[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ај бе речи ми да се омажам за тебе
    ќе ти речам
    ДАААА
    жими се !
     
    На Ketrin.Moon, Hipica, Daydream и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Ова можеби ми беше најбурната вечер досега.. сеуште неможам да заспијам, а преморена сум.

    ..еех. :wasntme:
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    МИСЛЕВ ДЕКА НАЈЛОШОТО ВО ЖИВОТОТ Е ДА ОСТАНЕШ САМ. НЕ БИЛО ТАКА. НАЈЛОШОТО ВО ЖИВОТОТ Е ДА ОСТАНЕШ СО НЕКОГО КОЈ ПРАВИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАШ САМ.
     
    На kala21, crazylady, Hipica и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Одработувам НЕРАБОТЕН ден, ова го може само во мојата чудесна земја. |(

    Туку што им требаше да ја преработат - во светот на бајките, колку само емоции имаше во таа песничка, ме потсетуваше на нешто детско и магично, волшебно, приспивно, емотивно... а сега...ни ги уништуваат спомените од детството, исто и онаа со Боби баш ми е гајле.
    Не сакам преработка на туѓи спомени од детство, нека си направат свои песни па нека се лигават демек деца се.

    Неколку утра по ред не ми оди кафето, изгледа до кафето е, зашто дома кога си пијам слатко ми е, а ова е некое Екстра кафе, ново демек убаво било, ама да е убаво нема да биде 25 денари.

    Туку овој дел од денот, во работни денови беше преполно од членови на оваа тема, сега нема никој.
    Сите спијат а ние сме самиии...користи на на на нааанааа....
     
    На Lella, kala21, lana.del-rey и 5 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.530
    Пол:
    Женски
    Од денес па натаму законот треба да одреди еден ден во неделата да одиме на работа по тренерки и патики, нема подобро чувство 8)

    Пијам чај од портокал и рум, со ногата под мене, што иначе во сукничка не можам да направам, куцам решенија за леглизација и слушам нормално Балашевич, ваков ден би бил идеален ама да е Петок на пример, не Сабота. Кај да се пожалам дека јас фино лепо во Средата садев дрвца и бев на работа, не седев дома, зошто да одработувам денес? Ако се лажеме, само станав рано во Средата, иначе си дојдов во 10 од работа :tmi:

    Е така, денес странки не примам, ако некој решил да иде накај Општина Ѓорче денес предвреме да се откаже од намерата, нема да го примам, да си дојде во Вторник и Петок од 9 до 3 :P

    Сабајлечки за на работа го наполнив ранецот со овошки, да и со ранец дојдов на работа, не со ташниче ко нормално, денес имам за задача да изедам речиси килограм мешано овошје. Дај да почнам со време, од јаболката, калинките ќе ги оставам за на крај, тие ми се масажа на мозокот во 3 саат кога веќе не се издржува седењето во столче. Да е благословен Кам маркет, идам да се наоружам со банани и круши, вода и кисело млеко. Абе јас денес на работа дојдов за да работам или за да јадам :?:

    :lol:
     
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам ,секое утро на работа го пиам кафето стоечки со цигаре во рака и надвор на студот никаков лезет ми нема.Ова утро на работа па и сабота повторно на ладното со кафето и си се стив на детството како си се замислував еден ден кога ке пораснам ке пијам кафе во канцеларија нога преку нога ке пушам цигара и ке си разговарам со колешките,памтам цигари ми беа моливите.Ах пуста фантазија и желба неостварена.....Во нашава држава закони владеат.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Штета што јас немав.
    Штета што не ни знаев дека таков ќе биде денот. :(
    Сепак,бидете ми вие среќни.
    :hug:
     
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Каков глуп ден! Времето за никаде, камен ладно, грб ме боли умирам, нозете аман! Па и уште сабајлечки со нервози ми почна денот |( ДО КОГА ВАКА?
     
