[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    ..Абе на 'ден на дрвото', срцево ми се полни кога ќе ги видам сите политичари со лопати в раце.. Ко што ги личи!
     
    На kala21, Stoimenovska, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Готово е. Заминување.
    Секој по својот пат.
    Тука, тие се разминуваат.
    Оди, и од време на време, сети се на тоа време.
    На тоа наше време.
    Спомените болат, знам. Но, заборави на она се` што неможевме.

    Нашите патишта повторно ќе се спојат.
    Но, тогаш, не погледнувај во мене. Помини ме. Сврти ја главата на другата страна.
    Не дозволувај спомените, и минатата прошлост да те вратат кај мене.
    Не доаѓај пак-и двајцата го знаеме крајот на приказната.

    Понекогаш, ќе одам таму.
    На нашето место.
    Под облаците.
    Ќе отидам, да се потсетам колку проклето беше она нашето,
    кое кратко траеше, зошто беше убаво.
    Некогаш ќе отидам, да се судрам со спомените.
    Некогаш ќе ја испеам нашата песна.
    Ќе ја испразнам полупразната чаша, во наше име.
    Некогаш, ќе ја оставам цигарата сама да изгори,
    како што ние ги пуштавме работите да течат сами по себе.

    Нашето место ќе остане само наше.
    Ликовите ќе се менуваат.
    Ќе се смени и времето.

    Но, тоа место...никогаш.
     
    На QueenElena, crazylady, leighton23 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На duffi и Agrona им се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Дојдов до период во животот кога многу работи не знам, ама една знам: среќна сум.

    Ќе ги оставам настрана прашањата за смислата на животот кои си ги поставувам постојано, прашањата за која сум, што сакам да бидам, и дали сум на правиот пат. Ќе ги оттргнам негативните мисли од главата и негативните луѓе од секојдневието.

    Ќе се смеам повеќе, ќе слушам добра музика, ќе спијам до подоцна, ќе пијам чај. Ќе учам повеќе, ќе бидам љубопитна, ќе истражувам, и ќе донесувам заклучоци, па макар биле и погрешни. Ќе пијам кафиња и чаеви со сите драги луѓенца, нема да запоставам никој. Ќе ги засмејувам моите, и ќе поминувам подолго време со баба ми. Ќе го љубам безрезервно, до немај каде, затоа што заслужува. Ќе танцувам и пеам во сабота навечер, а ќе готвам во недела наутро. Ќе бидам сестрана и активна на многу полиња, и ќе го направам татко ми горд.

    Не мора да знам се`, а ако ја дознаам смислата на животот на 20, тогаш што ќе правам понатаму? :D Не мора да бидам најдобра во се`, доволно е да го правам она што ме прави среќна. А засега добро ми оди: ги имам моите родители, неколку многу добри другарки, и некој кој го нарекувам свој.

    Одбирам среќа. Затоа што среќата е став :)
     
    На SparkyAngel, Nevermore, sweet-star и 18 други им се допаѓа ова.
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    само толку ... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • sreka.jpg
      sreka.jpg
      Големина на фајлот:
      20,6 KB
      Прегледи:
      381
    На kala21, hermosa, Girl-50 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ех,колку е скржавоста наследна.И како можи да излегуваат толку гуштери и змии од устата на злобен човек. :devil:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    [​IMG]
    Имајте добар ден луѓе!
    :hai:
     
    На hermosa и Agrona им се допаѓа ова.
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    Ви посакувам убав ден на сите .... мене веќе ми е најубав
    Среќна сум,многу сум среќна затоа што се разбудив пред него(како и секогаш) и го гледам како си спие :angel: :lol: :D
     
    На Umbrella22, Thallia и duffi им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Два часа у петок сум немала од 6то одделение :D :rock:
    И тоа скратени!
     
    На sweet-star и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.729
    Времеплов

    Пред 23 години и уште 45 претходно, денешниов ден беше најголемиот празник во државата во која тогаш живеевме. Немаше прваче коешто не знаеше дека на 29 и 30 ноември се одржало втрото заседание на АВНОЈ во Јајце, без воопшто да знаат што е тоа АВНОЈ или каде е Јајце. Но во погорните одделенија и тоа се апсолвираше, иако се сеќавам дека многу ми беше тешко да изговорам Антифашистичко собрание за народно ослободување на Југославија.

    Неколку дена пред празникот првачињата ја даваа пионерската заклетва. Построени, со сини капи со црвена петокрака и црвени марами, возбудени затоа што и тие ќе станат пионери, изговараа:
    Пионерска заклетва, за добар ден, да се потсетиме :

    Денес кога станувам пионер
    давам чесен пионерски збор
    дека ќе учам и работам
    и ќе бидам добар другар
    дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
    Социјалистичка Федеративна Република Југославија
    дека ќе го развивам братството и единството
    и идеите за кои се бореше Тито
    дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
    кои сакаат слобода и мир !!!

    Заклетвата на почетокот на '90-те години претрпе и измени, па потоа беше укината. Можете за замислите колку е тешко за прваче да каже дека ја сака самоуправната татковина. Ништо не разбираш, ама знаеш дека нешто големо се случува и изговараш најправилно што можеш. Од денешна перспектива, замислаат е сосема ок. Се колнеш дека ќе ги почитуваш државата и народот и ќе се залагаш за мир.

