[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    И таман ќе ми дојде некоја убава мисла и ќе сакам да ја споделам со вас ќе ми изчезне :tmi:

    што сакав да кажам :?: ... а да!

    Една од најдобрите работи кои ми се случиле во животот е волонтирањето. Сакам да волонтирам и тоа го правам со огромна љубов.. уживам кога гледам насмеани лица околку мене, лица кои секогаш се спремни да помогнат секогаш и секому :).

    Омилен простор во мојот дом во последно време е кујната :D сакам да експириментирам, да готвам, деновите ми минуваат читајќи разни рецепти и мали совети поврзани со кулинарството.. :) пред некој ден за прв пат правев пита :wasntme:, за викендот планирам да направам торта или некои колачи..

    Уживам во тоа, ме прави среќна :D
     
    На iloveyou29, teddybear, Serafima и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На сите ни се случува тоа понекогаш, да се чувствуваме несакани, отфрлени, осамени, несфатени...
    Но, не значи дека навистина е така.
    Сепак постојат луѓе на кои им значиш.
    Но, најпрво треба да се сакаш и цениш самата, за да можат и другите.. ;)

    Зима, ладно, сивило, предновогодишни нереални очекувања, итн., секојдневни проблеми и стресови, во ред е да се почувствуваш некогаш така... :doh:

    Но, потруди се да излезиш од тоа...Пушти си некоја музика, испечи си костенче, нанижи си бисерчиња на некое џемперче, гледај интересен филм...прави си нешто. :P
     
    На Serafima, QueenElena и natali12 им се допаѓа ова.
  3. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Зошто наставниците ги делат учениците? Зошто?
    Ме скорна само еднаш, не знаев и ми намали оценка.. а нејзиниот миленик :devil: го има фатено во повеќе ситуации да не знае па ништо му нема кажано..исто и нејзината миленичка :devil: .. ако продолжи така,ќе и се спротивставам, секој треба да има оценка која што ја заслужил :fubar: а не тој да знае за тројка а да има петка :@
    Неправда па тоа е неправда! Имаш ти, немам јас! :P |(
     
    На sweet-star, Kaylie, Ana122 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    што им стана на лугево што почесто ме гледаат-незнам и не ми е јасно, а да бев машко немаше таква реакција да покажат :!:
    се чуствував како Џенифер Лопез на спотот за песната Папи-ама папи го немаше :D
    a духче кога ке ме види е штета нема смајли што можам да го опишам каков е дури ГТЦ во гакичките да ми стави- а незнам колку девојки го сврте, и мислам дека има девојка и сега на тоа момче нешто му фали дефинитивно и добро е што не сум веке во ист ким со него ама блиску еден до друг живееме
     
  5. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Колку брзо си летна времево. Ејј, петок дојде, а ко вчера да бевме понеделник :geek:
    Ии да, конечно денес наставничката по проекти (изборен предмет) ме пофали за одлично изработен проект :$ Најдобра бе :D И рече дека проектот ќе го презентираме пред целото одделение 8) Но, јас веќе го скршив мразот за вакво нешто ( Бев на натпревар во април, местото кое го освоив не се кажува :wasntme: Идната година, мора едно од првите три :devil: Си научив што се бара и како се тоа оди :angel: )
    Јас си се расприкажав.. :talk:
    -Ви посакувам добра ноќ ! :hug:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Знам како ти е и нас утре физика ќе не малтретира.Испрашувања,тестови...преку глава ми е.Што е многу,многу е.Ама ја си имам проблем со физиката.Не ја сфаќам.Се друго ми оди и се друго сфаќам и сите ми се 5-ки( и физика имам 5-ка) , ама физикава е посебна тема. Кога ќе ја отворам книгата физика,како кинеската азбука да треба да ја учам, баш ваква сум :o :D
     
  7. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Нека помине и утре што побрзо.
    Мислам делот со школото де :D Ми се искача вечерта, на роденден сум , ќе се провеселам :P
    После продолжен викенд, леле леле има ли поубаво.

    Не ми е јасно зошто професориве толку не гледаат од висина ??
    Тие демек никогаш ученици не биле ? Не седеле во тие клупи ??
    Не доликува на професор да навреди ученик со зборовите како кокошка, мрзлива, ваква таква.
    Нема смисла стварно.
    Пред да ја добијат функцијата на професори треба да полагаат психолошки тестови за да се види дали ја заслужуваат и имаат предиспозиции да ја вршат.
    Па тебе бре човече ти е должност да ми ја објасниш лекцијата, и ако не ми е јасно нешто уште 5 пати да го објасниш.
    А ако незнам, стави ми кец и продужи даље.
    Престанете со тоа од дома се ви е дадено, се ви е на златен послужавник , немате никакви обврски ни проблеми ...
    Добро од каде бе вакви заклучоци ? Ако сум ученик и ако немам фамилија да издржувам на мои 17 години по дифолт јас немам никакви обврски и се излежавам по цел ден ?? Како па ти жити мајка го дозна ова? Како ти знаеш како ми е мене ? -.-
    Стварно крајно безобразно.
    Имаше денеска сличен инцидент во класот и едвај се воздржав да не рипнам. Ниту еден ученик не е должен да ги трпи исфрустрираните професори. НИТУ ЕДЕН !

