[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ајде уште два дена работа, па три уживанција :geek: Се опремив со книгите кои одамна ги посакував и едвај чекам да се стутулам под ќебе, со какаото во едната и книгата во другата рака. Ма нема да мрднам од дома цел продолжен викенд. „Дома“ се однесува на неговата дома, каде што во последно време се фаќам дека се повеќе престојувам. Уствари, не се фаќам, туку мајка ми меѓу редови ми укажа на тој „фрапантен“ податок (и' фалам на жената, не е своја без мене) :D

    Ќе си се грееме викендов, ќе се гушкаме, ќе си готвиме и ќе си читкаме. Добро де, јас ќе читкам, а тој билтен за во кладилница ќе „чита“, ама многу ни е убаво така, не знам како да ви кажам :D Како брачен пар сме, седнати јас во една фотелја, тој во друга, замислено гледаме во „книгите“, па одвреме навреме ќе си дофрлиме по некое те сакам, па и по некој бакнеж. Па ќе решиме и по некое заедничко ливче да изиграме, па после ќе си пратиме утакмици и ќе се радуваме за секоја фатена :D А па уште ако стварно фатиме пари, одма се облекуваме и одиме да прославиме со вечера и шопинг, нормално :rofl: Во кратки црти, ова е еден наш типичен викенд (без делот со фатените пари, зошто тоа само еднаш ни се има случено последниве 6 месеци) :D

    Вчера го видов планот на архитектите за нашиот иден дом и пресреќна сум. Конечно ќе имам поткровје! :clap: Отсекогаш сум посакувала, многу ми се симпатични закосените тавани. Ма едвај чекам! Па тек кога ќе дојде време да одиме да бираме мебел... Ќе се подмочкам од возбуда :D

    Значи за ова вреди да се живее, дефинитивно. Вреди да се живее за љубов! :inlove:
     
    На iloveyou29, tinkerbelll, mila89 и 30 други им се допаѓа ова.
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Она кога се плашиш да си отвориш во новчаник..кхххххм :|
     
    На Umbrella22 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Пет дена бев потоната во себе, во тишина, во тага...
    Имаше една случка која направи за кратко да го мразам животов и да сакам да исчезнам...
    Душата ми страдаше и тоа многу...

    Денес, сончев ден, од работа гледам низ прозор, со чајот в рака.
    Ми се чини, сите шетаат, само јас сум на работа.
    Еден смирен човек, кој чекори пополека, со крената глава, немаше...
    Сите растрчани, разбрзани, расеани, занесени...

    И потоа, се смена целата ситуација. Сонцето зајде, но мене ми изгреа. Се случи прсврт. Сосем неочекувано. Сета црнина од душата исчезна. Сега сум нова. Не знам до кога, но се молам да потрае...
     
    На Ketrin.Moon, ariela09, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Девојки незнаев каде да ве прашам ова, не најдов соодветна тема , не ме карајте одма :D
    Ај ве молам ако знае некоја за издавање за простор за Нова Година или стан да ми пише ЛП.
    Секаде каде што прашавме цената не е под 200 евра што е премногу за една вечер.
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Стануваш лош тогаш кога ќе почнеш да се однесуваш спротивно од интересите на другите.
     
    На Kaylie, EMoonlight, Thallia и 3 други им се допаѓа ова.
  6. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека незнам што да кажам... Бре овие луѓево си го кажуваш своето мислење и одма погрешно те сфаќаат како демек види ја од инает ми зборува. ЦЦЦЦЦЦЦ....
     
    На sweet-star и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Памти па врати...и за добро и за лошо.
     
    На Kaylie, Dog-lover и jovana03 им се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Сите делови од мене се поделени на неколку личности во светов.
    Толку различни а сепак толку исти.

    Моите соништа. Емоции. Чувства. Имагинација.
    Моето размислување. Моето гледиште на некои работи.
    Мојата реалност. Мојата забава.

