[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.180
    Пол:
    Женски
    :o :clap: :clap: :clap: Се наежив кога го прочитав овааа :$
    Не да звучи убаво туку преубавооооо ,Нека ви е со среќа ,нека ве следат само убави и среќни моменти во иднина исполнети со многу љубов и здравје (тоа е најважното) :lol:
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EmpressA

    EmpressA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    СДК дека да имав втора шанса би сменила многу работи во последниве 10 години. Некои луѓе не го заслужуваат местото на кое сум ги поставила. Ама ако, како што гледам сами ќе си се отстранат. Мизерии...
     
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Како луда правам маратон до прозорот и назад секој пат кога не фб ќе прочитам статус "Падна првиот снег",и така разочарана се враќам назад се додека не прочитам некој друг статус,за пак да истрчам до прозорот.
    Убаво пишале,кога ќе пишете статус за снегот,пишете барем на која планина сте за да не одиме залудно до прозорот..

    А снегот го чекам,многу.Сакам да се разбудам,да погледнам надвор и да видам белина..
    Зимово ќе биде многу поразлично од претходните,заедно со него ќе се радуваме на снегот.Тој среќен како мало детенце,ми вели со душа чекам надвор да има многу,многу снег а нас да не ни се станува од под ќебе,или само да станам да го запалам огинот за да ти биде топло.

    Многу е рано знам,но јас веќе се замислувам како купувам новогодишни честитки...
     
    На ana-girl и ariela09 им се допаѓа ова.
  4. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Паѓа првиот сне во мојот град :D Пресреќна сум :) Колу е само убава глетката
    Си паѓа, навистина ми недостигаше ова чувство и се чувствувам исполнето
    Прекрасно е но не е се бело паѓа и се топи |( Ако ако ќе биде
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    awww :inlove:
    Имајте убав ден :D
     
    На Kikka.C19.20, Dog-lover, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Слободен ден среде работна недела е прекрасно нешто. Ама нај.
    Си дремеш во пижами, зобиш јаболка, слушаш синглови од најновите музики на Telepopmusik, се крчка бело гравче во кујна и тишина е.
    Тишина што се рамни со моментот на себеспознание и раат.
    Сите се на работа, никој не ме прашува која смена сум. Не се вика гласно. Не ѕвонат мобилни ни фиксни телефони. Нема тензија. Се’ е во редослед и низа. Мој микро храм. И телото и дланките. Пишувам и се себевдишувам. А на светот му порачувам да си инсталира трпение и да продолжи да живее. Редам книги. Диплам алишта. Навидум ред. А се’ беснее гласно, и моите емоции и неговите бакнежи што ги чувствувам најмногу навечер. Како да е се’ една огромна фарса додека чекаме. А штом се видиме, светот добива смисла.
    Се смирувам. И си ги правам омилените нешта. Како и мојот омилен зен ритуал. Пишување списоци за на пазар/маркет:

    Модар патлиџан
    Страк праз
    Јапонски јаболка
    Кесиче црна сол
    Земи чадор
    Морска сол
    Влажни марамици
    Кечап

    Планови, насекаде расфрлани, ко стари плочи, и чекаат ред да бидат отсвирени и отслушани. Ќе крцкаат, со сигурност. Цел декември е полн со промоции. Еден ден од нив ќе биде и мојата. Позитивни вибрации во воздухот - две драги мои личности во животов, очекуваат бебуши. Зар може нешто поубаво од тоа?
    Во меѓувреме, добив покана за промоцијата на Дарко Лешоски. Се крева фама, хајки, препорачана омраза и страшен публицитет со сето тоа. Му прават услуга и оние кои јавно го мразат. Она со коњот и прашината, никогаш не било поверодостојно! Инстант лудило. Со него сме на чаша вино и раат муабет. Му кажав јасно и гласно дека не го разбирам понекогаш, но штом сум испочитувана, и јас ќе го испочитувам. Познавајќи го, нам поезијата ни е како разминати светови што се допираат само поради рамките на јазичната усогласеност. Давор исто, го реализираше својот роман. Дуле, нова поезија. Васко, хаику корпорации. Професорот Владимир, слика во песна. Лидија Димковска наградена од ЕУ за романот Резервен живот. АКСЦ организира ден на споделени предмети.
    Сево ова е успех. Успех што некој успеал да извади од себеси идеи и содржина која лебдела некаде, во хтонично или романтично чувство и истото добило облик.
    За едно 10 години од сега ќе видиме кој колку тежи!
    Има мноштво случувања, просто е жалосно да се кенка.
    Подобро би било да се стенка, од убаини, да речам.
    На 3ти декември ќе читаме поезија по повод 10 години постоење на Diversity. Средба со факултетските зандани ејејејеј! Имав еден таков стих... Намирисана од нив. Тоа студентско чувство никогаш не ме напушта. Затворен си во најотворениот простор! УКИМ е едно такво... Диво месо. Ама ај.
    Уште да успеам да стигнам денес во АКСЦ и да им ги однесам сите непотребни нешта што ми го зафаќаат животот, ќе биде одлично. Морам да направам и еден мал извештај за денови на македонско/турска култура и да појдам да дегустирам баклави денес со сестра ми и колешки од работа. Исполни си го животот, испразни си го џебот, би рекла.
    Рековме, слободен ден во работна недела е како топла супа со домашни кнедли. Мх, мх.
    Следува средување на некои стари писма, песни што се гушкаат под кревет и перење папучи.
    Ослободување, без револуција. Т.е можеби без крв овојпат.
     
