме ориз и магдонос во тенџерчињата и се смеевме како најверни другарки. Се осетив толку безгрижно и уште толку ја засакав неа :sun:
    Се изгушкав со моите, закажав кафиња со ред пријатели... не може да биде лошо :)
    Искуствата за оваа година се наредија и беше многу подобра од минатата. Убаво напиша Шилеа, баш таква беше и мојата. Па така, верувам (а и јас лично ќе се потрудам) нареднава да биде уште подобра и поубава. Колку и да е светов луд, ќе се најде нешто што ќе ми одговара :)

    [​IMG]
     
    На marama, Ariel, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Ај у
    пм
    зоштоо баш сега ?!?!? Лелеее :doh:
    Никогаш нема да разбераам зошто кога имаме потреба од нешто,после вложениот труд го добиваме за на крајот да го изгубиме туку-така еејјјјј ТУКУ-ТАКА :@
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И мене ми дојде прееска,ќе си умрам од мака,јас си рачунав дека после НГ ќе ми дојде,оти се мислам дека на почетокот од месецов ми дојде,ама не било така (никогаш немам појма кога ми иде)...ама ајде и мене ми е црвен фустанот па ако прокиснам ќе речам дека таков ми е материјалот на газот :D

    И се надевам дека нема да ме боли стомакот :sweat:
     
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    СДК дека не можам да ги сфатам луѓево. Цело време се жалат-немаат пари, не им стасуваат платите, имаат големи трошоци, се е скапо и ред други работи, а за една вечер си дозволуваат 2000 денари за во кафана, купуваат нова облека, нови чевли, а после пак ќе се жалат. Епа ставрно не можам да ги сватам бе, кога се нема се нема, а не за една вечер се ќе потррошам после ќе свирам. Ќе речете мрчам, а сум си купила и јас нова облека, епа не си купив ништо, оти не сакав, оти за мене Нова година не е ништо повеќе од обична вечер. Секоја вечер можеш да се опиеш, можеш да најдеш 1000 причини за славење.

    А многу се излажале сите шо , мислат дека новата година ќе им донесе повеќе среќа, пари,успех, љубов, тоа е само уште еден обичен ден. Тоа дали ќе бидеме среќни или не зависи од нас и од тие околу нас !

    Ама ајде на сите феминки, СРЕЌНА НОВА ГОДИНА, Ви посакувам исполнување на посаканите желби, она кое на сите ни е неопходно - изобилие на здравје, обострана и искрена љубов, убави и незаборавни мигови поминати со за вас драги луѓе, многу позитивна енергија, а секој ден да ви е чекор поблизок до целта.
     
    На angel92 и Rubiii им се допаѓа ова.
  11. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Денес сум готвачки расположена :) направив мноогу вкусни слатки, утре ке правам лазањи и може да ја дочекам новата 2012.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Мама денес ми измами насмевка со колачиња од Моцарт.
    Светкаат како лампиони, а јас порадо би ги закачила на елка.
    Мириса на печени костени и топла семејна атмосфера. Ова е време кога можам сите на купче да ги видам. Заедно да сецкаме моркови за салата, да рендаме чоколадо за торти и колачи, а со сестра ми да фарбаме шишарки за украс.
    Денес го испивме последното друштвено кафе за оваа година. Си видовме убави работи во шолја, со надеж дека можеби ќе се остварат.
    Деновиве пишувам честитки и правам пакетчиња. И најмногу се радувам кога некому ќе подарам насмевка. Како во старите времиња, ќе заѕвонам на ѕвонче и ќе избегам. Понекогаш ми се чини дека никогаш нема да пораснам. :wasntme:
     
    На bittersweet, teddybear, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    2011 ќе ја паметам најмногу по развлечениот период на промени и уредувањето на сопствената „градина“ која бараше пресадување, кастрење, уништување на пелин, помош во дотерувањето, копање, корнење на сомнителни корени, засадување на нови, полевање на миризливите китки, ослободување од отровните...

    И горда сум на неа!

    Се читаме во новата 2012 :party:
    уживајте во празниците и кога носето ви е црвено :)
    Се најдобро! :*
     
    На bittersweet, kate21, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.060
    Поклони,поклони там та ра ра рааам,други дел. Мама ми купи пижами,а тато книга,од ова можете да заклучите кој за што се грижел додека сум растела! :lol: И да,мајка ми ми рече,супер е да се мажам сега,а татко ми рече,ма што ти е на тебе бре женска главо,мене ми се врти,слушај мало ти,ни на крај памет! :D
    Абе закон се!
     
    На bittersweet, Ema.Sk, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Епаа како сите така и јас сакам најмили мои феминки да ви ја честитам новата година :party: нека ви е среќна и бериќетна, исполнета со најмногу здравје, па потоа љубов, мир, спокој, среќа и се она што ви треба да се чувствувате убаво и задоволно.

    За мене оваа година беше прво многу среќна, па после ужасна, се надевам дека следнава ќе биде даааааалеку подобра.. и мора да биде нели? ;)

    И уште еднаш СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!

    Се читаме во новата 2012 :party: :party: :party:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Можеби не беше под елката која што ја немам сеуште накитено или пак специјално завиткан со украсно кесе, но ме израдува повеќе од било што.
    Книжно кесе со букви Табернакул. ^_^
    -Бидејќи ти беше тешка и напорна годинава, па еве мал подарок.
    Насловот ме наежи.
    Епа бураз ѕвер си! :rock:
    И арапската поговорка која беше внатре гласи: Оној што позајмува книги е идиот. Оној кој што враќа книги е уште поголем идиот!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Ех вујче бе, секогаш најоргинални поклони ми носиш!

    Се убаво завиткано во кутија, да ти биде мерак да го отвориш. Кога ќе го отвориш, се изненадуваш.
    Внатре гледаш ... едно кутиче мастики Orbit.
    [​IMG]

    Сум се пресмејала. Сепак се заблагодарив, и веднаш започнав да уживам во нив. :*
     
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Денес утрото ми почна најубаво од кога било,моето помало братче кое што штотуку ги научи буквите ни остави писмо на масата,мене многу ме израдува а др.незнам :)
    Прекрасно е чувството кога некој ќе ти покаже колку те сака..А најискрена е детската љубов :!:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3018A.jpg
      IMG3018A.jpg
      Големина на фајлот:
      62 KB
      Прегледи:
      287
    На bittersweet, baguf4e, Mishela и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Сдк дека го обожавам мирисот, на слатките, тортите шо се печат. :inlove:
    Ахх со душа чекам да навалам на нив, ама се со ред, првен руската салата, ко ја чекам ко мало дете шо го чека Дедо Мраз :lol: .
    Со тато досега дувавме балони, дома има претпразнична еуфорија, сите се среќни и весели.
    Ги сакам празниците и среќна сум шо ги имам нив.
    Си ја наружав и терасата, цела со балонии, зрачи целатаа :D
    Последни подготовки со другарките, на шопинг скоро пола ден, конечно се и докомплетиравв :)
    Среќна сум, многу сум среќна, знам дека убо ќе си поминам.
    Одам да уживам во претпоследниот ден од 2011.
    Одам да прам кифли, благи, торти, тој шо сака проба е добредојден.

    Уживајте во овие денови.
    Имајте убава вечер. :hug:
     
    На zhap4e, Chocolate.me, Justice и 2 други им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... едно Мерси чоколатце и одма е подобро ... :)
     
    На zhap4e и CIA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.