    А тој... Тој е сите три.
     
    На jovana03, leighton23, francais и 2 други им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ми се спие...
    П.С Мама сака да ме нервира или што? Упорно ми вели дека сум премногу слаба! :@ А не сум. Баш сум супер со тежината.
    А причината за нејзиното мислење: ми паѓале панталоните. Па, тие панталони ми паѓаат уште од кога ги купивме. |(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Неверојатно е колку многу паметни луѓе секој ден среќавам, а колку малку паметни нешта слушам. :^)
     
    На Silver.E и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу работи имам за кажување ама пустото не знам од кај да почнам кај да завршам. Не сум седнала на раат да одморам не паметам од кога. А бре цело време излегува нешто, факултет, вежбање, глупости, пракси, банки, сметки, пазари, другарки, роднини ооооооооооооооооо некогаш ми иде да ги лупнам од тротоар телефоните и да поживеам во мир малку хаха.

    Сега доволно иронично додека сум на диета сум земала две, ох лажам три шишарки(ама сакав да земам две таков беше почетниот план :rofl: ) и симнувам the biggest loser да гледам. Ама еднаш во годината е слава па сегаааа што ако ручам/вечерам некое шишарче, голема работа :D

    Вежбам веќе месец и пол, искрено на почетокот ептен ми беше страв дека ќе прекинам ама не прекинав и секој ден сум се подобра и посилна физички, плус луѓето од вежби ептен ми се погодени, премногу се добри, културни абе да ти е мерак да си вежбаш. Плус, да ви кажам дека Водно сум го искачила до ВРВ, мајко мила тоа беше достигнување невидено, се качуваме и кога влеговме во чајџилницата таква цела ахххх као на Монт Еверест да сум се качила бев среќна :D Од пред некои 12 години пешки на Водно се немав качено, што да ви кажувам срамота. Доаѓам дома и одма роварам по тенџериња ќе си пукнев за јадење(не е дека не јадевме се и сешто горе) и мајка ми вика чекај ги татко ти и брат ти за ручек ќе јадеме заедно, ајде бре и викам жено не се глупирај јас планина искачив никој не чекам за јадење :rofl:

    Знаете некогаш во животот кога сме биле помали сме си го замислувале животот каков сакаме да ни биде, како сакаме да се однесуваме, во какви личности да пораснеме мислам, барем јас тоа си го правев и многу е убаво коа тоа си го исполнувате без разлика дали со помали или со поголеми чекори битно одите напред си ги остварувате желбите, амбициите, она што сте си го посакале и зацртале. Едноставно сте среќни, си го сакате животот, ги сакате луѓето што ве опколуваат, си се сакате себе и уште повеќе се трудите да се подобрите и како да ви кажам ... среќни сте ...

    Дополнителна причина за среќа е тоа што е зима, јас обожавам зима аууу тоа чудо едно колку премногу ја сакам. Да бидам искрена ноември ми беше катастрофален у смисла на умор и обврски, се надевам декември ќе се покаже во поблаго светло, нема потреба од толкави претерувања мислам ќе почнам да припаѓам веќе. Налет друго, нема да може да ме крене никој ако паднам негде хаха :rofl:

    Друго, луѓето викаат дека на пример кој и да каже дека би дал живот за некој друг лажел, епа јас не лажам, иако е long shot со сигурност кажувам дека ако е потребно во истава секунда би го дала животот за брат ми. Брат ми ми е се во животов, никогаш никој до сега не бил на прво место пред него и се нервирам и ми иде да искршам некој ако знам дека е повреден, цела среќа на светот му ја посакувам и секогаш би правела се за негово добро. Во животот сме имале и проблеми, и сме се карале како помали, некогаш и летнала некоја навреда ама тоа е меѓу нас, никој друг не сакам да ми го рчка. Сето ова си го докажав пред некој ден онака имав многу јак, тажен сон за брат ми абе како да беше реалност и станав со тресење и плачење од спиење отидов во соба да го ѕирнам дека е добар и едвај се смирив. Значи тој ми е на прво место. И не само за него бре, и некогаш кога ќе имам втора половина, свое дете и за нив би дала живот. Ете толку можам некој да го сакам и не лажам. :!:

