[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Многу луѓе , главно машките викаат сексот било најубавото чуство. Грешка се, најубавото чуство е кога ќе се караш со девојка ти и всушност после 2 саата викање t.e "дискутирање" ќе испадне дека машкото е во право , а женското WRONG ! . тие 15-20 секунди , чуството на моќ , на победа , неможе да се спореди со ништо ... Тие што викат сексот е најдоброто чуство викаат оти никогаш не победиле во расправија , и незнаат... Сепак и да победиш во расправијата тоа трае неколку секунди оти после сваќаш дека нема вечерта да имате секс и пак си на 0. Али сепак , 20 секунди се 20 секунди.

    Друго денеска си потврдив тоа што потврдувам секоја зима,
    дека сум дете на зимата , јас едиствен по маица и гаќи се шетам по дома , а сите други со капути , 10 пара чорапи и све се разболеа и со температури и настинки . Не е за секого зимата , али барем сега можам на раат да јадам што сакам , бидејќи зимската облека и така не прави сите како да сме 10-20 кила + , they say disaster i say win-win. Плус кој ќе трча на кеј во ова време , надвор убаво , сонце , да , оптичка варка ... искочи и те пречекува ветерот , многу дружељубив , каде и да идеш ти прави друштво.

    Барем ставив ливче , како и минатите 1525 пати се надевам дека и ова саботно попладне ќе ми помине во седејќи со дедо ми и дерејќи се на телевизорот.

    Ах и за малце да заборавам ,
    среќен именден на сите Катерини и компанија :D

    Имајте убав , студен , сончев , ветровит , зимски ден.
     
    На ilipili, teddybear, SparkyAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    92.146
    Пол:
    Женски
    ''Секогаш се чувствувам среќен. Знаете ли зошто? Затоа што не чекам ништо од никого. Да чекаш секогаш боли. Животот е краток. Затоа сакај го животот, биди среќен и секогаш насмеан.
    Живеј за себе и запомни - пред да зборуваш - слушај, пред да пишуваш - мисли, пред да повредиш - чувствувај, пред да мразиш - сакај, пред да се предадеш - обиди се! Пред да умреш - Живеј!
    ''

    - Шекспир-

    СДК -Ја обожаваам мислава,како животно мото ми е , зборови кои ме водат низ животот :lol:
    Применувајте ја ќе видите дека делува преубаво :)

    Ви посакувам пријатно попладне :*
     
    На hermosa, lunicka, ana-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    Може не е толку смешно бидејќи ситуацијата не го налага тоа, ама денес колевме свиња и јас уште додека ја дереа кожата се врткам и не знам што да помогнам и му викам на маж ми а јас сега што да помогнам, треба ли нешто да правам, а тој сериозен ми вика па знаеш што ај ти земи го овој нож (еден троа голем) ние ќе ја дереме а ти боцкај ја (бајаги се засмеав зашто во моментов и се замислував како би изгледала додека го правам тоа), очекував така да ме зеза, си го барав. Знам, крваво звучи, ама јас барем му предложив да одржиме нешто како обред дека свињата несреќно погина при неспретна работа со ножеви, ама бидејќи не наидов на поддршка само се помолив несреќната свиња да најде среќа во вечните ловишта.
    Ама што да правиш, тоа ти е синџир на исхрана, иако синџирот не мора да заврши со нас луѓето, па има тука човекојадци, ајкули, волци, мечки итн... :?:
    Ручекот е готов, пржев месо со праз и џигер, ајде повелете. Чварките утре ќе ги топиме.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Годинава дефинитивно поставивме рекорд со број на гости на куќната слава.
    Две вечери по ред беше полна големата трпеза - се изедоа многу сарми, крапови, пастрмки, гравчиња, баклави, бајадери, а богами и многу вино се испи. Две вечери куќава ни беше исполнета со многу луѓе и џагор, додека во позадина одеше мојот музички избор - староградски чалгии :)
    И цело време си викам за арно нека е, само за убаво вака да се собираме.