    Досадно е школово, мењам тема.
    Ова ПМС-ов ќе ме докрајчи начисто. Можам да заплачам на се буквално !! Ми се јаде благо во огромна количина и си поткаснувам ,ама па после ме гризе совест :D
    Женски проблеми, шта чеш.

    Во склоп на улогата на дежурен мрчатор, да си кажам уште нешто.
    Мразам луѓе што се нафаќаат да извршат нешто, а не го прават тоа ! Посебно кога многу други луѓе зависат од истото.
    Ако те мрзи, и си неодговорен и нејкеш да се замараш ,препушти место на некој што ќе го направи истото со мерак.
    Е така, ајде адиос мучачос.
     
    На Dream-Girl, Seashell31 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Дај погледни ми во очиве ти се ќе пронајдеш што сум рекла ни пререкла,Во овој поглед што го испраќам со стари вистини а на нив прашини,послани од едно време што умира а нас не остава за да не стаса и престаса. Не јас не сакам да знам дека ти ќе бидеш сам кога проклето ти требам!!!
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Денес мојата помала сестра се врати од школо тажна и посрамена. Една нејзина школска и дофрлила навреда за изгледот на сред час, и рекла дека личи на куче поради нерамномерниот тен на лицето и црвенилото од студот, чисто од подсмев, за да и се изнасмеат со другарките а воедно и целиот клас. и не само денес, постојано и дофрлуваат работи за да ја засрамат и понижат. Сестрами бидејќи е мирна и повлечена, наместо да и врати само и одговорила тивко како не и е срам такви работи да и кажува во лице. :(
    Денес тоа девојче и ја уништи самодовербата на сестрами.
    Кога си дојде дома, со солзи ни раскажа што се случило. Мајка ми збесна а исто и јас.
    Незнаев кому повеќе сум лута, дали на таа девојка, што ја навредила пред цел клас, што е безобразна и без грам култура, или на сестрами што не се бранела.
    Знам колку болат ваквите работи. Знам како е да бидеш исмеван заради физичкиот изглед. Се создаваат комплекси кои траат цел живот, а тие зборови секогаш ќе и предизивкуваат болка и несигурност.
    Ама тоа е. Ние неможеме да и помогнеме, освен да се пожалиме кај класниот раководител, да го посоветува тоа девојче за однесувањето и да разговараме со нејзните родители. Сестрами мора сама да се научи дека светот е таков, злобен и ако сака да преживее мора и да таа биде таква. Да не се воздржува и срами од никој, како тие со неа, така и таа со нив.
    Посакувам јас да бев на нејзино место, па да им вратам со иста мера на тие безобразни, надуени дечешта. Ми иде и косите да им ги искубам, што така психички ми ја малтретираат сестрами.
     
    На sweet-star, iloveyou29, Mahidevranfan и 32 други им се допаѓа ова.
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    зошто брзо заминуваат сите што ги сакаме? зошто времето поминува така брзо? завршуваме со неискажани зборови и очи полни солзи
     
    На iloveyou29, Barbie20, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Еден ден,ќе затропа и кај тебе на врата,ќе ти стои пред прагот ќе чека да и отвориш.И можеш,можеш да се правиш дека не го слушаш нејзиното тропање дека не го чувствуваш нејзиното присуство, можеш да стоиш од другата страна на ѕидот,навидум мислејќи дека си заштитена,всушност само се плашиш.Од светлина ,од чувство.Од нејзе,од загуба.Можеш да ги собереш емоциите во мала црна кутија да ја заклучиш длабоко во себе,и да мислиш дека тука е крајот.
    И тогаш што?
    Порано или подоцна истите чувства што ги закопа во себе ќе излезат на површина.
    Кутијата сама ќе се отвори.
    Можеш,пробај отвори ја вратата,со блескави очи пушти ја во тебе,нека пушти корени засади ја во себе,боледувај од неа,живеј за неа, буди го денот и заспивај ги ноќите со неа во себе.Нека ја троши времето,и секогаш нека останува.Дознај и го вкусот.Нека ти ги остави своите траги.Наречи ја љубов,наречи ја ние,наречи ја време во кое се живеат соништата зад трепките.


    Љубов?
    Има и темна страна.
    Некои од нас му припаѓаат на мракот.
     
    На Dog-lover, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kate21 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Среќна сум и исполнета.

