1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.318
    Допаѓања:
    92.186
    Пол:
    Женски
    Доброто однесување е голема доблест за оние што го поседуваат, и тоа на човекот може да му значи во животот повеќе и од што може да замисли. Треба добро да се однесуваме кон се што не опкружува, но прво место со целиот наш живот треба да покажуваме почит кон нашите родители, кон постарите и кон целата фамилија. Доброто однесување секогаш не води напред кон поубавото и подоброто во животот. Затоа што овој живот може да биде најголема благодет, најубав подарок на оној што знае да размислува, сака да живее и добро да се однесува, а најголема казна за оној што не знае да живее и има лошо однесување. Бидејќи доброто однесување е слика на нашето минато, но клуч на нашата иднина...

    Имајте пријатно неделно попладне :hug:
     
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Врнежлива недела.
    Наполитанки и решавање полиноми со Led Zeppelin во позадина...
    Мала искра во мене.. :?:

    Имајте убава недела. :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=0tdYMWng9lM
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow.Girl

    Snow.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Нова сум :D
     
    На LittlePinky, Kaylie, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Добредојде :hai:
     
    На Snow.Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Ќе се претворам во маж од толку гледање мотивациски слики што ќе ме натераат да вежбам. Од сабајле не знам колку слики од женски тела изгледав. :D Битно најдов една што ме фасцинира со изгледот на телото и сега ептен во машки стил ќе си ја закачам над кревет. :D

    И уште нешто,од сигурни машки извори разбрав дека мажите имале само две емотивни состојби hungry&horny.Така што ако не забележите ерекција кај мажот/дечкото направете му сендвич. :D

    Едитирам да ви кажам дека најверојатно не се претварам во маж зошто само што зачував слика од девојка само затоа што ми се свиѓаше лакот што го има. :D
     
    На julie77, LittlePinky и anichka94 им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Aј ако сака октомври да се врати, a не тука ноември да ми се понаша :lol:
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Понекогаш има некоја љубов која никогаш повеќе нема да се повтори...
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сега дури гледаме какви слепци сме биле.... Оние на коишто им помогнавме да прогледаат.... ни ги вадат очите.... !?
     
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Чим ќе и го пречекорам прагот на лицето и се чита радост,во очите искра.
    Дождливо попладне.
    Варен ориз со млеко и кокос.
    И повторно ја слушам приказната како ја омажиле за дедо ми а она не сакала,на сред село излегувала со стари суќни и фустани да не ја бендиса,да не ја земе, а таа стасана за мажење,го засакала дури по раѓањето на првото дете,везден плачела а криела од него зошто плаче.Ги споредува годините кога не сакала да се мажи за него,годините со него и последниве три години без него.Често знае да каже дека самотијата е лоша,дека без маж е тешко,без него и е тешко.На стари години тишината е лоша,тука и таму да се има некој колку да си поприкажете,да размените збор.Се сеќава и не се откажува.

    Баба.

    Туку минатото има своја тежина.Некогаш не прогонува.Некогаш раните за кои мислиме дека се траги,повторно се отвараат и болат.

    Нема 16 часот а веќе паѓа ноќта.Кратки денови ,долги ноќи
     
    На kala21, zhap4e, Mimi123 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Она кога некој те лаже во лице, а ти мораш да глумиш дека му веруваш и дека ти е една од најдрагите и најважните личности во твојот живот... |(
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Золвата ми е на гости |(
    Мирна е де, или јас толку ја фермам па ич не ме сопиња :D Ама не е таман женава. Земала на претплата од овие ајфоните, на кои додуша никогаш нема да знам што им е тоа што сите ги сакаат. Ја гледам оваа се досаѓа па земала да игра со телефонот. Ми вика, види види, види јас што знам да направам. Стиска копчето и вика јави се на Рајко, почнува на маж и да звони телефонот, оваа се кикоти, мочка дури. Сега види види, друго што може, стиска копчето и пак, која дата сме денеска, телефонот со генериран глас кажува која сме дата, оваа чиниш на лотото доби од што скока од радост. Најди ми ја најблиската аптека. Телефонот кажува, најблиската е таа на онаа улица...исто како муабет да си правам со него :fubar:

    Ај викам прашај го што мисли за глобалното затоплување |(

    Недела вечер, време за бањање со сите заравати како триење пети, бричење мишки, сечење нокти и чистење уши. И на менување постелнина. Нема поубав сон од оној кога ви пропадне глава во перница на свеж бел памук. Рано станав па затоа на спиење мислам а само што си легнаа кокошките :yawn:
     
    На bittersweet, Elennaa, ludoto19 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Око мене све цео живот је лош....
     
