[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    На iloveyou29, ana-girl, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Мене жени што после 6 месеци врска се трудат да се запознаат со цело семејство на дечкото едноставно ми смрдат на очај, а не на љубов.
    А ќе речеш, вработена, амбициозна, школувана и пред се не сака да се мажи!!! Нема бре ни во план!!!
    Ама оди! Ги запознава, ги дружи!!!
    Освен дека сака себе си да се докажува на мајки, тетки, стринки дека е она фина и добра и дека треба да ја прифатат и сакаат, заради тоа што дома не ја прифатиле и признале како личност, друго не ми оди на ум!
    Шта ви је бре?

    Денов шок до шок! Среќа не ме удри шлог!
    Кај стапнав некои чудесии!
    Минато оп троп троп на врата. Ова се вика тест, дали веруваш во се она ново, сегашно и што сакаш да го креираш во иднина? Јал да, јал не? Ако паднеш под влијание, онда не си спремна Лилитко! И се думам, сон не ме фаќа... успешно давам отпор.

    И си мислам со умов... ако продавачките се надворешните лица на трговијата, аптекарките на фармацијата, оние на шалтер во банките, не се ништо подруго не? Така. Сега ве молам малку да се сакупите од потресености.
     
    На bittersweet, Hipster, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Долго чекав...
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.234
    Пол:
    Женски
    Тотално сум разочарана од последниве случувања... дали сум реалист или песимист? Според мм, ова второво ќе да е, а јас си мислам дека само сум реална. Се случи она за кое потајно се надевав дека нема.... а не можам никому да се пожалам, да си помуабетам, оти се плашам дека конечно ќе се скршам...
     
    На bittersweet, ludoto19, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК многу е ладно денес, да можев ќе го земев и топлото ќебе со мене на работа да се топлам. Многу сум станала зимурлива. :)
    Девојки ме интересира што поточно симболизира и значи морската звезда? Можеби ќе ми се смеете :$ но колку што знам ја симболизира љубовта, нешто убаво.. Не можев да најдам подетално на нет.
    И дали зане некој каде можам да најдам шнола за коса во форма на морска звезда или некој брош и сл. ?
    Да се пофалам почнавме со подготовките на свадбата, има време до лето , но јас почнав да правам планови, собирам идеи, размислувам за деталите :D
    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon, Bozica1980, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    ^
    Во христијанството морската ѕвезда ја симболизира Богородица,која со љубов го овозможува патувањето низ матната вода,исто се гледа како знак на спасението.
    Инаку сама по себе ѕвездата како симбол(и морската ѕвезда) претставува бесконечна божествена љубов.
    Се толкува во литературата обично како насока,внимателност,инспирација,интуиција. :)
     
    На EMoonlight и savana им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам не знам да речам, би рекла баба ми покојната. Си имам јас бубачки во главата, не дека не. Вчера ко прав параспур цел ден го поминав надвор, на гости, на блиц видување со свекрва ми и пак на гости. Трач муабети, оговарање на сегашните на бившите со драга пријателка, има ли поубаво, до полноќ, додека сегашниве лепотани не се вратат од кошарка, што не е секој ден ваков?
    Сакам да кажам и дека конечно архитектурава во градов мрдна од мртва точка, почна да се осеќа дека иде 2014, па добро редно беше нели. Туку ај да не мрчам многу на темава, сепак сум вработена во јавна администрација која ја тангира градов како приказна. Само ќе кажам браво на проектот за Универзална, а тукушто мислев дека отиде и куполата на Партизанска во Барок, ете ме мене пак, доста мори Ангело, доста мрчеше.
    Да се вратам ја на моите обврски за денес, доста беше одмарање, одам да му се посветам на фотокопирот и хефталицата, тоа е, еден ден во месецот треба и тоа да се направи ;)
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ги гледам на ф.б. детски плетени чевлички-се сетив на моите први чевлички и веднаш ;(
    леле ама сум плачка :lol: и некако се чуствувам ко заробена-трчи навака-натака цела недела а треба и неколку цва да испратам-вчера пратив две, да пишувам есеј од 5 параграфи-треба да разгледам материјали на нет, да и пишам на една личност за помош за цв да ме подучи како да ги истакнам моите позитивни страни
    и благодарение на сето ова никако да се договориме со дечко што ми се допага да се видиме на кафе-ако сака бидејки два пати ми спомна јас-изговор обврски, зафатена сум :fubar:
    ноке пред да заспијам на него мислам :) :D
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    (')•´¨`•(')
    '.( '◕¸◕' ) \l/
    ('').►•◄('') GOOD MORNING 
    (,,,,)(,,,,)
    ██▀ █▌──█ ██▀ ██▀ ▀██▀
    ▀▀█ █▌█─█ ██▀ ██▀ ─██
    ▀▀▀ ─▀─▀─ ▀▀▀ ▀▀▀ ─▀▀
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Не сакам промени,посебно бидејќи сите ми одат на лошо.А сепак се е сменето од лани ова време.Лани бев среќна,заљубена,исполнета.Денеска сум празна,со одредена рутина,со сивило врз очите.
    Оти бре животот чека да бидам најсреќна и да ме сруши,ич не е фер.Секој си има падови,аман веќе од моите,секогаш станувам посилна,ама не бива веќе така.
    Немам сила,немам волја за ништо.Опколена сум со луѓе кои упорно сакаат да ми го контролираат животот,ако остана нешто да се контролира.
    Сакам да избегам,на Хаваите не би било лошо :D или на некој пуст остров,сама со своите мисли.Сакам малку знаци на љубов,една искрена прегратка од луѓе кои ми значеле.Многу ли барам?
    А многу е грдо чувството кога си исполнет со спомени и минати моменти и како минат деновите сфаќаш дека никогаш веќе нема да биде исто,а времето минува пребрзо да се каеме за одлуките кои сме ги донеле,ама ете јас седам и си искажувам глупави меланхолични чувства.
    Е морам да престанам да бидам таков негативец,нема да ме одведе никаде,а како што гледам ниту и оптимизмот.
     
