[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе ги запознавам луѓето :devil: ,толку повеќе ги засакувам...животните !!!!! :@
     
    На sofijanoka и LittleFairy им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Застуди или мене така ми изгледа?
    Па редно беше веќе студ во коски да осетиме, па зима ли иде што ли иде.
    Ај сега уште снегче фали, нека натрупа до колена.
    :coffee:
     
    На Dvolicen и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  3. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Леле како не ми се оди во школооооооооо :(
    Не ми се седи до 7ипол, не ми се учи денес ,не ми се работи, ништо не ми се праи !!
    Сакам да лежам и да гледам серија цел ден !!!
    Топличко ми е дома, надвор не е ! :devil:
    Кога летна викендов, кога ?!?!
     
  4. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    Силата не еден маж не е во тоа колку силно удира, туку колку нежно допира!
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ќе одам на натпревар по физика. :rofl:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Лимони, чаеви, инхалации, капки за нос, супи, паломи насекаде и мочање ко коњ.
    Среќичке мори, сега ли најде да настинеш? |(
    А баш планирав денес да отидам до Џамбо, да си се подновам со нови Дедо мразовци и лампиони. Седи си сега така дома и дувај цел ден нос. :@
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    За мене палење на огнот е science fiction. Деланки, дрва, картони... ПУФ !!! Чад на сите страни бре... И пак успеав да го запалам БРАВИСИМО за мене. :clap: Еден аплауз громогласен. :clap: :clap: :clap:
    Е арно ама цела куќа смрди на чад и се смрзнувам и луфтирам. :^) Јесте да бидеме еднакви со мажите ама мајке ми оваа работа со палење на огнот ќе му ја оставам на мм. Дека домичка сум си денес малку болничка не отидов на работа па сега морам да ги преземам работите во свои раце. Шта је ту је. Убав ден феминки. :hai:
     
    На Ketrin.Moon и LittleFairy им се допаѓа ова.
  8. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Прв пат не се радувам на мојот роденден... Кога почна школската година мислев дека ова ќе ми биде најубав роденден до сега.. Ама не... Дури не сакам ни да го славам.. Што ќе ми е кога најблиските другарки нeма да присуствуваат? Зар два часа не можат да одвојат за мене? Многу ме повредија со ова... Ајде изгледа до ПМСот е.. Одам да каснам нешто. Чао.
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Незнам која е причината,ама ако баш и не е оправдана,нема што да се лутиш,значи тие воопшто не ти се другарки. :)
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Тајната на мојот успех кај жените е едноставна – ги љубев. А жените сакаат да бидат љубени. :* :* :inlove:
     
    На ariela09, Tori1 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Зошто толку површни луѓе?
    Зошто секој ден истите разговори, кажани со истите реченици кои ги прочитале некаде или некој им го вметнал тоа мислење во глава?
    Зошто некои луѓе едноставно немаат размислување за ништо?
    Зошто немаат соништа?
    Каква е таа единствена цел во животот,да завршат факултет?
    Зар тоа навистина мислат дека е преголем успех?

    Речиси секој човек има сништа. Имагинација,свој свет. Поинаку ги доживуваат работите,секој на свој начин. Размислуваат различно за одредени работи.
    Секој свет е посебен. Секој свет го љубам.
    Но секој ден,се повеќе сфаќам дека многу луѓе постојат без свое јас.
    Без она волшебното во себе. Живеат ден за ден и не гледаат никаква убавина во нештата.
    Едноставно немаат мислење за ништо.
    Имаат,да. Она мислење кое очигледно им е наметнато од други луѓе различни од нив. Луѓе кои кажале нешто сосема обично,но свое. И овие го користат тоа како нивно размислување.
    Се приметува она што не е твое. Ја повторуваш реченицата која си ја слушнал или прочитал. Да е твое, ќе најдеш зборови да го објасниш.
    Сфаќам да смениш мислење,да вметнеш мислење за нешто. Но пред да го направиш тоа,протолкувај го своето,ако воопшто го имаш. Размисли го,пред да го ставиш како свое.

    Не сме малку,но не сме ни премногу.Сонувачи.
    Мислев дека секој е,на свој начин.
    Но не било така.
    Жал ми е,навистина.
     
    На cinderella5, MandyLane, Dog-lover и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ви имам кажано, но јас сум на здрава исхрана, си месам сама леб дома од ржано и пченично брашно, се откажав од белото брашно, од белиот шеќер и од млекото делумно, добро не се откажав од него туку го намалин значително, на таа сметка користам повеќе млечни производи, јогурт, сиренце... на ум сум да започнам да си купувам домашно козјо млеко ама ми треба троа повеќе подготовка за тоа.

