[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Од кога се научив самата себе (конечно!!) да очекувам се од секого, животот ми стана полесен!

    [​IMG]


    Добра ноќ :hug: :*
     
    На MorganMonroe, hermosa и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Моментот кога ќе ти ги забранат цигарите поради здравствени причини па мелеш се што ќе ти дојде при рака, станав машина за семки, сочоглед, се прејадувам со чоколадо и какви се не напитоци.
    Ова полошо било и од пмс бре жени!
    Мајка ми вели окото и се исплашило колку јадам и колку сум неподносливо нервозна и тромава деновиве, и како го испразнив фрижидеров а моментално ме фаќа некоја голема криза и за плашење станува работата. Ме заебаваат дека вечерва кај нас - Нико није сигуран!
     
    На Elennaa, Sexybaby86, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  3. karfiolka1

    karfiolka1 Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ах кога некој би ме разбрал само
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Денес ќе заспијам со страв дека нема да стигнам во овој еден живот да исчитам се што ми се допаѓа! :(
    Премногу книги на листа, премалку во рака, очи отечени од читање на интернет, ама не, не е тоа - тоа, кога нема да си ја имам книгата во раце, да се раскомотам како човек и да и се радувам додека ја стискам со рацете, страниците да се вртат цела ноќ, да се слуша нивното шушкање незаменливо.
    Не знам за вас, мене ми е смрт читањето на лаптоп, ама не сум позната по трпеливоста и истрајноста, па додека да успеам да соберам пари за поскапиве книги како оваа во моментот, морам да ја почнам - а најчесто и завршам преку латопот...
     
    На anichka94, sweet-cherry, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Случајно ја загледнав сликата од 'Мачиња' ... ах ме врати назад во детството :lol:
    Колку ми беше убаво да ги гледам,со нетрпение чекавме со сестра ми да започнат и да се нацртаме пред ТВ :) Моментално не ми текнува како се викаа (едното мислам беше Маца :D ) и секогаш велев: -Јас сум оваа (со марамата на врат) оваа мачее е најубаво, :lol: а сестра ми се лутеше затоа што секогаш сум сакала да бидам тоа :tmi:
    Ах колкуу ми е убаво кога ќе си се присетам на тие убави моменти ... :lol:
     
    На sweet-cherry, Marjan007, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ги преточувам чувствата во зборови,така исцеден немир во неколку реда.Никогаш не се научив потполно да и се препуштам на реалноста,во себе секогаш имав еден свет,за нијанса посветол или помрачен.Често знам да провлечам некоја залутана слаба насмевка во пеполн автобус.Често знам да не слушнам нечии зброви упатени кон мене повлечена од другата страна на фантазијата.Во мене се состојат сите остатоци од чувства кои не ги потошив целосно.

    И над овој град лебдат чувства.
    Вечност.
    Добра ви ноќ.
     
    На crazylady, leighton23, Anonymous996 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Прекрасно е чувството кога ќе предизвикаш насмевка на нечие лице...
     
    На Someonespecial, LittlePinky, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Во обид да најдам една песна на која и го знам само спотот, се изнаслушав песни кои ги немам слушано одамна, кои беа актуелни во она безгрижно време, за мене.
    Период кога беа актуелни бендови како Puddle of mudd, Limp Bizkit, Korn, Nickelback во нивно најдобро светло, Hoobastank, The Calling, Jimmy Eat World, HIM, Papa Roach, Simple Plan, P.O.D... а под актуелни мислам ги држеа највисоките места на топ листите, се вртеа на секој музички канал.
    Мислам, јас си ги слушам и сега одвреме-навреме, ама кога ќе ми текне на тоа време, во целост... преубаво беше.
    Дали дека бев дете, па така ми се чини или до вакви некои фактори, не знам...

    :?:
     
    На Dulceee, Oxymoron, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Луѓе од подвидот отоци и крлежи се створења од кои за заштита ти треба кабина со изолатор и електрична ограда со двометарски копја наоколу!

