[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.723
    Не ми се верува дека сум поминала четири години на форумов.
    Некогаш поактивна, некогаш помалку, некогаш повеќе во една улога, некогаш во друга, можеби и трета, некогаш повеќе во темите за муабети, а некогаш само за споделување искуства и спомени, форумов ми е секојдневие цели четири години.

    А имам чувство како да сум тука половина живот. Во овие четири години ми се испослучија многу работи, големи и важни, а тука можев да напишам се што сакам. Кога повеќе, кога помалку директно, но важно споделувањето многу пати ми помогнало да си ја олеснам душата.

    Се зачленив кога имав најмалку време во животов, а тогаш бев најактивна. Затоа што мило ми беше што конечно и жените од Македонија имаат форум. Одамна сакав да го видам тој момент, уште пред повеќе од 10 години кога ги читав американските женски форуми и си мислев колку би било убаво да си имаме наш. Да можеме да си разговараме за наши шминки и шампони, наши влошки и бебешки пелени. И најважно од се, да можеме да разговараме без маски.

    Дали навистина е така, дали заслужуваме да имаме форум и колку е квалитетен е друга тема на разговор. Важно го имаме и на многу од нас ни е корисен.
     
    На Trnche, Lov3, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    сдк се изнвинувам што мислењето не е за тука но многу е хитно

    знае некој колку кошта оперциа на слепо црево без сини картони ? Хитно. благодарам
     
  3. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Вчера спиев од 2 саатот попладне до денес до 10 и пол саатот сабајле, се изнаспав и сега не ми се спие, ќе дежурам цела ноќ |(
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Нека мојата тага умре како што бавно умира оваа студена декемвриска ноќ...А моите солзи нека се стопат како што го топи снегот утринското декемвриско сонце,да ова слабо и кревко сонце исто како моето срце...Да сега дремам и си ги истурам моите чуства тука и добро подобро ми е но сепак имам една голема празнина во душата,се прашувам зошто фала богу сите здрави сме живи сме добри сме зарем не треба да се чуствувам среќна со љубовта на моите родители пријатели а и се надевам на мојот дечко :?: но ете како за беља од секогаш сум била не мирно дете со немирни чуства и ете пак нешто чкрипи нешто во мене...
     
    На LittlePinky, ariela09 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Откако решив да раскрстам со ноќта,
    решив да не излегувам повеќе.
    Носталгија до зори.

    Да се пишува за ноќта е маѓепсан круг чиј заробеник бев.
    Се бламирав за да раскажам кога последен пат сум се избламирала.
    Тоа е готово, да се соочиме со утрото.
    Зошто проклетото е толку проклето?
    Секогаш доаѓа, кога најмалку треба, а го нема кога најмногу треба да го има.
    Звучи интересно.
     
    На kala21, QueenElena, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Заминуваш.
    Секогаш кога ќе ги затвориш очите.
    Некаде.Твој свет.Замислен рај.
    Со сива реалност по живописно се сонува.Помеѓу будењето и сонот се прашуваш за реалноста.
    Тоа е како некој воз,во кој има безброј седишта навимудм бесконечност,единствен патник си ти.Тоа е како во рацете да имаш четка и палета бои,да бираш нијанси,да поминуваш со неа низ платно.
    И не,не е важно дали си уметник.Од сред зима да направиш пролет.Ја мамиш реалноста,никогаш до крај,на крајот секогаш ти си измамен,чекори таа по тебе.Ти ја знае сенката.

    Потоа се насмевнуваш.Посакуваш исполнетост.
    Сите имаме белег.
    Длабочината е различна.
     
    На Mama25, Kaylie, kala21 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Си размислувам,онака лежерно,што мудрост јас ќе им пренесувам на своите деца и внуци? Мудроста на социјалните мрежи? Каква приказна ќе раскажам за првата средба со нивниот дедо? Дека лајкот не споил? Не сум запаметила ниту вредни зборови, кога со еден клик сум ги добила сите цитати на големите бесседници. Не го паметам ни крајот на делата кои сум ги читала,но добро знам кој кога се приклучува на чат. Не смеам да дозволам мудроста од мојата животна сеидба да биде Фејсбук! Никако.
     
    На Mama25, eliesaab, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Се обидувам да сватам зошто Скопје како главенд град на нашава ни држава го прават музеј со тие споменици,а уште повеке се нервирам што КОСОВАРИТЕ се обидуваат да ги уништат поради тоа што доагаат од планина и многу нормално тешко се справуваат со цивилизацијата...Па дали се нормални бре,ма не треба да имаат никакви права во државава.Кога мк поминува на бит пазар со цел страв трепери во сопствената земја во која му се корените.Да се плаши од дивјаци како што се Косоварите кои владеат со пола Скопје...Мора да се превземат итно мерки тие да имаат страв и трепет од нас...бидејки тие се дојдени кај нас и немаат никакви права да рушат мир и спокој на домородецот.Го скршиле споменикот...не споменикот стои,.. крстот е скршен симболот на православните христијани...симболот на македонискиот народ на неговата вера..За срамота е ова што се случува во државава имаме ли ние некој способен кој ке се справи со падобранците во земјава кои владеад во неа како терористи и имаат огромно вилјание во мирот и спокојот на луѓето. :!:
     
    На Sunny20 и jovana03 им се допаѓа ова.
  9. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    девојки ми треба поезија за роден град и Блаже Конески, некоја идеја, пример...
    ако има некој нешто..нека прати во фемининиов инбокс..
    фала однапред :D
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.524
    Допаѓања:
    12.790
    Пол:
    Женски
    Така мачејки се да заспијам оти тешко ми оди дишењето :lol: размислувајќи за се и сешто стигнав до мојата коса и решив дека морам ама морам да направам шишки, шишки бе ]:) . Кога намислам нешто морам во моментот да го сторам, ех штета што сега не работат ноќна фризерките :lol: . Сега ќе ме копка неколку дена утре недела, понеделник неработен, па и ова грипчето ако се позабави не дај Боже, ухуу колку имам за чекање :?: , па ќе си пукнам од мака вака во неизвесност мислиш за кој знае каква важна работа се работи :emo: . После знам дека маки ќе си мачам и ќе ги теглам де на една де на друга страна страна ама ете кејф ми стана и морам да ги имам, а размислувам па може и сама да ги крцнам а :?: , нема да ми е прв пат :$ .

