[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Girl.in.love777

    Girl.in.love777 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    8
    ооох... животот толку ми е несреден, за никаде.. незнам како да кажам!
    Мрза сум бе, мрза невидена! Само лежам, спијам, компјутерот, телефоните пред мене и ништо друго. |(
    Незнам како да си помогнам сама на себе... незнам. Собава како бомба да паднала, алиштата несредени-не памтам кога последен пат сум средила . :tmi: Да не набројувам и милион други работи кои ми се стаени на такозвано чекање да се средат. :lol: Срамота, ужас.
    Со школо не се замарам. Уште пострашно.
    Лани ова време колку бев поразлична. Многу сум сменета. Многу. Јас незнам како ќе продолжам вака, како што тргнала работава до никаде нема да стигнам. :D
     
    На Someonespecial и LittlePinky им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Мораш да се навикнеш на тоа . На човечката неправда . На плачот на тагата . На човечката осаменост . На чекање и разочарување . На звукот на тишината . Затоа што сето тоа е само живот . Ако сето тоа го земаш премногу на срце и си даваш на себе повеќе од што не можеш да издржиш . Ќе изгориш како тажна ноќна пеперутка . Ќе изгори она најубавото во тебе и нема да остане ништо . Ниту сеќавање на она што си го имал некогаш . Она " ТИ " Затоа подобро навикни се и прифати ги сите овие работи . Тие се дел од сечиј живот па и од твојот . Носи онолку терет на душата колку што можеш да поднесеш . Ништо повеќе . Ништо помалку .
     
    На vinozito1, Antoninaaa, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Уживај бе не си сама :lol:
    Мене моите од дома ме бркаат да излезам |(
     
    На Girl.in.love777, Dream-Girl, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Ќе полудам. Имам желба за многу работи да ги направам ама и голема мрза сум станала. Се канам од кревет да станам. Книгите до мене се, а никако да седнам да учам.
    Која мотивација ја имам јас? Сама си ја земам. И после ќе се жалам, ако не постигнам резултати. |(
    Барем да прошетав денеска некаде.
    Не, морам драстично да се променам, не оди ова вака. Ама и до времево ми е, ме депримира.

    Сама си сум виновна, не бев ваква.

    Бесна сум на себе, како политичарине сум, ветувам, а не исполнувам. Се борам против самата себе. :^)

    Дури утеха си барам во благото, што од никогаш не сум го сакала толку многу како денеска.

    Уфф, одам дефинитивно да учам, да не бидам после од типот: Виновни се професорите, јас се си знаев!
    Туку и што друго се бара од мене, освен да учам? :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Го гледам Џејми Оливер во оние негови оброци за 15 минути.Се убаво објасни како да зготвиме кељ ама никако не кажа како да се ослободам од одвратниот мирис кога се готви тој.Аспираторот брчи само што не полети јадничок.И ве молам грав за 15 минути.Јес да готви од конзерва веќе спремен,нека дојде овој мојов да го свари за 15 минути,ќе му закачам орден.И оној негов мултипрактик секогаш совршено чист,изгледа под маса има неколку. :D
    Второ ,се препородив откако престанав да ја штиркам постелината.Комшивката ми вели за чудо на улица да те види човек изгледаш сосема нормално а ваму штиркаш постелнина. :fubar: .И плус редење на алишта по нијанси на бои,пеглање крпи и во постојана борба со лисјата на терасите (комада 3)
    Не сакам да сум куќорексичарка затоа од денес живеам по правилото-Поедностави си го животот!
     
    На bittersweet, kate21, ludoto19 и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Lane moje ovih daaana, jede mi se krem bananaaa :music: :music: :dance:
     
    На kala21, Elennaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Три дена немав отворено во темата СДК ... рекордни три дена
    Па затоа си седнав и убаво си се изначитав, најомилена ми е оваа тема :)

    Дојдов да кажам дека не сум нешто погодена од понеделникот чувствувам некоја тага и не и се радувам баш на нова година изгледа оваа тагата што ја чувствувам во мене направила железна врата за не ми влева еуфоријата. Ама нема да успее ]:) не не :D

    На школо не заропаа со полугодишни писмени и не известија со прекрасна вест дека нема да имаме двапати екстерно. Цел клас се израдувавме. И така денес поправив една оценка од 4 на 5 уште расположението да ми се поправи супер ќе биде. :|
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не сакам сега нешто многу да мудрувам,но сум потикнат од некои луѓе што се фини и во името на мирот ке си дозволаат секакви навреди да ти упатуваат боже свашта |( .

    Секојдневно наместо насмевки љубов, омразата, зависта, се вкоренуваат меѓу луѓето...жално и вистинито.
     