    :)
     
    На Serafima, Umbrella22, Kaylie и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Чувствувам страв.
    Од самата помисла на тоа што се` може да се случи наредниве неколку дена, ме облева ладна пот, морници ми лазат по телово, ми се тресат и раце и нозе и имам ненормална тахикардија.
    Свесна сум дека понекогаш претерувам, дека скоро секогаш прво помислувам на најлошото и спремна сум за тоа, но никако не можам да го насочам умот кон поубавото и да ги гледам работите од посветлата страна.
    Свесна сум дека непотребно си го тупам мозокот со секакви срања (ќе ме извините) и дека џабе си трошам нерви за нешта кои подоцна ќе се испостави дека и не биле толку важни, колку што во моментот сум мислела дека се.
    Иако, повеќе пати, ваквото негативно мислење се покажало како непотребно и на крајот излегло спротивно од она што сум го мислела и иако досега безброј пати сум се заколнала дека нареден пат ќе ги гледам работите од подобар агол, никако не ми успева.

    Животов ме е*е постојано.
    Само за момент ќе помислам дека конечно сум среќна и дека се` е во најдобар ред и веднаш почнуваат проблемите.
    Да не е раат човек.

    Од една страна тој, кој не превзема ништо - од друга страна јас, која исто така не превзема ништо.
    Надеж немам. Немам ни сила да се борам.
    А веројатно нема ни тој.
    Времето лечи се`!
    Да, но во случајов не сум баш сигурна дека времето ќе може да излечи толку голема рана.
     
    На karenin, srcekrsacka, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    QueenElena лицемерна и дволична сум ако во лице ти кажам дека твоите мислења не ми се допаѓаат :?: Е ова не сум го знаела :D
    Јас тоа сум го пишала на 1 ноември месец и повеќе од тогаш е поминато.
    Да бидејќи си ми врсничка ми беше интересна за читање ама сега стварно реално да збориме 75% од мислењата ти се што јадев што пиев.Иако мене тоа не ме засега мене не ми се допаѓа.
    И нормално дека неможеш на сите да им се допаѓаш па и не го мислам само јас тоа и не се ни трудам да ти го сменам мислењето што сакаш мисли си твое право. :D

    Инаку станав рано историја да учам.Ах аргатски маки.И таман да ви напишам нешто заборавам што.Треба лекар за меморија да посетам нешто не е во ред со мене.
    И така луѓе незнам што сакав да ви кажам заборавив а знам нешто требаше :$ :D
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.750
    Пол:
    Женски
    Уф ама е ладно!
    Ама ако.Денов изгледа ќе биде ведар и сончев,со заби.Куќава исполнета со луѓе,мирисот на чварки кои имаа вкус на смоки,така ситни,крцкави и меснати...абе да не станеш од маса.По некој мајстор се мотка,кој се обидува да поправи нешто со сите останати салтанати,мезе и ракија,кафе и десерт..па и ручек си начека ,греота е нели да го испратиш гладен.Кога го спомнав мајсторот ми текна на една ситуација,децата ми беа мали,маж ми не беше неколку дена дома и за беља мајсторот што го барав да молерисува,беше слободен само тие денови.И си доаѓа човекот почнува да работи ,ме гледа мене млада нели :wasntme: ,со две ситни деца и си работи полека лежерно.Па дај кафе,ракија,ова она и си заседна никако да си оди.Разврза муабет ,ми го изложи целото свое фамилијарно стебло,а јас си мислам ајде станувај човеку.А син ми ,мал,му вели-Чичко а тебе никој не те чека дома?Кога ќе си одиш да излезам да се играм?-А тој -Па излези играј се .-А ,не,не ја оставам мама сама!И тој ни пет ни шест-Ќе ми ја дадеш ли ти на мене мама?Јас шокирана,не знам што да кажам а син ми мудро му одговара.-Мама не ти ја давам ама имам баба за тебе! :D :D
    И синоќа му се смеам ,ако не успеа да ме продадеш пред 13 години има да ме трпиш дури сум жива.

    Сум ви кажувала за лудиот комшија,и вчера не викна на кафе.Кога на маусот гледам и не си верувам на очите.Ставил обичен прекинувач во средината на маусот ,го нервирало што светкал иако компјутерот на работел.И сега маусот му работи на клик клак.Му велам -Да го види ова Бил Гејтс има да си умре од мака. :D
    И така ,рекол кажал времево си оди,и годинава ја цедиме полека.Не ме фатила се уште новогодишната еуфорија,некако ги заобиколувам продавниците.Немам желба да купувам лампиони и украси.
    Туку син ми го поправил кецот по математика,сега има тројка.А тројката заслужува една убава торта нели.
     
