1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Колку само брзо ми помина годинава, како да не беше една цела година, туку еден миг.
    Порано кога ќе се речеше година, тоа беше поим за долг, голем период. Можеби дека бевме деца и немавме обврски, друг ни го береше гајлето. А сега лета времево.

    Посакувам оваа година на сите да ни биде поубава и поуспешна; да ни донесе, пред се`, здравје, среќа, љубов, мир; секогаш да бидеме со луѓето што ги сакаме, најмилите да ни се сите на број, да имаме само убави моменти, да бидеме секогаш насмеани и безгрижни.

    Ви посакувам на сите убаво да си поминете вечер, каде и да сте!

    Јас сега одам да ја нацртам чизмата на Дедо Мраз на тортата!

    Среќна Нова Година!

    [​IMG]
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Аи мајката, сите предвреме се испративме и си честитавме! :rofl:

    Станувам, отворам фејсбук, фемина, и си викам во памет, да не ја преспав НГ, нешто грешка да не сум... Тоа се честитки, Крисмас, Њу јиар, едно, друго. Гледам надвор врнело снегче, гледам лево, десно, станов е цел, чист е донекаде, цимерката спие бушава. Си викам морее мајката, зарем отишле без мене ?! :o Па ми текна да го погледнам датумов доле и си викам, е алал нека ти е Дузи, не ја преспа НГ. ФИУ! :whew: Ме исплашивте, аааа!

    Утре ќе си направам аларм за да го гледам Виенскиот концерт.
    Или така си мислам само дека ќе направам и ќе станам да го гледам.
    Малко винце, малку мевце, и во 9 пред ТВ за малку Дунав ?! :wasntme:

    Денеска имамееее милион работи за правење, фала Богу Веро до 20ч работи, инаку ќе јадевме кифлички и заби а ќе се бришевме со газ-папир. :D Денеска се пакуваме колективно и утре има да не нема од Скопјево! Добро де, пак ќе не има, полагање, ова, она, ама помалку ќе не има.

    Јас си се изнашетав овие два дена за сите пари, колениците ме вијат, се арно, се убаво, ви кажав набрзина вчера. :lol: Сега правам одјава, многу луѓе се мотаат околу лаптопов и зачудувачки колку повеќе луѓе се мотаат на фемина. :D

    ПИССССС, нигас! :rock:
     
    На bittersweet, eli25, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    ... слушам блесави новогодишни песни, си потпевнувам и верувам дека
    Љубовта нас ќе не спои.

    Наредното утро можеби нема да смени многу нешта и ќе не' направи една година постари, но нека биде почеток на убавина.
    На здравје.
    Љубов и квалитетен секс.
    Мир и среќа во домот.

    Од срце ви посакувам сите да си поминете најубаво вечер.
    Не е важно каде сме, важно што сме заедно . . .
    [​IMG]
     
    На kate21, bittersweet, AnaKarenina и 6 други им се допаѓа ова.
  4. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    и да секако дека нешто мора да не штима... па ало како може се да биде ок не е нормално тоа :devil: ... и така јас си добив баш сабајлево ,убавини....ај тоа што добив ам стомаков леле само ако за пола сат не се смири тешко него ќе е....и ај малце да го пофалам не се толку страшни болки ама јас сакам воопшто да ги нема и точка. :rofl:
     
  5. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Наздравувам, вака предновогодишно, за изминатава година. Наздравувам за убавите работи кои ми го променија животот, наздравувам и за лошите работи кои ме направија посилна.
    Наздравувам за новата љубов, новата надеж, за сите искушенија и предизвици што допрва доаѓаат.
    Наздравувам и за нашево дружење кое секако е уште една убава работа што ми се случи.

    [​IMG]

    Каде и да сте, во пижамчиња или во фустан, дома, в кафана или дискотека...најубаво да си поминете.

    Ви посакувам на сите многу поубава година од изминатава... многу прекрасни мигови во следната година, многу успеси, насмевки и најбитно, многу здравје и љубов.

    Поздрав од мене, се читаме и следната година :hug:
     