    На Ketrin.Moon, Hipster, fatamorgana123 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Ех смирение, смирение.... каде си заминало?
    Кој ветер те одвеа и каде си сокриено?
    И додека го барам и полека сакам да му направам дом во себе, гледам дека и другите истото го посакуваат, ама само на збор, па и понатаму газат се пред себе. Ме гледаат како вонземјанин, како чудак или можеби лудак. Се прашуваат како е возможно да не вратиш со истиот интензитет?!
    Жалосно е што го бараат тоа смирение, а вистинки не го сакаат во себе.
    А толку е убаво!
    Толку е топло кога живее во срцето.
    Толку е светло внатре!
    Нажалост само покажуваме колку моралното денес некако не ни е важно. Подобро да бидеме најгоре, први, осипани со аплаузи од сите страни, да се гази секој пред себе што не го дели истото мислење, а во срцето, во душата, само мрак. Темнина која ја голта и таа малечка останата совест која треба да расуди што е правилно.
     
    На vinozito1, bittersweet, Libera и 18 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еве сум сега-рак во хороскоп и знак и познак и променливо расположение :puke:
    си :music: си се :D ко два рака да ме командуваат леле леле леле :lol:
    ми се пролеаа неколку солзички прееска ама подобро е така
    пратив 4 цв, го преведов цвто и на Англиски, и пишав на личноста за помош-ако сака да помогне секако
    и што е најдобро од се немам за пишување есеј од 5 параграфи :rock:
     