    Југославија веќе одамна не постои. Единствен доказ за нејзиното постоење е името на Македонија под кое сме сега признаени во Обединетите нации.

    Иако имав 11 години, распаѓањето на Југославија ми беше шок. Особено војните ко се случуваа после тоа. Не можев да сфатам дека луѓе кои живееле заедно и делеле се, можат едни на други да си прават толку одвратни работи. Нејсе, најголемата штета што ја претрпев беше тоа што оттогаш не верувам во ниту еден концепт на вештачки креирани држави или унии. Се може да се распадне. Веројатно тоа се некои природни процеси.

    http://www.youtube.com/watch?v=Z5YJvXzCymA
     
    На Bozica1980, ilipili, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК во животот не е само дали човек оди по полесниот или потешкиот пат, туку кој од двата е правилниот.Оти некогаш и двата можат да делуваат како вистинскиот пат по кој човек треба да оди.

    Сакав да кажам уште нешто и ми кидна мислата, за секунда, со брзина на светлината кидна... :geek:
     
    На Silver.E, Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
  14. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    На многу луѓе им фали логика |( .
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Брзајќи по ладното,ми текна да копирам едни презентации ќе ми требаат за колоквиум.
    И чекајќи си ред,влегува ТАА..
    Да,таа која страшно ме иритира.
    Таа која ја држе раката,која некогаш јас ја држев.
    Таа која стое на моето место,и се претставува како негова девојка.
    Таа која го прегрнува него,наместо мене.И ужива во неговата љубов.
    Се стресев.
    Имав кнедла во грлото.А погледите ни се сретнаа.
    Не сум сигурна дали таа знаеше за нас.Но јас знам,проклето знам.
    Не бев огорчена,не бев лута..само ја изгледав онака од глава до петици.Да и ја видам облеката,насмевката,држењето.
    Не е посебно ништо.
    На крајот,јас сум таа што се насмевна.Но и таа што сеуште ја чувствува болката.

    И покрај се,драго ми е ако те исполнува,усреќува,ти нуди се што јас не можев.
    Биди среќен.И биди сигурен дека и јас ќе сум.
     
    На SparkyAngel и anichka94 им се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    9.540
    Пол:
    Женски
    Cекогаш мислите се тие кои први започнуваат,лутаат....те бодат ко игли,враќат спомени ,слики ,безброј слики кои сами ти излегуваат пред очи.Mолчам,но ми се тркала солза по лицето.Oсеќам бура во срцето,осеќам немир во гради.Tаа е,се буни,љубовта,таа несреќна патничка која залута во мојот живот,случајно ме допре.A бев само дете,или мислев дека сум сеуште....Tаа е благослов,но тежи ,проклето тежи кога годините не го губат нејзиното сивило.Aма има пречки,огромни,непреминливи.Tогаш зошто постоиш,љубов-ја прашувам...Jас и тишина околу мене,се борам против невидлива сила.Mе обзема,се предавам и признавам-оној за кој ме врза да го сакам-вечно ќе го сакам.Kолку и да сме далеку,блиску сме,колку и да сме осамени заедно сме,колку и да сме туѓи-свои сме.Mожеби се минува,но не и љубовта,не и соништата и надежите кои ги подарува на вљубените.Tи го испрати него кај мене,и залудно ќе се борам против нешто кое е пишано,кое е можеби судено.Cамо времето ќе покаже...........

    Jас и моите мисли :D .Uбав ден на сите ,и верувајте во љубовта,таа е најголемата сила :angel: :*
     
    На SparkyAngel и Lella им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Убаво ми е кога ми викаат да давам интервју како инспиративна личност.
    Еве ќе го поставам и линкот (малкусефалаотимиеубаво)
    http://magazine.danaucime.mk/indija...aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582
    Инаку ја мајке ми поизгубена не сум била одамна, и толку не знам што е најдобро.
    Нит ум, нит срце, ништо не ми е на место.
    Деновиве минуваат, а јас пасивна.
    Знам дека морам да пресечам некои работи и да се решам.
    Животов си врви, а јас ко заглавена меѓу два воза..
    Еднистевно убаво нешто ми е деновиве, писмата од нејзе.
    Искрени, чисти, полни љубов и желба да и донесам шарени ливчиња од паркот.
     
    На SparkyAngel, Hipster, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    Уживам кога го средувам нашето љубовно гнездо :$
    Уживам и сум потполно среќна а знам дека и тој е уште посреќен кога јас сум овде до него :)
    Јас:Љубов добро е оваа вака ? Да го оставам да стое овде или ... ? Сакаш да направам оваа да јадеме :?: ....
    Тој :Убаво е се што ќе направиш ти, ми се допаѓа тоа што и тебе ти се допаѓа ,ма знаеш дека уживам да ги јадам твоите специјалитети или ај направи оваа ај онаа :lol: (незнае да се одлучи :D )

    Уживам и убаво ми е :lol: посакувам сите да сте среќни и да уживате во љубота колку што можете повеќе :*
    А сега одам да направам салата и да ја поставам масата :D :tmi:
     
    На SparkyAngel, Umbrella22 и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Aлергичeн сум на прашината која ја дигаат небитните луѓе околу мене....
     
    На kala21, SparkyAngel, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, Trnche, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.