    На palavoto.devojce, MacaLove, firequeenn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Да,утре ќе сме истите ние. Со истите облини и коса за која душа давме да е 3cm подолга.Најбитно од се, со дупка во џебот,ради пластика и перје.Утре ќе имаме неостварени желби како и денес..но,кој знае што не чека утре ?
    И зошто би била сурово реална место..на полноќ да замислам делумен крај и нов почеток ? Да си ветам убави работи и со повод на милите да им кажам уште еднаш,дека ги љубам..
    Никогаш нема да се свртам пред сонот и не посакувам ништо повеќе од тоа да ми се случи.Така,си посакувам сонови и желби,насмевки и љубов.
    Вам ви го посакувам истото..
    :*:
    Дома мириса на кујната на мајка ми.Таа постојано нешто му мрчи на татко ми..стани,седни. Тој задолжен е за музиката.Стрико ми се двоуми околу виното..домашно или купечко.Јас размислувам за пет килограми помалку и тоа е тактичка грешка.Кој е мажот што ќе одолее на руска со кифлиња ?
    Него му купив поклон и едвај чекал да го види.А јас чекам да ми се јави.Сфаќам дека имав убава година иако сите мои обиди за коцкање пропаднаа.Освен 163 денари на лото. Но,ќе продолжам да се коцкам..на сите полиња во животов.Се спремам и за тетоважа..а се плашам од игли. За проводи не зборувам,до естетски причини.Се одјавувам, да го сефтосам денов..и мрднам газево. :rock:
     
    На Strumfeta93 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    феминки имајте убава вечер да бидете најубави,највесели на новогодишната прослава , да ја дочекате новата година во прегратката на вашите сакани и се што да ви се исполни ;)
     
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви посакам да ја имате најубавата вечер во животот и да бидите многу среќни и весели во новата година!Гушкања до сите вас :hug: :*
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    5.154
    Кој како си надробил, така ќе си срка ;)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.761
    Допаѓања:
    162.826
    Ајде насмејте се. Утре ќе се разбудите во сатенски постели и ќе имате батлер,мајка ви ќе ве викне на виенски концерт во прв ред, принцот Хари ќе ве запроси, ќе станете м-р,д-р без труд, ќе изгубите многу килограми, ќе ве има во првогодишниот број на Максим,а и во Пипл и во Форбс. Ќе станете добри луѓе и ќе се грижите повеќе за светот,а не само за вашиот голем,дебел газ!
    Во светот нема да има војни,а ниту пак временски непогоди. Постојано ќе биде сончево,а Антартикот никако,никако,никако нема да се стопи!
    Вашата површност ќе се смета за светска мудрост, вас ќе ве слуша светот за идните насоки и сите ќе ве обожаваат. Ќе бидете најубавата личност во светот,со најмногу чевли и облека некогаш забележани во историјата. Ах да...сепак,сте луѓе,па ќе сакате и да има малку завист, за да се чувствувате уште попосебно,а и ко противтежа на убавината,чунки светов во баланс живее.

    Среќен лажовден! Ви посакувам малку слатки лаги,за слатки денови,а најмногу ви посакувам многу ЗДРАВЈЕ, трпение, ум, поврзаност помеѓу умот и срцето, љубов за вас самите,а потоа многу за оние околу вас, толеранција (о,да,дури и најмногу,така ќе губиме помалку здравје,трпение и љубов) и ви посакувам да станете подобри луѓе,сите до еден!
    Гад блес мај фемили енд френдс,енд мај њу Ланселот! Живели,ај така! Одам да киснам нозе у леген и да пијам вино со татко ми,другар ми ќе го чекаме.Е тек тој кога ќе дојде...ќе чуете сите! :D

    Ејми ли,одбивам да ми е најубава! Пу,скраја да е,за шо ќе живеам до вечноста?!
     
    На x.Daisy.x, Strumfeta93 и angel92 им се допаѓа ова.
  11. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Tomorrow, you promise yourself, will be different, yet, tomorrow is too often a repetition of today.

    Не менува една бројка во годината ништо, тоа што сами го правиме, е тоа менува нешто.. Било на полошо или подобро.
    Не е времето криво што поминува, криви сме ние што само се губиме во него.

    Ќе пробам малце оптимистично, мада не ми е оптимизмот најјака страна..

    Среќни празници на сите, да си ги поминете со тие што највеќе ги сакате и да бидете среќни.. Ништо друго не ви треба :)


    П.С. Не дозволувајте годинава да ве голтне, голтнете ја вие неа :)
     
    На eli25, x.Daisy.x и Mishela им се допаѓа ова.
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Женски
    Благодарност до оние кои ми оставија позитивни моменти и ја направија изминатава година онаква каква што беше.. Ви посакувам уште посреќна 2012, многу повеќе незаборавни моменти и многу нови почетоци! :*
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    И кога 31 декември ти започнува со печена тиква, руска салата и совршен филм едноставно знаеш дека наредната година ќе биде повеќе од подобра.
    Денот е убав, вечерта ќе биде уште поубава, а годината најубава.
    Се додека имаме чоколадо и љубов, и крајот на светот не ни може ништо. Читајте хороскоп за 2012, светкајте и пеете.

    И среќно.

    пс. Фала им на оние шо го спомнаа Виенскиот концерт утре, морон бре ќе го заборавев.
     
