[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк СТАНАВ ФЕМИНА МАНИЈАК :lol: ПО 24 часа сум на форумов алав да ми е
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сваќам дека времето сум си го губел со непотребни личности. |(
     
    На Barbie20 и t.i.n.k.e.r.b.e.l.l им се допаѓа ова.
  3. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Иако бев многу среќна денес, се чувстувам како да имам некоја празнина...Како да ми недостига нешто, а не знам што... :|
    --
    Инаку петок денес + продолжен викенд..Убавини :inlove: Новогодишната треска започната веќе, како што минува декември се почесто го слушаш прашањето: „Каде за Нова година?“ и планови на луѓе каде ќе ја слават Нова година. Толку беше од оваа 2013, си замина дури да трепниш. :)
     
    На SparkyAngel и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Знаете од кога се немам така слатко и искрено насмевнато?!
    Секако не знаете. А јас знам зошто ме совладаа глупи размисли и небитни песимистички изговори?! Ич!

    Сум станала ко Мона Лиза, не знаеш дал се смее, или е сериозна или секој момент ќе заплаче. Ама навистина не се препознавам.

    Се оставив на пола деновиве. Почнав два филма, стојат до половина изгледани, зачитав книга, ја оставив на пола, прееска месив леб и и го оставив на мајка ми да го заврши, измив чинии ама не и тенџерињата, ги суредив алиштата на брат ми ама не и моите, дури и излегов и од пола пат се вратив по мобилниот :|

    Дури и пола срце ми е во мене. Отсутно и тажно. Другата половина ми е в копец во нечии дланки :doh:

    Е ај сега!?
     
    На agnes, ariela09, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Уф, безброј пати го имам ова размислувано, не дека имам непријатели ама сепак сите си имаме по една, две не баш омилени личности во животот. Ама решив да не се измачувам повеќе со тоа бидејќи доколку некоја од омилените феминки е баш некоја од тие личности, не ја исклучувам можноста за тоа дека јас сум имала погрешно мислење за неа во реалниот живот. Се водам по тоа дека овде сите сме навистина тоа што сме. Така што ако овде ми е драга и мила значи тоа е вистинската страна на нејзината личност, а во живо можеби сум донесла погрешен заклучок базиран на некој настан или случка. :)

    Ама како и да е никогаш нема да откриеме освен ако е некој со хакерски способности. :lol:
     
    На ariela09, LittlePinky и francais им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Значи навистина, постојат временски машини, и тоа се песните. Не знам каде го прочитав ова, или го измислив, ама 90% сум сигурна дека го прочитав бидејќи не се сметам за доволно умствено компетентна да сковам нешто толку паметно. Посебно тие што се експерти да те вратат во времето кога си се чувствувал ко лајно на дожд. Го имав тоа одвратно чувство каде после 5 години борба, пуштив една стара песна и се чувствувам како да сум повторно на почетокот, како да се врати назад времето. И сепак владее едно минимално чувство дека тогаш всушност и не сум знаела колку сум била среќна, за разлика нели од денес. Повеќе си ги сакам тие што ме враќаат назад во преубавите денови, ама пак тие ме прават многу носталгична. Ама оваа конкретно, дури и мирисот на тој момент ми го врати, значи многу многу грдо чувство. И така, повторно јас губам, иако убаво ме предупреди универзумот. Ама тоа е проблемот, што јас не му веруваам на универзумот, ниту на интуицијата, ниту на други виши сили. Јас верувам во сопствената тврдоглавост, и во тоа дека ако не ризикуваш нема да добиеш. Е добро е тоа, ама некогаш кога ризикуваш и не добиваш не можеш а да не се лупнеш со главата во ѕид, колку да ја избиеш глупавоста од тебе.

    И така седам јас во петок вечер дома, си се чудам зошто не излегов, го свртев погледот и едно купче книги ме потсети зошто. И онака гледам на фејсбук, сите онлајн од мобилен. Дали се излезени или не, не знам, ама знам дека на некои луѓе им е срам да си признаат на себе дека не излегуваат во фамозниот петок вечер, па дремат од мобилен, сигурно сместени во своите кревети. Само не знам дали се потажни од овие што се излезени, а сепак се онлајн.