    Сакам да имам мнооооогуу пари заради неколку врло важни причини:
    1. Да можам за секој празник прекрасно да си ја украсам куќата, буквално за секој, а не вака секоја година по 5 лампиони да купувам и по некоја машничка :D
    2. За да направам бесплатни хотели и ресторани за луѓе што немаат покрив над глава.
    3. Во куќава да направам вц во секоја соба, аууу тоа коа сме сите од сабајле на факс и работа е општа катастрофа по дома хахахах
    4. Да направам дом за животинчиња.
    5. Да го прошетам цел свет и да си купам стан во италија.

    Секој чоек си има свои така интересни карактерни црти, особини, маани... за секој се специфични, за некои од нив не сме ни свесни, мене на пример црева ми се превртуваат кога треба да пијам од пластична чаша, несвесно превртувам очи кога некој ќе ми се обрати со пеер, не можам да спијам ако не сум убаво наместена, не сум љубител на топли пијалоци, сум имала некоја посебна фаца кога лажам за нешто, ако јадам сендвич после компирите морам да се напијам нешто, кога сум нервозна морам да мотам нешто низ раце, страв ми било да поминувам улица и многу други. Кога и ги кажав на другарка ми испадна дека и таа ги знае скоро сите овие работи а ми ги потенцираше тој и навистина коа подразмислив додека бевме заедно тоа што ми ги сакаше мааните и посебните мои моменти(јас си ги викам дефекти и ги имам мал милион ама не ми текнуваат моментално хаха) ми беше огромен плус и кога ќе ми набројуваше нови и нови работи што забележал дека ги правам ми беше многу убаво. Сега со него... па со него... крадеме по малку љубов, или остатоци од љубов не знам што да речам се е тоа скришно и никој не знае освен неколку луѓенца, онака ситна е бројката ама и нив не им кажувам за секој пат затоа што очекуваат некаков резултат, некаков муабет, некоја одлука а такво нешто нема. Едноставно само квачиме во кола полуоблечени, испружени, си правиме муабет за се и сешто гушнати додека надвор врне снегче или дожд и убаво е додека трае. Не знам што сакам, не знам што ќе биде, не знам што би било кога би било, не сакам да размислувам и да се оптеретувам кога се работи за нас, само сакам да одам кај што ќе ме одвее ветрот без да се каам за нешто и убаво ми е така т.е вака и што ќе биде нека биде, што и да носи животот ќе се сносиме со тоа, дали заедно или не останува да видиме...

    Ова беше скокање од тема у тема, веќе и заборавив што се напишав, затоа што постов го почнав во 6 попладне у меѓувреме и вечерав и окапав на скајп и серијата ја изгледав :D
    Расеан чоек си е расеан чоек, остај и заљубен чоек, симпатијата ја/го гледам секој ден, плус у просек еднаш неделно со него, значи overwhelmed сум од емоции на моменти па како да не е човек расеан?
    Ама главата не знам каде ми е понекогаш како детенце се чувствувам ама ништо не е битно затоа што искрено убаво ми е...

    Нека ви е убаво и вас, кој не е на диета нека повели на шишарки... а и тие што се на диета нема да ги вратам :D
     
    На Libera, green.eyes, Lella и 29 други им се допаѓа ова.
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    СКД дека факултетот не е хоби,и дека некогаш ќе треба да се жртвуваш од некои работи за да постигнеш нешто.
    Ајде Мај доаѓај побрзо!
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Денеска ме прашаа што би правела ако имам да живеам уште пет дена.