    На LivingGlam, eli25, miljkovic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    25.762
    Пол:
    Женски
    Каква раздвиженост надвор, за прв пат во животот не ми смета гужва,баш напротив уживав.
    И по не знам кој пат сфаќам дека дефинитивно посреќна ме прави да давам поклони отколку да добивам. Незаменливо и неспоредливо.
    И во овој прекрасен хаос што е надвор,ако уште и денеска не ве фаќа еуфорија,дефинитивно проблемот е во вас. :lol:

    Убаво да поминете вечер женски! :d: :party: :dance:

    [​IMG]
     
    На Dulceee и eli25 им се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Година како година, добри и лоши денови.
    Кога седам и анализирам, најверојатно во ниту еден момент не посакав да заврши. Можеби денот да, неделата да, месецот да, но годината..
    Се чувствувам како да се разделувам од нешто, а мразам разделби. Но, затоа тука е помислата новата ќе биде уште поубава.

    Ја дочекувам со раширени раце и насмевка. Затоа што сакам да верувам дека ќе биде посебна и магична.
    Дека ќе измами повеќе среќа отколку тага. Повеќе љубов и радост, од болка и очај.

    Ви посакувам на сите само убави работи. [​IMG]

    И, во новата година преферирам да влезам како примерна девојка, без дупки во сеќавањето. А, дали таква ќе останам.. ќе видиме! :angel:
    Најубав помин на сите!
     
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]

    [​IMG]


    Посакајте желба и кажете му ја на Чак Норис! :D
     
    На Butterfly15 и Nastjaaa4 им се допаѓа ова.
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    И на своја кожа оваа новогодишна еуфорија.
    И покрај сите мрчења, предрасуди и такви ср*ња.

    Ја цел ден се спремам за вечер, иако знам дека не е некоја битна ствар, али зошто не би го прославила убаво завршетокот на оваа година, и да наздравиме за почетокот на новата.
    Вечер ке се стокмам најдобро, најсвечено, најсветкаво.
    Вечер ке играм додека не го истрошам и последниот атом енергија што ја имам.
    Вечер ке слушам шабанарија; Аца Лукас, Северина и компанија.
    Вечер ке пијам додека можам, и ке се трезнам на вц школка.
    Вечер ке бидам со некој што ми значи, со некои кои ги сакам.
    И за враќање насабајле до дома ке правам по улица осмици, ке го заебавам таксистот, ке се смеам додека не ме заболат стомачните, ке викам и зборам додека не ми зарипне гласот.
    И сабајле ке си пијам вода, и ке ме фрка глава, и ке имам дупки во меморијата.
    И ке ми држат лекции моите.
    Па кој не го правел ова?

    И знаете што?
    Потоа нема да се каам, и знам дека убаво сум си поминала, максимално сум искористила.
    Имам зошто да прославувам оваа година, ми се случија доста пресврти во животот, ме чекаат уште толку следната година.

    Уживајте луѓе, и наздравете со вотка за почетокот на Новата Година.
    Смејте се, пијте и Љубете.
    Другото и така, не е толку битно.
     
    На MandyLane и Nastjaaa4 им се допаѓа ова.
  18. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Леле феминкиии и мене ме зафати оваа новогодишна еуфорија. :clap:
    Еве веќе привршувам и со последните подготовки за вечерва . :makeup: Многу сум возбудена едвај чекам . :dance: :party:
    Нека ви е среќна Новата Година многу здравје,среќа,љубов и во новата година да се дружиме повеќе. :inlove:
    ВЕ САКАААААМММММММММММММ !!!!!!! :*
     
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Се знае дека од утре нема се да цути, ама убаво ми е денес да ве читам, интересни ми сте сите до една :lol: Убаво е вака сите обединети барем за еден ден, си се изнагледав огномети, колачиња, торти итн :)
    Јас ќе ви посакам Среќна Нова година кога ќе дојде време, а сега ќе ви посакам сите да си помините убаво кај и да сте, и да бидете среќни колку сака нека биде вештачко се, а ќе се трудам и јас, ветувам, чесен фемински збор :!:
    И немојте да тргнете никаде со преголеми очекувања, и јадете и пијте многу, и одете в комши и таму се да им изедете и да им испиете :D
    Ај чао :D
     
    На eli25 и miljkovic им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    СДК на сите, вечер да си поминете најубаво каде и со кого да сте, заборавете на лошите работи, дозволете убавите и добри нешта во животот да ве преокупираат и наполнат со позитивна енергија :)

    А утре :!: официјално ќе ви честитам нова година ко самовила...како одеше песната... :?: :D

    Ете така :geek: :* :hug:
     
    На Go-Girl и MandyLane им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.