    Мислам дека цел ден одложување е доволно. Време е да се потроши слободното време на науката. Од сите трошења, најмногу ова го мразам.
     
    На Elena69221, Trnche, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум Битерсвит, стрејт, месождер и верувам во Господ........ете вака ми се оди да се претставувам во последно време. :!:

    Се запознаваш со некого си кажувате име и наредната работа што ми ја кажува е дека е геј, вегетеријанец/ка и атеист, овие три работи се најгоре на листата, како ми го кажуваат тоа као да се надлуѓе или нешто слично. |(

    Од кога почна личното убедување на луѓево да ги дефинира како личност??????
    Онака најсериозно што ми е гајле за некого што сум го/ја запознала пред 2 минути дали е геј, дали јаде или не месо и дали верува или не во постоењето на Бог, што ми менува мене нешто од тоа во животот?

    И не би ме иритирале вакви личности доколку не почнаат да ме убедуваат дека нивното е исправно а моето е неисправно, ниту ме интересираат нивните ставови и напамет научени фрази, ниту сакам да си трошам енергија и воздух да си ги бранам моите ставови, едноставно не чувствувам потреба да разглабам ставови со непознати и небитни личности.

    Пред некој ден го чекав внук ми од училиште и една ме напна со муабет, само што се запознавме ми кажа дека е вегетеријанка, као многу и било жал за сиротите животинчиња, ми кажа дека секое јадење на месо е рамно на убиство, да сум си замислела дека некој доаѓа и ми го коли бебушот за јадење (од вакви споредби ми се повраќа) и бла, бла, бла.....
    Ја гледам, ја гледам и викам:
    Sorry to break it to you sweetie, your shoes, belt and purse are made of leather, you can`t be that worried about the poor little animals.
    Од вакви квази било што и да се ми се лоши, тоа ти е као правиш добро дело и раскажуваш за истото на илјада луѓе, као да си мајка Тереза или нешто, според мене со самото фалење го поништуваш доброто дело, ваму носи кожа која доаѓа од животни а ваму ми се прави многу хуманитарка као се прави за животните.
    Ако носиш маица vegeterian and proud of it, за мене си помодарка и толку, најдобрата другарка ми е вегетеријанка од 12 години, веган од 19 и никој освен најблиските не знаат, не го рекламира тоа дека е веган, нејзино интимно убедување си е тоа, така и ќе си остане.
    И јас сум против суровост кон животните, носење на вистинско крзно, малтретирањето на животните, условите во кој ги чуваат по фармите итн ама јадам и ќе продолжам да јадам месо затоа што така сакам и нема да се извинувам или да се правдам затоа што јадам месо.

    Овие па геј што се, еј отоци невидени ми се, како се дискриминирани, никој не ги сака, немаат права, ово било, тоа било (cry me a river |( ), добро бре од кога стана норма да кажуваш на некого што си го запознал пред 5 минути што и како правиш и со кого правиш зад затворени врати????
    Треба ли да и јас за да бидам во тек со времето да им кажувам на непознати луѓе што и како правиме со сопругот во спалната па и било која соба, што не возбудува, колку ни трае предиграта, што сакаме а што не сакаме, тоа на што личи, затоа се викаат интимни односи затоа што се интимни а не за да ги трубиш на цел свет. :puke:

    Атеистиве ми се па посебна приказна, посебен вид на луѓе.
    Носам крст на врат кој ми е даден од мајка ми, го носам 20 и кусур години, досега само двапати кога сум била на операција ми е изваден, поголема сентиментала вредност ми има него ли религиозна и тоа е покана на секој атеист да ме малтретира со своите убедување.
    Не сум религиозен фанатик, не сум слеп послушник и голтач на религиозните догми, што ми одговара прифаќам, што не отфрлам ама верувам дека има Господ, некоја виша сила, дали е исправно или не мое право си е да верувам колку што си е право на тие што не веруваат.
    Каква потреба имам да се расправам со некого со саати дали настанал човекот од ребро или од мајмун, ниту атеистот ќе ме убеди дека не постои Господ, ниту јас ќе го убедам атеистот дека постои Господ, по чему тогаш убедувањето и расправање, да ми помине некој саат што никогаш нема да можам да го вратам?????