    Е сеа што ми беше муабетот, значи кафето почнав да го пијам без шеќер и чајот, освен кога повремено додавам малку мед. Се зачленив на некои страни на ФБ за здрава храна, една од нив ми стана ептен драга дури и црпам доста информации од таму. Се додека не ме адна една пријателка од ФБ на страната на онаа Велков докторката, од старт ми се одмиле од странава ама и дадов уште неколку шанси. Ден во ден читам глупости на странава на тони. Прво и основно вакцините, да јас знам, вакцините не ни се во ред, ама бре брате мили за се не се виновни вакцините, па водата, пијте сончана вода, пијте сончана вода, пијте сончана вода, јадете сирова храна, не јадете месо, правете некакви си чистења на организмот не сакам ни да помислам какви, само на вода и сокови, некакви си клизми... Добро бе луѓе, зар има некој кој мисли дека може да се заштити од се на планетава земја? Зар мислите дека сончаната вода и сировата храна ќе ве заштита од болештини, дека ќе ве излечи сода бикарбона од рак? Добро можеби многу од вас веруваат во тоа, ама јас никако. Имам внука која има аутизам, читам свашта, и знам дека вакцините во голем дел се виновни за многу од проблемите со кои се среќаваме во растот и развојот на малецката, ама храната, побогу...

    Ајде убедете ме дека грешам, едвај чекам да се соочам со некој со спротивно мислење на моето, но не сакав да потенцирам некоја целна група, затоа фино лепо во СДК :D
     
    На Agrona и tessie им се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Колку прекрасен викенд, несакав да заврши. Кога си го пакував куферот да си одам, знаејќи дека нема да го видам 5 дена ми беше многу тешко. Нешто како да ме вракаше назад и не ми даваше да си одам.
    3 дена бевме неразделни, семејни средби, гушкање, излегување...едноставно се беше прекрасно.
    Најмногу мразам разделби без разлика какви се, кога некој чекаш да го видиш.
    Кога влегов во автобусот, ми звони телефонот....тој, и ми вели веќе ми недостасуваш.
    Убаво е кога сакаш и си сакан :inlove:
     
    На ana-girl и Agrona им се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Имаат полупразен ранец на рамењата.Фотоапарат на вратот и мапа во рацете.
    Го планираат патот и неговите трошоци.Зад прозорците кои се движат ја замислуваат земјата кон која се упатиле,кога конечно ќе се симнат на станицата не баараат ништо освен љубезност од домаќините на градот.Традиционалната храна им е задолжителна.Впиваат спомени.
    На мапата со црвено им се обележани места,најчесто онаму каде природата сама од себе остава впечаток.И онаму каде во главата ти се заглавуваат слики,слики од спомени кои треба да останат таму.Слики од тоа парче земја.Слики од денови.Имаат перница од соништа и авантури.
    Можеби изгледаат како изгубени патници покрај патот.Тие во секој град си наоѓаат привремен дом.
    Се до следната граница.
    А,полупразниот ранец.Претпоставувам за сувенири.
     
    На SparkyAngel, Vikica.cuci, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    12.102
    Најчесто тие што бараат од нас да бидеме искрени со нив, почнуваат да не мразаат од самиот почеток кога ќе почнеме да бидеме искрени со нив.
    Болната вистина или убавите лаги :?:
    Незнам шо има се дешава на луѓево, како да не ги препознавам.
    Што чудо глупости се изнаслушав викендов,а на истите опнав и по некоја кисела смешка а ми се идеше да плачам на глас за тоа до каде може да стигне човековата глупост.
    Голем хендикап е кога човек незнае што сака!
     
    На slavica999, Kaylie, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    92.180
    Пол:
    Женски
    ''Вики ајде ма пушти ми го Тоше да го гледам и да си пеаам заедно со него... чекај оваа, не не оваа пушти ми ја ...ај пушти ми ја Никој како тебе не бакнува, или Громови на Душа ... леле неможам да се одлучам сите ми се убави ... ''

    СДК Обожавам кога сум во нејзино друштво (има 4години) ме релаксира си пееме со Тоше заедно, цртаме боеме во боенки, и читам сликовници :lol:
    Колку позитивна енергија ми шират малите деца ццц ги обожаваааам ! :l: ^_^
     
    На Espadrila, anichka94, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Започна како еден негативен , сив , ладен , понеделнички есенски ден.
    Времето бавно течеше , а и покрај 8 часовниот сон синоќа очите ми плачеа за сон.
    Но како утрото одминуваше, започнаа да ми се случуваат смешни случки, по некој мајтап, едно интересно изненадување..За на крај неочекувано да го видам него. Тотално неочекувано.
    Беше убава средба ,се заврши со бакнеж..Не требаше знам, сега уште потешко ке ми биде.
    И самиот е свесен дека не требаше да биде крај.
    Сеуште стои како сенка покрај мене,ако не секој ден, секој втор ден ми звони барем на 1 минута да праша како сум, како ми оди денот, школото..Му фалам , тоа е очигледно, но не го прави првиот чекор, а нема ни јас.

