1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Постојат песни,дождови,места,зборови,броеви кои ме враќаат во едно далечно слатко минато.
    Еден болен спомен на кој совршено се сеќавам.
    Меморија полна љубов но огромна рана.

    Не сакам со плач и солзи да се сеќавам на тие среќни денови кои ми го кршеа срцето,секој ден.
    Не сакам да го мирисам дождот како онаа проклета последна ноќ.

    Но да. Секогаш е тука есента да ме потсети на тоа. Секогаш на различен начин ме враќа назад. Некогаш се сеќавам со радост и недостиг на тоа време. Некогаш со плач и прашања околу тоа зошто сеуште не трае.

    Разменети неколку зборови во чест на минатото,не ми ги тргнаа мислите од тоа.
    Седам и размислувам.
    Се сеќавам.
    Се смеам.
    Липам.

    Среќна сум.
    Имам љубов почиста од капка солза.
    Поголема од месечината. Поголема од се.
    Подалечна од бесконечноста.

    Но се вратив назад.
    Не сакам назад.
    Сакам да сум овде. Сегашност.


    Проклет дождлив ден...
    Проклет датум...
     
    На kala21, COollLady, Anonymous996 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ме нервира дождов.
    Кај ќе се влечам на вакво време дотерана и со поклон у рака?
    Али ај.
    Нека биде.
    Уиш ми лак. :rofl:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Досааааадно |(
    Времето е ужааас :( за жал,па барем наместо дожд снег да вееше подобро ке беше
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    При една дискусија меѓу љубениов и татко ми (на тема: Зошто имаме прагови дома, зарем не се сопнуваме), татко ми му одговара: Не, не се сопнуваме. Ама ако ги извадиме - тогаш ќе почнеме да се сопнуваме.
    Зошто? - Бидејќи домот е место во кое можеш мижејќи да одиш, затоа што го знаеш секој агол. Секоја промена отпрвин ќе ни создава забуна, без разлика дали е отежнувачка или олеснителна. Сé додека не ја навикнеме.

    Ова ми стана почетна точка за советите кои ги давам на оние на кои им се случила некоја промена во животот. Им ја раскажувам приказната со праговите. Порано или подоцна, луѓето се навикнуваат на отсуството на нешто или некого. Учат да живеат без одредени делови од нивното секојдневие. Едноставно, така функционираат работите.

    А јас, одвреме навреме гледам да направам некој промена во дневниот распоред.
    Чисто за да се потсетам дека морам да бидам флексибилна и да се навикнувам на работите.
    Затоа што сé е минливо. И подобро за вас самите е ако тоа навреме го сфатите.
     
    На bittersweet, ilipili, richgirl998 и 50 други им се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат луѓе кои сакаат да бидат во центарот на вниманието |(..поготово пред луѓе што не ни ги познаваат :^)..
     
    На AwesomeGirl, leighton23 и sweet-star им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сабота. Главоболки, малиџано и чадор расклопен и отклопен и заигран и паднат на крајот на денот во ќош од купатило.


    АКСЦ е местото. Кај што планирам многу, се надевам на уште повеќе и верувам до максимум.
    Поезија, перформанс, читање, креации, новини, буење од информации и самоодржлив простор кој плени со фактот дека нема хиерархија.
    Можеби има утопии во скопскиов воздух, ама уметничкиот порив е секогаш посилен од позерајот. Веќе и си организирав изложба за сестра ми и едно идно поетско читање и дебата. Греено вино и позитивни лица. Верувам, како прв ентузијаст кога ќе запише театарска режија, компаративна книжевност или правни студии, сеедно. Верувам.
    Зошто да не.
    Филмови, ќофтиња, пуканки, Менада до гуша во рокенрол, ненаситно јадење помфрит, пиво од нога и ќебапи во 1 по полноќ, зошто градот те гушка и покрај тоа што ти тежи на плеќите.
    Може и само сме меланхолични, ќе си речам, вака, општо.
    Синедејс и ок сум. Бесон е лажго. На Вуди Ален немаше карти. Дјуран Дјуран вечерва. Малине филмчиња за во џеб ме нервираа. Немам време за се’. Се изривам низ работничкиве нервози и мирувам со шише вода додека трчам на степерот ко Бриџит Џоунс.

    Верувам.
    Тоа е мојот збор денес. А и секогаш.
     
    На Domino, Trendafilka и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  7. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Ми годи времето, го сакам дождот.
    Можеме да изнајдеме илјада прекрасни начини да ја поминиме соботната вечер во домашна атмосвера.
    Се е толко убаво кога до тебе е саканата личност. :)
    Имајте убава вечер. :*
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. I.love.him

    I.love.him Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    СКД.. :hai: По извесно време повторно активна на фемина,со многу прашања кои се надевам имаат одговор :D
    Среќна сум..последниве денови нешто ме исполнува,а толку причини за да бидам тажна и нерасположена.
    Денов само за легачење,депресивен ден па и затоа немам желба да излезам,само сакам да се свијам во неговите раце и таму да заспијам. :$
    Ме чекаат прашања и теми за читање и поставување нови прашања :lol: :rofl:
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.879
    Допаѓања:
    142.712
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Вистински луѓе се они кои без да им кажете може да ја почувствуваат тагата зад вашата насмевка, љубовта зад вашата лутина и грубост, па дури и вашите желби зад вашето молчење...
     