    На самиот ден на таков убав празник, нашево кутре се окучи. После скоро три години, повторно стана мајка. Роди три мали кремасти кутриња. Едвај чекам да пораснат за да можам да ги гњавам ]:)

    Да не ја подречам, ама оваа 2013 ми беше една многу убава година!
    Убавите работи почнаа да ми се случуваат уште во првата половина на јануари, продолжија низ целата година, за на крајот убаво да ја завршам со неколку прекрасни настани во овој студен декември.
    Конечно успеавме да договориме одење во планинарски дом и немате поим колку многу си се радувам! После толку време, повторно ќе одам. Таквите дружби и седенки отсекогаш ми биле најинтересни, од проста причина што не постои асоцијален планинар. Таков на светов нема да најдете! Најубавите спомени ми се од таквите екскурзии :)
     
    На senza.parole, Mishela, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  5. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Очајна сум.Нема спас за мене.Има време само уште 3 саати,а јас ништо нема да направам.Да умрам најдобро.Од се ми е смачено веке.Не сакам повеќе да живеам.
     
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Оууу јеаааааааа ајм соу ексајтед енд ај џаст кент хајд ииит! :o 8) Возбудена сум за вечер.. МНОГУ! :dance: ^_^
     
    На ljubovche и richgirl998 им се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    175.084
    ?????
    Помош,совет,разговор,утеха???
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Има денови кога солзи ми навираат во очите,
    врели и крупни се тркалаат по лицето.
    Во главата сеќавања,
    лошите спомени се враќаат ненадејно неповикани...
    Болката стега во градите ,
    се слуша плач, липање...
    Ја испуштам нека оди далеку,
    што подалеку од мене.
    Полека се смирувам,
    барам утеха...
    Совршенството не постои
    никогаш и не постоело.
    Секој ден животот ме учи на нешто ново,
    секоја пребродена болка само ме прави посилна.
     
    На ljubovche, ariela09 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Под аватарот на Јипи треба да пишува „Не го правете оваа дома“. :D
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.870
    Пол:
    Женски
    Љубов е кога ке ти даде да го изедеш последното сланинче. :inlove:
    Убедливо најромантичниот гест во мојот живот.
    Маж кој ти се восхитува додека јадеш мрсноќа е маж кој вреди да го имаш во својот живот.

    Поздрав до девојките кои јадат исклучиво Цезар салата додека се со дечковците на вечера,а дома коа ке дојдат јадат свинска кременадла и ја глодаат коската со мрсничкото од страна.

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Sexybaby86, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако можеш да останеш присебен кога сите околу тебе ја губат главата и те обвинуваат за тоа...Ако можеш да си веруваш себеси кога секој се сомнева во тебе, и да не забележиш за тој сомнеж...Ако можеш да чекаш, а да не ти здосади чекањето..Ако си излажан, а да не лажеш...Ако си омразен, а да не мразиш...
    Сепак,немој да изгледаш премногу добар, ниту да зборуваш премногу мудро..Ако можеш да сонуваш, а соништата да не станат твој господар...Ако можеш да мислиш, а целта да не ти бидат мислите...Ако можеш да се сретнеш со Триумфот и Поразот, и еднакво да се однесуваш кон тие двајца измамници...Ако можеш да поднесеш да ја слушаш вистината што си ја кажал, која изобличена од злобници станала стапица за наивните, или да ги видиш скршени работите на кои им подари живот, и наведнат да ги изградиш повторно со стариот алат..
    Ако можеш да ги собериш своите победи, и да ризикуваш да ги загубиш сите со еден удар...Да се вратиш одново на почетокот, и никогаш да не проговориш за својата загуба...Ако можеш да го принудиш срцето, и нервите, и дамарите да ти служат долго откако ќе заминат,и да се одржат кога ќе нема ништо во нив освен желбата која им вели ``Држете се!`
    Ако можеш да се измешаш со толпата и да ја зачуваш доблеста...Да бидеш покрај кралеви, а да не го загубиш допирот со скромноста...Ако ни непријателите, ни пријателите не можат да те повредат...Ако сите луѓе сметаат на тебе, но не премногу...Ако можеш да исполниш една незаборавна минута со шеесет секунди скапоцена содржина, Твоја е Земјата и се на неа свет е твој, и најважно од се - ...
    Ти ќе бидеш човек !
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Ептен сум среќна денес, никој не може да ме натажи, нема да му дозволам. ^_^
     
    На Someonespecial, Hipster и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Се спремав психички да му пишам со недели...
    му пишав...