    Само затоа што слободата на говор е дозволена, не значи дека треба да ја злоупотребуваш за идиотски намени од типот на „Што правеше пред 12 дена во 18 часот, 46 минути и 13 секунди?...Што се лутиш па, не смеам ли да прашам?“
    А одеднаш јас ако прашам чуму толку плиткоумно прашање, лошо е и навредливо, толку од слободата.
    Не знам за вас, ама мене туѓ срам ме јаде само да слушам такви прости потпрашувања.
    „Ее, слушам татко ти брзо излегол. За што беше во затвор?“
    Чекај бре! Стој! Детено едвај три збора изустува, а ти без пардон и со нула блискост ја сервираш туку-така својата игнорантност на тацна.
    И така ко некоја изгребана плоча ќе врти едно те исто, ќе те подбуцнува дури не си го добие, па после друг е крив и нетолерантен.
    Простотилак за продажба во неограничени количини.

    Цепидлачењето ме тера да си ставам 'рѓосана стрела на слепоочница и да си починам во мизерни услови. Посебно ако иде од постари личности кои демек се (само)сметаат за оформени и безгрешни, и чија мисија е да ја шират својата вонсериска, безвременска појава.
    Колку треба да имаш незадоволителен и сиромашен живот за да се занимаваш до најмала ситница кој, колку и кога кажал, па да правиш споредби и графикони со статистики?
    Побогу, луѓе сме, искуствата и околностите ни ги менуваат размислувањата.
    Тешко (или блазе) оној што цело време останал со исти убедувања.

    „Ама ти пред пет години сакаше црвено, како сега така?“
    Е пред пет години и А1 беше во етер.
    Марш!
     
    На Foreveryoungiwannabe, Libera, cinderella5 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    12.092
    Денес и баш не ми се збори многу, ме мрзи! После добро квачење пред ком. и еден виртуелн разговор со моја драга пријателица, заклучив дека јас сум многу касметлија што се тиче пријателски односи.
    До само пред неколку месеца едвај се опоравив од заминувањето на истата пријателка од разговот.
    И така муабет како муабет( како?што? дека?) не доведе до тема за нови пријателстава како со кој дека :D
    Најискрено срам ме беше да има признам дека супер ми е без неа, мислам не ми е супер ама не како што очекував, мислев дека ќе ужасно( ова го треснав од ракав :tmi: :D )
    Незнаев како да регирам на нејзините жалби дека нема салам луѓе дека многу и фали времето поминато овде. И ми беше излишено да земам јас да се фалам за моите нови успеси, нови пријателста бла,бла .
    Мислам не е човечки некој да ти се жали а ти да се прчиш барем јас така неможам . И се правам џоа наудрена и згора на се лажам у такви ситуаци :tmi: дека и мене ми е тешко и ја тешам дека се ќе биде во ред. Бо или треба да се сменам :?: Ставете ме на електричен стол!
    Ај да одам не ми е добро штом се разбрборив во никое време :D и да го фатам кревето оти утре кој ќе ме трпе. Кога сум ненаспиена се понашам како наркоман :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Неблагодарно е ова прогласен слободен ден поради ден на дрвото а да се одработи во сабота |(.Можеше КОЈ сака да си сади дрва да оди во сабота а не вака се да се поремети (неработиме сите во администрацијата и клацкај врата зимај плата да биде |( ) .Па добро бе зарем само се апелираше денес да не се задоцни на лекар и да бидат известени пациентите :^) онака ние другите што работиме со рокови (а не било планирано ден на дрвото ) не сме важни и треба самите да си ја чукаме главата :fubar: :swear: ?! :swear: Мислам за да си ја заработам платата и да дојдам во нормала ми требаат 2-3 саботи да одработам и да дремам до ниедно време на п.ц поради 1 пропуштен ден :sweat:
    Поздрав до овие :!: дека ич
    QR
    не ме боли за дрва и засади и пресади нивни !
    http://www.youtube.com/watch?v=ppH40ljqEkE
    Од утре ваков на работа ]:)
    [​IMG]
     