    На teddybear, Peppermint, Serafima и 22 други им се допаѓа ова.
  16. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Празници се ближат.....Да , веќе се доближи и крајниот месец од оваа 2013 година.
    И секој човек размислува токму сега Што направив јас оваа година ?
    Кога напрзина ќе размислам прво нешто убаво што ми паѓа на ум отидов на кафе со симпатијата , потоа го памтам ИЛИНДЕН зошто можам да кажам тој е најубавиот момент во мојата 2013 година.
    Но ако почнам да ги поврзувам работите ќе кажам дека оваа година мојот живот се преврти , затоа што ми се врати среќата во домот , бев успешна во училштето и уште многу други моменти , Но која поука треба да ја донесам за новиот почеток 2014 ?
    Знам што треба да правам во оваа година , да се надоврзам да старото кое ќе шивее секогаш во мене да бидам успешна , да бидам среќна , да имам добри пријателки и да кажам и да не кажам тие се овде до мене зошто сигурна сум дека никогаш нема да ме напуштат , но она новото што сакам да ме прат цела година е повеќе среќа во љубовта , онаа поинаквата по која бладам цела година , да не бидам толку срамежлива со оние кои неме познаваат и посигурна во мене .
    Малку желби зар не , таква сум премногу се жалам од животот , но никогаш не барам многу.
    А сега останува да се спремам за нова година , да градот го украсуваат на тоа од секогаш сум се радувала ,а мирисот на снег ме излудува од секогаш позитивно.
    Само среќа си посакувам и ништо друго , се друго тековно ќе си дојде.
    Малку позитиввизам и во мене.
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се обидувам да ги координирам другаркиве за Нова година за прв пат да славиме заедно
    едната сака во кафеана не сака кафич или дискотека
    другата сака кафич и дискотека ама не сакала кафеана |( ама изгледа ке се видиме со неа деновиве па да видиме што ке правиме КОНЕЧНО
    а јас сакам кафич :D
    и се сложивме сите три да биде во кафич и сега таа што сакаше во кафеана дали ке можела да дојде да ми каже за сигурно и треба да почнам да прашувам по кафичиве-да си знам
    е деновиве од кафич во кафич во кафич во центарот ке прашувам како се движат цените, мени, музика детали-ке си полудам ама тоа е :x
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.863
    Допаѓања:
    142.588
    СДК дека се борам како блесава за да го задржам во мојот живот, а ѕверките, доаѓаат, кога една по една, кога наеднаш заедно, и со грдите канџи го вадат од мене. Ако не успеат од домот да го извадат, тогаш го вадат од моето срце. И мене ме корнат од неговото.
    Сериозно, жени, да ве прашам, шо к*р сакате од дечковци во сериозна врска? Каде што се гледа дека има убава и стабилна врска, шо на мајка ви се пикате кај што не ви е местото?
    Што има со туѓ дечко да разврзувате муабети, интими, желби, соништа? Немате другарки, другари, симпатии?
    Некој кој еднаш сте го виделе и наеднаш ви станал најдобар другар?
    Јасна е намерата да се добие туѓиот дечко, да се намами во кревет, со невини реченици од типот, сакам дожд, сакам ќебе, сакам есен, сакам дечко...А глупите мажи по некое време дури ке сфатат дека реченицата е дека сакам под кебе со тебе.
    И колку треба да бидеш себичен, колку многу, за да знаеш дека девојката што те сакала повеќе од сите други заедно, ја повредуваш, и заради чиста суета и подигање на егото, го рушиш нејзиното?
    Знаат оние кои повредуваат колку ги боли другите? Да имаше повеќе емпатија на светов, се ќе беше поинаку. Кога сами ке ја чувствуваат болката што им ја прават на другите. АМа не, себичноста и разјаденото его од претходните искуства е многу поголемо отоколку болката која ја правите на оној кој ве сака.
    Зошто е точно дека колку повеќе даваш, толку повеќе те заебаваат? Зошто, даму е*ам мајката секоја деколтирана глупача е позабавна од силната љубов на онаа која ве сака?
    Има мажи, да, има многу мажи. Ама има такви кои имаат срце за една и такви кои немаат срце. Каков ке одбереш, со таков ке наебеш.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Дојде декември сите изнаставаа сликички за доаѓањето на зимата, одбројувањето до новогодишната вечер... не приметив еден да пише дека 1 Декември е и ден за борба против сидата на пример.
    За подигање на свеста кај младите по повод оваа тематика.
    Може грешам, може само имам поинаква перцепција и им дадам поинакво значење на деновите и нештата.

    Почина глумецон сите изразија сочуство за прерано згаснатиот живот. Млад и убав човек.
    Денес прочитав тажна вест за смртта на еден ниту млад, ниту пак убав но голем човек...
    Нелсон Мандела :bow:

    Ај да одам јас.
    Еден куп мајстори треба да дојдат, работа ме чека.
     
    На Hipster, Peppermint, lunicka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Хеллоууу хев а најс деј :inlove:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.