    На Lilit, ana-girl, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Сакам да навее снегче, а да можам да се шетам, да уживам додека снегот ми крцка под нозе :D

    Туку денес сум среќна :rofl: имам причина за тоа, всушност подолг период сум среќна и сакам уште долго да трае среќава..

    Незнам како да ја опишам среќата.. затоа и нема да ве замарам со читање на неповрзани реченици..

    Имајте убав ден... :)
     
    На sweet-cherry, Dog-lover, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... ме преморуваат прашања, прашања и прашања. Конкретно, од домашните во прв план.
    Не знам како не се преморија луѓево од прашања.
    Кога бев помала волку внимание не ми се посветуваше, ни одблиску. Сега веќе ако не е на мобилен, тогаш има задолжителна порција прашања во моментот кога ќе стапнам после работа дома.
    Што работевте денес? Па како си помина? Е што си нервозна де? Па раскажувај ни, лелеее, само се затвараш во соба...

    И десетици пати сум замолила откако ќе се вратам да ме остават на мира барем пола саат, без прашања и дрндање, да се одморам и да јадам на раат, не бре... Си тераат по свое, па и се лутат како малите деца.

    Тогаш им текнува да муабетат, тогаш дискутираме сметки и сериозни работи, тогаш бараат внимание, тогаш сакаат да се смееме или расправаме... не можам. :(
    Ги сакам до смрт, ама стварно се како мали деца. И не можам да слушам објаснувања како им било жал што наскоро ќе се селам, па на ваков начин ми манифестираат емоции... значи нема потреба, не се селам на Марс.

    Ми доаѓа да го земам душекот на дување и да си одам веќе. Стварно трпението ми е при крај. И силата и разбирањето.
     
    На anuskaNESTLE, teddybear, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Изреволтирана од денешното искуство во нашево здравство.
    Малку поднастинав, добро малку повеќе, ама она што ме изнервира е тоа што кога појдов на доктор иако пред мене немаше никој и мислев дека брзо ќе завршам, чекав еден добар пола саат пред ординацијата. Зошто? Затоа што на докторо мој на сред работно време му се праело муабет со неговата золва. Ја едвај стојам на нозе, тие ич гајле си немаат, си муабетат за станој во Скопје, во Охрид, колку чинел метар квадратен..... :@
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Смачено ми е кога почетната на фејсбук ми е преплавена од шернувани видеа од Баба Роса..
    Ама стварно..Воопшто не е интересна,напротив..
    Стварно ме занима колку им се интересни работите шо ги кажува госпоѓата во видеата?
    Ии дали само мене ми е досадна |(
    Можеби толку ми е капацитетот да ги перцепирам работите шо ги кажува
    Не знам кој е по напорен,бабата или нејзиниот дебил од внук :?:
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Колку само се исполнети деновите со друштво. Следуваат разговори и забавни игри во натпреварувачки дух.

    Туку ми се оди во театар, а во МНТ немало претстави за ноември. Како бе така?
    Битно желба имам... Ајде ќе почекам уште некој ден.

    Абре луѓе зимава еве ја, дојде. Јас капут, шал, капа, ракавици се си спремив.
    Уште убав снег фали. Не сакам зима, ама ако биди нека биди цело Скопје снежно.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Баба ми е селска жена, цел живот по поле, лозје, бавча, двор... Не дека беше некоја исклучителна домаќинка за по дома ама па немаше нешто што не знаеше од домаќинските работи. Баба ми секогаш шиела и тоа на рака, а дедо ми уживал во нејзината страст и секогаш двоел парички за да може да и ги купи најубавите материјали. И тој од село, цел живот по планини и полиња не дека се разбирал што треба да купи ама им го оставал изборот на продавачките притоа опишувајќи ја баба ми како најубавата жена на светот.
    На моменти пишувам во минато за неа затоа што сега за жал е во постела. Ама за мене баба е ЖЕНА!
    Баба ми секогаш ги имала најубавите марами, секакви шари и секакви материјали. Имаше посебна гардероба за во бавча, посебна за по дома и посебна за облекување овај де дотерување. Не ја мрзеше ако треба да работи по лозје, бавча да се пресоблече и пет пати во еден ден. Никогаш никој ја нема видено несредена.
    Последниот пат кога ја видов пред месец дена видов дека воопшто не се променила. Изгледаше толку слабо, истоштено ама не се предава. Стана, се исчешла и се насмеа. Побара да ја сликам, побара и летово и со задоволство го направив тоа.
    И однесов некои парталчиња за кои со задоволство шетам низ град барајќи ги. Се радува искрено, онака детски на такви гестови.
    Отиде и донесе да ми покаже со што ќе ги носи. Ме радува кога ја гледам на 90 години како ужива во такви задоволства.
    Додека седевме ми кажуваше колку и е убаво кога сите деца и се на едно место. Вели: Не дам се, сви су ту!
    Мојата баба и после 65 години во Македонија не сака да зборува македонски, си збори српски. Кога ќе ја прашав зошто зборува на српски, одговорот секогаш беше зошто да не?
    Мојата Јања е прекрасна жена, со сите нејзини мани и доблести.