    На eliesaab и Hipster им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Тешките времиња никогаш не траат долго , но јаките луѓе траат најдолго :muscle:
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Со огромно доцнење, сакам да и го честитам роденденот на кравче.
    Баш деновиве си велам зошто ја нема, тоа не е својствено за кравчињата и нешто и прочепкав по мислења, и приметив дека можеби навистина и бил роденден деновиве.
    Епа среќен најсреќен роденден кравче :* , ти посакувам се најубаво, да не изненадуваш со убави работи, со некој бик и со мнооогу телиња :D
    Туку, распишани биле конкурси за 400 нови вработувања за лекари,сестри и друг медицински кадар иако голем број од докторите се изјасниле дека и со постоечкиот број на доктори нема работа а што ќе прават со уште доктори. А плус и прво ќе ги прателе во странство на специјализација да се вратат специјалисти после. А каде е немедицинскиот кадар бе министеру, па на клиники не волонтираат само доктори и сестри. И нели имаше вработувања за доктори и сестри во првиот бран вработувања, што е сега ова, лажги со опашки. :o
    Вчера биле насадени 5 милиони дрвца, :o :D
     
    На kravce, Sexybaby86, Nymeria и 2 други им се допаѓа ова.
  14. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.748
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Среќен Роденден Мамо !! :inlove: :* [​IMG]
     
    На eliesaab, MandyLane и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Воздивнувам!
    Би побегнала некаде да не го дочекам крајот на ноември!
    И би се вратила ама и понатаму не знам зошто го нарекувам враќање одењето од својата куќа!
    Нема за мене ни одење ни доаѓање.
    Јас сум осамен патник помеѓу два света,меѓу две љубови,меѓу два живота.
    Јас сум упорен патник загледан секогаш во она што го остава.
    Јас сум уморен патник кој би сакала сите што ги сакам и се што сакам да е на едно место.
    Си имам само една перница и еден свој кревет,еден орман и една чаша и една своја куќа и едно место на кое можам да се вратам.
    Колку можат закрвавените очи поглед полни со омраза да те убијат без крв и видлива рана,а ти имаш едно срце на чиј почеток и крај се крие по еден дом,по една перница ,по еден сон.Тешко ми е.Тоа го знае само перницата.И солзите кои ме тешат и сите оние празни тишини во кои нема веќе солзи.
    Венеам.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Секој човек во својот живот греши !!
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Денеска се разбудив со експресна брзина..
    Ставам кафе,излегувам надвор,да видам времето како што,и гледам кучето на братучетка ми дошло кај нас,а не живее блиско.Ама ова моево лудо и бесно кога почна да ја брка,навака натака,јас да ја спасам,ме кутна на земја директно во калта.Абе убавини,кој да ме виде,си вика ова девојчево со кучиња се расправа ко некоја будала :D
    И така сега си се истуширав,си пијам кафенцето (изладено!) и си го пцујам денов кој не ми стои на арно да тера.
    Бидете ми поздравени :D :*
     
  18. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Само јас можам у рок од 1,5 година 2 пати да го полијам лап топот со кафе :clap: :clap: :clap:
    Но, на среќа, два пати се врати лапи во живот :D
     
  19. Hemera

    Hemera Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Не знам кај ми е главата.Премногу обврски,премалку време.Велат,треба да си го организираш времето,но јас сум скарана со времето.Ама не се жалам,напротив.Само сакам да кажам,едвај чекам се да завршам за денес и да легнам,да се наспијам.Ми фали креветот мој.Секоја ноќ по 2-3 саати спиење.Ама,горда сум на себе.Си докажав дека можам.Можам,сакам,се трудам. :) Сега ке се обидам да се смирам со времето бидејки стварно треба да си го организирам.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.531
    Пол:
    Женски
    Овој Даниел, му кажал ли некој дека пее како Бог. Дечкото е луд, ми влага под кожа бре со тоа гласчето :D Ретко замарам по Инбокс на ФБ луѓе, ама не можав да му одолам да не му пишам, му симнувам капа, секоја чест, не знам што да речам.
    А јас сирота се вкочанив, останав со здрвен врат и се вртам со тешки маки. Сум станала мекуш, јас за вакви глупости не идев на лекар бре, сега сум на ум да посетам матичен. Како стареам ме фаќа страв да не направам некоја беља со лекови на своја рака.
     
    На anichka94, eliesaab, sofijanoka и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.