    Во вакви тмурни, болежливи, депресивни денови нешто што може онака да ме стопли на душата се само овие малечките срциња, бебенцата. Какви се слатки абе очии не тргам од нив. Овие дена и внукичката ми беше на гости, едвај чекам да оздравам да ја изгушкам абе нема и нема ништо помило од нив. Како да не ги сакаш кога онака невино ќе направат нешто, па кога ќе затрепка со тоа оченцата :inlove: , златца. Некој фб си користи за кој каде бил, што како, ама јас по цел ден си разгледувам бебешки страни, некој ќе мисли оваа опседната да има бебе. Не дека не сакам, се во свое време, ама па мили се, нема ништо помилко од нив.

    Мајка ми секое утро ја вика нејзината другарка со нејзиното внуче на кафе, кефови сме дома кога имаме вакви мили гостинчиња, за друго не станувам порано наутро ама кога слушнам детски глас ехее одма рипам. Уживам да ги бакнувам, гушкам абе ми доага да ги изгмечам од гушкање :hug: . Тие се најголем благослов и најголемо богатство !
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Е таа што во ПМС ќе те натера со пижамите во чизми, со косата у Пебелс репче да ја носиш до Фурна во Чаир за бурек со јогурт во 1 после полноќ, дур ти и пазариш она да те чека у кола, е таа чувај ја бе лепотане!!!

    Леле гровтам од што ми е тешкооо...па дури и стапче на крајот...
     
    На Trnche, Monna.Monna, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Неверојатно е тоа што само малку фали за нештото да ни врати чувства. Од никаде ти текнува одеднаш да го провериш пак тоа, да ја видиш таа слика, чуеш тА песна. И го уклучуваш тоа недефинирано нешто и сфаќаш дека тоа ти било погрешна идеја. При бидејќи ти се враќаат чувствата, како ебан но леле колку пеперутклив бумеранг. Те оголуваат. Срам ми е толку - многу ми е срам!

    И упм со Петраркинината љубов! Мислам дека мирата нема да ми ја остави во свите вака признавам ретки наслични моменти. Се осеќам како пак да имам 16години и да се силам дека ако суровата од суровите професорки ми стаи 5 тица ја веднаш ќе прелетам накај сепарињата блиску до фонтаната кај Градски Вардар. И добив 5 ца и требаше да летнам. Барем ќе се осигурев дека не е тоа што мислев дека е.

    А нехраброста ми се смееше и ми се исмеа до бескрај. И толку. Се изгубивме! Никој не е глупав да те моли со поглед и со се остало до толку долго. Ни-кој!
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      59,4 KB
      Прегледи:
      469
    На Someonespecial и ljubovche им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Бато....ми фалиш :'(
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Убав ви ден драги Феминки, исполнет со позитивни мисли, насмевки, љубов ...
    Среќен ви ден со вашите сакани.

    Обидете се да уживате во се што ви причинува задоволство, но не ја врзувате душата на никого и ништо! Најдете ја внатрешната рамнотежа! Дури и цветот умира од преголема светлина
     
    На jovana03, XstrongerX, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Се прашувам зошто ја изгубивме недела како ден за одмор? Порано недела ме асоцираше на ден поминат со семејството, на ден во кој собираме сила за работната недела што следи,ден во кој успевам да ги видам или барем слушнам блиските кои ми недостигале во текот на работните денови.
    Ден во кој гледам која сум,зошто сум,која е мојата цел и мисија на светов и како се гледам во периодот кој следи. Ден во кој си посветував време за себе и во кој успевав да ги зацврстам моите мотиви и желби за иднината.

    За жал,веќе извесно време недела ми е ден кога се трудам да ги завршам обврските кои ми заостанале,нервозна сум,гневна на себе и светот,лапам љубов,а ништо не давам за возврат и постојано сум во очекување што општеството во кое сум ќе направи за мене без да мрднам со прст за него. И тоа ме прави разочарана,без енергија,без волја и цел.

    Желба за годината која следи ми е да си овозможам барем еден ден спокој и мир,ден во кој ќе работам да се направам себе подобра личност. Еве нека биде тоа баш тој ден недела. :)
     
    На Sexybaby86, Doozy, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Македонијо среќен празник.
    ДА СИ ВЕЧНА :)
     
  17. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.500
    Пол:
    Женски
    ВЕ САКАМ :l: СИТЕ :inlove: :l: :inlove: :l: :* :* :* :*
     
    На hermosa и Lella им се допаѓа ова.
  18. tejjaam

    tejjaam Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
    Добро утро на сите и честит празник! :)
     
  19. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Прекрасен ден, денес ни е славата (сармички ммммм :inlove: ) :rofl: напомош нека е денот и на сите честита слава :)
     
    На Natali.3 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  20. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ова е прекрасно.Знаете зошто?
    Затоа што не знаете дали се ова две женски,машки, машко и женско,црни или бели и не ја знаете нивната возраст-Љубовта е љубов.
     
    На BlueHeart, Golden, iloveyou29 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.