    Личните убедување се лични со причина и освен ако не сте на дебата каде мора да си го браните ставот за да победите, не мора на секој што ќе го запознаете да му скокате во врат како да се подобри, над секој што е поинаков од вас.
    Мене ми е битно само дали си човек, дали јадеш или не јадеш месо, геј, стрејт, атеист, религиозен итн тоа ништо не ме интересира, само по однесувањето и делата проценувам дали некој е добар или не а другото се е не битно. :geek:
     
    На Elena69221, MaggieTatum, ludoto19 и 36 други им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Петок вечер, требаше да излезам некаде, ама со оглед на тоа што сите другарки ми се во Битола, а јас во Скопје решив да си праваш приватна забава со брат ми во станот. Под забава подразбирам било што да правиш, само да не учиш. Ете јас безцелно го трошам времето на глупости, а после ќе осеќам вина и ќе си викам како не учев тогаш. Ќе учев, ама на ВХ1 ми ги погодија песните. Брат ми си црта нешто, со прекини така и кога ќе ни се погоди некоја песна си играме така си се смееме :D :D :D :D

    Пред некоја вечер имаше бубачка во купатилото. Јас си влегувам така и гледам на парното каде што ми се сушеа омилените мои гаќички со Хелоу Кити бубачка, толкаава, колку штипка голема, лебарка смрдена над нив си седи ;( ;( ;( . Лелееее ја удрив со кутијата за крем и во нив се пикна. За плачење ми дојде... ем за гаќичките ем што пред спиење ја видов бубачката. Хелоу Кити заврши во кантата за ѓубре, а јас вечерта цело време се чешав од страв и си мислев кај замина бубачката :sweat:
     
  9. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Колку сум глупава бе...Наместо да се дружам со луѓе седам дома затворена овде киснам на форумов и на фб.Да си ги фатам косиве и сама да се искубам :envy: :@
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Денеска, во склоп на мала зафрканција, малку задевање и да речеме, преголема самодоверба, ме изненади едно нешто кажано од блиска личност. Знае низ што минував и минувам, сум се отворила и доверила како кон пријател и другар. Мајтапи, овде и онде, и стасавме до тоа дека јас сум му била асоцијација за депресија. Кажано на зафрканција, со тон на придушена смеа и сарказам.

    Барем да се навредев или налутев, но толку многу имам постигнато во работата и подобрувањето на самата себе, што само се насмеав.

    Ме изненади од каде храброста да ми го каже тој збор. Мајка ми и дечко ми се немаат дрзнато и осудено да го изговорат пред мене. И двајцата потреперуваат ако го слушнат, мислат дека не ги приметувам, ама ги гледам. Сигурно не е лесно да имаш ќерка што во последниве 6 месеци, 3 ги преплака, а 3 ги помина во странство, и да се прашуваш каде згреши како родител. Најсигурно не е лесно да имаш женска што ти се расплакува од нигде и никаде, и повторно да се прашуваш дали си ти виновен. Не е лесно, навистина, и мене не ми е лесно, и јас не го сакам тоа.... нешто, и јас се борам против тоа.

    И да биде иронијата на случајот поголема, дали требаше да испаднам нечовек, да си ја зголемам јас мојата самодоверба, да го надујам моето его како балон, и да прашам, а твојата мајка како се справува со нејзината депресија, знам дека голта една рака апчиња навечер? Како ќе заспиеш ти ноќеска на твојата перница, знаејќи дека си се потсмеал на другарка, а во другата соба имаш ист случај. Јас се борам без апчиња, се борам со умот, со мозокот, душата ми се бори... со што ќе се бориш ти, ако некој ден те снајде истото?

    Ми викаат дека е време да престанам да се потценувам. Сум била личност која некој ден ќе била на телевизија. Каков комплимент. :rofl:

    Навистина е. Имам проживеано и поминато колку што некои немаат ни за еден живот, а тек па за 20 години. Имам искусено тоа што не му го посакувам на никого, но почнувам да сфаќам дека и имам и многу добри работи зад мене. Никој ама апсолутно никој не треба да во моите очи да вреди повеќе отколку самата јас.