    Прво што помислив, е дека веднаш, ама веднаш ќе се отпишам од факултетот, ќе им ги џитнам сите книги во фаца и никогаш повеќе нема да стапнам таму. Потоа, ќе одам секој ден на ручек кај баба ми и дедо ми, и нема да ми биде гајле што јадам. Тој ќе биде цело време со мене, ќе го гушкам и ќе го сакам повеќе од се' на светот. Ќе разговарам со мајка ми. Ќе и купам на сестра ми се' што ќе посака. И повторно ќе го сакам него, ќе го гушкам до бескрај и назад. И ќе се смеам.

    Одговорот на ова прашање ми разјасни што, кого и колку сакам во животот. Навистина не е битно, некои работи, некои ситници, некои поголеми работи, навистина ама навистина не се битни. Само работите на кои помислив погоре се оние кои се битни. Другите, никако. Воопшто, ни под разно.

    Факт е дека можеш секаде да отидеш, да го прошеташ цел свет, да завршиш 3 факултета и 2 магистратури, да бидеш окружен со пари, со моќ, да имаш се' што ќе посакаш а да бидеш попразен од шупливо дрво. Не сакам да бидам празна како шупливо дрво, нема да бидам празна како шупливо дрво, колку и да ми е тешко.

    И наеднаш се чувствувам 50кг полесна.
    :)
     
    На Hipster, iloveyou29, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 42 други им се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Еххх поединци бееее ја брукате Македонија бе !!!!
    Типично Македонче бе пу све да ти ебам...
    епа навистина сум изреволтирана така си поаѓам јас на слава и сељакот ми ја испогреба колата лом ми ја напраи ми скрши ретровизорот, значи он е крив 100 постоооо имам и сведоци
    и фино лепо излегуваме од кола викам здраво здраво гоподине ке може ли да разговараме да го решиме проблемот он на мене ми вика абе бегај од тука :o :o :o wtf ?
    не ми се верува значи каква нација сме !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ух срамота
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.493
    Допаѓања:
    16.993
    СДК.....Self-analysiz....нешто што сакам да си го правам постојано...Желби,нови надежи,планирање на иднина...кое како сакам да изгледа...ситуации,мои ставови... :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Колку многу сакам да ги гушнам дедо ми и баба ми сега,да им кажам колку многу ги сакам и колку многу ми недостигаат.Никогаш не требаше некои личности да ги пуштам така да заминат ... :( ;(
     
    На Hipica, anggell, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Алооооооооооооо кај ви е мозокот бре луѓее или тоа е само мисловна именка,абе како може универзална да ја направите да личи на јајце...ц ц ц бруки невидени па оваа држава има ли некој нормален бре на функцииве општо...нз до каде со ова малоумие...ц ц ц Што се не ја гази оваа црна земја кои идиоти... :devil:
     
    На cheetah.girl и Mama25 им се допаѓа ова.
  18. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Ме немало подолго време во темава, па ајде да шкртам нешто.. :D
    Денес не ми беше нешто нај нај денов.. ама сепак полна сум си со позитивна енергија.. :sun:
    Поправив неколку оценки.. се надевам ќе ги израдувам мама и тато со сите 5ки за полугодие.. Утре правам тест биологија.. тешки многу лекциите ама се сум научила, ми олесна некако одкако научив се за утре.. ^_^ Па на брат ми и семинарска сум му правела,ме замоли.. и ајде неможев да го одбијам :lol: цела таква сум се возбудила.. како да правам кузнае што.. :rofl: му помагав вчера до касно вечерта, па се изненади,многу му се допадна.. не очекувал дека ќе испадне така убаво..
    Како мене сестра не наоѓа.. 8)
    Па ќе видиме што ќе направи.. мене повеќе ме интересира отколку што го интересира него.. :rofl:
    И така... :)
    Ајде сега.. добра ноќ..одам јас да си легнам.. утре е голем ден. ^_^
     