  11. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
    Денеска мислам дека имам најмногу седено на Фемина скоро цел ден :rofl: :rofl: :lol:
     
    На Barbie07 и Tori1 им се допаѓа ова.
  12. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам..си ги читам старите мислења и сум пишала: кога ќе имам нешто ново ќе се пофалам..Е па нема ништо ново,со месеции..Нема више она досадно ми е,не,Ја сум станала досадна!!
    Пријатна вечер на сите вам со возбудлив живот! ;)
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    1 Сетилен органи за вид;-гледам 2 Сетилни органи за слух ;- слушам 3 Сетило за мирис;-имам нос за да намирисам 4 Сетило за вкус;- добро развиено, 5 Сетило за допир.- што да ви кажам :D

    Шестина од човечкиот мозок функционира топографски - мапира броеви и предмети, ,Шесто сетило“,
    Се е мапирано, меморирано... ама понекогаш грешам без грешка :tmi: :D
    Но, танцувам само на својата музика...
    Одам да легнам, утрото е попаметно од ноќта :d: живели :hai:

    [​IMG]
     
    На bittersweet и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    И денеска сме 24 денот на кој пред точно пет месеци станав член на фемина.Беше лето кога се зачленив се сеќавам тој ден си дојдов од село бев една недела со баба ми и дедо ми во нивната викендица и бидејќи подолго време ве следев решив да се зачленам.Воопшто не се каам за тоа и многу ми е мило што запознав многу драги личности и научив многу корисни работи кои понатаму ќе ми требаат во животот :)
    Следниот месец ќе биде пола година :)
    Зачленувањето на фемина ми беше еден од најпаметните потези во моиве 12 години постоење на планетава. :rofl:
    Се надевам уште многу денови,недели,месеци и години ќе бидам дел од форумов и ќе запознаам уште многу драги личности и ќе научам уште многу корисни совети.
    За толку кратко време дел од вас ми се како фамилија :)
    Ете ова сакав да го кажам и да одам да се нурнам во мојот топол кревет да го дочитам романот којшто ме натера да читам книга иако многу го мразам тоа и потоа да заспијам на ова врнежливо време создадено само за спиење :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Е сеа,и дождот може да се носи у три лепе!
    Убав помин вечерва.

    А утре на учење ии..на семеен роденден :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=RtMGoU9NcMo
    We salute you!! :rock:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Колку е глупаво чувството кога си несфатена. Кажуваш, кажуваш и кажуваш, за што? За да ти плеснат во лице нешто сосема погрешно што е доказ дека немаат способност за сфаќање и разбирање. |( Не знам како да објаснам подруго. На лист ли да нацртам или....? :?: Невозможно е. Да му повториш на човек 200 пати каква е ситуацијата и на крајот пак ти го вели она од почетокот што го мислел. Од едното уво влегува од другото излегува. Само не знам дали треба да се обидам повеќе да објаснам или да се откажам знаејќи дека некои луѓе сфаќаат како ним им одговара, а не како што е....

    Искрено вакво време многу ми одговара. Накиснати улици, по цел ден си врне. На моменти малку на моменти повеќе. Слушаш како капките плускаат по прозорците. Да заспиваш со тој звук. Стуткана под ќебето, на топло. Убавини. :inlove:

    Учев биологија. Професорката велеше повеќе да вложиме труд во оваа тема (молекуларна биологија) бидејќи била потешка. Но баш ми е лесна и интересна. :lol: Отсекогаш многу си ја сакав биологијата и со волја ја учам, па можеби заради тоа не ми е тешко. :)

    Често пати си велам да почнам да го запишувам она што го сонувам навечер бидејќи скоро секоја вечер сонувам нешто интересно а и често пати ми се случува да сонувам и повеќе сонови во една вечер. Арно ама ги заборавам, посебно оние убавите. И тоа ме нервира. Ќе мора да си ги запишувам, нема што. Ех, овие мои идеи. :lol:
    А сега доста беше, очите ми се затвораат. Добра ноќ на сите. |-)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    ми се спие, а ко ќе легнам в кревет, побудна во животот не сум...
     
    На Ketrin.Moon, Dvolicen и Dog-lover им се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Чувство кога некој близок ќе ти стане одвратен.........
     
    На karenin, SparkyAngel и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  19. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Крајот-наш е знак.
    Пат со јад до ново битие.
    Часовникот одбројува.
    Ќе дојде ли тоа време?

    Сенките оставија загатки-ќе продолжам да трагам.
    Неиспишани редови,
    завршени мисли.
    Недофатливи спомени.

    Се` што остана, празна иднина.
    Контрадикција на минатата прошлост.
     
    На QueenElena и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  20. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Mи се плаче од што ми се спие, а не можам да заспијам... :doh:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.