    А да, и да ви кажам, си купив црвен, дебел, прекрасен капут.
    Доста беа сивила и црнила во животот мој.
    ;)
     
    На Trnche, Mishela, teddybear и 43 други им се допаѓа ова.
  12. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Прочитав некаде: Во петок навечер сите брзаат некаде.
    Колку само не. Одам полека, или нервозна или апатична, често со по некоја тажна нишка во мене. Губам време, поминувам улици, талкам за да си ја избистрам главата, а никако да го сторам тоа. Колку повеќе размислувам, толку покомплицирано станува.
    И оставам. Можеби кога ќе се собере повеќе, ќе најдам начин ги решам недоумиците, којзнае..

    Дотогаш, (впрочем како и секогаш) сама сум. Оддалечена светлосни години од сите. Дали назад или напред, не знам. Се трудам да дознаам, и и покрај тоа што тапкам в место (иако постојано одам, без да знам каде) ми се чини назаднувам. Многу.
    Нели, Never let your happiness depend on something you may lose. Теоретски е така, ама ела спроведи го во пракса истото. Да, сè уште сум детенце, (си дозволувам да) се радувам на малите работи и сè е тоа супер, но каде се поголемите нешта? За сликата да биде целосна, треба има од сè по нешто. Кај мене само капки, зрнца, како сакате наречете ги. Само тоа, ништо повеќе.

    Еве, втора зима по ред, а јас сама. Омиленото време од годината, а немам со кого да ја споделам радоста. Љубов имам, ама збунета сум, не знам што е подобро, што понатаму. И воглавно – Кога понатаму? Се мислам и да се откажам. Say something, I’m giving up on you.. не ми се врти во глава за џабе. А знам дека може тоа да завлече и нешто друго со себе, во амбисот. Тоа не можам да си го дозволам. Срцето и умот се едногласни, а и кантарот така (по)кажува.

    И да.. зима, ладно, без мој човек, без искрени насмевки, само искрени погледи. Како што кажува мама – јас сум девојче што зборува со очите. Ама за оној кој знае да ги протумачи. И ќе продолжам со слушање и пеење љубовни песни (впрочем, ретко која не е таква) и да читам поезија, а можеби и ќе напишам нешто. Да ми олесни срцево за некој грам, зашто вака многу тешко се движи.

    Заклучок: Недостиг и(ли) ПМС.
    Ми треба љубов. Обострана. Да ми ги зарумени образите. Да ме (с)топли. Да имам насмевнати очиња и полно срце. Емоционална блискост. И мир.
    Дури и тогаш кога езерото е разбранувано...
     
    На Mishela, teddybear, julie77 и 30 други им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    92.146
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Е баш оваа сакам да ви го кажам !
    Имајте убава вечер девојки каде и да сте :*
     
    На QueenElena, Barbie20 и jovana03 им се допаѓа ова.
  14. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    ја спасив другарка ми од тоа да си стави крај.....
    спасив можеби тоа дека имам шанси со него...дека одиме спонтано, без притисок...држете ми палци...
    а, кој ќе ме спаси мене од самата себе?
     
  15. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    И неможам да разберам,а барам одговор,ти ме лажеш без да кажеш еден збор,и без да знаеш правиш да се чуствувам ко.. ко да не сум живеел ни еден ден.. :(
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Незнам зошто,но почнав да се сомневам во многу луѓе за кои порано имав многу добро мислење.Секој ден се повеке губам поверение во сите пријатели,другарки,освен во мм и родителите.Се чуствувам толку искористено од страна на другарки и пријателки...во некој ситуации сум била понижена,засрамена пред народ и се најлошо,а го имам преголтано...Се прашувам зошто!?!...Кога и да побарам помош ретко ми е возвратено,а јас бев секогаш тука...додека да добијам дете сите доагаа кај мене и јас одев кај нив им помагав околу децата...а сега...сега нема никој од нив ниту да се јави,ниту да праша како си...нз некако сите ми станаа толку одвртни што неможам да ги сварам...Барам начин да го решам но неможам бидејки сите спомени кои ми се од нив ми се одвртни ме потсетуваат на лоши раб од минатото,а и со ова сега што ги нема никаде ми е поарно од една страна.После толку време денес им текнало утре да се собереме сите другарки....се прашав а кои другарки?-јас немам другарки...единствено можам да се потпрам на семејството.Навистина ти требаат другарки и пријателки ама не како овие моите...ке се гледаме кога тие сакаат и за родендените на децата.Нз што да кажам али не сакам да ги видам толку ми се одбивни што ако би седнала некогаш со нив би повратила бидејки толку лицемерност немам видено.Ако другарството за нив е да зборувас позади за некој се најлошо нека продолжат заедно јас не ВИ БЛАГОДАРАМ! :x
     