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сакам да кажам дека во моментот би можела да изедам 100 (шеќерни вуници така си ја викам јас ) :D :D :D
     
    На Mrs.Bass и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Одамна ги немам пишувано тие ултра песимистички постови каде ја барам смислата на животот?
    И знаете што?
    Ја пронајдов.
    Тоа е тоа што го живеам во моментов(добро не баш моментов после страшна главобоља од вина),ама сегашноста. Е тоа е смислата.
    Безначајни мали работички, мизерни пари, ветување со резерва, но конечно и за мене првиот ден во месецот стана значаен.
    Еј, слушнав си била на интервју,ама знаеш како викаат.. никој од прва не добил.
    Епа, јас добив! За сиот тој песизмизам што ми го нанесоја после интервјуто, јас гледав пред тоа никој да не знае. Зошто ќе ме уплашеа.
    Чувството е уште послатко, кога све ќе направиш сама. Немаш тато доктор, мама директор, немаш вујко што вечера со Мијалков, немаш никаква книшка, не одиш на фрлање земја со лопата секоја месечина, не одиш на протести, митинзи.
    Ех, чувство и пол морам да признам.
    Се изненадив и јас, но сигурна сум дека тоа беше поради интервјуто.
    Некои читаат статии што да облечат, па каква боја, па каква шминка, па како да се ракуваат, можеби и како да седат во чекалната додека ги викнат на интервју, па што да кажат и можеби сите им го кажуваат истото што го прочитале. Ни малку од нив, се им е проѕирно.
    А, јас отидов тотално неспремна. Драги мои, ниту боите на облеката, ниту како се ракувате или колку степени ја искривувате усната при насмевка не се важни. И да сте облечени како веќе да сте добиле унапредување, џабе ако имате трема и секој втор збор ви е па...па...паа...
    Еве јас. Чудо. Абе сум работела претходно.. угостителски работи, што ми треба интервју што можат да ме прашаат. Што можат? Што не можат..
    Ама све со доза на искреност.
    Имав прашање зошто сакаш да работиш? Што те натера токму сега?
    Некои би одговориле, сакам да напредувам во кариерата, да станам успешен деловен човек, да го збогатам своето искуство.. бла бла.
    Јас им одговорив, за да заработам пари.
    Ете толку лесно.
    Значи се е до искреноста сепак мислам.
    Нејсе, кога ќе си ја видам општо генерацијата, какви се , чудно ми е.
    Дами на маса, курви во тоалет.
    Најскапата облека, најблескав накит, најцрвен кармин,е тука паѓаш во сенка.
    Ама.. ама. Секогаш разговорот е подобар.
    И кога ќе успееш во тоa, покрај такви деклотиња, такви нозе, такви јебозовни фаци, да ти пријде и да сака да биде со тебе на крајот Ашлинг ќе сјебе од тоа што се прашува зошто баш јас?
    Зошто ти си таа што треба да си на тоа место, во тоа време и крај.
    Ете ти ја повторно смислата на животот, не барај подлабоко.
    Можеби некој ти дава работа зошто си знаела што зборуваш, а не зошто си носела минич со шпицести 10 цм штикли и тесна кошула од кои и цицките се чувстуваат како заробеници.
    Можеби некој ти пријдел зошто си скромна и не му се смееш на глупави фори, туку секоја тема ви е доволно интересна за да разговарате.
    Е, добро на вторава работа ќе треба да поработам, ама да.
    Понекогаш и скромноста, и фармерките и блузата поминуваат.
     
    На Sexybaby86, lunicka, Libera и 8 други им се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Значи стварно е среќа (или глупост :D ) кога после толку решени задачи,најлесната не ти текнува,ама на крај сепак се вклучува онаа жичка,што прегорела,и ја решаваш! :D :D

    Имајте убав ден,малку ладно денес,ама ние уште рано насабајле се облековме и со лепотицава шетнавме. :) Да се разонодиме.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ау ау ау.
    Дали ова значи дека ако некој ме запроси, пијана ќе речам ДА :o
    многу лошо ми делувал ова алкохолов.
     