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Требаше да станам во 8, а станав во 10:30, а од 09 бев на факс, синоќа ми дојде и сега стомакот ме боли, оф мори мајкко, едноставно не ми се стануваше од креевет. Лелеее само јас ли сум изрод што ја мразам менструацијата. Ај шо тече крв, ајде нека тече... ама па зошто и да болииии :@ тоа не го сфаќам :( И ова нема да го сфатам никогаш, можеби ќе звучи глупаво и смешно, ама жени како жени, кога ќе се пресечеме, ако ни протече крв, лелеее крв ми течеее :o одма паника и страв, а ова што тече крв одоздола :tmi: уф мразам.Шлакутарници, па мора да пазиш, де улошки, тампони. Па некогаш ќе ти дојде кога најмалку посакуваш да имаш, како на пример јас летово на одмор. Само што стапнав Охрид на земјата - МИ ДОЈДЕ! а прв одмор со дечкоми :@ Зошто мора да трае 3-4 дена? ЗОШТО? Барем нека траела 1 ден :?: И зошто ние жените? Зарем не можело нешто друго да биде помалку мачно наместо ова?
    Многу прашања - ич одговори ;(
    Многу ја мразам менструацијата. Ама нека иде, нееекаа идеее, додекааа и е времеетооо. Мора да иде и да ја трпам, премногу сум млада за мајка :!:
    :( :(
    Што убаво им е на машките, не се замараат, а ние како унаказани сме бре. Само заради едно ќе ја поштувам менструацијата - тоа што ќе станам мајка!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Стареам.
    Или созревам. Не знам.
    Правам многу грешки. Така ми се чини, можеби. Се трудам, или не? Некогаш, навистина не знам која е мерката, силата, важноста. Па само си молчам. И онака сум баритон денес.
    Добив комплименти дека сум есенционална и не смеам да се извалкам. Добив и опомени дека правам непромислени потези. Нема едно без друго. И си правиш шејк. Хранливо, за главата.
    Пеевме вчера. Црвен кармин и вино. Утрово мејлови еден куп. Му се јавив вчера да пренесам љубов. Скоро и заспал, само ми мјаукаше. Немаш претстава колку сакам да те видам. Можеби никогаш нема да ги прочиташ овие зборови, којзнае?
    Си мјаукаме сите. Сите скришум додека заспиваме, си ја гушкаме перницата, или партнерот/партнерката и си мјаукаме. Сите тие неартикулирани крици се анималната потреба за спој. За бивање со некого, да се испразниш од себеси и да станеш Ние.
    Мандарини, нормално утрово - зошто вчера со таксистот, откако ме остави кај Специјал, и двајцата влеговме на бурек. Се отвори човекот. Тежок живот. Завршил правен - работа нема. Може имаше четириесетина. Сакал да патува низ светот. Ама вака патува низ светот наречен Скопје. Низ залаци бурек, добиваш уште една судбина гратис. Ми треба мемориска картичка плус, за да запаметам вакви ситуации. Пенкало во чанта секогаш. А и подарок од блогерајов.
    Денес, ми недостастуваш повеќе од вчера, а кога ќе дојдеш, ќе си достасуваме ли? Се прашувам и тоа.
    Многу Марсовци низ градов. Ерава, загадена, прво од воздух, па од крв. Сакате револуција, а немате став. Не може така. Излези од својата конфор зона па кажувај ми прикаски. Не ми се мудрува, а толку работи впивав деновиве. Хакерска етика и слобода на говор на вакви страници. Што е тоа? Потреба за его трип? Некој чита и жедно ти прави проценка? Мислењето ти е како задникот - нели секој го има, ама не мора да го покажува. Т.е зависно што има да покаже. И фарса, фарса, фарса, замотана во прикаски. Е токму тоа чувство прелета деновиве низ сите мои системски подредени вредности. За кои преиспитувањето значи страв. Промена. Можеби и пре-размислување. Почит и демагогија - толку си се лажеме уверливо, што сето тоа на крајот на денот станува религија.
    А сакав само да кажам дека гласот ми се фати, боровиов сируп ме омекна. Дека стареам, човече.
    И дека освен здравје, љубов и луѓе веќе ништо не ми треба.
    Четврток, ко да ми мириса на снег. А може и само ми студи.
    Враќај се.
    :x
     
    На Trnche, 1209, karenin и 11 други им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Настрана фактот што скоро цело утро ми помина во спиење и покрај испиеното кафе мисливе ми се малце спори и конфузни, се чувствувам ептен мотивирано.
    Ова чувство ми започна вчера вечер, и се радувам на мали ситници и истите тие ме мотивираа, само се надевам дека ќе ми трае ваквата состојба подолго.
    Чувствувам дека имам енергија за извршување на апсолутно секоја обврска која ја имам.
    Дури и ме исполнува тоа што имам многу работа и преполнет дневен распоред...
    multitasking at its finest.

    [​IMG]

    Буквално!

    :sun:
     
    На bittersweet, ilipili, Hipster и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Од се што може да те разочара, од сите грди чувства на светот, од секој лош збор што ќе го кажеш некому, од сите каења за одредени постапки, од сите караници што можеш да ги доживееш, дефинитивно, апсолутно најгрдо чувство на светот предизвикува караница со родител.
    И тие неколку неконтролирани испукувања што ги исфрлаш пред да пројдат фамозните 10 секунди кои треба да ги изброиш во себе, пред да ја поминеш ноќта бидејќи утрото е попаметно, пред да размислиш добро без поматена глава, тие најмногу не можеш да си ги простиш, тие најмногу болат. И се пцуеш сам себе како можеш да бидеш таква будала, толку да брзаш, ама залудно.
    Ете, утрото е попаметно од ноќта, барем да не беше, немаше да сфатам колку сум била глупава ноќта. Благо речено, се чувствувам ко г****. И ако ми е, си заслужив.
    Така дечки, контролирајте си го бесот.
     