    Убав понеделнички ден, немам за учење , ке си уживкам пред печка ,ке слушам класика, ке си се топлам со чај од брусница со многу мед и нормално многу јаболка. ;)
    Весакам сите. :*
     
    На francais, richgirl998, ariela09 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.226
    Муабет за згорз. Пред да прочитате земете си кофа до вас.
    Си седам на кафе јас, си чекам придружба, ми каснеше, небитно и сега што правиш, чепкаш во мобилен, читаш вицови, си шмрцаш кафе и слушаш околни муабети (од тоа такво прислушкување ми беше на ист начин здрпана идеја, ама и тоа е муабет за згроз, друг пат ќе ви го прераскажам). Ама јас сум онака од досада тип, не седев во друштво па ај ќе ќутиме ние ќе ги слушаме тие до нас, чекаш, имаш уши, јбг,тоа е. Нејсе.

    Дадички на пауза и цитирам - леле бе, знаеш која ми аплицирала за работа?! ХХХХХ! ХАХАХАХАХАХА! Ама не ја викам на интервју, не дека не исполнува услов, ама секогаш ме нервирала и не ја викнав! И другарка и на тоа, е така, врати и сега, хахахаха, колку е топ да си во позиција да си бираш, кажи маче,а? Да бе да, си дојдоа и моите 5 минути...
    И повеќе не ги слушав и си размислувам колку се скапани души. Си размислувам колку ли интервјуа во државава не биле извршени ради вакви личности. Си размислувам колку сме непрофесионални и бедни! Ти можеш да бидеш супер...ама џабе ти е! Некој таму преку стринка тетка фатил позиција и ќе те јебе во здрав памет.

    Па ми текнува мајка ми како се вработила. Имала најмногу бодови од сите што аплицирале, арно ама имало такви со врски и нив ги примиле, а ти како непримен имаш право да ги разгледаш сите биографии ако сакаш и тоа ја прашале на крај, ќе тужиш ли? И она наравно им рекла да! И за да не ги тужи ја вработиле зошто немале основ зошто да не ја вработат!

    Наравоучение, ние сме земја на морони, пазете кај аплицирате и добро распрашајте се кој е во човечки ресурси. А вие работодавци, давајте тест за моралност и етика пред да вработите некого во човечки ресурси затоа што од вакви ситни души може да пропуштите добар кадар кој ќе ви ја однесе фирмата далеку наместо овие опајдури! |(
    Е така, сега обука покрај тоа како да напишете сиви и биографија, нека направат и обука како да истражите кој ги разгледува апликациите за да знаете дали имате шанси. Сега сфаќате зошто се бескорисни кај нас sивијата и биографиите и зошто фрустрира нивното пишување и дека е се фолирање со се моментот ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, таа категорија кај нас е мислена именка!


    Леле кога ми дојде некој порив од внатре да и станам, па да фатам да ја расчукам тука пред сите... и да испаднам најлоша во свет и ич око да не ми трепне, туку ај лоша, луда ќе ме направеа, па тоа ми беше проблем.
    Значи каков олош народ постои на планетава земја. Никад не сум размислувала дека можеби и од вакви причини може да не се добие работа...
     
    На bittersweet, Elennaa, Espadrila и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Сакам да засакам!

    Потполно и предадено. Да го ризикувам срцево нечепнато од љубовни болки.

    Необјасниво многу сакам.
     
    На Oxymoron, anichka94, francais и 11 други им се допаѓа ова.
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Пишуваме книга од 365 страници...
    изработуваме ѓердан од 365 бисери...
    но сепак има исклучок... некои имаат глава од две лица...
    Сонцето никогаш не заоѓа,тоа изгрева за сите...
    Биди благодарен на тоа што го имаш...
    Среќа и љубов само тоа ни е потребно...
    Насмевнете се и се’ ќе е совршено!
    Црно?Не-сакам да го претворам во розево...
    Понекогаш мораме да се соочиме луѓе со многу низок просек,па да!Сакам и можам да останам своја!
    ;)
     
    На Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.