[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    И времето кога форумите беа форуми, а не некролози и календари... :/
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Колку е само иронично и чудно
    кога покрај тебе е саканата личноста и кога 24 часа поминувате заедно 5 дена ви се како 5 минути
    а кога не е до вас неможете еден ден да преживеете 24 часа како не сте се виделе и мислеш години години поминале , а дури месец да помине :@ :o :( нееее премногу е ....
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    http://lokalno.mk/sido-jas-sum-sloboden-chovek/


    На човеков му должам кафе и чизкејк.
    Му должам за три десетки од мастер. Чисти! Среќа ми е!
    Јас после испит, религиозно со книгите под рака, излезена од полагање одам кај Мекиците на стража, седнувам на едно место да јадам и да пијам кафе, него го забележувам позади мене, си седи сам. И баш ми дојде некоја тага уствари така гледајќи го. Од толку луѓе он ете ми остави впечаток. Па си направив филм,а он да ти биде посреќен и од сите нас, зошто е слободен човек.
    Утредента, резултати, 10ка.
    Се случува вториот испит, истото го правам, го гледам него на истото место и седнувам јас на истото кое седев и си викам е мајката, во исто време, ист ден човеков пак тука... мора да ми следи 10ка.
    Утредента, резултати, 10ка.
    Веќе за третата ви е јасно.
    А потоа ми ја раскажаа приказната за Сидо.
    Каков култен и прекрасен лик со приказна и уметност во себе. Можеби бизарна, ама за мене одлична!
     
    На tigerlady, Trnche, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Спанаќ,сок од боровинки, цвекло, многууу овошје и зеленчук...
    Крвта ми е ослабната и никогаш не ми е била толку слаба :(


    Mакедончиња, секогаш прво лошото... Ајде малку ведро, ведрооо :sun:
    Еее, не ми текнува :geek:
     
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Во името на ладното, ветрот и светскиот студ - Камин!
     
    На kala21, hermosa, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Камен на душава. Црн,тежок.
    Не можам да се ослободам од него.

    Не знам каде ми заминаа солзите. Ги ронев на секој чекор на пат кон дома. Останаа таму,сигурно веќе исушени.
    Зошто овие остри болки кои ме бодат по цело тело полека убивајќи ја душава?
    Слабак сум. Немам повеќе сила за да испратам.
    Немам повеќе насмевки за да делам.
    Немам повеќе утешливи зборови.

    Прстиве ми бегаат една буква понапред. На секој збор.
    Не знам што се веќе не ме боли.
    Ме обви мрак од кој не гледам излез.
    Не сакам никој.
    Само солзиве ги сакам назад.
    За да можам пак да ги потрошам во еден ден.

    Каде ми се крие времето? Каде се сокри љубовта? Каде замина среќата?
    Не можам да се борам.
    Се откажувам...

    Еј читателу...заборави ме.
    Заборави го ова што го прочита.
    Сакам да пишувам само.
    Да пишувам додека снемам зборови.
    Ќе се случи ли тоа?

    Дајте да исчезнам на долго време.
    Невидлива сум. Не постојам.
    Разочарана,комплетно.

    Умирам.
    Заедно со мене,и мојот свет.
     
    На kala21, ana-girl, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    24.358
    Пол:
    Женски
    Го поминав првиот ден на пробната работа. Цел ден имав измешани емоции, мисли, расположенија. Можеби ми влијае и ПМСот што ме дрма деновиве... Ама, целосниот впечаток ми е многу подобар отколку што мислев и замислував. Можеби и ќе ме привлече работата, барем денес на моменти ме заинтересира. :)

    Инаку, и мајка ми спремала сабајлево еден мал сад за собирање на фискалните сметки. А јас немам навика да си ги земам од продавниците. И еве ја сега, ме учи да си ги земам, убави награди имало :D

    Па ајде, нека ни е со среќа, можеби и на некоја феминка ќе и се посреќи :P
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    И да ти кажам дека е.
    Немав ваков човек, нема ваков падагог и професор повеќе, можам со гордост да кажам дека ја имав таа чест да ми биде професор и со љубов да ги следам неговите предавања.
    Штета што не е повеќе професор во Корчагин, тие деца не се свесни што загубија и пропуштија.
    Животна лекција е човеков, да и е мерак да учиш од него за животот.
    Ден денес се поздравуваме иаку поминаа повеќе од 4 години, не памети сите редовни ученици на неговите предавања, а и ние никогаш нема да го заборавиме.
    Човек кој е прав педагог во секоја смисла на зборот.
     