    На Anouk, srcekrsacka и Silver.E им се допаѓа ова.
  9. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    СДК неки луге не се поднесуваат навистина змии отровници освен отров да фрлаат друго и не знаат..чудовишта одвратни блаккк :puke: црни гаволи сите исти до еден цело потомство морници да те плазат од нив ГИ МРАЗАМ залудно зборови не трошам ГИ МРАЗАМ
     
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Среќен роденден љубави моја :*
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Ко вчера да беше, а еве четири години поминале. Дружење, карање, смеење, плачење, од се по нешто.
    И така си лета времето. Ееее четири години веќе. :) Ајде, нека се множат само.
    Привршува годинава и така јас си резимирам какви работи се случуваа. И морам да заклучам дека оваа беше една од подобрите години. Конечно се оправија малку работите на професионален план, љубовта си е стандард, супер како и секогаш, имаше многу убави моменти во изминатава година и можам само да се надевам дека и следната ќе биде добра. Па секогаш може и подобро.
     
    На thelittle17, sweet-cherry, kate21 и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Една од најголемите заблуди кај нас, според мене е потрагата и тоа не потрагата на што и да е туку на среќата и љубовта, сепак ги бараме и уште полошо – ги чекаме.
    Тие ниту се бараат, ниту се чекаат, тие се наоѓаат, но како?
    Кога ќе сватиш дека ти избираш дали да бидеш среќен и да гледаш од позитивната страна на нештата, тогаш среќата сама доаѓа кај тебе,кога ќе сватиш дека љубовта на другите започнува од љубовта кон себе и минува низ љубовта кон другите, тогаш љубовта сама доаѓа кај тебе.
    Ете затоа треба да оставиме љубовта да никне внатре во нас и потоа да ја делиме.Бидејќи кога демонстрираме сила, другите не не сакаат тие се плашат од нас, кога ќе покажеме власт другите не не сакаат, тие ни завидуваат…
    Да за да ја сретнеш вистинската љубов според мене мора да ја носиш во себе.Така ќе ја сретниш и вистинската среќа ^_^ .
     
    На machhe, kate21, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Изгледа станувам дел од онаа група луѓе што понекогаш јадат од нервоза. :D
    Баш прееска се борев со тремата пред една важна презентација во школо уз солидна количина сончоглед и кикиритки. :D
    Нели грицкањето намалува нервоза, а пенкалото греота е веќе, лом го направив. :lol:
    Само да не ми прејде во навика ова со грицките за пред тестови, оти овој месец нема да има бегање од некое килце плус, дури и покрај тоа што ич немам склоност за дебелеење. :wasntme:

    Иначе, најсмешна сум кога онака, без ПМС или некое друго оправдување, абе од нигде никаде ќе ми се пријаде нешто, и тоа по дифолт тоа се дешава покасно навечер. :lol:
    Е така баш вчера ми се пријаде пица, онаква домашна, со многу кечап и со јајце на средина. А да, и со таков растегнат кашкавал, како на oние гифчињата, аууу... :mm:
    Уф, стварно треба да се измисли компјутер што ќе ти мава по еден шамар кога ќе идеш на тие блоговите за храна на тамблр. :D
    Забегав... а мор Спешл иди учи доста ги стрви луѓето тука... :rofl:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Antoninaaa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 6 други им се допаѓа ова.
  14. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    сдк дека неки луге свен копи пејст друг не ни знаат, тоа што ке го постираат ни сами не знаат што значи па камоли да го разберат :D проста работа и такви ке ти солап памет господе боже чувај и брани слаткоречиви горчливи луге :rofl: ахахха БОШ
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ме „фаќа“ веќе новогодишното расположение! :D
     
  16. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Ако кон ништо не целиш, не можеш ни да утнеш.
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Таалент сум. :rofl: Невиден. :D

    Без разлика да врнело или не врнело. Елена мора да се направи со кал, не до коленици, туку до половина. :D Навистина понекогаш се чудам, од каде тој кал на фармерките. :D Дали имам во мене вградено некое мало чипче-што произведува кал, тоа не би знаела да одговорам. :D Или јас едноставно налетувам на луѓе што перат автомобили, дворови... Или ќе ме избањка некоја кола. :D

    Не е тоа проблемот. Проблемот е што кога ќе дојдам дома, треба да ги исчистам скришно, за мајка ми да не види. Иначе одма отидоа за перење. :D

    Коленото? Па добро е. Колку може да биде... Цело време го мавам по автобуси, на радијатор несакајќи ќе го залепам, па ќе биде како пешачки премин. :D И тоа во сивкаста боја-цел. Модрицата ми е многу модерна. :D Ама ми прави памти-па врати. Секоја вечер ми прави: - Зоонг, зоонг, зоонг. :D Од внатре има некој, и ме мава очигледно. [​IMG]

    Пуна сум со позитивна енергија. Како сакам да се распеам-уф. [​IMG] Ама штета за туѓите уши...
     