    утнав смајли бе :@

    здраво:o
     
    На Elennaa, Monna.Monna, mims-89 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Знаете кога најобични работи ве исполнуваат.
    Добив прекрасна честитка од многу добра другарка чисто од љубов ми пишала колку и значам и колку и е мило што ме има за другарка.
    Душата ми е исполнета. :$

    Прекрасен почеток на продолжен викенд имав синоќа. Малку алхохол , прекрасни луѓе, средби, муабети, многу пеење,среќа и исполнетост во душата после прекрасниот ден и уште поубавата вечер.

    Среќна сум бидејки се ближи најубавиот период од годината. Имам неколку идеи за подароци се надевам ке соберам некоја сума на пари за да подарам она што сакам. Многу сум возбудена прекрасни идеи ми се вртат низ глава.
    Мали работи, ситни подарочиња кои очите ги полнат со солзи , а душата со среќа. :)

    Убави работи ми се случуваат. :$ :)
    Сабота, сонце со заби, црвени носиња, многу љубов, опушетни прошетки по Широк Сокак, договори за вечер и за т.н најлудата ноќ.
    Ве сакам , имајте убав крај на 2013.
    Бакнежии. :*
     
    На iloveyou29, LittlePinky, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    9.536
    Пол:
    Женски
    Cега и јас да кажам нешто :D .Mислев утре да пишувам,но денес дојде ред,иако утре правам 2 години откако сум на фемина.мк :party: .Cега,најважната вест ми се врати мачето дома,откако го немаше повеќе од седмица ^_^ .Cреќна сум ,иако коцкичките не ми се целосно поклопени.Mе радува кога слушам убави работи за најблиските,за роднините,и кога читам убави нешта кои секојдневно се случуваат на феминките.Cега сум во дилема за пречек на нова година,каде,што,со кој :?: .Hе се мислам многу,само да е во друштво на луѓе кои ги ценам и сакам,а местото не ми е најбитно.Eте денес е сабота,па ви посакувам убав викенд на сите :* :hug:
     
    На LittlePinky, Lella, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Алал ти вера.
    Ми го напраи денот.
    АХХАХХАХХАХАХАХХАХАХХА
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Жал ми е.
    :D
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Во понеделник моите прават годишнина од брак. Дваесет и четири години. Многу се радувам.
    Ме исполнува прекрасно чувство кога ги гледам. И двајцата позитивни, вљубени, чукнати... :D
    Секогаш се тука за нас.

    Татко ми секој ден ѝ дава по некој комплимент. Пред некој ден, мајка ми прави ручек и ѝ вели:
    - Како тебе жена, никаде не се наоѓа. Толку убаво готвиш, чистиш, ме слушаш... се`, се`...
    Ама жена како тебе, може да се најде само на едно место.
    - Каде бе мажу?
    - Па само на канта пазар. :D

    Или само седиме, гледаме телевизија. И он ќе ја фати за маицата. Мајка ми ќе го праша:
    - Што правиш?
    - Те држам, да не ми избегаш. После што ќе правам?

    Многу ми се интересни. Татко ми пред некое време си направи фејсбук. Ќе види некој дека нешто објавил и веднаш ја вика мајка ми, за и она да види. И после само коментира:
    - Леле, само ме контролираш, не можам од тебе на раат да си седам. :D

    Посакувам да слават уште бронзена, сребрена, златна, бисерна, дијамантска, крунска... и не знам уште каква свадба. :rofl:

    Пред недела дена, се бркавме низ стан со сестра ми. Јас ѝ реков на мајка ми:
    - Мамоо, родила си идиота!
    И од таму го слушам татко ми:
    - *****, родила си два идиота! :D
    ( кој гледал Тесна кожа, знае. :D )

    Некако се` си тераме на шала. На татко ми му се обраќам со мори, се бориме, закачаме. Ама многу ни е забавно. :rofl: Додека на мајка ми мислам дека никогаш ѝ немам повишено глас. Ако треба нешто, секогаш е тука. А богами и он. Да му речам во 4 сабајле, да ми купи сладолед, ќе ми купи. :D

    Случки има милион.

