[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не се сите девојки исти има и такви кои ќе те побараат во 3 наутро само да ти го слушнат гласот, девојки кои ќе те изненадат со убава порака само да ти кажат колку им недостасуваш, кои секогаш ќе бидат тука за тебе и кои ќе ти бидат поддршка во животот а не обврска. пријатели чувајте ги таквите девојки .. малку се
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Вие, лицемерите, да знаете дека има луѓе кои памтат што сте поддржале или сте кажале за/против некого/нешто, а потоа сте го направиле обратното заради статус, положба, интерес.
    До тогаш, ќе го ширам тоа ваше чудно погано слабачко нешто кое го носите. ;)
    Колку сме одвратни како народ, се уште не престанувам да се импресионирам. Ако ви е се што ви се случува, дури и малку.
     
    На Dvolicen и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На lana.del-rey и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Некомплетно...
    Така се чувствувам веќе подолго време.
    Ми фали еден дел од сложувалката која упорно се трудам да ја сложам. Но, залудно.
    Тој еден дел секогаш ми фалел. Иако се` друго било во најдобар ред.
    Нема зборови со кои би можела да го објаснам она што го чувствувам во моментов. А и кога би можела не би ме сфатиле.
    Измешани емоции. Секакви луѓе. Различни размислувања и сфаќања на работите.
    Јас, останав иста. Песимистички настроена, со расположение кое се менува 1562 пати во секунда.
    Очекување на најлошото, а со надеж дека ќе се случи најдоброто и дека конечно се` ќе биде во ред и сложувалката конечно ќе се сложи.
     
    На bittersweet, SparkyAngel, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Не ги паметам соновите.Можеби првите неколку минути после будење,а потоа без трага изчезнуваат,само некоја слика успева да преживее.И во тој краток интервал границата меѓу можното и невозможното се брише,реалното и нереалното се допираат ,нежно како прв бакнеж :) .Не сум од оние кои живеат во соништа,непоправлив реалист сум,не можам дури ни да фантазирам ако нема барем трошка реалност.И баш заради тоа тој период меѓу сонот и јавето најмногу го сакам.Останува по некоја слика пред очиве .
    Многу често сонувам кошмари ,но некогаш многу ретко и сон кој е прекрасен.Како што се случи утринава.Чудесно реален ,толку да сум сигурна дека некогаш и некаде навистина ми се случил.Плачев по будењето,иако само неколку секунди ,и кога сликата изчезна веќе и не бев сигурна зошто плачам.Се сеќавам дека носев подарок,се сеќавам на топлото ветре кое се поигруваше со црвената сатенска машна,и се сеќавам на небото со боја на вишна на границата меѓу хорор крвава и страстно љубовна.
    Кој знае што сум сонувала [​IMG]?!
     
    На SparkyAngel, Ketrin.Moon, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Леле ќе умрам, видов јакна и капутче баш какви што сакам, морам да ги имам леле леле, боже ангели од небо прати спортска мора да се фати, преубави се :l:

    Хороскопов ми претскажува светол месец, уште да верував дека поставеноста на ѕвездите кога сум се родила во корелација со поставеноста на ѕвездите месецов ни претскажува заедничка иднина на мене и луѓето со кои делиме горе-долу иста формација на ѕвезди. Ама забавно е во секој случај.

    Јас онака сум во потрага по доброволец (или жртва ]:) ) да си ја поминеме зимата на место каде што реалноста е толку убава што мислиш дека сонуваш, она како кога си заљубен во 7мо одделение, само вистинско. И топло. Тој доброволец треба да биде невработен или доволно вработен да може да си дозволи таков луксуз како породилно, бидејќи нели, зимата трае 3 месеци, исто така да биде доволно финансиски цврст за да може и мене да ме покрие (уааа спонзоруша) бидејќи моментално за мене тоа е само сон, а не реалност што личи на сон :rofl: . Принцот Хари е слободен, топ.
    Уште да не ме мачеа бивши со нивните јавувања, лајкови и девојки (оу год, и тоа стигна), можеби и ќе најдев некаков излез, утеха, дупче низ кое продира светлина од пештерата... И така да си расчистам со себе и со тој еден што не ми дава мир, и ќе си бидам птичка слободна. Ако дојде некогаш и тој ден... дену ако си на пат, те очекувам со нетрпение, а верувам не сум само јас, сите во мое опкружување те очекуваме, ју кен ду ет.

    За секој случај ако ова е чудесен пост каде се што си напишал се остварува, сакам милионче на сметката во банка, моментално имам 8 денари, па нема да биде лошо да имам 8 милиони. И мир во светот.
     
    На Monna.Monna, Barbie20, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Го игнорирам ова нешто во грлово. Солзите не се за сега,туку за преслабите денови.
    Силна сум. Или така велам.
    Нешто недостига.
    Што и да е,чувствувам како да ми се смее низ двострано огледало.

    И само сакам да викам.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Мајка ми купила убава кутија за чување на фискални сметки.
    Што да кажам веќе... ама убедена сум дека имате разбирачка дека тешка ми е живеачкава. :lol:
     
    На Elena69221, bittersweet, Trnche и 13 други им се допаѓа ова.
  9. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Утре правам тест а не можам да учам,многу ми се спие цел ден :worried: |-) пред неколку саати ко почнав да учам..сум заспала со книгата в раце :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    ^^ хаха ме потсети Лилит, мајка ми веќе собра за 3 пратки, вчера разочарано ги одделуваше постарите сметки, ја закочија со ограничувањето за датум.
    Мислам, нема ништо поубаво од наивниот детски оптимизам на мајка ми што мисли дека ќе добие стан :mm:
     
    На Buttterfly, zhap4e, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Петка по македонски! :rock:
     
    На machhe, Someonespecial, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Го обожавам маркетинг тимот на Техномаркет и нивната некултура и на фб страната и на глупиот лажен Блек фрајдеј.
    Леле, леле каков пр исповадиле...
    За гревови.