    На Dog-lover, ana-girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Многу луѓе се со нас поради корист од било каков вид.

    Но постои и друга категорија на луѓе, со многу поголеми комплекси.
    Тие се тука за тебе кога ти е тешко, кога животот те треснал така добро од земја што ти треба ден, недела, месец да си дојдеш на себе.

    И не, не ти помагаат бидејќи се добри личности и од чисто несебични пријатлски побуди.

    Колку и да звучи болно и садистички уживаат во моментот кога они конечно се чуствуваат подобро или во нивните очи повредно од тебе. Во моментот кога мислат дека си изгубил се на светот и дека само парчето земја под нозе ти е единствената сигурност, они подобро можат да ја поднесат својата сурова реалност и сопствениот неуспех.
    Сето тоа што е сторено ќе биде кажано и прекажано сто пати и на сто луѓе без да биде споменат ниту дел од користа кои они ја добиле од тебе за тој период.

    Џабе е се.
    Некои луѓе се со црно срце.
    Срце исполнето со љубомора, завист, злоба, лаги и комплекси.
    Они ќе си останат таму каде што биле цел живот, со џганот. А јас. Мене животов повторно ми се насмевнува.

    Не само тој туку и комшијава :tmi: :D
    Вчера јас му викам да ми позајми една чинија, еве го него со цел сет садови и шолји од јапонски порцелан :o .
    Поклон.
    Ај ќе одам чајче да си сварам во новата шолја.
     
    На tinkerbelll, bittersweet, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Ејј види најдов некој нов рецепт, ај утре оваа да го готвиме? Неее сакам јас од оваа ,абе ај решете се шо сакате нека биде едно. Мамоо ма не јадам јас од тоа :worried: Добро ајде ќе направиме малку од тоа малку од оваа другот или .... :o
    Само за јадење се прави муабет во последно време како што забележувам :x Ќе намине тетка ми донела некои слатки правела, комшивката правела некој баник по нов рецепт.Ах не е проблем шо утре и неа ќе ја пробаме.Во продавница видов некои нови работи па купив да пробаме, леле дадо новата милка не сме ја пробале тдмммм изненадување купив 2 за мама и тато и за нас да се почастиме ... Смоки чипсови грицки сокови уште што нема бе :x
    Пред пола саат мајками :Море и така седам немам работа дај да сварам сутлијаш (благ ориз си го викаме ние иначе ) одамна не сум правела .
    Сестра ми :Мамооо маааа не планирав да јадам ништоо до Нова Година пааааа ај не прави :|
    Па немораш да јадеш ти (шо убаво и кажа) немора да јадеш де , ама ај не јади :D
    Една куќна пријателка од Германија кои идат 2 пати годишно по 2 недели на гости секогаш вика : Оваа кај вас е ненормална работа па сите само за јадење правите муабет ,како да се направи колку да се направи аааа кај нас не е така.Тука кога сум се поправам 3-4 кг за две недели .
    Ех не ни е тешно нас па и ти ние сме си навикнати за тоа да правиме муабет секојдневие ни е,хоби,уживаме,ни поминува нервоза кога готвиме :D аааа море и сакаме да испробуваме нови работи :D
    Аха да да на тие нови работи им нема крај |(

    Туку ај доста ви раскажував одам да јадам благ ориз мх мх и да знаете дека го осеќам мирисот уште од соба многу убаво мириса :tmi:
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.729
    Конечно денес ја јавнав колата и прокрстарив низ патиштата по Македонија. Денот прекрасен, јас сама, Инексес ме утепаа од давање комплименти - они мене Бјутифул грл, ја песната на рипит, и така едно двеста пати.

    Имам едни (сега веќе бивши) соработници што многу си ги сакам и денес си ги видов. Каква енергија има меѓу нив - а и каква да биде кога секој од нас дал парче душа во работата. Енергијата останува. И по пет, и по десет години тука е. Јас не би можела поинаку да ги третирам или помалку да ги сакам. Секогаш сум била коректна кон сите и да знаете дека тоа се враќа. Кога сум со нив сум своја на своето, а не затворена во четири ѕида.

    Иако сегашната работа многу си ја сакам, по моја вина (бидејќи не наоѓам време) многу малку патувам, па се чувствувам како птица заробена во кафез.
    Исто како кога живеев во стан, што среќа траеше само четири месеци, инаку ќе требаше да почнам да ја третирам депресијата што ме стрефи.

    Туку сакав да кажам дека ме тепа некоја монотонија и ме мачи некоја дезорганизација. Ми се бадијалџи, а немам време за истото. И никако да мрднам од мртва точка!
     
    На Abeja, ilipili, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.