    Им подготвивме едно изненадување. Ќе го видат за неколку дена. Се надевам дека ќе им се допадне. Еве, сега татко ми земал сладолед. Јас по дома седам со кратки ракави...
    Ние сме посебна приказна. Кој од кој... :D

    Навистина не сум добра со зборови. Не знам како да се искажам... колку ме прават среќна.
     
    На Mishela, Antoninaaa, Monna.Monna и 25 други им се допаѓа ова.
  18. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Си доага нова година јас си немам ништо припремано,така лежерно си ја терам работава мислејки што ефтино да најдам барем едно нешто да направам за пред човек.Тешко ми е на душата што немам моментално пари за да купам повеке,на малиот едно скромно пакетче.Среќа е што сеуште не разбира па така како да назначам.Душата ме боли што немам доволно за празников...Но сепак се надевам дека оваа година нема да се метлееме по бoлници па ке имаме повеке пари за малиот и за нас.

    Доста кукање...Сакам да станам по втор пат мама ама мора да си чекам...никогаш не сакав девојче но сега ми се роди една огромна желба второто да ми е девојче...и срцкото да стане бато...Во новата година сакам само здравје да не служи сите а најмногу син ми бидејки се измачи годинава... :hai:
     
    На Simplicity, Silver.E, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Бре што си ги сакам тие луди спомени од викендашки излегувања. Па како што ми се погодени другарките, и тие луди, со душа чекам викенд. :D
    Си имаме навика пред искачање да си седнеме кај некоја, да се залееме со винце, водка или што и да ни се најде... Ама дефинитивно најлудо сме поминувале кога ќе си земеме винце и сокче :D

    И вчера така си тргнавме со вечерта, само со една другарка требаше да излегувам, па потоа да ни се придружат и други. Си се спремивме, она беше задолжена да купи вино, јас сок и грицки нешто.
    И доаѓа она со виното, си седнавме доле на спрат кај мене да не ме гледаат моиве, спремни за пиење...
    Кога гледаме, виното со тапа! Обично зимаме нели со капаче... И ај сеа како ќе го отвориме. Не можев да се качувам до кај моите да им барам отварач, па земавме демек да пробаме да ја извадиме тапата, не бе нема шанси да се извади. Брцај со ножици, ножеви, корни, тегни не не и не. Пробавме и да ја пикнеме внатре во флашата, не сака ни така. Абре како најголеми пијаници сме се фатиле за флашата и двете, една држи, друга ја демолира тапата па обратно. И ни текна да го скршиме горниот дел само, излеговме надвор сме се разлупале, не бре не се крши, ѕидчето од кај што лупавме се распука малце, а тоа делот од флашата ни да мрдне. И више немаше смисла да лупаме кај мене во двор, се слуша тоа до кај моите... Не фати една нервоза луѓе, и викам ајде искачај ќе идеме до школски (на 5 мин ни е), таму на раат ќе лупаме :D И такви пицнати, дотерани, нашминкани, спремни нели за искачање, соблакаме штиклите, со цел памет облековме собни папучи и така излеговме низ маало. Отидовме до таму, мавање шишето во бетон, од прва се скрши тоа горниот дел
    фалакурцу
    , си се вративме домче среќни и весели што ќе се залееме конечно, си го испивме винцето на раат, облековме штиклите и во провод. Малце си касневме нели додека ја извадиме таа гадна тапа, ама нема везе предобро си поминавме, се изнаигравме, изнасмеавме, таму си мавнавме неколку текили, па на второто место продолживме со водка и комбинација снова бевме и двете. :D Таман ни дојде, се расположивме и размрдавме, до 4 саат окапавме, денес нозете не си ги осеќам од играње. :dance: :party:
     
    На Dvolicen и ana-girl им се допаѓа ова.
  20. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Се учам да плетам без игли. И знаете што добив?
    -исплеткани конци..
    полудечу |-)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.