    Сериозно, некој беше, купи и излезе задоволен од сето ова?
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сите бараме луѓе, вистински човек околу нас, бараме доверба во другите, ама кога ќе се видиме самите себе во душата, ќе се исплашиме од она што е внатре.
    Постапуваме спротивно од она што го имаме за цел во животот и кон која се стремиме. Едно зборуваме, а друго твориме. Преполни сме со дела кои ни малку не соодејствуваат со нашите поимувања, дела кои предизвикуваат страв и ужас дека ние сме биле способни за тоа да го направиме...
    Не ја запираме помислата пред да стане дело, туку на крај размислуваме откако ќе го направиме нештото. Важно едно е утешително, што имаме малку совест и отпосле да размислиме и да се поправиме.
     
    На do-re-mi, Barbie20, Mama25 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај, јас... :P

    Бевме со татко ми, паузата од на работа си ја потрошив залудно. :tmi:

    Немаше ни 8 од 80% попуст. :o Одвај неколку производи беа намалени на 20%-30%...
    Кога прашавме кои производи се намалени на 60-70% или на повеќе, вработениот ни се смееше и рече: ам ај за без пари да ви дадеме. :o

    Со татко ми цел Техномаркет го прошетавме, ниту еден производ не видовме намален за 50%, а не пак на повеќе. А, повеќето производи немаа намаление ниту 5%. :^)

    Жива измама - македонска работа. :fubar:
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Го деактивирав фејсбукот :)
    ќе ми фали само една другарка со која што комунициравме само преку фб и рееетко на скајп..
    ај нема да биди за долго,за една недела ќе му се вратам за да надокнадам ]:) :)
     
    На Kaylie и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  16. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    СДК...Не само што сме најубави туку и најпаметни луѓенца сме ние Македончињата :D
    Рано по сабајле гужва ненормална понеделничка во 50 а девојчево со книга во раце :tmi: па што има врска ако има гужва и нема шанси луѓето да се разминат важно она е со книга во рака и чита ли чита :fubar: ,најубаво се учи во бус,џабе учиш дома ако не повториш во бус ништо од бизнисот :nod:
     
  17. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Сум ви кажувала дека обожавам елки, лампиони, ламбичи и уште триста други чуда??
    Епа сега ви кажувам. Ептен сакам да ја редам елката, само чекам Св.Никола да дојди(оти кај нас традиција е ден по св.Никола елката да се реди) и да си ја извам елката и лампионите, да си пуштам некоја крисмас и после следуваат два саати ужуванција. Добро мош се мачиме малку дури да ја наместиме елката да стои право, ама тоа не е ни важно.
    Инаку малку залетав со темава јас :lol: Дојдов тука да се пофалам дека сум си купила три нови лампиони, кристални се и преубај. Едвај чекам да си ги ставам на елката. Ептен имам мераци и уште ситно останува до дено.
    Ајде имајте убава вечер девојки :*
     
    На Lella, Serafima, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Денес се вратив во минатото.Како некоја временска машина сум овие денови .Може затоа што е декември.Месецот кога сум родена.Последниот месец од годината.Како да сакам да завршам се што сум пропуштила.Брзам ли , брзам...Сама се прекорувам , дека од толку брзање, ќе ја прескокнам сегашноста.

    Дефинитивно почетокот на Декември сум најмногу депресивна.Како што се наближуваат празниците , така расте и моето расположение.
    Денес во продавницата видов вештачка елка.Ме потсети на детството.Со брат ми ја пресековме касичката која беше една прекрасна црвена печурка со жолти кругови
    ,и си купивме вештачка елка.Ја украсивме.По некое време татко ми влезе во собата со голема природна елка.Воздухот се исполни со прекрасна миризба.Брат ми :o кога ја виде почна да ги трга лампионите од вештачката :lol:
    Не му се допадна оти се собираше , се ронеше,се гледаа жици, не мирисаше ,(постојано ги мирисаше и двете )најпосле рече догодина ќе си купиме само лампиони . :!: А јас пак ја гледав пресечената печурка :( која по неколку пати во денот ја подигнував , да видам колку тежи , ја бришев од прашина ...и по кој знае колку пати прашував дали е отровна. :tmi:
     
    На Serafima, Barbie20, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  19. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    СДК верувајте во себе и секогаш правете го она што мислите дека е исправно..немојте да се грижите за тоа што ќе кажат другите за нас бидејќи нивното мислење се менува преку ноќ..
     
    На Handy, something.nice, love93 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ми недостига времето во кое луѓето се сликаа за спомени, а не за на фејсбук, кога слушаа песни за себе, а не за лајковите, кога разговараа очи в очи, а не четуваа, кога за роденден си купуваа подароци, а не си пишуваа на ѕид, кога имаа кучиња и мачиња, а не играа пет вајл, кога си садеа бафчи во дворот, а не играа фарма. Ми недостигаат времињата кога постоеше ЧОВЕК, а не ПРОФИЛ !
     
    На vinozito1, Handy, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.