    На Domino, Lilit и Ariel им се допаѓа ова.
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Оти носам залудна љубов за двајца.
    Како лузна.
    Ko Икона.
    Како насмеана полна месечина.
    Љубов која тежи како камбана на рамена ноќва...
    која ечи и боли во тишина...
     
    На ana-girl, Barbie20, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Кога не знаеш глава кај ти е од домашни и проекти, обврски, сабајле рано си на факултет, а потоа од предавање треба со трчање на одиш на работа дури до вечерта...И наместо се фатам со пишување, или пак да спијам, јас варам боранија во еден часот по полноќ. Браво за мене ! *facepalm*
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Проблемот е, што некогаш, таман ќе земеш залет, и ќе се затрчаш, мислиш супер ми е, се' e таман, ти се враќа. И те мава во најслабите и најболните точки. Секогаш е исто, болката е таа, ама различно е. Боли, ама различно боли. Различно е оти веќе почнав да препознавам што и како ми мава стрелички во душата. Знаете, сфатив дека некои работи, колку и да не сакам да ме повредат, ме повредуваат. Истотака сфатив и дека секој го боли нешто различно. А мене премногу ме боли некогаш нешто.

    И почнуваш, како река. Измиваш од тебе, ама всушност никогаш не можеш да пресушиш, ти се враќа како некоја расипана касета филмот во глава, одново и одново и одново. А страшното е што сега сум навистина подобро. Посвесно и поразумно прифаќам и се борам. Навистина се борам.

    Кога размислувам, ништо од тоа не е големо, ни значајно, ни битно, ни па нешто кое ќе ми го смени животот. Напротив, такви ситници се, не се ни камчиња за да се сопнеш на нив, прашинки подобро речено. А болат, не знам зошто толку. Ми ја нарушуваат совршената механика на функционирање, ми влегуваат меѓу запците, се спротнуваат и од најситните дупчиња и процепи и те кочат.

    Колку се чувствувам осамено во тие моменти, не можам да доловам. Секојпат, одново и одново, најголемиот страв, сама сум, осамена сум, одново и одново. Има толку луѓе околу мене, а мислам дека никој не може да ме разбере, и да посака. Не знам ни дали да се мачам веќе да кажувам и да објаснувам, уште потешко ми е и повеќе ме притиска кога нема да ме разберат или грешно ќе ме разберат. Навистина, знам дека сум себична, но не барам многу во тие моменти - само некој да ме ислуша и тоа е.

    Се мразам, што двапати досега потклекнав кога бев сама и бев надвор. Минатата недела, врнеше, росеше т.е., ладно, никакво, а јас си седнав на една грда, водена клупа и си плачев. Сама. А упорно се плашам од таа некоја замислена самотија. И прееска, се влечев со сите мои торби и куфери, чувствувајќи се како некое избркано куче на ладното. Ми паѓаше едната торба, ми паѓаше другата торба, ми се влечеше шалот, ме дуваше ветер.... и толку ме болеше левата страна, и почнаа сами да ми течат солзи додека ги влечев, и повторно, сама. А никако да ја наградам таа ,,САМА,, што секогаш е до мене кога ми треба.

    Одамна се согласив дека бегањето од одредени ситуации и избегнувањето и игнорирањето и нестанувањето од кревет не се решение на ништо. Ама некогаш толку само немам сила....
    :(

    А толку многу имам за правење, хаос. :tmi:
     
    На Marossa, vinozito1, kate21 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Уморна сум, од замор не можам ни очите да ги затворам, ме мрзи да спијам :D И се од само еден понеделник, ете толку сум била издржлива. Ништо, ќе спиеме утре на тестот.
     
  13. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Абре јас сум луда или не знам што е работава, ама никогаш не сум можела и никогаш нема да можам да разберам женско што не води грижа за себе...

    Па мајку му стара, не ли ви причинува задоволство бре да си го негувате изгледот?
    Е тоа не можам да го разберам... Мене да ме оставиш искрено цел ден пред огледало, мене нема да ми биде досадно. Мерак ми е бе да си се дотерувам, да си бидам убава сама на себе, па после на сите други.

    Задоволство ми е кога ќе се средам од глава до пети и кога ќе поминам машкиве да кршат вратови.
    Па има ли нешто поубаво од женско лице и тело?