    На Ketrin.Moon, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Hipica и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Ариведерчи тути салути :D :rofl: :rofl: чао чаооооо чаоооооооо

    [​IMG]
     
    На LittlePinky, Someonespecial и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    СДК пријателите,парите,убавината,кариерата се пролазни. :) Само љубовта од семејството е безусловна и вредна другото све е минливо.
    Инаку ако сакате да го видите вистинското лице на човекот набљудувајте како се однесува кога се дели нешто бесплатно. :( :rofl:
    И така денов ќе ми биде полн со обврски треба хамер да правам,по ликовно скулптура со ба релјеф :^) да учам и така.
    Бон Викенд :hai: :D
     
    На LittlePinky, Someonespecial и LittleFairy им се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    :D :D :D Ме насмеа али anichka94 знаеш како викаат-'' Што пијан кажува тоа трезен мисли (така некако беше) :D
     
    На sweet-star, LittlePinky, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Ќе станам тетка по 7-ми пат :party: :party:

    Ухх пресреќна сум :rofl: :wasntme:
     
    На iloveyou29, hermosa, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.158
    Пол:
    Женски
    Секогаш дотерувајте се не се чувајте а посебни пригоди затоа што секој ден е посебна пригода
     
    На kala21, Ketrin.Moon, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.864
    Допаѓања:
    142.589
    СДК дека никој не вреди да му се нервираш и да патиш по него. Ама секогаш сме исто глупи, и на секој му даваме да ни допре во душата и да не здоболи со своите дејства. Иксрени луѓе нема.
    Мајка ти ке ти скуси за да му даде на брат ти или сестра ти, другака ти ке ти каже дека не и се иде со тебе у шопинг за да има секс со дечко и и додека ти се нервираш што немаш алита она ке свршува по 100 пати, колегите ке кукаат колку имаат работа, а за помош ретко некој да дојде, дечко ти ке се убие од радост кога друга го гледа, а не ги сфаќа твоите погледи и изјави на љубов, ќе им решава проблеми на други девојки, а твојот со него нема да го види, сестра ти ке ти рече дека грдо ти стојат фармерките за она да ги земе, чистачката ке те излаже дека е алергична на прашина и затоа не работи добро и така до бескрај.
    Колку повеќе им даваш на луѓето, толку повеќе те заебаваат. Морам да станам идиот за да ме сакаат. Мора да ги исплашиш дека ке те изгубат за да сфатат дека без тебе ке им биде тешко. Мора да ги повредиш како они тебе, за да видат колку се лоши.
    Да му купам подарок на татко ми на роденденот на мајка ми, да одам со дечко ми у шопинг кога ке и требам на другарка ми, ке викам дека не знам да сработам на колегите, ке се радувам кога други мажи ке ме гледаат и ке барам решение за моите проблеми за дечко ми кај други дечковци, ке ги носам грдите фармрки оти ги сакам.
    А ако не ме сака никој ваква....well, и досега нешто не покажуваа колку ме сакаат, нели?
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Каде каде ? Рано е за зелена карта :rofl:
     
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Ии викенд дојде.
    После малкуте часови во Петок, празен 7ми час , попладневен четири часовен сон , и туш и тинтарење со триста креми и чуда, се знаеше дека ке следува убава вечер.
    Пeток, температури под нулата, ладен воздух, магла...Од една страна наоблечени со триста капи и шалови, од друга страна слатки со црвени обравчиња, минимална шминка и исполнетост во душата.
    Убава вечер, не велам не. Интересни луѓе сретнав, малку се напив, т.с малку повеќе за прв пат да ми се врти , запалив и цигара..не личев на себе. Ама кога нешто те прави среќен зошто да не.. :lol: Не размислувам баш најдобро во последно. Знам, летнав малце. :!:

    Денес сабота, повторно многу снег, топол чај, топла печка, ладни раце-топло срце. :$ Бар така се вели.
    Една мала прошетка по Широк Сокак. Колку и да е ладно Битолчани се седнати на кафе во Сабота. Најсилни. ;)
    Убав ден и убава саботна вечер. :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.