    На leighton23 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене, тука, после некое време. :)
    Среќна, заљубена, со уште два испити до крај на ова мачење, наречено факултет.
    Преферирам да пишувам тука, тогаш кога стварно имам што да кажам, па така е и сега. Во последно време бев западната во некоја депресија, што дури ме мрзеше лакот од ноктите да си го избришам, а мразам кога го има до пола нокт. Мразев веѓи да средам, да измислувам триста комбинации за да ги носам дури по еден месец. Помина... Позитивни мисли, вдиши-издиши, се средив...се регенерирав. :D
    Му бев викендов на гости, имавме повод за славење и мнооогу убаво си поминав. Заспивав и се будев цели 4ри дена покрај мојот А. :l: (кој ме читал знае колку го обожавам тој дел :D )
    Среќна бев и среќна СУМ! Дури го пишувам постов, насмевката од лице неможам да ја тргнам. :$
    Му викам: "Сакам цееел живот да ме сакаш!" Тој само се насмевна најискрено и најубаво на цел свет и ми рече:"Ќе ти ја исполнам таа желба!" ...и го верувам, да ви кажам право. Верувам дека тој е моето второ јас, клише ама тој е мојата сродна душа. Ме разубавува на сите можни начини и среќна сум што тој е мој, а јас негова!
    И длабоко во себе, едвај го чекам моментот, да се пофалам (тука) дека му кажав "да". 8) :D



    :l: до сите!
     
    На The.Crab, ilipili, Adi888 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Треба да пишувам во темава и тоа како, но нема да го направам тоа сега. Сигурна сум дека не сакате да читате еден тон глупости, затоа што искрено не сум во состојба. утре ништо нема да паметам. за џабе ќе се мачам само :D . Ајде бидете ми вие поздаввени, утре ќе пишам ако не заборавам што ми било на ум. Добра ноќ, одам и јас да легнувам зошто ќе ми се случи во главата експоЛзија како везувскиот вулкан во Италија што прави и што го учам по геохграфија :hug: :guhh:
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Простете ми мамо и тато :sweat:
    Не сакам да ве загрижувам , не сакам .
    Мината вечер бев тажна , вознемирена и разбрав дека вас повеќе ве боли мојата болка . Утрото се будам и како да не било , ресет , заборавам :)
    А ти мамо , еве те со кафенце и тост , и ме гушкаш , ми велиш да не се грижам а јас веќе заборавив што ме мачело а ти на работа ќе ме имаш на ум беспотребно .
    Простете ми најмили , и разберете млада сум лесно ме погодуваат и сронуваат непотребни грижи ама млада сум и силна наредното утро сум како нова . Не земајте ги на срце моите младешки маки .

    А толку сум благодарна што ве имам :inlove: Од каде јас толку среќна па ве имам вас за родители . :)
     
    На SparkyAngel, Hipster, kate21 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Минути по 2 часот.
    Навидум дождлива ноќ.
    Со погледот минувам низ последните страници од книгата која со денови ја носам со себе во случај на празен автобус и слободно седиште.
    Чуден поглед.
    Од мојата соба,низ прозорецот од едната страна неуморно војуваат светлата на градот и темнината на пругата,кога ќе го свртиш погледот.
    Тоа е како некоја слика.
    Тоа е како некој избор,чинам.
     
    На SparkyAngel, Someonespecial, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.