    На Hipster, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Lovy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Не ги исмејувајте туѓите сонови, сонувајте ги своите и остварувајте ги...
    Добра ноќ и слатки сни... :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • 999454_33138.jpg
      999454_33138.jpg
      Големина на фајлот:
      26,7 KB
      Прегледи:
      342
    На 1209, Hipica, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Од дамна не сум пишала, па свратив на кратко да ве ѕирнам, да видам шо има, како сте. :hai: :)

    Мене не ми е убав овој период, незнам зошто.
    Ми фали некој до мене, само незнам кој точно.
    Како она, осечам се заљубено само незнам у кога тачно. Па и јас така.
    Едниот гордоста не ми дава ни да му пишам порака, ни да му се јавам, ниту ништо. А секоја вечер пред спиење пробувам да не мислам на него, ама не оди.
    Другот пак, го мразам. Сакам да види дека никогаш нема да бидам таа која ќе пати по некој, по него најмалку.
    Третиот, многу ми се свиѓа. После толку погрешни термини за кафе мислам дека и он крена раце веќе. Секој ден договаравме кафе, ама нели се нешто излаваше и никако да биде.
    Секоја вечер пред спиење посакувам да имам некој да гушнам, некој на кој ќе му ги искажам сите маки од претходниот ден на школо и нема да му бидам досадна, некој со кој ќе одеме по дождот без чадори со мокри патики и ќе се смееме. Некој со кој заедно ќе бидеме среќни.

    На школо не е лошо, ама може и подобро.
    Премногу за учење, стравови исто многу.
    До крајот на полугодие секој ден испрашувања и тестови. Зарем тие професори не сфаќаат дека и ние имаме душа? Дека и ние сакаме малку да одмореме?
    Само чекам викенд да дојде. Можеби ќе ми помине дома, досадно, ама барем ќе знам дека тој ден немам тест.
    Секое сабајле каснам, се‘ се правдам некако да ми оправдуваат часовите, ама не иде веќе.
    Многу неоправдани уште за прво полугодие. Многу.

    Сакам да учам настрана. Сакам да седам во интернат. Сакам најубавите години да ми поминат во соба четири на четири, внатре до 4 кревети без ве-це. Сакам да го осетам дружењето. Барем мислам дека таму ќе бидам прифатена од некој.

    Викендов се видов со другарче со кое не сме се виделе месец дена, а се знаеме 3.
    Си се чудам како јас за толку кратко време успеав да се поврзам за некој. Некој кој можам да го сметам за другарче.

    Овој викенд другарка ми има роденден. Денес и е. Нека и е среќен.
    Поклонот веќе е одлучен иако јас учевствувам само со пари давање. Немам тука прилика да го правам она што го сакам. Веќе се е одлучено во мое име. Ме боли и криво ми е.

    Околу мене сите среќно заљубени, насмејани. Само јас се осеќам грда, дебела и несреќна. Знам дека прво треба јас самата да се ценам, за да чекам и некој друг да ме цени и сака.
    Ама периоди, неможам едноставно.

    Дома проблеми колку ти душа сака.
    Секој ден се караме, со татко ми несакам да комуницирам, ама еве он ми збори а ја душа човек неможам а да си преќутам. Принудена сум да седам во иста просторија со него.

    До петнаесетти треба да земам нов телефон. Требаше оваа недела, ама си помина и она па ќе чекам наредната. Можеби ќе искористам и таблет, незнам. Знам дека мајка ми е слаба со пари, но знам и дека сака се да имаме.

    По дождот уште одам со платнени старки. Ама ако, убаво ми е. Убаво е кога чорапите ти се утоп, фармерките до колената исто мокри и целите со кал. Не се жалам, барем тогаш сум насмеана.

    Многу долг пост испадна ова.
    Добра ноќ од мене.

    Се читаме.
    :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=WGESrgMDm5k
     
    На Hipster, Adi888, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.