    Не ви бара човек да вложувате не знам ти колку пари во скапи препарати, шминки, лосиони, третмани и не знам уште што... Основна хигиена бре девојки...
    Јас се нервирам, гад ми е сама од себе ако 2 дена не се избањам.
    Ги гледам пуштиле бркови како сом некој, мислиш тегне корени од Гоце Делчев. Веѓи ли се, гасеници ли се?!
    Не сакам ни да помислам нозете и таа пријателката какви им се. Не за џабе се смеат машкиве, која нема дечко, ќе си пие од парите за депилација цела зима :D
    Дошло времето дечко со мазни нозе да шета девојка со бркови... Уште да фати да си ги засучи нагоре, да ги подвитка...

    Па после пред лето кога ќе отидат на депилација вакви се

    Па што имам во клас една, тоа кога ќе помине, очи и нос штипат. Во соблекувална мислиш твор чуваме.
    Срамота е, женски сме. Ние сме тие кои сме симбол за нежност, убавина, негуваност.

    Се запустиле, како тоа воопшто да не е битно. Па уште и силни: "Ма не му се замарам, он мене ако ме сака, ќе ме сака секаква."
    Море мрш, дечко да не видиш никогаш.
     

    Прикачени фајлови:

    • 0980.jpg.gif
      0980.jpg.gif
      Големина на фајлот:
      884,8 KB
      Прегледи:
      423
    На iloveyou29, Jenniffer, Monna.Monna и 22 други им се допаѓа ова.
  14. 41319

    41319 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Многу пиво не е на арно..
     
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Незнам зошто но ете мал период ме измачуваат работи од минатото ,работи што не заслужуваат да им се посвети внимание за размислување .Било -поминало ! :fubar: :swear: .Дали грешките си ги признавам вака или пак сеуште совеста се бори против неправдата и глупавоста :sweat: еве признавам ! Дај нека ме остават на мир .Тип на човек сум што работите сака да ги гледа или црно или бело розево неможе да биде ...Неможам да се залажувам залудно ,гледам дека потрошеното време ни значи и го бараме назад некогаш -некако ..Почнав се да ставам на кантар (мерило ) од пријателства,до колегијалност па и роднински врски ..Кој колку заслужува толку добива .Дали ме прави тоа лош ? :wasntme: ми е гајле искрено :swear: (барем така мислам :fubar: ) .
    Никогаш не успеав да разберам дали болката е помала кога ножот е забиен од зад грб,или пак кога те убиваат полека и тактички .Сакам брзи динамични работи ,ризикувам и знам да се сносам со последиците но и :!: наградите .Никако не ги разбирам оние што се тука секогаш само да те пофалат :!: ,сите сме луѓе и грешиме ,каде сте да се појавите кога се греши и да бидеме искрени ...Несакам постојани пофалби ..несакам совршеност и идеалност ,сакам живот што ке го направам јас идеален а не според х шаблон .Лицемерие насекаде во секаква форма ,уживаат во туѓото повеќе отколку во своето ЈАС ,но ете има нешто што и мене ме мотивира .Верник сум и секогаш велам,ГОСПОД ГЛЕДА !Што е ваше да ви даде ,што е за мене да си го заслужам :!: .
     
    На Umbrella22, Hipster, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.439
    Пол:
    Женски
    Магичен круг!
    Падни, падни, падни, стани, вивни се во облаци, тресни се од земја.
    Нешто не ми штима пак, нешто пак ме тишти тивко и ми смалува расположение, ми иде да избегам некаде далеку, од сите, од секого, сама да бидам!
    Да си се потсетам како е кога човек си е задоволен со себе.. зошто јас сум се` освен задоволна.

    Периодиве малку предолго ми траат. Веќе се прашувам и крај дали имаат.. пет месеци не е малку време. И страв ми е од срце да се насмеам некогаш, зошто знам дека за секоја искрена насмевка животов ми враќа со две ноќи проследени со тон солзи. Некогаш со причина, некогаш од се` што се собрало па не знам за што попрво да се излигавам и ете.. мокра перница.
    Кога и да ми се причини дека е подобро, новиот ден си доаѓа и со нов удар и болка, па затоа се откажувам, надеж веќе немам.
    Некогаш некој плаче додека пишува, друг се смее додека чита. Така функционира се` во светов наш. И живот викате, а?

    Во погрешно време сум родена.
     