    На psychic и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк после долгото најавување дека повторно ќе не посети... Бидна, тука е.
    На масата милје со изгубен пат, на малото масиче милје со цветен пат, на телевизорот милје со романтичен пат, во детската царски пат, во спалната нешто како љубовен пат,на огледалото рајски пат, само во вц нема. Види Озбилна, то ти је ручни рад :^) |(

    А што не го стави мори тетко твојот ручен рад у твој стан у Београду. Мени је добро и вака.
    Со тројца мажи, вработена жена, плус домаќинка, па појди дојди, навака натака, јас имам толку слободно време да ја чистам прашината од секој твој пат. Така е зборот.

    Нисам знала шта је лепо. Е па не знам! таква сум си проста... и како таква не сакам да се изгубам во твоиве патишта. Те сакам и без нив. Види Горане, она је иста моја покојна мајка Ивана.
    Да, да, не за џабе носи и име :lol: Ма носите се бре ...

    Па зедов тоа мобилното...тато, дај ми муштилок, дојде сестра ти из Београда.
    Аха, го најде патот сиротата??? не само што го најде, и ми подари романтично, цветни, изгубени, царски и љубовни, рајски патеки. Нека ти даде Бог, трпение ќерко :rofl: Е, многу ме утеши.
    Ај одам сарма да свиткам за утре, тоа и се пријаде.
    Сега ќе биде, мало соли, па мало бибера, овај онај зачин.
    На четриесет и некоја ќе си имам час по домаќинство :D
    Пола саат ја чекам да излезе од соба кај децана..
    Да заврши со мајка ми на скајп. Таму на раат. Ме оговара гарант :D
    Аааа, па и јас си имам од оние денови....
     
    На bittersweet, ludoto19, ilipili и 13 други им се допаѓа ова.
  14. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Конечно сфатив што значи вистинската љубов… Љубовта значи да се грижиш повеќе за среќата на другиот отколку за твојата, без разлика колку и да боли изборот со кој си се соочил.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мразам „достоинствени“ газолижачи. :@
     
  16. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    СДК металург победи :rofl:
     
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    5.170
    До пред два месеци животот ми беше хаос.
    Колку само може да се смени за толку кратко време.
    Го вадам списокот со поставени цели за 2013 година и од можни 10 јас заокружив 6.
    Останатите 4 не зависат од мене, но ќе се потрудам тоа да го сменам!
    Иде на подобро!!!
    * Не губете надеж за ништо во животот. Среќата чука кога најмалку ја очекуваш :*
     
    На richgirl998, crazylady, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.785
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека многу ме нервираат оние луѓе кои ти се прават депресивни за да добиат внимание.Не ги трпам.Знам дека сакаат помош ама ајде сега со зор да преовеличуваат?И тоа зошто ? За внимание.Навистина им треба некој совет,она,ова,и им го давам тоа ама цел муабет да ти помине со тоа ? „Леле неможам повеќе.“-ти ги посоветуваш,тие пак-„Да ке пробам,ти благодарам,ама чекај бе што ако ова,што ако она“ -и продолжуваат-„Што со мојот живот,глеј што ми се случи?“.Те почнеш нова тема за муабет они одеднаш ти се убацат „Леле,а што со она што ми се случи ? Што ке правам,лелеееее?“.До тука ми е од нив.
    Сакам да кажам дека за сите сум тука било ги сакам,било ги мразам,знам како е кога ти е потребно помош во некои ситуации.Но тоа брзо се заборава.Т.е. дали уопште некои го имаат впишано во главата за да го заборават ? За мене нема ништо по навредливо од тоа,да им помогнеш да се извлечат на површината кога се на дното,а после кога ке излезат од водата - не те ни познаваат.Одлучив да ги ценам луѓето,ако и тие ме ценат мене.Ехе,народе,народе,до каде ке стигнеме вака ? :|
     
  19. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Со нетрпение го чекам утрото кога ќе се разбудам и од завесите се надзира белата раскошна покривка. :wasntme: Абе обожавам снег,обожавам! :inlove:
    [​IMG]
     
    На teddybear, anggell, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.”-Тоше Проески (1981-2007)
     
    На Thallia, Ketrin.Moon и Lella им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.