    Еве мерак и било да стане да и свари кафе на мајка ми. :lol: Не да се!
     
    На tweety26, bittersweet, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Излегуваме од Вучко со купена нова силверна :) пеперутка за нашата замислена Божиќна елка, јас изнервирана пцујам бидејќи поштарот ми ја изгубил пратката, мојот целиот во болки поради забот, и наеднаш започнува да паѓа снег. И наеднаш мир! Го фативме моментот на првото паѓање на снегчето.

    Си замислувам како танцуваме на ваква забава - јас и тој, сестра ми и нејзината љубов, братучетките со нивните љубави. А најмногу посакувам да ги видам мајка ми и татко ми како танцуваат на вакво тло .
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      157,7 KB
      Прегледи:
      324
    На iloveyou29, Ketrin.Moon, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... Верувам во периоди, верувам во променливоста на животните случувања и ситуации. Верувам дека може одеднаш да ти се сруши цела позитива во еден период, за после да ти се сруши цела негатива во друг. Значи нема константа ( не лажеле ).

    Јас сум во некоја хибернација после посебно убавиот и исполнувачки период од оваа година. Одеднаш се наоѓам во празен и лош период. Се чувствувам празно, лошо, депримирано ... иако далеку е од лоша ситуацијата, ама ... :doh:
    Сфаќам дека оваа матична средина долго време не ми овозможила ништо за што вреди да се трудам и борам, па и со позитива да гледам на неа.
    Еве и овој период посебно пред празници не го можам. Не пронаоѓам ништо убаво, релаксирачко и исполнително ... Ми фалат одредени работи ... ми фали една коцка од животот, која по некоја причина е загубена ... па долго време се трудам да ја најдам, ама тешко ...
    Животе биди добар и за ова, врати ми ја!
     
    На Anonymous996, Ketrin.Moon, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Си седам до прозорчето и цело време си гледам надвор, си трепкам во исчекување да падне снегче и кај нас. Но за жал сеуште нема...а толку ја сакам таа зимска магија.

    [​IMG]
     
    На Anonymous996, Victory15, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Седам до прозор веќе подолго време. Ако веќе стигнува снегот,треба да се збогуваме со жолтите лисја кои крцаат на земја. Есента заминува. Оние нијанси на жолто кафено и црвено полека исчезнуваат. Ветрот ги води далеку од нас.

    Но еве,пристигнува.
    Моето годишно време. Зима.
    Конечно онаа еуфорија насекаде.
    Би можела да кажам дека во зима,небото се симнува на земјата. Студен рај.
    Стигнуваат белата и сината боја. Секако,тука е и црвената,секогаш.

    Чекам,чекам...
    Студот полека ја зацврстува мојата кожа. Студено е.
    Лицето ми станува бело,пегите доаѓаат до израз.
    Влагата си го прави своето на косата.
    Уште неа ја чекам.
    Зима.

    Целосна ќе бидам.
    За брзо.
     
    На Anonymous996, sweet-cherry, Ketrin.Moon и 7 други им се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.483
    Пол:
    Женски
    Понекогаш мислам дека без телефон подобро ми функционирала. Толку сум навикната на него што каде и да одам секогаш си го носам со мене. Но некогаш ми дојде преку глава од јавувања, пораки... Едноставно има моменти кога несакам со никого да разговарам и да уживам во тишината. Разбирам да се јавиш кога имаш потреба затоа и служи телефонот де, ама да ти е досадно да имаш бесплатни минути, да се јавуваш и да разговараш со саати еден ист муабет стварно е претеризам. Од сега па натаму ако имаш нешто да кажеш, кажи го и толку чао. :|
     
    На De-lovely и Kaylie им се допаѓа ова.
  17. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Абе овој хороскопов се ми годи, дури страв да те фати понекогаш. Како животов да ми го отсликува. |(
    Чудна ствар је хороскоп.. и ај после речете за забава бил само. Еве кај мене стварно погодува. :?:
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Препушти го бродот на ветровите, но срцето не им го препуштај на девојките, бидејќи морскиот бран е посигурен од верноста на жените.
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    92.180
    Пол:
    Женски
    СДК дака пред точно еден месец станав член на форумот. Многу ми е убаво што сум дел од големото форумско (така ли се кажува :$ :?: ) семејство на ФЕМИНА .
    Уживам и среќна сум затоа што мислам дека овде има многу искрени луѓе кои работите ги кажуваат баш така како што треба без 'влакна' на јазикот. :lol:
    Така да јас ви ветувам дека ќе ве дружам уште многуууу :* :D
     
    На Someonespecial, Lovely93, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Ајде честитки и нека ти се множат. И нас ни е убаво што си дел од форумов, не те пуштаме и да сакаш. :rofl: :*
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.