    На Hipster, Barbie20, ana-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Ги читам темите Најперспективен факултет, Кој факултет да го одберам и ним сличните, и се присетив на ситуацијата во која јас се наоѓав пред неколку години: на кој факултет да се запишам, и поважното - која ќе биде мојата идна професија. Сега научив дека факултетот и професијата често немаат врска и можеш да работиш нешто тотално различно од она што си го учел, ама тоа не го знаев кога излегов од средношколската утопија со дипломата во рака и соништата во глава. Тогаш значеше дека ако завршиш Новинарство еден ден ќе бидеш успешен новинар, превод - преведувач, информатика - информатичар и така натаму. И ништо не можеше да ме разубеди во спротивното, ги имав сите амбиции на целиот свет!

    Можев да се запишам на што сакам. Веќе имав некои идеи во глава, според тоа ги одбрав и интерните, но се двоумев. И јас читав теми по форуми, се консултирав со студенти, зборував со другарки, со моите. На крај го одбрав најлогичното, најпредвидливото, она што најмногу ми одеше. Но дали логичното е секогаш правилно?

    Се прашувам секој ден. Можев да студирам на Машински или Градежен, можев да одберам нешто попредизвикувачко. Но не, ја одбрав посигурната варијанта. Ова што го учам прилично добро ми оди, немам поголеми потешкотии, имам добри оцени. А можев да се помачам малце со математики и статики, можев јас, можеби немаше се` да исположам од прва, ама ќе успеев, јас не се предавам.

    Од друга страна, пак, ова што го учам го сакав од малечка. Сонот уште од второ одделение. Но кој ги уби моите амбиции? Зошто не се интересирам повеќе за ова што го учам, зошто не навлегувам повеќе во материјалот, зошто заборавив дека ова е мојата пасија? Да, јазиците се мојата пасија. Обожавам кога учам нови зборчиња, кога нешто не сфаќам, па доаѓа а-ха моментот кога одеднаш се` има смисла, обожавам идиоми и колокации, па и фразални глаголи и препозиции, ма и падежите во германскиот ми се мили, а за деклинациите уште еднаш ќе се подразмислам :D Зошто го заборавив ова, што ми ги оттргна мислите? Не знам, но мило ми е што се потсетив :)

    Затоа, идни студенти, внимателно бирајте! Не сакам да ве плашам, но ова може да е најважната одлука во вашиот живот. Разгледајте ги можностите и одберете го она што го сакате. На крајот од денот повторно би се вратила на моите речници, иако своевремено сакав да запишам Маркетинг или Мехатроника :D И не заборавајте - можете повеќе отколку што мислите. Верувајте повеќе во себе и само напред! :)
     
    На ana-girl, AnaKarenina, Libera и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Бре што убав ден! :D

    Добра ви ноќ на сите, јас одам да си легнам со идиотскава насмевка што си ја носам цел ден.. знаете она кога си среќен и шеташ наоколу ваков


    ..плус заљубен.. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Одамна некаде прочитав дека човек сам себе треба да си биде најдобар пријател и иако ко низ магла ми е, ми остана врежано во глава за навек.
    И да ви кажам право, отсекогаш сум функционирала на „сам себе“ начинот, случајно или не.
    Сама себе си се љубам, се мотивирам да му се протнам низ стегите на животецов, си се тешам дека некогаш ќе биде подобро, си се честам за секоја успешно извршена задача, си купувам ситници ако добијам на облог со самата себе.
    Секако - неретко и сама себе сум се заебала ама тоа веќе е друг муабет. :drunk:
    Не дека немам никој на кој можам да располагам и да се потпрам за да добијам поддршка - ги имам, фала му на Бога. Иако се бројат на една рака, мене ми се сосема доволни за да ме кренат на нозе и да се почувствувам исполнето. :)

    И отсекогаш сум уживала сама да одам на купување. Макар онака, да си шетам низ улички и скромно да ѕиркам низ полиците во малите продавнички и бутици. И секогаш ми било најмило и најсакано она кое сама ќе си го одберам и ќе си го купам, зашто знам дека со саати сум се мислела како најбезболно да си ја потрошам заштедата. :lol:

    И така, тоа ми лежеше на ум денеска цел ден додека си ги шетав бордо карминот и најубавата беретка низ град. :wasntme:
    Заврши паузата, се враќам на задачата зашто знаете како е, дужност зове. :D :hai:
     
    На bittersweet, kate21, mila89 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Не знам дали да се смеам или плачам кога возрасни луѓе с'скаат со цинизам и ароганција.
    Или не отварај уста или смисли нешто паметно и издржано. |(
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.