    На Hipica, francais, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.439
    Пол:
    Женски
    Што се силат луѓево, кој е се тоа во потрага по љубов, кој???
    Жими се и најголемата растурикуќа што ја познавам си барала замислете.. ЉУБОВ. Не знам дали за стално или за пола ден, битно барала госпожата. Најголемите кретени во градов кои не знаат два реда муабет да свртат подалеку од колата на тато, платата на мама, стан ваму дуќан таму, бараат ЉУБОВ!
    Зошто ли побогу сите го ставаат зборов во уста? Не е едноставен, не е краткотраен, не е за уништување! А уништен е. И смислата му се изгуби многу одамна, сакала јас да си признаам или не.

    Нема бре никој нормален. НЕМА! И кога нема, а просто си очаен и сакаш да се треснеш од негде, заглавуваш со погрешни.
    Сама да бидам не е најубаво, ама можеби е најпаметно. Ете пробав нешто, пак не успеа, се откажав, барем знам дека не е по моја вина и полесно можам да си го простам неуспехот.
    Моментално мислам дека ми е камен срцево, ама буквално. А мозоков турбо ми работи, само мисли нешто, преџвакува некои моменти, разговори, па вака си требала да кажеш па така си требала, НЕ, требало баш така како што сум го кажала, ОЛАДИ БРЕ!
    Така и ми доаѓа некогаш да го исклучам, а не знам ни кај ми е трн оф копчето, па пробувам да го ставам на стенд бај додека читам некоја книга и пијам некој чај кој е мешавина од се она што сум го нашла по дома, го залажувам максимум на саат време после опет и опет истото.
    Ми нема спас, премногу размислувам тоа ми е проблемот. И за се` се кривам себе, а заборавам дека за љубов, кавга, тепачка, швалерај, ма за све бре се потребни двајца. И што ако јас сум пробувала да оправам нешто, а другиот ми зборел како е пасивен и ми го меша поимов со незаинтересиран?
    Ме лутат луѓево бре едноставно, гадни се, глумат нешто, да не знаеш со кој како да се поставиш! Кога сум лоша пак се кривам, кога сум добра па ми иде од бутов да си гризнам зошто па другата страна станува дабетер лоша. И ајде?

    Нека иде све у курац, денеска сум така спремна да отерам све кај што треба реално, зошто сум ги трпела и кога не требало и кога ме трупале со нивни проблеми дур јас сум си плачела дома за моите, ама не сум писнала за да не испадне дека сум пак ЛОША, и сум давала совети на секој жив, дури и на некој 2 минути што го познавам. Таква ми е ѕвездата изгледа, секогаш привлекувам луѓе со тажни судбини, чудни приказни и одмиленост од животот.
    Оди па живеј после среќно цел ден, океј?
    Не е океј.

    Ништо не е добро, ништо не функционира ко што треба, па сакала јас да се превртам на глава и да почнам да одам на трепки, не можам ништо да сменам. Кога ти се лизга нешто од рацете, пушти го нека се излизга асално, јебеш му матер, па не можеш секогаш секого да задржиш!
    Ај мрш, бар испразнете ми го животов не само зафаќајте место, гниди едни.

    И ова ми е единственото место каде што морам да истурам фрустрации, бес, лутина, ма понекогаш и нешто убаво ама ретко е тоа, зошто не сакам да се жалам на луѓево во реалниов живот, кога некој си е среќен нека си биде, нема да одам и да гњавам со тоа што ме тера да легнам и да не станам цела година.

    Фала ви, можете да ме искролате после вториот ред, слободно! Убав ден!
     
    На ilipili, Hipica, ariela09 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Текстот кажува се.
    Скопје, граду мој издржи, ќе дојдат и подобри времиња, верувај ми, еден ден се ќе биде подобро! Јас се надевам, а што е животот без надеж?
     
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    6.741
    Пол:
    Женски
    намирисувам нова љубов во воздухот .. :inlove:
     
  20. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Оној проклет момент кога си ја чустиш собата и наоѓаш кутија од киндер чоколадо и само кога отвараш,нема нишо.. .-. WHAT?!?!!?!? :@ :| :punch: :headbang: :u: :fubar: :swear: :envy: :worried:hock: (треба уште смалиња да ставам? ;( )
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.